
најнови.ВЕСТИ
Во Охрид средба на Службите за спасување на планина од регионот
Бреслиева со пласман во осминафиналето на СП за јуниори
Кој ќе биде Волдеморт во новата серија „Хари Потер“- се огласи Рејф Фајнс
Кој ќе биде Волдеморт во новата серија „Хари Потер“- се огласи Рејф Фајнс
Цените на нафтата на светските берзи се приближија до 102 долари за барел
Македонски државјани изнудиле 40.000 евра од пензионерка во Хрватска со измама дека ќерка и’ е во болница: eдна приведена, по двајца се трага
tech
tech
tech
tech
tech
tech
спорт
спорт
спорт
спорт
спорт
топ.ВЕСТИ
Израелската амбасадорка ја поздрави реакцијата на властите по обидот за палење на синагогата
Израелската амбасадорка во земјава, Вивијан Аисен, ја поздрави реакцијата на македонските власти по обидот за опожарување на објект на Еврејската заедница и синагогата во Скопје. „Ви благодарам, министре. Брзите и решителни акции на македонските власти за истрага и повикување на одговорност на одговорните за овој гнасен антисемитски чин се од суштинско значење за спречување на потенцијални идни инциденти“, напиша Аисен на „Икс“. Претходно, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски го осуди обидот за палење, оценувајќи го како „апсолутно неприфатлив“. „Нема место за вакви дела во Македонија“, порача Муцунски, додавајќи дека е во тек истрага и дека сторителите ќе сносат одговорност. Од Министерство за внатрешни работи информираа дека на улицата „Апостол Гусларот“ биле пронајдени канистер за гориво и траги од горење во двор од верски објект, по што полицијата презема мерки за расчистување на случајот. Еврејска заедница во Македонија го осуди инцидентот, оценувајќи го како напад врз темелните вредности на општеството и предупреди на зголемен говор на омраза и нетолеранција. Од заедницата апелираа за целосно расветлување на случајот и обединета осуда од институциите, верските лидери и граѓаните.
Мелони ја оцени изјавата на Трамп за папата како неприфатлива
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска ја оцени како неприфатлива изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп на сметка на папата Лав XIV, кој во неколку наврати ја осуди војната на Блискиот Исток. „Папата е поглавар на Католичката црква, правилно е и нормално тој да повикува на мир и да ги осудува сите форми на војна“, напиша Мелони на социјалните мрежи. Трамп остро го критикуваше поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав XIV, дека „не ја врши добро работа“ во водењето на таа црква, и дека е „многу либерален“ и дека треба „да престане да се додворува на радикалната левица“. Папата одговори на тие остри критики нагласувајќи дека апелите на Ватикан за мир и помирување се темелат на Евангелие и дека не се плаши од администрацијата на Трамп. Папата додаде дека нема да влегува во расправија со Трамп.
(Видео) Ова беше чесен пораз, продолжуваме да му служиме на народот, рече Орбан ден по изборите
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, повторно се огласи по изборниот пораз, обраќајќи им се на гласачите на неговата партија Фидес-КДНП. „Драги сограѓани, денес е јасно дека на вчерашните избори повеќе од 2,25 милиони гласачи дадоа поддршка за листата и кандидатите на Фидес-КДНП. Националната опција, нашата политичка заедница, денес е со оваа големина во Унгарија“, порача Орбан во видео објавено на Фејсбук. Тој им се заблагодари на поддржувачите, истакнувајќи дека со ист број гласови во 2014 година оствариле голема победа, додека сега тоа било доволно само за „чесен пораз“. „Големо благодарам на сите наши поддржувачи. Вчера тоа беше доволно само за чесен пораз, но гласачите на националната опција секогаш можат да сметаат на нас“, изјави Орбан. Според него, Фидес останува најповрзаната политичка заедница во земјата и ќе продолжи да му служи на унгарскиот народ. Тој најави дека во наредните недели ќе следи реорганизација на партијата, обиколка на изборните единици и состанок на националниот одбор на 28 април. „Работата започна. Напред, Унгарија! Напред, Унгарци!“, порача Орбан. На парламентарните избори одржани на 12 април 2026 година, партијата Тиса, предводена од Петер Маѓар, оствари двотретинска победа. Орбан уште во неделата ја призна загубата, оценувајќи го резултатот како „болен и јасен“, и им честиташе на победниците. Излезноста беше речиси 80 проценти, највисока досега, а по изборите унгарската валута форинта зајакна и достигна најсилно ниво во последните години. Маѓар најави дека новата влада ќе предложи измени на Уставот, со кои мандатот на премиерот би се ограничил на два мандати, што би значело дека Орбан повеќе не би можел да се кандидира за функцијата. Фото: Depositphotos
Нафтата над 102 долари: стравот од блокадата врз Иран го тресе пазарот
Цените на нафтата денеска пораснаа на меѓународните пазари и се приближија до 102 долари по барел, поради стравувањата на инвеститорите дека американската поморска блокада врз Иран дополнително ќе ги намали испораките од регионот на Персискиот Залив. На лондонскиот пазар цената на барелот попладне достигна 101,85 долари, што е зголемување од 6,65 долари во однос на затворањето на крајот од минатата недела. На американскиот пазар, барелот поскапе за 6,07 долари и достигна цена од 102,64 долари. Пазарите на почетокот на неделата беа потресени од најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување поморска блокада на Иран, поради незадоволството од позицијата на Техеран во преговорите во Исламабад. САД се залагаа за итно отворање на Ормуски теснец, но Иран инсистирал на прекин на огнот на сите фронтови, вклучително и во Либан, како и на одмрзнување на својот имот. По објавата на примирјето меѓу САД и Иран во средината на минатата недела, Израел повторно изведе воздушни напади врз Либан, при што загинаа повеќе од 300 луѓе. По заминувањето на американските преговарачи од Исламабад, предводени од потпретседателот Џејмс Дејвид Венс, Трамп најави блокада на влезот во Ормускиот теснец, додавајќи дека американската морнарица ќе ги запира сите бродови што платиле транзитна такса на иранските власти. Американската морнарица за Ројтерс појасни дека блокадата ќе биде воспоставена во Оманскиот Залив и во Арапското Море, источно од теснецот, при што првично беше наведено дека ќе се запираат сите бродови, а подоцна дека ќе се блокираат само оние со ирански пратки. Вашингтон на тој начин сигнализира дополнителна ескалација на конфликтот, кој веќе сериозно ги намали испораките на нафта од регионот. Техеран возврати дека американската блокада претставува „пиратство“ и предупреди дека, доколку иранските пристаништа бидат загрозени, нема да бидат безбедни ниту пристаништата во Персискиот и Оманскиот Залив. Од почетокот на март, Иран извезол околу 58,75 милиони барели нафта, според податоците на порталот Windward. Одделни пресметки на ОПЕК покажуваат дека цената на барелот од кошницата на нејзините членки во петокот изнесувала 105,28 долари, што е намалување за два долари.
