
спорт.ВЕСТИ
Македонски талент на светската сцена: Душица Бреслиева меѓу 16-те најдобри во светот!
Трофејот на Борис Бекер од УС Опен продаден за вртоглава сума!
Враќање на тронот: Лука Дончиќ е најдобар стрелец НБА лигата!
Јокиќ го направи невозможното: Прв играч кој заврши како лидер по асистенции и скокови!
(Видео) Фиорентина бега од опасната зона
Руските и белоруските пливачи се враќаат под своите национални знамиња!


спорт.ВЕСТИ
(Видео) Голем триумф на Лидс во борбата за опстанок, победија на „Олд Трафорд“
Фудбалерите на Лидс го победија Манчестер Јунајтед со 2:1 на „Олд Трафорд“, во последниот натпревар од 32-то коло од Премиер лигата. Со оваа многу значајна победа, Лидс избега на шест бода од „црвената зона“ во борбата за опстанок. Се играше петтата минута кога гостите поведоа со голот на Ноа Окафор, а истиот играч го дуплираше водството на својот тим во 29-та минута. Лидс го задржа водството на полувремето, а проблемите на Јунајтед се зголемија на почетокот на вториот дел, кога Лисандро Мартинез, поради неспортски потег доби црвен картон. Јунајтед се обиде да се врати во натпреварот, во 69-та минута, Касемиро постигна гол по асистенција од Бруно Фернандес. Иако имаа играч помалку, „црвените ѓаволи“ нападнаа, но Лидс успеа да се одбрани и да го задржи водството до самиот крај. Јунајтед е на третото место во Премиер лигата со 55 бода, додека Лидс е на 15-то место со 36. Во следната рунда, Лидс ќе го пречека Вулверхемптон, а Јунајтед ќе гостува кај Челзи. Foto/ EPA
(Видео) Фиорентина бега од опасната зона
Фиорентина славеше победа над Лацио (1:0) во последниот натпревар од 32-то коло на Серија А и освоија исклучително важни бодови во борбата за опстанок. Натпреварот беше решен во 28-та минута, кога Робин Госенс ја затресе мрежата на гостите и го постави она што ќе биде конечниот резултат. Фиорентина покажа повеќе желба и енергија од самиот почеток, што беше крунисано во средината на првото полувреме. По тој гол, домашните се одлучија за дисциплинирана игра и чување на предноста, додека Лацио се обидуваше да израмни, но без некоја конкретна закана кон голот на „Виолетовите“. Фиорентина сега има 35 поени, осум повеќе од тимовите во опсната зона, додека Лацио остана на 44 и се наоѓа на деветотот место. Foto/ EPA
Капитенот ја заврши сезоната
Фудбалерот на Тотенхем, Кути Ромеро, ќе мора да паузира помеѓу шест и осум недели, објави Фабрицио Романо. Ромеро претрпе повреда на лигаментите, поради што мора да биде надвор од теренот. Предвидената пауза од шест до осум недели, значи дека за него сезоната е завршена. Ова се лоши вести за Тотенхем, кои до крајот на сезоната ќе водат жестока борба за опстанок. Што се однесува до самиот Ромеро, се очекува да биде подготвен за претстојното Светско првенство на кое ќе учествува со Аргентина. Foto/ Depositphotos
Јамал посакува пресврт на „Метрополитано“
Фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, пред реваншот со Атлетико Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампионите, изјави дека верува, дека е можно неговиот тим да направи пресврт и покрај поразот (2:0) во првиот натпревар. Барселона, во минатото правеле големи пресврти, на пример кога славеше со 6:1 против Пари Сен Жермен, по 0:4 од првиот натпревар. „Го гледав тој натпревар многу пати, а го гледав и во живо на стадионот. Нејмар е голем дел од моето детство, тој е мој идол и засекогаш ќе бидам благодарен за сè што му даде на фудбалот. Нè инспирираше сите. Луѓето плаќаа билети за да го гледаат Нејмар, а по два или три дена, ги гледаа снимите од натпреварот за да видат што направил и какви движења имал. Сакам да му се заблагодарам за придонесот што го имаше во фудбалот и се надевам дека ќе игра на Светското првенство“, рече Јамал. Тој додаде дека еден од идоелите му е и кошаркарот Леброн Џејмс, кој во 2016 година со Кливленд направи голем пресврт во финалето на НБА против Голден Стејт и од 0:2 и 1:3 стигна до 4:3 во победи. „Леброн е исто така еден од оние што ме инспирираат пред утрешниот натпревар. Размислувам како го водеше тимот до пресврт и се надевам дека ќе можам да го направам истото. Но, не сум сам, имаме многу играчи, јас сум само дел од тимот. Важно е сите да веруваме и да размислуваме позитивно, што сме го покажале многу пати. Мора да се бориме за грбот што го носиме и ќе направиме сѐ што можеме за да го постигнеме тоа.“ На крајот, младиот фудбалер рече: „Важно е да играме како што знаеме, со многу интензитет. Не смееме да мислиме дека пресвртот е чудо. Влегуваме во натпреварот со 2:0, но мора да веруваме во пресвртот“, заклучи Јамал. Foto/ EPA
Карлос Квеирош е нов селектор на Гана
Искусниот 73. годишен фудбалски стратег, Карлос Квеирош е новиот селектор на репрезентацијата на Гана. Тој е назначен да го води африканскиот состав на претстојниот Мундијал, а основната цел ќе биде да се стигне до елиминационата фаза. Доколку се случи тоа Квеирош автоматски добива двегодишен договор. Тој го наследува неговиот претходник Ото Адо кој што беше сменет неодамна по поразот во пријателскиот меч против Германија. sportmedia.mk © Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата ЛШ: Винчиќ ќе го суди реваншот меѓу Баерн и Реал Арбелоа полн оптимизам: Можеме да го победиме Баерн во Минхен
Флик: Веруваме во триумф
Утре со почеток во 21:00 часот, се играат реванш дуелите од елиминационата фаза во Лигата на Шампионите. Атлетико е домаќин и ќе го пречека тимот на Барселона во третиот меѓусебен дуел во само десетина дена. На првиот меч Атлетико победи со 2:0, и е на прагот да се пласира во следната фаза, но сепак, далеку од тоа дека е се готово. Тренерот на Барселона Ханси Флик на официјалната прес конференција пред утрешниот дуел изјави дека верува во неговиот тим и во евентуалниот успех. „Не е финале, но сакам да победам, би сакал да победам и тоа е она што сакам да го направам. Веруваме во тоа и сме 100% фокусирани. Навивачите знаат што е потребно. Верувам во мојот тим и дека можеме да го направиме тоа можно. Можно е, зошто да не? Атлетико е силен, но ни треба силна одбрана. Мора да бидеме силни и во нападот, но ако ги погледнете последните неколку натпревари, ќе видите дека ќе биде поинаков натпревар“ – изјави Флик па додаде, „Јамал игра многу добро, многу сум среќен. Му реков дека е најдобар во светот во моментов. Мора да му дадеме можност да се пробие. И претходно реков дека мора да играме како тим, како еден. Не се грижам за индивидуалните играчи. Неодамна реков дека натпреварите се одлучуваат според моментумот и се надевам дека тој ќе биде на наша страна утре“, додаде Германецот па поентираше. „ Она што сакам да го видам е односот помеѓу тимот и навивачите. Противниците ги почитуваат нашите настапи во последните години и ова може да има влијание врз нашиот тим. Секоја личност и секоја позитивна работа е важна. Имам чувство дека сè е во ред. Имаме квалитет, во натпреварите против Атлетико честопати бевме подобриот тим“, додаде Флик. sportmedia.mk © Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата Едвај даде два гола, но Јувентус за него плати 40 милиони евра ЛШ: Винчиќ ќе го суди реваншот меѓу Баерн и Реал
(Видео) Жан Тод призна: Шумахер два пати не играше чесно и тоа скапо го плати