Клучни членки на НАТО одбија да учествуваат во блокадата на Трамп
Клучни членки на НАТО одбија да учествуваат во американската поморска блокада на Ормуски теснец, што дополнително ги продлабочува разликите во Алијансата. Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека неговата земја нема да ја поддржи блокадата. „Не ја поддржуваме блокадата. Мојата одлука е јасна – без оглед на притисоците, нема да бидеме вовлечени во војна“, изјави тој за Би-Би-Си. Сличен став зазедоа и Германија, Шпанија, Италија, Полска и Грција, кои исто така одбија да испратат воени бродови. Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека Франција, заедно со Велика Британија и други држави, ќе организира иницијатива за обновување на безбедноста на пловидбата. Станува збор, како што рече, за „строго одбранбена мисија“ која би била одвоена од конфликтот и би се активирала кога ќе дозволат безбедносните услови. Одлуката на сојузниците доаѓа откако преговорите меѓу Соединетите Американски Држави и Иран пропаднаа без договор за време на викендот. По тоа, американскиот претседател Доналд Трамп нареди поморска блокада на иранските пристаништа и најави дека американската морнарица ќе го запира целиот сообраќај поврзан со Иран. Истовремено, европските земји стравуваат дека директното учество во блокадата може дополнително да го ескалира конфликтот и да ја загрози глобалната енергетска снабденост, со оглед на тоа што низ Ормускиот теснец поминува околу една петина од светската нафта.
Бритни Спирс доброволно се пријавила во Клиника за рехабилитација
Принтскрин од видео Поп-ѕвездата Бритни Спирс доброволно се пријавила во клиника за одвикнување од зависности, неколку недели по апсењето под сомнение за возење под дејство на алкохол и дрога. Според информациите, инцидентот се случил на 4 март, кога Спирс била приведена и задржана кратко во притвор во Калифорнија, по што била пуштена на слобода. Нејзин претставник тогаш го оцени однесувањето како „целосно неоправдано“, нагласувајќи дека ова може да биде прв чекор кон неопходни промени во нејзиниот живот. Спирс, која има 44 години, треба да се појави пред суд во округот Вентура на 4 мај. Таа веќе подолг период не е активна на музичката сцена – нема објавено албум од 2016 година, ниту пак има турнеја речиси осум години.
Иран: Секој брод што ќе се обиде да ги блокира нашите пристаништа ќе заврши на дното на морето
Иран им се закани на Соединетите Американски Држави дека американските воени бродови ќе бидат потопени доколку се обидат да спроведат поморска блокада на иранските пристаништа. „Секој брод што ќе се обиде да ги блокира нашите пристаништа ќе заврши на дното на морето“, изјави Алаедин Боружерди, член на одборот за надворешна политика и национална безбедност, пренесе државната телевизија „Прес ТВ“. Боружерди ги отфрли американските закани како „пропаганда без воена основа“, тврдејќи дека САД немаат реална способност да спроведат таква блокада. Тој додаде и дека другите членки на НАТО не би поддржале ваков потег.
Гужви на граница со Грција поради новиот ЕЕЅ систем
Зголемено чекање е регистрирано на влез во земјава од грчка страна, по враќањето на македонските граѓани од продолжениот викенд. Причина за застојот е воведувањето на новиот систем за влез и излез (EES), кој од 10 април целосно се применува и предвидува дигитална регистрација наместо рачно печатирање на пасошите. Од граничниот премин „Дојран“ информираат дека на македонска страна нема задржувања, додека сообраќајот од грчка страна се одвива побавно, особено во попладневните часови. Новиот систем вклучува електронска евиденција и биометриска проверка, со фотографирање и земање отпечатоци од прсти, како и автоматска контрола на дозволениот престој од 90 дена во период од 180 дена.
Настапот на Коачела на Џастин Бибер е прогласен за најлош на сите времиња- колку му беше платено?
Неговото враќање на сцената во сабота, 11 април, предизвика жестоки дискусии на интернет, особено поради наводниот хонорар од 10 милиони долари (околу 8,5 милиони евра). Необичниот настап наводно бил платен 10 милиони долари По првиот викенд на Коачела, настапот на 32-годишниот Бибер е најозборуваниот. Обожавателите со нетрпение го очекуваа неговото враќање и хитови како „Never Say Never“, „Stay“ и „Baby“. Иако пејачот исполни дел од тие очекувања, начинот на кој настапи беше сè друго освен обичен. Тој се качи на сцената лежерно - во шорцеви, дуксерка и очила за сонце - и голем дел од настапот го помина во необична интеракција со публиката. Бибер, всушност, го емитуваше настапот во живо, во разговорот ги замоли обожавателите да предложат која песна сакаат да ја слушнат следно, а по патот се шегуваше на своја сметка пуштајќи популарни мемиња за себе. Тоа беше толку дискретна изведба, без танчери и без вообичаената енергија на сцената, што вознемири дел од публиката, особено кога ќе се земе предвид износот што наводно го добил. Според „Дејли меил“, станува збор за 10 милиони долари, што, според „Фајненшл експрес“, го прави најплатен изведувач во историјата на Коачела - дури и подобар од Бијонсе. @michellekate88 Crying real tears right now #fyp #justinbieber #coachella #withyou @Justin Bieber ♬ original sound - Michellekate88 Поделени реакции Корисниците на социјалните мрежи не се воздржаа од зборови. „Дали Џастин навистина се појави на чело на Коачела само со микрофон и МекБук?“ се прашуваше еден коментатор. Друг додаде: „Џастин Бибер буквално донесе лаптоп на Коачела, го вклучи четот на Јутјуб и ги натера обожавателите да ги избираат неговите песни.“ Еден коментар гласеше: „100.000 луѓе платија за да гледаат како човек се превртува на својот канал.“ Некои отидоа чекор понатаму и ја прогласија изведбата за најлоша досега: „Џастин Бибер успеа во невозможното... од местото на најлошата изведба во историјата на Коачела, ја отстрани Кетси.“ Од друга страна, многумина застанаа во одбрана на Бибер и рекоа дека неговата изведба била искрена и интимна. „Тој не настапувал со години поради болест и огромен ментален притисок. Само фактот дека е на сцената и сè уште звучи одлично во живо е сè што сакавме и сè што ни треба. Неверојатно е. Ако сакате претстава, одете во циркус“, напиша еден обожавател. © Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата По апсењето, Бритни Спирс итиде на лекување од зависност СТОЈА РАСТУРА КАДЕ И ДА Е. На 33 години станала баба а има имот о-хо-хо... И не мора да пее. А пее
(Bидео) Трамп: Или ќе ни го дадат ураниумот, или ќе го земеме
Доналд Трамп изјави дека Иран многу сака договор, но дека Соединетите Американски Држави нема да попуштат околу нуклеарното оружје. „Иран нема да има нуклеарно оружје… Ако не се согласат, нема договор“, рече тој, додавајќи: „Или ќе ни го дадат или ќе го земеме“ за иранскиот збогатен ураниум. Трамп посочи дека преговорите ги воделе потпретседателот Џеј Ди Венс и пратениците Стив Виткоф и Џаред Кушнер, но разговорите пропаднале викендов. Тој повтори дека американската поморска блокада стапила во сила и оцени дека Иран „го уценува светот“, додавајќи дека бродови веќе пловат кон САД по нафта. Американската војска предупреди дека бродови без дозвола може да бидат пресретнати или запленети, додека Иран се закани со одмазда, што ги зголемува тензиите во Ормуски теснец.
Муцунски со честитки до Петер Маѓар, очекува продолжување на билатералната соработка
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски упати честитки до Петер Маѓар, лидерот на партијата Тиса, којашто победи на парламентарните избори во Унгарија. Муцунски, во објавата на мрежата „Икс“, изрази очекување дека ќе продолжи на соработката „заснована на заедничко почитување, партнерство и споделени европски вредности“. Честитки за Петер Маѓар за изборниот резултат. Граѓаните на Унгарија се изјаснија и нема ништо поважно од демократската волја на народот. Ги вреднуваме силните билатерални односи градени со години, и со нетрпение очекуваме продолжување на нашата соработка заснована на заедничко почитување, партнерство и споделени европски вредности, напиша Муцунски на „Икс“. Во Унгарија вчера се одржаа парламентарни избори на кои изгуби владејачката Фидес на премиерот Виктор Орбан по 16 години на власт, а на кои победи новформираната опозициска партија Тиса на Петер Маѓар. Со обработени 97 проценти од гласовите, Тиса освои 138 места во унгарскиот Парламент, додека Фидес има само 55 (шест места ќе освои десничарската партија Ми Хазанк). Тиса ќе има неколку пратенички места повеќе од потребното за двотретинско мнозинство, со кое ќе може да смени голем број функционери во судството и регулаторните тела.
Пронајдено зрно од оружје на тераса на Бит Пазар
Жителка на Скопје пријавила дека во својот дом на подрачјето на Бит Пазар пронашла заталкано зрно од огнено оружје. Според информациите од СВР Скопје, пријавата била поднесена на 12 април во 12:57 часот од Е.Џ. (42). Таа навела дека зрното го забележала на подот од терасата во домот. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Турција стравува дека би можела да стане нова цел на Израел по Иран
Турција стравува дека би можела да стане нова цел на Израел по конфликтот со Иран, изјави турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан. Фидан рече дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не може политички да опстане без непријатели и дека постои можност Турција да биде означена како нов противник. Тој додаде дека урамнотежената улога на Турција во регионот ја прави цел на израелски притисок и дека Нетанјаху има „комплекс“ кон турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. „Кога се гледа од перспектива на Сирија, Газа и Либан, екстремистичките политики што Израел ги прошири се целосно спротивни на турските. Затоа и ја таргетираат Турција“, изјави Фидан. Тој повтори дека „по Иран, Израел не може да живее без непријател“ и дека постои можност Нетанјаху да се обиде Турција да ја одреди како следен противник. Во меѓувреме, Ердоган го обвини Израел за злосторства врз Палестина и Либан и се закани со можна воена акција против Тел Авив. „Мора да бидеме силни за да го спречиме Израел да ѝ го направи тоа на Палестина. Како што влеговме во Карабах, како што влеговме во Либија, така ќе направиме и со нив“, изјави Ердоган. Тој додаде дека ништо не ја спречува Турција да преземе такви чекори, освен потребата да биде доволно силна за тоа.