Жан Тод, потврди дека Михаел Шумахер два пати во кариерата, неспортски се обиде да освои шампионска титула. Легендарниот Тод, го потврди она што Ф1 фановите го знаеја. Големиот Михаел Шумахер неспорски реагираше во Херез во 1997 година и во Монако во 2006 година, за што плати висока цена. Поранешниот директор на Ферари и поранешен претседател на ФИА ги потврди приказните што со години кружат меѓу фановите на Формула 1. Тој исто така додаде дека тие два потега го чинеа Шумахер две титули светски шампион. Во подкастот „High Performance“, поранешен близок соработник на Шумахер од нивните заеднички денови во „Скудерија“ детално опиша две ситуации кога Германецот не се однесувал витешки. Првиот случај се однесува на крајот на шампионатот во 1997 година во Шпанија и инцидентот на патеката во Херез. Пред големото финале на сезоната, Шумахер беше прв во генералниот пласман со три бода повеќе од Жак Вилнев. Кога Канаѓанецот, на патеката, го престигна Шумахер во својот Вилијамс, асот на Ферари намерно скршна за да го удри својот ривал и да го исфрли од трката. „Го удри намерно, но го направи тоа на лош начин“, призна Тод, потврдувајќи ги долгогодишните сомнежи. Тој успеа само делумно, бидејќи Вилнев успеа да стигне до боксот и да ја продолжи трката, за разлика од Шумахер кој веднаш се откажа. Вилнев заврши трет, освои четири поени и го прескокна Германецот во генералниот пласман. Но ФИА не застана тука. ФИА одлучи да ги помишти сите резултати на Шумахер таа сезона, па второто место во шампионатот му припадна на Хајнц-Хералд Францен од Џордан. Вториот инцидент се случи за време на квалификациите за Големата награда на Монако во 2006 година. Таа сезона, Шумахер водеше големи битки со младиот Фернандо Алонсо за титулата светски шампион. Знаејќи дека има пол-позиција, но и дека младиот Шпанец во Рено има шанса за уште еден брз круг, Шумахер буквално го паркираше својот автомобил во кривината Раскас, преправајќи се дека има технички проблем. На тој начин го спречи Алонсо да продолжи со брзиот круг, а во исто време квалификациите завршија. Судиите решија да го казнат Шумахер и го вратија на последната позиција на стартот. „Во Монако во 2006 година, во квалификациите против Алонсо, тој намерно предизвика пауза. Тоа го чинеше титула во шампионатот“, рече Тод. Таа сезона, Алонсо ја одбрани својата титула со 13 поени разлика пред својот голем ривал. Тод верува дека поради тие две одлуки, Шумахер не ги освои осмата и деветтата титула светски шампион. И покрај сè, Тод ја нагласи величината на Шумахер. „Михаел е исклучителен човек“, заклучи тој.
Џон Тери ќе стане сопственик на Колчестер
Facebook / John Terry Поранешниот капитен на Англија и Челзи, Џон Тери, ќе стане сопственик на Колчестер јунајтед. Според „Мирор“, 45-годишниот Тери ќе биде дел од група која планира да го купи клубот за 14 милиони фунти. Колчестер јунајтед игра во четвртата по квалитет лига на англискиот фудбал. По 42 натпревари, тимот е 13-ти со 60 бода. Тери се пензионираше во 2018 година. Со Челзи, тој ја освои Лигата на шампионите, Лигата на Европа, пет титули во лигата, пет ФА купови, три Лига купови и два Комјунити шилдови.
ФИФА го отфрли клучното барање: Дали Иран нема да оди на Светското првенство?
Како што се приближува Светското првенство, тензиите во фудбалскиот свет растат поради ситуација што може сериозно да го загрози натпреварувањето. Учеството на Иран стана многу под знак прашалник откако ФИФА го отфрли нивното барање за преместување на натпреварите од групната фаза во Мексико поради политички тензии со САД. Според мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум, светската фудбалска управа го отфрли барањето на иранската федерација за промена на местото на одржување на нивните натпревари. Ова значи дека ако Иран учествува, ќе мора да ги игра своите натпревари против Нов Зеланд, Белгија и Египет на американска почва. Причината за иранското барање се исклучително високите политички и воени тензии меѓу Техеран и Вашингтон, предизвикани од неодамнешните воени акции на САД. Иранската фудбалска федерација претходно јасно стави до знаење дека тимот ќе учествува на турнирот само ако нивните натпревари се играат надвор од САД. Сепак, претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ја отфрли оваа можност, а сега се чека конечната одлука на Иран. Иранските медиуми известуваат дека по ова отфрлање, бојкотирањето на Светското првенство стана многу поверојатна опција. Доколку Иран навистина се повлече од натпреварувањето, отворени се неколку сценарија. Најверојатно е дека друг азиски тим ќе го пополни испразнетото место, а Обединетите Арапски Емирати се споменуваат како еден од кандидатите. Ситуацијата внимателно се следи и во Европа, каде што Италија, која не успеа да се квалификува, се надева на можна нова можност преку дополнителни квалификациски натпревари. Евентуалното повлекување од страна на Иран не би поминало без санкции. Според правилата на ФИФА, таков потег би можел да резултира со исклучување од квалификациите за Светското првенство во 2030 година, како и значителни казни. Наскоро се очекува конечна одлука, а фудбалската јавност со нетрпение го очекува исходот, кој би можел да има далекусежни последици за самото натпреварување. <a href="https://ads.konzoto.com/www/delivery/ck.php?n=a1b1d8ee&cb=31959370" target="_blank" rel="noopener"> <img src="https://ads.konzoto.com/www/delivery/avw.php?zoneid=14&cb=36890662&n=a1b1d8ee" border="0" alt="" width="300" height="250" /> </a> Поврзани вести: Бруно Фернандеш откри што треба да се случи за да остане во Јунајтед Арсенал сака да го задржи Артета и ако тој не освои ниту еден трофеј сезонава Виљареал подобар од Атлетик Билбао Иако губеше со 2-0: Шампионски пресврт на Интер кај Комо Заврши регуларниот дел во НБА лигата Жофри Ловерњ се враќа во Партизан <a href="https://ads.konzoto.com/www/delivery/ck.php?n=a6ebc43f&cb=41737419" target="_blank" rel="noopener"> <img src="https://ads.konzoto.com/www/delivery/avw.php?zoneid=46&cb=10460037&n=a6ebc43f" border="0" alt="" width="300" height="250" /> </a>
Глупост на векот: Лисандро доби црвен картон – за кубење (видео)
Лисандро Мартинез за првпат по три месеци беше стартер во одбраната на Манчестер јунајтед, но Аргентинецот се посрамоти со неспортскиот потег, добивајќи црвен картон поради кубење на противничкиот напаѓач Доминик Калверт Луин. Лисандро немоќен по еден воздушен дуел реши да возврати, влечејќи го противникот за коса. Голгетерот на Лидс реагираше, судијата Тирни не го забележа најдобро инцидентот, но по ВАР-контролата беше утврдено дека станува збор за агресивно однесување, по што на Мартинез му беше покажан патот кон соблекувалните. Неспортскиот потег на Лисандро и заслужениот црвен картон можете да ги погледнете на ОВОЈ ЛИНК . Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
ФИФА пресече – одлуката за Иран отвора нова драма околу Мундијалот
Одлуката на ФИФА да го одбие барањето на Иран своите натпревари од Светското првенство да ги игра во Мексико предизвика нова неизвесност околу учеството на оваа селекција на Мундијалот. Иранската федерација побара промена на локацијата поради политичките тензии, со оглед дека дел од натпреварите требаше да се играат на територија на САД. Според информациите, барањето било јасно одбиено, што сериозно го доведува во прашање настапот на Иран. Претходно, од таму најавија дека репрезентацијата нема да учествува доколку мечевите се одржуваат во САД, што значи дека сценариото за повлекување станува сè пореално. Во меѓувреме, се разгледуваат неколку можни решенија доколку Иран се откаже. Една од опциите е организирање дополнителен бараж во кој би учествувале селекции кои не успеале да се квалификуваат директно. Меѓу нив се споменува и Италија, што повторно ја враќа во игра за настап на најголемата фудбалска сцена. Покрај Италија, како можни учесници во ваков бараж се наведуваат и Обединетите Арапски Емирати, Боливија и Данска, што дополнително ја комплицира ситуацијата. Друга опција е местото на Иран да го преземе следната најдобра репрезентација од азискиот квалификациски циклус. Со оглед на тоа што почетокот на турнирот се наближува, ФИФА ќе мора во краток рок да донесе конечна одлука, бидејќи секое одложување може да влијае врз организацијата и распоредот на натпреварите.