Вучиќ му честита на Маѓар , очекува продолжување на соработката меѓу Србија и Унгарија
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, му упати честитка на новоизбраниот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, по повод неговата изборна победа. „Честитки до Петер Маѓар за изборната победа. Уверен сум дека силната соработка меѓу Унгарија и Србија ќе продолжи да се развива. Исто така, сум му благодарен на Виктор Орбан што помогна да се овозможат такви односи.“, напиша Вучиќ на Икс. Congratulations to Peter Magyar on his electoral victory. I am confident that the strong cooperation between Hungary and Serbia will continue to grow. I am also grateful to Viktor Orbán for helping make such relations possible. — Александар Вучић (@predsednikrs) April 13, 2026 Тој во пораката изрази уверување дека билатералните односи меѓу двете земји ќе продолжат да се зајакнуваат, истакнувајќи ја и улогата на Виктор Орбан во досегашната соработка.
Една недела под лупа: возачите со засилени контроли за брзо возење
Од 13 до 19 април ќе се спроведува европска акциска контрола на брзината на патиштата, во која се приклучува и македонската сообраќајна полиција како членка на Европската мрежа на сообраќајни полиции – ROADPOL. Во рамки на акцијата, на 15 април од 00:00 часот до 16 април до 00:00 часот ќе се реализира 24-часовен „Маратон на брзина“, при што ќе има непрекинати контроли на брзината на движење на територијата на целата држава. Од полицијата информираат дека брзото возење останува една од водечките причини за сообраќајни незгоди со тешки и смртни последици, поради што ваквите акции се насочени кон подигнување на свеста и промена на однесувањето кај возачите. Со имплементацијата на проектот „Безбеден град“ и редовните сообраќајни контроли се зголемува свесноста за ризиците од брзото возење, се поттикнува долгорочна промена кај учесниците во сообраќајот и, пред сè, се придонесува за спасување на човечки животи. Дел од локациите на кои ќе се спроведуваат контролите ќе бидат однапред познати на возачите, со цел да се засили превентивниот карактер на акцијата. Од надлежните потенцираат дека целта не е казнување, туку почитување на ограничувањата и создавање побезбеден сообраќај за сите. ROADPOL „Speed Marathon“ претставува заедничка акциска контрола која се спроведува истовремено на европските патишта. Апелот до возачите е јасен – да ја намалат брзината и да ги почитуваат сообраќајните правила, со што директно придонесуваат за поголема безбедност и спасување животи.
ЕУ подготвува мерки против растот на цените на гасот и нафтата
Брисел. 13 април 2026 – Европската Унија се соочува со сериозен енергетски и економски удар како директна последица од кризата на Блискиот Исток, предупреди претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен , по денешната седница на Колегиумот на ЕУ. Таа истакна дека за само 44 дена од почетокот на конфликтот, трошоците на ЕУ за увоз на фосилни горива се зголемиле за над 22 милијарди евра, без притоа да се обезбедат дополнителни количини енергија. Според неа, ова е јасен показател за длабоката зависност на Европа од надворешни извори и за ранливоста на европската економија во услови на геополитички тензии. Особена загриженост, како што нагласи Фон дер Лајен , предизвикува ситуацијата со Ормускиот Теснец, каде што нарушената пловидба има директни последици врз глобалното снабдување со нафта и гас. „Она што се случува на Блискиот Исток не е далечна криза, граѓаните ја чувствуваат веднаш, преку цените на горивата, храната и сметките за енергија“, изјави таа. РЕКЛАМА Во овој контекст, Европската комисија подготвува пакет итни мерки што ќе биде презентиран на следниот состанок на лидерите на ЕУ. Во фокусот е засилена координација меѓу земјите членки, особено во делот на заедничко купување гас и управување со резервите, со цел да се избегне меѓусебна конкуренција и дополнителен раст на цените. Паралелно, се разгледуваат и механизми за таргетирана поддршка на најранливите домаќинства и економски сектори, како и поголема флексибилност во правилата за државна помош. Фон дер Лајен нагласи дека покрај краткорочните мерки, Унијата мора да извлече поуки и да забрза со структурните промени во енергетскиот систем. Таа посочи дека ова е втора голема криза поврзана со фосилни горива во последните неколку години, што дополнително ја потврдува потребата од намалување на зависноста од увоз на нафта и гас. Според неа, долгорочно решение е забрзана транзиција кон домашни извори на енергија, пред сè обновливи извори и нуклеарна енергија, кои обезбедуваат поголема стабилност, предвидливост и независност. Во моментов тие учествуваат со повеќе од 70% во производството на електрична енергија во ЕУ, но потребни се дополнителни инвестиции и подобра инфраструктура за нивна целосна интеграција. Во таа насока, Европската комисија ќе инсистира на забрзување на инвестициите во електрични мрежи, складирање на енергија и електрификација на индустријата, транспортот и домаќинствата. Истовремено, ќе се работи и на привлекување на приватен капитал, бидејќи јавните средства нема да бидат доволни за трансформацијата што следи. „Плаќаме висока цена за нашата зависност од фосилни горива. Единствениот одржлив излез е модернизација и изградба на енергетски систем што ќе се потпира на домашни, чисти извори“, порача Фон дер Лајен . Извор: Европска комисија Добивај ги најважните вести на е-маил Email
Променливо време со врнежи до четврток, најобилни на исток
Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, додека попладне и во текот на ноќта во јужните и западните делови се очекуваат локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието и засилен ветер од југоисточен правец, со брзина над 60 километри на час. Минималната температура ќе се движи од 4 до 10 степени, а максималната ќе достигне меѓу 17 и 22 степени. Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, а попладне променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од минимални 8 до максимални 21 степен. Во наредните денови, до четврток, времето ќе биде променливо облачно со услови за локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во четврток во источните делови, каде ќе има и услови за ретки грмежи. Во петок ќе преовладува облачно време, додека во сабота ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Во недела претпладне ќе биде сончево, а попладне повторно ќе има услови за дожд, особено во западните делови.
Трамп ја избриша сликата на која е прикажан како Исус. Сакал да биде доктор кој лечи луѓе
Објавата на претседателот Доналд Трамп на слика генерирана од вештачка интелигенција, која се чини дека го прикажува како Исус, го постигна она што неговите вербални напади против првиот американски папа на Католичката црква не го направија: преминување на линијата за религиозната десница. Многу од истите евангелистички христијански и конзервативни католички влијателни лица кои ги користеа своите платформи за да помогнат Трамп да се врати во Белата куќа, ја осудија сликата што Трамп ја објави на Truth Social во неделата – доволно гласен хор што Трамп ја избриша сликата од својот профил во понеделникот наутро. Иако Трамп ја избриша објавата – прикажувајќи го претседателот во бели мантии како положува раце врз човек во болнички кревет, со позадина полна со американска боја – штетата е веќе направена: Истакнати влијателни лица на МАГА и христијански лидери ги искористија социјалните медиуми јавно да го искажат своето негодување кон сликата и разочарувањето од претседателот. „Боже, можеби направивме грешка и случајно го избравме Антихристот“, напиша христијанската влијателна Менди Артур во објава на Икс. „Нема контекст каде што ова е прифатливо“, рече Шон Фојхт, конзервативен христијански активист и долгогодишен сурогат на МАГА, повикувајќи сликата да биде „веднаш избришана“. Зборувајќи со новинарите во понеделник, Трамп тврдеше дека не знаел дека сликата го прикажува како личност слична на Христос и ги обвини „лажните вести“ за нивниот негативен прием. „Треба да бидам јас како доктор, да ги направам луѓето подобри. И јас ги правам луѓето подобри. Ги правам луѓето многу подобри“, рече Трамп.
Напад во Затвор Штип: осуденик физички нападнал друг затвореник
Во Казнено-поправната установа Затвор Штип бил пријавен инцидент во кој еден осуденик физички нападнал друг. Според пријавата во СВР Штип на 12 април во 12:45 часот, во полуотвореното одделение Д.С. (45) од Виница го нападнал Т.Ј. (21) од Штип, при што двајцата се осуденици во установата. Надлежните институции преземаат мерки за расчистување на случајот.
Возило излета од пат, повредени лица од Богданци и Гевгелија
На локалниот пат од село Миравци кон село Петрово, гевгелиско, доцна вечерта се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило „ауди“ излетало надвор од патот. Несреќата била пријавена на 12 април во 23:00 часот, а возилото било управувано од К.Д. (28) од Богданци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката С.Д. (27) од Богданци, додека со телесни повреди се здобил сопатникот М.С. (25) од Гевгелија. Повредите биле констатирани во Медицинскиот центар во Гевгелија. Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Гевгелија.
Драма во Неготино: Киднапирале 21-годишник со „мерцедес“ и го нападнале, полицијата ги уапси напаѓачите
Двајца жители на демиркапиското село Корешница биле приведени откако полицијата постапила по пријава за сериозен инцидент во Неготино. Според информациите од ОВР Неготино, станува збор за Б.М. (37) и Ќ.С. (30), кои биле лишени од слобода во текот на попладневните часови. Тие се сомничат дека со патничко возило „мерцедес“ противправно лишиле од слобода 21-годишник од Неготино, при што му се заканувале со пиштол и остар предмет. По тоа, го однеле на непозната локација каде физички го нападнале. При полициската интервенција биле пронајдени и одземени пиштолот и други предмети поврзани со случајот, а за настанот бил известен јавен обвинител. Осомничените се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Капитенот ја заврши сезоната
Фудбалерот на Тотенхем, Кути Ромеро, ќе мора да паузира помеѓу шест и осум недели, објави Фабрицио Романо. Ромеро претрпе повреда на лигаментите, поради што мора да биде надвор од теренот. Предвидената пауза од шест до осум недели, значи дека за него сезоната е завршена. Ова се лоши вести за Тотенхем, кои до крајот на сезоната ќе водат жестока борба за опстанок. Што се однесува до самиот Ромеро, се очекува да биде подготвен за претстојното Светско првенство на кое ќе учествува со Аргентина. Foto/ Depositphotos
Анкета: Повеќето Израелци се против примирје со Иран
Ова е прво национално истражување спроведено откако САД и Иран , со посредство на Пакистан, се согласија на прекин на огнот минатата недела, пишува Ројтерс. Прекинот на огнот не го вклучува Хезболах Прекинот ги запре воздушните напади на САД и Израел врз Иран, но не го заврши паралелниот конфликт меѓу Израел и Хезболах во Либан, кој е поддржан од Иран. Израелската армија продолжи со смртоносно бомбардирање, при што загинаа многу цивили, додека Хезболах продолжи да испукува ракети врз градовите во северен Израел. Двете страни не успеаја да постигнат поширок договор за прекин на војната на разговорите во Исламабад за време на викендот. 61% против продолжување на прекинот на огнот Повеќе од 61 процент од Израелците веруваат дека примирјето не треба да се прошири на борбите со Хезболах, што беше клучно барање на Иран во преговорите со САД, според анкета спроведена од истражувачи на „Агам Лабс“ на Хебрејскиот универзитет. На прашањето што треба да направи Израел во врска со Иран, 39 проценти од испитаниците рекле дека треба да продолжи да напаѓа. 41 процент од нив веруваат дека земјата треба да се придржува до прекинот на огнот, додека 19 проценти биле неодлучни. Анкетата е спроведена на 9 и 10 април на примерок од 1.312 Израелци, со маргина на грешка од 3,2 проценти. Пад на поддршката за Нетанјаху Со неизвесна судбина на примирјето со Иран, Израел се подготвува за долготраен конфликт низ Блискиот Исток, а израелските претставници заклучуваат дека е невозможно целосно да се елиминираат непријателите во Иран, Либан, Газа и пошироко. Јавната перцепција за воениот успех на Иран е клучна за премиерот Бенјамин Нетанјаху, кој се соочува со избори најдоцна до октомври, на кои повеќето анкети покажуваат дека ќе ги изгуби. Според анкетата на Хебрејскиот универзитет, популарноста на Нетанјаху меѓу Израелците опаднала од почетокот на војната со Иран. Во моментов, 34 проценти од Израелците го сакаат за премиер, во споредба со 40 проценти на почетокот на конфликтот. © Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата Трамп објави ВИ фотографии како да е религиозна фигура и исцелител Три работи кои новата унгарска власт ги најави, ЕДНА СЕ ОДНЕСУВА И ЗА БАЛКАНОТ