Алегри е прв фаворит за селектор на Италија
Масимилијано Алегри е главен фаворит за селектор на Италија, особено доколку за нов претседател на федерацијата биде избран Џовани Малаго. Поранешниот претседател на Италијанскиот Олимписки Комитет е главен фаворит во претседателската трка што ќе биде решена на 22 јуни, откако 18 од 20-те прволигаши го изгласааа токму Малаго како нивни претседателски кандидат. Доколку овие најави се реализираат, Алегри ќе биде прв „пик“ на новиот претседател кога станува збор за селекторската функција. Малаго гледа на искусниот стратег како на идеално решение за „шок-терапија“ по најновото резултатско фијаско. Алегри е под договор со Милан, но резултатите не се најдобри, па се очекува и тој самиот да притисне да добие шанса да застане на чело на националниот тим. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
Ковач: „Не ги знам договорите на играчите, не знам што има и во мојот“
Тренерот на Борусија Дортмунд Нико Ковач после поразот од Баер Леверкузен, даде помалку несекојдневна изјава за медиумите, откако кажа дека не ги знае сите детали за неговиот договор со „милионерите“. Прашан околу новиот договор за стоперот Нико Шлотербек, во кој наводно има клаузула за заинтересираност од Реал Мадрид, Ковач одговори: „Да бидам искрен, не знам детали ниту од мојот договор со Борусија Дортмунд, така што не знам за моите играчи“, рече Ковач. Потоа новинарката му кажа дека таа ги знае деталите, по што Ковач одговори: „Ете, и вие сте пред мене…“ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
Историја во Бундеслигата: Мари-Луиз Ета стана првата жена тренер на машки тим – Унион Берлин повлече храбар потег
Германскиот фудбал испиша историја откако Унион Берлин ја назначи Мари-Луиз Ета за тренер на првиот тим, со што таа стана првата жена што води машки тим во Бундеслигата, но и во петте најсилни европски лиги. Овој потег доаѓа во турбулентен период за клубот, кој се соочува со сериозна резултатска криза. По поразот од Хајденхајм со 3:1 и серија слаби настапи – само две победи во последните 14 натпревари – раководството реши да го отпушти досегашниот тренер Штефен Баумгарт и да направи радикална промена. Ета, која има 34 години, досега го водеше тимот до 19 години и веќе беше дел од историјата како прва жена асистент-тренер во Бундеслигата уште во 2023 година. Сега, таа добива најголем предизвик во својата кариера – да го стабилизира тимот во завршницата од сезоната и да обезбеди опстанок во елитата. Унион Берлин моментално се наоѓа на 11. позиција на табелата, но со само неколку кола до крајот и мала бодовна разлика од зоната за испаѓање, секој натпревар ќе биде од пресудно значење. Назначувањето на Ета е привремено до крајот на сезоната, по што таа треба да ја преземе женската екипа на клубот, но не е исклучено доколку покаже резултати да добие и подолгорочна улога. Во својата прва изјава, таа нагласи дека верува во тимот и во способноста на играчите да излезат од кризата, потенцирајќи дека „силата на Унион отсекогаш била заедништвото“. Овој историски чекор веќе предизвика силни реакции низ Европа – од ентузијазам и поддршка до скептицизам – но едно е сигурно: со овој потег Унион Берлин не само што бара спас на сезоната, туку испраќа и силна порака дека фудбалот конечно ги руши долгогодишните бариери.