Maѓар најави крај на „Орбанизмот“ на Балканот
Унгарската политичка сцена зовре по последната меѓународна прес-конференција на опозицискиот лидер Петер Маѓар, победникот и иден премиер, кој најави драматичен пресврт во надворешната политика на Унгарија и директно ги отвори прашањата за влијанијата на Будимпешта во Западен Балкан. Во жесток настап, Маѓар најави „крај на орбанизмот“ и дистанцирање од политиките поврзани со актуелниот премиер Виктор Орбан, особено во однос на регионалните интервенции и политичките влијанија. Маѓар испрати директна порака дека Унгарија повеќе нема да се вмешува во изборни процеси во регионот, со посебен акцент на Македонија. „Нема да влијаеме на избори, ниту во Северна Македонија, ниту во која било друга земја. Тоа завршува. Европа мора да почитува суверенитет“, порача тој. Најголемо внимание предизвика делот посветен на поранешниот македонски премиер Никола Груевски. Маѓар практично најави крај на унгарската политика на политички азил за лица со судски постапки, испраќајќи порака дека Унгарија нема да биде „скривалиште за меѓународно барани лица“. Во остар тон, тој индиректно порача дека ваквите случаи ќе бидат предмет на ревизија и меѓународна соработка. Ироничната порака дека „не е време за купување нов мебел“ беше протолкувана како сигнал дека статусот на дел од бегалците во земјата би можел да се промени. Поддршка за проширување на Европската Унија Лидерот на „Тиса“ нагласи дека идната унгарска политика ќе биде силно про-европска, со фокус на забрзување на проширувањето на ЕУ. Според него, земјите од Западен Балкан не смеат да останат заглавени во долги политички блокади и треба да добијат фер шанса за членство, доколку ги исполнуваат критериумите. Маѓар се осврна и на пошироките регионални односи, алудирајќи на политичките врски меѓу Будимпешта и Белград, предводен од претседателот Александар Вучиќ. Тој најави можни проверки на, како што ги нарече, „политички координации и влијанија“ во регионот, истовремено повикувајќи на поголема независност на медиумите и граѓанското општество. Пораките од Будимпешта се толкуваат како сигнал за потенцијално нова ера во односите меѓу Унгарија и Западен Балкан. Ако најавите на Маѓар се реализираат, политиката на Будимпешта би можела значително да се оддалечи од досегашниот курс и да се фокусира на намалување на влијанието во внатрешните политички процеси во регионот, вклучително и во Македонија.
Поевтинија златото и среброто
Цената на златото во понеделникот забележа пад, откако пазарите реагираа на зајакнувањето на американскиот долар, растечките очекувања за повисоки каматни стапки и новата фаза на геополитичка неизвесност поврзана со Блискиот Исток. Иако ескалацијата околу Ормускиот теснец и неуспешните мировни разговори меѓу САД и Иран првично ги засилија стравувањата кај инвеститорите, ефектот врз златото беше ограничен, бидејќи паралелно се засилија и енергетските пазари и американската валута. Пазарот реагира на повеќе фактори истовремено Аналитичарите објаснуваат дека падот на златото е резултат на комбинација од неколку економски и пазарни фактори, а не само геополитичките случувања. Најзначајно влијание има зајакнувањето на доларот, кој традиционално врши притисок врз златото бидејќи металот се тргува во американска валута. Посилниот долар го прави златото поскапо за странските инвеститори и ја намалува побарувачката. Дополнително, растот на цените на енергенсите ги зголеми инфлациските очекувања, што ја зајакна веројатноста дека американската централна банка (ФЕД) ќе ја задржи рестриктивната монетарна политика подолг период. Во такви услови, златото губи дел од атрактивноста, бидејќи не носи каматен принос. Инфлација и монетарна политика во фокус Првичните податоци покажуваат дека инфлацискиот притисок во САД повторно се засилува, главно поради растот на цените на горивата. Тоа дополнително ги комплицира очекувањата за идните одлуки на ФЕД, при што дел од аналитичарите не ја исклучуваат можноста каматните стапки да останат високи подолг период. Истовремено, дел од инвеститорите по силниот претходен раст на златото решија да реализираат добивка, што дополнително придонесе за краткорочен пад на цената. Геополитиката останува фактор на нестабилност Иако традиционално геополитичките тензии го поддржуваат златото, овојпат пазарот реагираше посложено. Ескалацијата на кризата во Персискиот Залив и најавите за блокада на поморскиот сообраќај преку Ормускиот теснец доведоа до раст на нафтата, но истовремено ја засилија и неизвесноста за глобалната инфлација и економскиот раст. Токму оваа спротивставеност меѓу „безбедносната побарувачка“ и макроекономските притисоци создаде нестабилно движење на пазарот на злато. Движење на цените Во текот на денот, цената на унца злато падна за околу 2,2 проценти, спуштајќи се под 4.650 долари, по што дел од загубите беа делумно надоместени. Подоцна, спот цената се стабилизираше со пад од околу 0,4 проценти на 4.729,02 долари. Среброто бележи пад од 1,8 проценти, платината остана речиси непроменета, додека паладиумот забележа благ раст.