Енрике: Само да не паднеме во „стапицата“ на „Енфилд“
ПСЖ со импресивна игра стигна до победа од 2-0 на првиот дуел од четвртфиналето од Лигата на Шампионите против Ливерпул, европскиот првак можеше да слави и уште поубедливо, но токму таа супериорност на првиот меч е причина за загриженост на тренерот Луис Енрике – да не дојде до опуштање кај неговиот тим на утрешниот реванш. На „Енфилд роуд“ низ годините се случуваше и уште поголеми чуда, свесен за тоа е и Енрике, кој гласно ги предупредува фудбалерите на ПСЖ пред следниот натпревар. „Мислам дека оваа победа од 2-0 е опасна за нас. Одигравме многу добар прв дуел, бевме супериорни и сега сите очекуваат рутински да ја одработиме задачата на реваншот. Тоа е многу опасно, „стапица“ во која лесно може да паднете и никако да не излезете. Во фудбалот многу работи можат да се променат за една седмица, знаеме дека Ливерпул е опасен тим и ќе биде многу подобар на реваншот отколку на првиот натпревар, згора на тоа навивачите ќе создадат пеколна атмосфера. Се подготвуваме токму за тоа, да одговориме на притисокот на Ливерпул бидејќи се може да се промени во еден момент“, истакна Енрике. Добра вест за ПСЖ е што Баркола е „фит“ по својата повреда и ќе биде во комбинација за настап на утрешниот реванш. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
ПМФЛ: Тиквеш ја освои Струга, Шкендија рутински против Шкупи (ВИДЕО)
Фудбалерите на Тиквеш стигнаа до голема победа на гостувањето кај Струга Трим Лум од 1-2 во натпревар од 27. коло во Првата македонска фудбалска лига. Домаќините поведоа со 1-0 со автоголот на Тасев кој несреќно ја внесе топката во својот гол по ударот на Марјан Радески. До крајот на првиот дел гостите успеаја да израмнат на 1-1 преку Рамади во 26. минута. Во вториот дел гостите стигнаа до целосен пресврт 1-2 со погодокот на Сила во 56. минута. Мечот помина во сенка на страотниот момент на средината на вториот дел. По еден дуел онесвестен на теренот падна фудбалерот на домаќините Папе Фол. Брзо му беше укажана помош, по што фудбалерот од Сенегал успеа да застане на нозе. Непознато е зошто лекарскиот тим и главниот судија му дозволија да го продолжи мечот. По само пет минути Фол повторно се сруши на земјата и мораше да биде пренесен во болница со амбулатно возило. https://ekipa.mk/wp-content/uploads/2026/04/bandicam-2026-04-13-16-41-17-449.mp4 https://ekipa.mk/wp-content/uploads/2026/04/bandicam-2026-04-13-17-04-00-867-1.mp4 Во вториот дуел од денешната програма Шкендија славеше со 6-0 против Шкупи. Меличи со двата гола во 13. и во 20. минута донесе брзо водство од 2-0 за својот тим, а до крајот на првиот дел беше и 3-0 со погодокот на Бесарт Ибраими во 45. минута. Во вториот дел Бесарт Ибраими со својот втор гол во 66. минута зголеми на 4-0, а 5-0 беше со голот на Љатифи во 85. минута. Конечните 6-0 ги постави Љатифи во 87. минута. Standings provided by Sofascore Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
Бруно Фернандеш откри што треба да се случи за да остане во Јунајтед
Капитенот на „Црвените ѓаволи“, Бруно Фернандеш, откри што очекува од клубот за да го убеди да го продолжи престојот на „Олд Трафорд“. Португалецот, исто така, коментираше за работата на привремениот менаџер Мајкл Карик. Фернандесш 31, е клучен играч за тимот откако пристигна од Спортинг Лисабон во 2020 година. Тој продолжи да биде водечка фигура оваа сезона, постигнувајќи осум гола и обезбедувајќи 16 асистенции во извонредна индивидуална кампања додека Јунајтед се бори за пласман во Лигата на шампионите. Резултатите доаѓаат откако Фернандеш беше блиску до заминување минатото лето. Тој на крајот отфрли понуда од Ал-Хилал од Саудиска Арабија, која би му донела плата од околу 1 милион фунти неделно, а трансферната цена на клубот е поставена на 100 милиони фунти. Иднината на 31-годишникот останува жешка тема со само една година преостаната од неговиот договор, иако Јунајтед има опција да го продолжи за уште 12 месеци. Во интервју за „Телеграф“, португалската ѕвезда одби да коментира конкретно за неговата иднина, но навести што клубот ќе треба да направи за да го задржи на долг рок. Португалецот освои само два трофеи на Олд Трафорд. „Им кажувам на луѓето во клубот дека сакам да се борам за трофеи. Секој што доаѓа во Манчестер Јунајтед сака да освои секој трофеј. Никој не доаѓа во клубот мислејќи дека ќе се бориме за еден или два трофеи за шест години“, рече капитенот. Тој додаде дека играчите се приклучуваат на клубот поради неговата историја, како и со желбата и очекувањето да освојуваат трофеи. Сепак, тој нагласи дека мора да има суштина зад зборовите на раководството и изрази надеж дека претстојат подобри времиња. „Она што секогаш го кажувам во клубот е: Не можете да ми ветите дека ќе ја освојам Премиер лигата. Тоа е невозможно. Но, ако ми ветите дека ќе бидеме конкурентни и дека ќе бидеме таму до крајот… тоа е сè што сакам. Бидејќи тогаш од мене зависи да станам најдобрата верзија од себе, да им помогнам на сите околу мене да станат најдобрата верзија од себе, да станеме клубот што сакаме да бидеме“, истакна Португалецот. <a href="https://ads.konzoto.com/www/delivery/ck.php?n=a1b1d8ee&cb=27947523" target="_blank" rel="noopener"> <img src="https://ads.konzoto.com/www/delivery/avw.php?zoneid=14&cb=86687058&n=a1b1d8ee" border="0" alt="" width="300" height="250" /> </a> Поврзани вести: ФИФА го отфрли клучното барање: Дали Иран нема да оди на Светското првенство? Арсенал сака да го задржи Артета и ако тој не освои ниту еден трофеј сезонава Виљареал подобар од Атлетик Билбао Иако губеше со 2-0: Шампионски пресврт на Интер кај Комо Заврши регуларниот дел во НБА лигата Жофри Ловерњ се враќа во Партизан <a href="https://ads.konzoto.com/www/delivery/ck.php?n=a6ebc43f&cb=6806156" target="_blank" rel="noopener"> <img src="https://ads.konzoto.com/www/delivery/avw.php?zoneid=46&cb=61948034&n=a6ebc43f" border="0" alt="" width="300" height="250" /> </a>
ПСЖ сврте нов лист – Дембеле е на излезна врата
ПСЖ нема намера веќе да троши богатство на плати на фудбалери откако тоа не се покажа како вистински рецепт за задржување на Килијан Мбапе, кој на крајот како слободен играч си замина од „Паркот на принцовите“. Насер ал Келаифи јасно стави до знаење дека нема намера да го менува новиот правилник на клубот, според кој ниту еден играч нема да има плата поголема од 18 милиони евра по сезона, иако ова може да значи и заминување на освојувачот на „Златната топка“, Усман Дембеле. Сумата од 18 милиони е истата што Дембеле во моментов ја заработува во ПСЖ, а преговорите за продолжување на соработката се блокирани. Француските медиуми тврдат дека неговиот агент Сисоко побарал неверојатни 60 милиони евра по сезона, барање со кое само ги налутил челниците на францускиот првак. „Интересите на тимот и на клубот се на првото место. Нема да дозволиме ниту еден фудбалер да се најде над структурата што ја поставивме“, порача Ал Келаифи. Токму поради придржувањето на оваа структура минатото лето беше продаден Џиџи Донарума, кој бараше 25 милиони евра годишно и на крајот заврши во Манчестер Сити. Сега кога побарувањата на Дембеле се уште поголеми од оние на италијанскиот голман, а управата не покажува знаци дека би можела да попушти, се поизвесно е дека францускиот репрезентативец летово ќе си замине од „Паркот на принцовите“. Камбек во Барса не е опција, Реал Мадрид не е премногу загреан, па најреална варијанта е преселба во Премиер-лигата, каде Арсенал, Челси и Манчестер Сити се подготвени да влезат во наддавање зза да го осигураат потписот на Дембеле. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
Едвај даде два гола, но Јувентус за него плати 40 милиони евра
фото: Juventus FR @Juve_France (X) Клаузулата за откуп на Лоис Опенда од РБ Лајпциг во екипата на Јувентус е автоматски активирана. Белгискиот фудбалер официјално ќе стане член на „бјанконерите“ на лето, по едногодишната позајмица во редовите на „Старата Дама“. Досега, тој не се прослави, бидејќи постигна само два гола на 33 одиграни натпревари. Двократниот европски шампион ќе плати значителна отштета – 40.700.000 евра за трансферот, од кои 3.300.000 за позајмица и 1.700.000 што би можеле да се реализираат преку бонуси. Значи, вкупно 45.700.000 евра. Лучано Спалети и целиот Јувентус сега веројатно го сметаат Опенда за голем товар, па не е исклучено тој да биде испратен на друга дестинација на почетокот на следната сезона. sportmedia.mk © Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата Бруно Фернандеш откри што треба да се случи за да остане во Јунајтед Ван Дајк застана на страната на фановите на Ливерпул околу скапите билети
Јамал пред реваншот: Барам само една услуга од Симеоне
Барселона има два гола негатива во пресрет на утрешниот реванш со Атлетико во Мадрид, каталонците ќе играат на вжештена атмосфера на „Ванда Метрополитано“, но истовремено се решени да сторат се за да се вратат во оваа невозможна мисија и да стигнат до полуфиналето од Лигата на Шампионите. Во фокусот на вниманието се наоѓа Ламин Јамал, шпанскиот тинејџер игра блескавоо и оваа сезона и јасно е дека од него ќе зависат многу работи во обидот за чудо во Мадрид. „Ние сме Барселона и секогаш одиме на победа. Знаеме дека е тешко, дека бркаме два гола негатива, но тоа не значи дека е невозможно за нас да се вратиме и да одиме понатаму. Добро е што не зависи се од мене, имаме толку многу врвни фудбалери, искусни фудбалери кои се нашле во слични ситуации и подготвени сме за предизвикот. Јас лично се чувствувам одлично, едвај чекам да почне дуелот. Ако смеам, би го замолил Диего Симеоне само една услуга, да ме остави „еден на еден“ со неговите дефанзивци“, провокативно ја заврши својата изјава Ламин Јамал во пресрет на утрешниот спектакл. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
Индира Кастратовиќ е шеф на делегацијата на Македонија на Светското училишно првенство во ракомет
Легендарната поранешна македонска репрезентативка и ракометна икона, Индира Кастратовиќ е назначена за шеф на делегацијата на Македонија за претстојното Светско училишно првенство во ракомет кое ќе се одржи во Скопје од 21 до 29 април. Македонија за првпат е домаќин на едно вакво големо натпреварување, кое е во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, а под покровителство на Министерството за спорт. Кастратовиќ која беше дел од славната генерација на Кометал Ѓорче Петров, а денеска е координатор на женските национални селекции вели дека е голема чест и задоволство што ќе биде шеф на делегацијата на Македонија. „Ми претставува голема чест и задоволство, но во исто време и пријатна обврска, да бидам шеф на делегацијата на наша земја на ваков голем спортски настан како што е Светско училишно првенство во ракомет, настан на кој учество ќе земаат околу 700 млади ракометарки и ракометарки на средношколска возраст“, вели Индира Кастратовиќ. Љубовта кон спортот започнува токму во училишните клупи. Иконата на македонскиот ракомет и спорт токму во Основното училиште ја започнала нејзината ракометна приказна. „Уште на рана школска возраст почнав да се занимавам со спорт во моето основно училиште “Милош Шиљеговиќ” во Приједор каде сум родена. Мојот прв избор беше атлетика, со учество на крос-натпреварувања каде што го претставував моето училиште на локални и регионални натпревари. Потоа следеше „излет“ во тенискиот спорт на препораката на мојот професор по физичка култура. Во седмо одделение почнав да тренирам и играм ракомет во моето основно училиште. Ракометот од тие училишни денови прво стана моја љубов, а подоцна и моја професија“. Светското училишно првенство во ракомет треба да биде поттик и инспирација за младите ракометари и ракометарки. „Мундијалот има големо значење за нашите млади ракометарки и ракометари од повеќе аспекти. Учество на овој настан за млади луѓе треба да претставува голем поттик во развојот на нивните ракометни кариери, убава можност за стекнување на нови интернационални спортски искуства, како и можност за создавање на новите пријателства. Освен тоа, се надевам, овој светски шампионат треба да биде инспирација за новите млади генерации да го засакаат ракометниот спорт и да почнат се занимаваат со него“. Кастратовиќ испрати порака порака до сите млади деца кои се уште се двоумат дали да започнат со спорт. „Мојата порака за сите деца би била да изберат да тренираат било кој спорт, таму ќе прво ќе научат многу нешта поврзани за тој спорт, ќе научат како да бидат организирани, а понатаму ќе запознаат нови другарчиња со кои ќе се дружат на теренот и надвор од него“. На Светското училишно првенство во ракомет ќе настапат македонските репрезентации во женска и машка конкуренција до 18 години. Натпреварите ќе се играа во шест спортски сали во Скопје: СРЦ „Македонско сонце”, СРЦ „Архиепископ Доситеј”, СРЦ „Кочо Рацин”, СРЦ „Крсте Мисирков” и СРЦ „Антон Димитров”, додека финалните натпревари, ќе се одиграат на 28 април во спортската сала “Расадник„ кога ќе се одржи и свеченото затворање на првенството. Свеченото отварање ќе се одржи на 21 април со почеток во 19:30 часот на плоштад Македонија.
Бреслиева со пласман во осминафиналето на СП за јуниори
Македонската репрезентативка во таеквондо, Душица Бреслиева имаше забележителен настап на Светското првенство за јуниори, стигнувајќи до осминафиналето. Таа се натпреваруваше во категоријата до 55 килограми, каде забележа две рутински победи над Ана Дијало од Сенегал и од Јасмин Хауани од Тунис. Бреслиева во осминафиналето налета на големата фаворитка Рамазанова од Русија, која заслужено триумфираше со 0-2 (0-3, 0-11). Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
Барселона му нуди нов договор на Левандовски
Барселона пред неколку дена официјално му понуди нов договор на Роберт Левандовски. Левандовски има договор со Барселона до крајот на оваа сезона, а во неколку наврати самиот истакна дека сака да остане и дека нема намера да прејде во друг клуб. Во Барселона беа убедени дека Левандовски со раширени раце ќе ја прифати понудата, особено поради неговите изјави дека сака да остане, но она што следеше ги изненади. Имено, се појавија информации дека Левандовски води преговори и со други клубови, а еден посебно се издвојува. Станува збор за Милан, кој очајно бара вистински напаѓач, а најголемо изненадување за Каталонците беше веста дека Левандовски лично стапил во контакт со Златан Ибрахимовиќ и се понудил на „росонерите“. <a href="https://ads.konzoto.com/www/delivery/ck.php?n=a1b1d8ee&cb=25465004" target="_blank" rel="noopener"> <img src="https://ads.konzoto.com/www/delivery/avw.php?zoneid=14&cb=34217286&n=a1b1d8ee" border="0" alt="" width="300" height="250" /> </a> „Газета дело Спорт“ пишува дека Левандовски е подготвен да замине во Милан, но дека италијанскиот клуб не може да му ја понуди платата што ја очекува. Поврзани вести: МКФ го одложи второто коло поради настапите на ТФТ во АБА2 ФИФА го отфрли клучното барање: Дали Иран нема да оди на Светското првенство? Бруно Фернандеш откри што треба да се случи за да остане во Јунајтед Арсенал сака да го задржи Артета и ако тој не освои ниту еден трофеј сезонава Виљареал подобар од Атлетик Билбао Иако губеше со 2-0: Шампионски пресврт на Интер кај Комо <a href="https://ads.konzoto.com/www/delivery/ck.php?n=a6ebc43f&cb=72903887" target="_blank" rel="noopener"> <img src="https://ads.konzoto.com/www/delivery/avw.php?zoneid=46&cb=12046407&n=a6ebc43f" border="0" alt="" width="300" height="250" /> </a>