Ноќна драма во Куманово – автомобил изгоре, неколку лица пренесени во болница
Неколку лица завршиле во болница откако во Куманово избувнал пожар во паркирано возило. Инцидентот се случил доцна вечерта на улицата „Тоде Мендол“, каде се запалил автомобил „смарт брабус“ со швајцарски регистарски ознаки. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, лицата кои биле во близина на местото на настанот вдишале чад и поради тоа биле пренесени во Ургентниот центар во Куманово, каде им била укажана лекарска помош. На терен интервенирала Територијалната противпожарна единица од Куманово, која успеала да го локализира и изгасне пожарот. По настанот, увид извршила екипа од СВР Куманово, а надлежните работат на утврдување на причините за избувнувањето на пожарот.
(ФОТО) Колони возила го обележаа враќањето дома по продолжениот викенд
Колони возила попладнево го одбележаа враќањето дома по продолжениот празничен викенд, откако на дел од клучните правци во земјата и на јужната граница се создадоа застои што најјасно ја покажаа цената на масовното движење во ист ден и во ист правец. Најголемиот притисок, се почувствува на влезот од Грција кон Македонија кај Евзони-Богородица, каде граѓани на социјалните мрежи сведочеле за чекање подолго од два часа, како и на правецот од Охрид и Гостивар кон Скопје, каде попладневниот бран на возила го забави сообраќајот кон главниот град. Сликата не е изненадувачка ако се погледне што му претходеше на овој ден. Само три дена претходно, околу 10.000 патници за 24 часа ја минале македонско-грчката граница кај Гевгелија и заминале на продолжен викенд во Грција. Тоа практично значеше дека уште во четвртокот и петокот беше создаден силен празничен бран, а денешните колони се неговото очекувано враќање назад. Она што во еден момент изгледаше како лесно празнично бегство кон југ, попладнево се претвори во тесно грло на враќањето. Официјалната слика, меѓутоа, е помирна од онаа на терен. АМСМ во дневната информација од 18 часот наведе дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот надвор од градските средини е умерен. Но токму тука се гледа разликата меѓу системската и реалната слика: патната мрежа формално може да биде проодна, а сепак на неколку точки да се создаваат долги редици и нервоза. Дополнително, АМСМ потсетува дека на делницата Кичево-Охрид сообраќајот и натаму се одвива со девијации поради градежни работи, што секое празнично враќање од југозападот го прави уште почувствително на зголемен број возила. Затоа денешните колони не се само вест за сообраќај, туку и потсетник колку лесно продолжениот викенд ја тестира издржливоста на патиштата, границите и трпението на возачите. Кога илјадници луѓе тргнуваат назад речиси во исто време, секој правец кон дома станува тесен. А токму тоа попладнево се виде од Евзони до Скопје.
Срамен настап на Џастин Бибер на Кочаела – Наплати 10 милиони долари, а пушташе музика од лаптоп
Поп-ѕвездата Џастин Бибер повторно се најде во центарот на вниманието, но овој пат поради контроверзен настап на фестивалот Коачела 2026, кој предизвика бурни реакции ширум светот. Според информациите, Бибер добил околу 10 милиони долари за својот настап, што го прави еден од најплатените изведувачи на фестивалот. Но наместо спектакл каков што публиката очекуваше, тој приреди нешто сосема поинакво. Голем дел од настапот поминал во минималистички стил – Бибер седел на сцена со лаптоп и пуштал свои стари песни преку YouTube, додека истовремено пеел или импровизирал. Во текот на шоуто, тој се навраќал на своите почетоци, прикажувајќи стари видеа и хитови како „Baby“ и „Never Say Never“, со што настапот добил носталгичен карактер. Сепак, ваквиот пристап ја подели јавноста. Дел од фановите го оценија настапот како „уникатен“ и емотивен, нагласувајќи дека Бибер се поврзал со своето минато и публиката. Други, пак, го критикуваа како „мрзлив“ и недостоен за сума од 10 милиони долари, очекувајќи далеку поголема продукција и енергија. Настапот беше дополнет и со гостувања на други артисти и делови од неговите нови албуми, но токму користењето на лаптоп и YouTube остана главната тема на дискусија. И покрај поделбите, едно е сигурно – Бибер повторно успеа да го привлече вниманието на целиот свет, покажувајќи дека и со минимален пристап може да создаде глобална медиумска бура.