Руни: Сити е во многу подобра позиција од Арсенал
Познатиот англиски фудбалер Вејн Руни верува дека Манчестер сити има поголеми шанси од Арсенал за титулата во Премиерлигата. „Граѓаните“ се вратија во трката, но сепак имаат шест бода помалку, со натпревар помалку од големиот ривал. „Мислам дека Сити ќе има предност, само поради менаџерот и играчите што ги имаат. Ќе можат да останат малку помирни од играчите на Арсенал. Ќе бидат загрижени затоа што кога имате серија порази, почнувате да размислувате „каде е следниот гол, каде е следната победа?“. Тој негативен начин на размислување навистина влијае на вашите перформанси“, рече Руни. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
Дончиќ се враќа во САД, но никој не знае кога пак ќе заигра…
Лос Анџелес лејкерс го освои четвртото место во Западната конференција и на стартот од плејофот ќе се сретне со Хјустон рокетс, серија за која „езерџиите“ ќе бидат сериозно ослабени. Остин Ривс по најновата повреда сигурно ќе ја пропушти целата серија, а сериозна е опасноста тренерот Редик да не може да смета ниту на Лука Дончиќ. Словенечката суперѕвезда ги мина последните две седмици во Европа, на специјални третмани во Мадрид што требаше да ја забрзаат неговата рехабилитација по кинењето на мускулот. Враќањето на Дончиќ во Лос Анџелес е предвидено за утре, кога тој ќе биде повторно прегледан од клупскиот медицински тим. Она што е сигурно, Лука ќе ги пропушти првите две средби во Ел-Еј, но „езерџиите“ се надеваат дека тој сепак ќе може да се најде во тимот за следните две средби во Хјустон. Сепак, повеќе детали се очекуваат за околу 48 часа, кога специјалистите ќе обелоденат во која фаза е рехабилитацијата и кога Дончиќ ќе може да почне со тренинзи со остатокот од екипата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
Виљареал подобар од Атлетик Билбао
Виљареал продолжи одлично да игра оваа сезона, една од најдобрите сезони во последните десет години. Овој тим славеше во Билбао со резултат од 1:2 и со тоа да биде многу, многу блиску до Лигата на шампионите, бидејќи имаат дури 15 бода повеќе од Бетис, кој е на петтото место. Виљареал прв се закани преку Гај со одличен удар од околу 20 метри, а од другата страна забележуваме и одличен шут на Берчиче во 22-та минута, кој го сопре голманот на гостите. Во 26-та минута, дојде голот за водство на гостите. Одлична контра Виљареал, Олувасеџи ја испрати топката до Кардона, кој со фантастичен лоб удар донесе 0:1. Неколку шанси за двата тима пред полувремето, но повторно гостите беа тие што го најдоа патот до мрежата. Овој пат, голема грешка на Лекуе, му ја даде топката на Гонзалез, кој постигна гол за 0:2. Уште неколку шанси за гостите, потоа Гурузета им дава надеж на домашните дека барем можат да освојат бод, одлична акција на левата страна, Берчиче го наоѓа Гурузета кој погодува во 84.минута за конечни 1:2. <a href="https://ads.konzoto.com/www/delivery/ck.php?n=a1b1d8ee&cb=84621982" target="_blank" rel="noopener"> <img src="https://ads.konzoto.com/www/delivery/avw.php?zoneid=14&cb=94684289&n=a1b1d8ee" border="0" alt="" width="300" height="250" /> </a> Поврзани вести: Иако губеше со 2-0: Шампионски пресврт на Интер кај Комо Заврши регуларниот дел во НБА лигата Жофри Ловерњ се враќа во Партизан Тинејџерот Гоут Гоут го урна светскиот рекорд на Усеин Болт Тони Крос се враќа во Реал Мадрид? Нејмар има шанси да заигра за Бразил на СП <a href="https://ads.konzoto.com/www/delivery/ck.php?n=a6ebc43f&cb=85997120" target="_blank" rel="noopener"> <img src="https://ads.konzoto.com/www/delivery/avw.php?zoneid=46&cb=74744162&n=a6ebc43f" border="0" alt="" width="300" height="250" /> </a>
Арсенал размислува за иднината на Артета, познато е кој би можел и да го наследи
Доколку не успее да ја освои титулата во Премиерлигата, Микел Артета сигурно ќе добие отказ од таборот на Арсенал. Навивачите веќе долго време чекаат трофеј, оваа сезона се чинеше дека чекање ќе заврши, но завршницата на сезоната влегува во драма, со оглед дека Манчестер Сити на крајот може да им ја „украде“ титулата. Артета би го спасил и трофеј во Лигата на шампионите, но таму предизвикот е далеку потежок, а англиските медиуми веќе почнаа со шпекулации кој би можел да го замени во случај на уште едно фијаско кога станува збор за освојување на трофеи. Неколку медиуми во Шпанија тврдат дека доколку се случи Артета да се стекне со статус „поранешен“, тогаш на клупата би требало да го замени Цеск Фабрегас. Фабрегас е поранешен играч на Арсенал, а како тренер му оди одлично со Комо, со кого е на праг да излезе во Лигата на шампионите. Токму тој е прв фаворит доколку се случи Артета да доживее неуспех и да не освои ниту еден трофеј сезонава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
ЛШ: Винчиќ ќе го суди реваншот меѓу Баерн и Реал
УЕФА денеска ги објави судиите за реванш натпреварите во четвртиналето од Лигата на шампионите. Дуелот меѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид ќе го суди Словенецот Славко Винчиќ. Негови помошници ќе бидат Томаж Кланчник и Андраж Ковачиќ, а четврти судија ќе биде Давид Шмајц. ВАР тимот ќе го водат Холанѓаните Пол ван Боекел и Денис Хиглер. Натпреварот меѓу Арсенал и Спортинг ќе го суди француски тим предводен од Франсоа Летексие. Ќе му помагаат Сирил Муние и Мехди Рахмуни, а Стефани Фрапарт ќе биде четврти судија. Германецот Бастијан Данкерт ќе биде видеопомошник на судијата, а Белгиецот Брам ван Дрише ќе биде негов асистент. sportmedia.mk © Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата Ван Дајк застана на страната на фановите на Ливерпул околу скапите билети ФИФА го отфрли клучното барање: Дали Иран нема да оди на Светското првенство?
МКФ го одложи второто коло поради настапите на ТФТ во АБА2
Второто коло од Плејоф-лигата во македонскиот кошаркарски шампионат се одложува поради настапите на ТФТ во АБА2. Македонскиот тим в среда ќе го игра вториот полуфинален меч против Сутјеска, каде што води со 1-0 во серијата. Одлуката, донесена од комесарот Александар Милојевиќ, има за цел да се зачува регуларноста и рамноправноста во натпреварувањето, па наместо само еден натпревар, одложена е целата рунда. Колото ќе се игра следниот викенд. Поврзани вести: ФИФА го отфрли клучното барање: Дали Иран нема да оди на Светското првенство? Бруно Фернандеш откри што треба да се случи за да остане во Јунајтед Арсенал сака да го задржи Артета и ако тој не освои ниту еден трофеј сезонава Виљареал подобар од Атлетик Билбао Иако губеше со 2-0: Шампионски пресврт на Интер кај Комо Заврши регуларниот дел во НБА лигата <a href="https://ads.konzoto.com/www/delivery/ck.php?n=a1b1d8ee&cb=68286449" target="_blank" rel="noopener"> <img src="https://ads.konzoto.com/www/delivery/avw.php?zoneid=14&cb=90536911&n=a1b1d8ee" border="0" alt="" width="300" height="250" /> </a> <a href="https://ads.konzoto.com/www/delivery/ck.php?n=a6ebc43f&cb=70710515" target="_blank" rel="noopener"> <img src="https://ads.konzoto.com/www/delivery/avw.php?zoneid=46&cb=65816731&n=a6ebc43f" border="0" alt="" width="300" height="250" /> </a>
Тони Крос се враќа во Реал Мадрид?
Реал Мадрид работи на враќање на поранешниот играч од средниот ред Тони Крос во клупската структура уште од следната сезона, пренесуваат шпанските медиуми. Во раководството на мадридскиот тим постои единствен став дека неговото искуство и секојдневното влијание би можеле да имаат значајна улога во понатамошниот развој на екипата. Тони Крос за време на престојот во Мадрид имал одличен однос со клупското раководство, вклучувајќи го и претседателот Флорентино Перез, кој, според наводите, силно ја поддржува идејата за негово враќање. Германскиот фудбалер моментално живее во Мадрид, каде што формираше сопствена фудбалска академија. Во последно време неколку пати беше во тренинг-центарот Валдебебас, каде со млади играчи учествуваше во натпревари против младинските селекции на Реал, а повремено се вклучува и во тренерска работа. <a href="https://ads.konzoto.com/www/delivery/ck.php?n=a1b1d8ee&cb=57300859" target="_blank" rel="noopener"> <img src="https://ads.konzoto.com/www/delivery/avw.php?zoneid=14&cb=93583037&n=a1b1d8ee" border="0" alt="" width="300" height="250" /> </a> Во клубот веруваат дека неговото искуство и авторитет би можеле да донесат дополнителна вредност во спортскиот сектор веќе од следната сезона. Поврзани вести: Нејмар има шанси да заигра за Бразил на СП Реал Мадрид тренирше без Мбапе пред реваншот во Минхен Илиќ: Среќни сме за пласманот на ЕП Италијанецот Крипа е победник на маратонот во Париз Кадетите ќе стартуваат против Црна Гора на Медитеранските игри во Словачка Гакидова: Многу сме среќни што ќе играме на ЕП <a href="https://ads.konzoto.com/www/delivery/ck.php?n=a6ebc43f&cb=21766239" target="_blank" rel="noopener"> <img src="https://ads.konzoto.com/www/delivery/avw.php?zoneid=46&cb=19108574&n=a6ebc43f" border="0" alt="" width="300" height="250" /> </a>
ПОЛУВРЕМЕ ПМФЛ: Реми меѓу Струга ТЛ и Тиквеш, Шкендија сигурна против Шкупи (ВИДЕО)
Фудбалерите на Струга Трим и Лум и Тиквеш играат реми 1-1 на полувреме во еден од двата денешни натпревари од 27. коло од сезоната во Првата македонска фудбалска лига. Домаќините поведоа со 1-0 со автоголот на Тасев кој несреќно ја внесе топката во својот гол по ударот на Марјан Радески. До крајот на првиот дел гостите успеаја да израмнат на 1-1 преку Рамади во 26. минута. 3038b4ce-88ab-4cd2-a32b-b831d01d886f f3f52ee9-9122-4ed8-ab23-2288e3d114b7 Во вториот дуел од денешната програма Шкендија има сигурно водство од 3-0 против Шкупи. Меличи со двата гола во 13. и во 20. минута донесе брзо водство од 2-0 за својот тим, а до крајот на првиот дел беше и 3-0 со погодокот на Бесарт Ибраими во 45. минута. Standings provided by Sofascore Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
Хапоел поради бизарна причина остана без Мициќ
Плејмејкерот на Хапоел Тел Авив, Василије Мициќ, кој вчера го водеше тимот до победа од 99-88 над Макаби во меч од Евролигата во Белград, беше вратен од аеродромот „Никола Тесла“ бидејќи го заборавил пасошот. Планот беше сите да се вратат во Софија бидејќи главниот град на Бугарија повторно стана база на Хапоел, но 32-годишниот српски репрезентативец мораше да го пропушти тој лет. Мициќ му даде на Макаби девет поени, собра пет скока и подели три асистенции, но ќе мора да остане во главниот град на неговата родна земја уште еден ден додека не му биде издаден пасошот, па ќе се приклучи на тимот пред последниот натпревар од лигашката фаза на елитното континентално натпреварување. Станува збор за гостување во Монако, а Хапоел, кој обезбеди директно место во плејофот на Евролигата, ќе гостува на Азурниот брег во натпреварот од 38. коло во петок во 19.30 часот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
Фудбалерките до 19 години примија девет гола од Шкотска
Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години доживеа висок пораз од соодветната селекција на Шкотска во рамките на втората рунда од квалификациите за Европското првенство. Домаќинките доминираа во текот на целиот натпревар, решавајќи ги дилемите уште во првото полувреме по кое имаа предност од 5-0, за на крајот да слават со убедливи 9-0. Ова е втор пораз за избраничките на селекторот Изов во квалификациската група, по првичниот пораз од Норвешка (3-0). Нашите млади фудбалерки ќе ја бараат последната шанса за поправен впечаток во третото коло, каде за противник ја имаат репрезентацијата на Австрија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
Битола реди успеси на спортски план: Уште еден меѓународен натпревар на “Петар Милошевски”
Следуваат денови на женскиот фудбал и националната репрезентација. Пред нас е двомеч меѓу Македонија и Унгарија, а Битола и стадионот „Петар Милошевски“ пак ќе бидат дом на нашите најдобри фудбалерки. Како минатиот месец против Андора, така и сега против Унгарија, се очекува голема поддршка, позитивни вибрации и победа. Првиот меч против Унгарија е на 14 април во 16:00 часот во Битола на стадионот „Петар Милошевски“. Влезот е слободен. Реваншот е четири дена подоцна во Унгарија. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
ФОТО НА ДЕНОТ: Малата Аја е најголемиот фан на капитенот Барди (ФОТО)
Капитенот на македонската репрезентација, Енис Барди, го одигра еден од најемотивните натпревари во дресот на Коњаспор. На трибините, за првпат во живо, негов најголем навивач беше ќеркичката Аја. Малата Аја, придружувана од сопругата на фудбалерот, го бодреше својот татко за време на мечот од турската Суперлига. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
Одличната Илиќ со четврта најдобра одбрана на рундата во квалификациите за ЕП (ВИДЕО)
Женската ракометна репрезентација на Македонија успеа да обезбеди пласман на уште еден европски шампионат, без оглед на вчерашниот убедлив пораз од репрезентацијата на Словенија (27-18). Нашите ракометарки го освоија третото место во групата, зад Германија и Словенија, пред Белгија, но што е уште поважно, оставија зад себе две селекции во рангирањето на најдобрите третопласирани. Единствена на нивото во нашиот тим беше голманката Андреа Илиќ која запиша 14 одбрани, а една од нив се најде меѓу најдобрите пет на рундата во квалификациите за континенталниот собир. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
Реал Мадрид потпиша со 17-годишен шпански талент
Кастељон и Реал Мадрид постигнаа договор за трансфер на 17-годишниот Фран Сантамарија во мадридскиот клуб за следната сезона. Играчот го напушта Кастељон по цел живот поминат во клубот од неговиот роден град и после една полна со голови и покажување супериорност над неговите години, пренесува „Марка“. На само 17 години , напаѓачот постигна 15 гола на 32 натпревари оваа сезона. Стануа збор за напаѓач висок 185 сантиметри, и од скаутите веќе наречен како еден од најголемите шпански таленти во моментов. Можно е по пристигнувањето во Реал, најпрво да биде позајмен во некој друг клуб за да стекне искуство, па потоа во зависност од тоа како ќе се развива, повторно да стане дел од „кралевите“. Реал по завршувањето на сезоната има право да го врати Ендрик од Лион, а исто така може за мали пари да си го врати и Нико Паз кој „блеска“ во Комо сезонава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
Познато е кој фудбалер прв ќе ја напушти Барселона на крајот од сезоната
Барселона е пред освојување на нова титула во шпанската Ла Лига. Тимот бега на својот најголем ривал Реал Мадрид дури девет бодови на чело на табелата, и само чудо треба да се случи трофејот да не отпатува кон „Ноу Камп“. Меѓутоа она што ја очекува Барселона сега е „опстанување“ во Лигата на шампионите. Барса има негатива од 0-2 по првиот меч против Атлетико на свој терен, и сега на „Метрополитано“ ќе треба да ја стигнува оваа негатива. Во меѓувреме во шпанските медиуми се појавуваат шпекулации околу тоа кој би можел да го напушти клубот по завршувањето на сезоната. Еден од тие е Роберт Левандовски, кој би можел да продолжи во Милан, додека и натаму е неизвесна и судбината на Маркус Рашфорд. Но, еден играч сигурно си заминува од клубот откако ќе заврши сезоната. Станува збор за Марк Касадо, кој не добива шанса да игра, и затоа ќе си побара нова средина. Касадо мина само 90 минути и одигра шест меча оваа сезона за тимот. Клубот дури не му понудил нов договор кој му истекува до 2028 година, па разделбата е неизбежна. Пред неколку години, Флик го фалеше Касадо и го нарече еден од најдобрите играчи и дека треба да биде иднината на клубот, но до тоа не дојде. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
Cupra Raval пристигнува како електричен „hot hatch“ со 222 КС
Новиот Cupra Raval пристигнува како достапен електричен хот хеч со до 222 КС, автономија до 450 км и спортски карактер Новиот Cupra Raval пристигнува како најмал електричен модел на шпанскиот бренд Cupra , носејќи комбинација од атрактивен дизајн, солидни перформанси и пристапна цена. Со планирано лансирање во текот на 2026 година, Raval има јасна цел – да му конкурира на популарниот Renault 5 и да привлече нова генерација купувачи во сегментот на компактни електрични автомобили. Компактен, но просторен електричен хечбек Со должина од нешто повеќе од четири метри, Raval се позиционира во супермини класата, но благодарение на меѓуоскино растојание од 2.600 мм нуди изненадувачки простор во кабината. Багажникот од 441 литар дополнително ја зголемува практичноста, што го прави погоден и за секојдневна употреба. Дизајнот е поширок и понизок од очекуваното, што му дава спортски и стабилен став на патот. Нова MEB+ платформа и разновидни верзии Под каросеријата, MEB+ platform овозможува поефикасни и поевтини електрични модели, прилагодени за помали возила со погон на предните тркала. Основната верзија нуди 114 КС и батерија од 37 kWh со автономија до 300 км, додека Raval Plus добива 133 КС и побрзо полнење. Перформанси во стил на „hot hatch“ Поефикасните верзии со батерија од 52 kWh нудат до 208 КС и автономија до 450 км, но вистинската ѕвезда е VZ изведбата со 222 КС. Овој модел забрзува до 100 км/ч за 6,8 секунди и директно му конкурира на Alpine A290 . Дополнително, VZ добива електронски диференцијал, адаптивна суспензија и спортски подесена шасија за подобро управување. Технологија и дигитален ентериер Во внатрешноста, Raval е опремен со 10,25-инчен дигитален инструмент кластер и 12,9-инчен инфозабавен систем. Иако физичките копчиња се сведени на минимум, управувањето преку воланот останува практично. Специјалната VZ Extreme верзија додава спортски седишта и уникатни дизајнерски елементи. Цена и позиционирање на пазарот Очекуваната почетна цена од околу 26.000 евра го позиционира Raval како сериозен конкурент во сегментот на достапни електрични возила. Со комбинација од стил, перформанси и технологија, новиот модел на Cupra има потенцијал да стане еден од најатрактивните електрични автомобили во Европа. Клучни зборови cupra Cupra Raval New Cupra Raval New Raval Raval
Ван Дајк застана на страната на фановите на Ливерпул околу скапите билети
ФОТО: Liverpool FC/FB Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, проговори за протестите на навивачите на клубот против планираното зголемување на цените на билетите на „Енфилд“ за 85%. Дефанзивецот ги повика шефовите на клубот да не го игнорираат растечкото незадоволство меѓу навивачите, додавајќи дека навивачите имаат целосно право да бидат лути. „ Мислам дека навивачите се срцето и душата на клубот “, рече Ван Дајк и дополни: „ Ако се чувствуваат така, тогаш е нивно право да протестираат. Се надевам дека ќе можат да дојдат до некакво решение со клубот. Овие работи се далеку над мојата позиција како капитен на тимот. Но, мојот став е дека нашите навивачи се клубот. Тие отсекогаш биле – пред моето време и по моето време. Важно е овие работи да се решат бидејќи тоа не им користи на никого.“ Минатиот месец, клубот ја објави својата намера да ги зголеми цените на билетите во согласност со инфлацијата во текот на следните три години. Ова ќе значи дека цените на сезонските билети ќе пораснат за помеѓу 21,50 и 27 фунти следната сезона, додека билетите за индивидуални натпревари ќе се зголемат за помеѓу 1,25 и 1,75 фунти. Ова предизвика лута реакција од организациите на навивачите на Ливерпул. Извршниот директор на „Редсите“, Били Хоган, оттогаш испрати е-пошта до секој сопственик на сезонски билети во која ја брани и објаснува одлуката. Сепак, синдикатот на навивачи „Духот на Шенкли“ продолжи да организира протести на натпреварите на „Енфилд“, кои започнаа со домашниот натпревар на Фулам во саботата навечер. Како дел од кампањата „Ниту една фунта на стадионот“, навивачите беа повикани да не трошат пари на стадионот. Во исто време, навивачката група „Спион Коп 1906“ ги отстрани сите свои знамиња од „Коп“, а единствениот транспарент на кој пишуваше „Не за зголемување на цените на билетите“. Тој беше истакнат на предниот дел од трибината во текот на првото полувреме. Кратко потоа следеа скандирања насочени кон сопствениците на Ливерпул, „Фенвеј Спортс Груп“, со пораки како „вратете ги цените назад“ и „алчни копилиња, доста е“. sportmedia.mk © Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата Неверојатно: Арсенал сака да го задржи Артета и ако тој не освои ниту еден трофеј сезонава! Јамал се инспирира од Леброн за реваншот со Атлетико Мадрид во ЛШ! (ФОТО)














