Се слави вториот ден од Велигден – Светол понеделник
Православните верници денес го слават вториот ден од најголемиот христијански празник Велигден, познат и како Светол понеделник. Воскресението Христово завчера на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква. Бројни верниците ги посетија црквите, запалија свеќи и се помолија за добро здравје, среќа и благосостојба во домот и на своите најблиски. Христовото Воскресение Велигден се смета за најголем христијански празник, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Овој празник е спој на верата и традицијата, негувана од памтивек, а почнува на Велики четврток кога, пред изгрејсонце, домаќинките ги бојадисуваат првите црвени Велигденски јајца. Со денешниот Светол понеделник започнува светлата недела. Со оглед на тоа дека Велигденското славење трае три дена, на денешен ден се продолжува обилната гозба на која се честат гости, роднини, соседи, пријатели, кумови… Кај христијаните денешниот празник е познат и како Светол понеделник и за овој ден важно е да запомните дека денот треба да биде исполнет со веселба. Затоа дружете се, веселете се и целата година ќе ви биде успешна.
Маск бесен: „Ги вознемирува фактот што не сум црнец“
Илон Маск повторно се огласи на социјалните медиуми за да го искаже својот гнев – овој пат, кон јужноафриканските регулатори. Маск се огласи на X за да се осврне на проблемите на Starlink со добивање лиценца во Јужна Африка, пишувајќи дека „проблемот е што нема темна кожа“. „Јужна Африка нема да дозволи Starlink да добие лиценца иако сум роден таму, само затоа што не сум црнец“, рече Маск. „Многу пати ни беше понудено да поткупиме кого треба преправајќи се дека црнци го водат Starlink, но јас одбив да го направам тоа од принцип“, додаде тој. South Africa won’t allow Starlink to be licensed, even though I was BORN THERE, simply because I am not Black! We were offered many times the opportunity to bribe our way to a license by pretending that a Black guy runs Starlink SA, but I have refused to do so on principle.… https://t.co/m6G1ZQcC1C — Elon Musk (@elonmusk) April 12, 2026 Тој истакна дека „расизмот не треба да се наградува, без оглед на расата на која се однесува“. „Расистичките политичари во Јужна Африка треба да се засрамат. Тие не треба да бидат почитувани никаде во светот, а луѓето треба да ги отфрлат затоа што се бесрамни расисти“, заклучи Маск. Проблемот со лиценцата во Јужна Африка, патем, е тоа што законите таму бараат компаниите во телекомуникацискиот сектор да имаат најмалку 30% сопственост во рацете на „локални, историски загрозени групи“. Starlink, како глобална подружница на SpaceX, не сака да дели сопственички удел во компанијата, што досега создаде непремостлива правна пречка за добивање лиценца.
Македонски државјани изнудиле 40.000 евра од пензионерка во Хрватска со измама дека ќерка и’ е во болница: eдна приведена, по двајца се трага
Загрепската полиција уапсила 25-годишна државјанка на Македонија, дел од група од тројца измамници кои, претставувајќи се како лекари, измамиле 87-годишна жена и ѝ зеле 40.000 евра, пренесе Јутарњи лист. Според полицијата, измамниците ја контактирале жената и ѝ кажале дека нејзината ќерка е во болница и ѝ е потребна итна операција. Еден од нив се претставил како лекар, а потоа жена глумела дека е нејзината ќерка, за да ја убедат да ги предаде парите. Следниот ден, осомничената пристигнала со такси на адресата во Загреб и презела 40.000 евра. Полицијата ја привела осомничената и поднела кривична пријава, додека по другите две лица, исто така државјани на Македонија, сè уште се трага. Од полицијата апелираат граѓаните да бидат внимателни на вакви телефонски измами, особено кога непознати лица се претставуваат како лекари и бараат пари за итни интервенции.
Во Иран се наоѓа втората најстара христијанска црква во светот по Црквата на раѓањето Христово во Витлеем
Во иранскиот град Урмија се наоѓа древната асирска христијанска црква Света Марија (персиски: کلیسای ننه مریم). Според локалната традиција, црквата е изградена над гробот на еден од тројцата мудреци кои, следејќи ја јасната ѕвезда, дошле да му се поклонат на тукушто родениот Христос. Некои историчари веруваат дека оваа црква е втората најстара христијанска црква во светот по Црквата на раѓањето Христово во Витлеем. Модерната градба на црквата датира од сасанидскиот период (3-7 век). Нејзината внатрешност комбинира елементи од сасанидската и парќанската (аршакидска) архитектура. На камениот ѕид е зачуван натпис со името на кинеска принцеза која учествувала во реконструкцијата на храмот во 642 година од н.е. Познатиот италијански светски патник Марко Поло ја споменува оваа црква во своите дела. Непосредно пред Првата светска војна, храмот бил претворен од Русите во православна црква. Во почетокот на 1960-тите, старата црква била обновена, а до неа бил изграден нов храм со кула. Храмот сè уште функционира и припаѓа на Асирската црква на Истокот.
„Букинг“ ги предупреди корисниците дека е под хакерски напад
Платформата за онлајн резервации на сместување Booking.com ги предупреди своите корисници дека е цел на хакерски напад, во кој „неовластени страни“ добија пристап до неодреден број имиња на клиенти, контакт информации и податоци за резервации за сместување. „Откако ја откривме активноста, презедовме мерки за да го ограничиме проблемот. Го ажуриравме ПИН-бројот за овие резервации и ги информиравме нашите гости“, според соопштението објавено од Гардијан. Компанијата со седиште во Амстердам не соопшти колку луѓе биле погодени од хакерскиот напад, а нејзиниот портпарол рече дека хакерите немале пристап до „финансиски информации“.
Иран ги предупреди земјите од Персискиот Залив за американската блокада на Хормуз
Иран ги предупреди земјите од Персискиот Залив за ризиците од американската поморска блокада на иранските пристаништа, објави Си-Ен-Ен. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, разговараше со своите колеги од Саудиска Арабија и Катар за она што го нарече „опасности од провокативни американски потези“. Во разговор со саудискиот министер, тој истакна дека Иран „го прифатил прекинот на огнот со добра намера“, но ги обвини САД за пропаѓањето на преговорите. „За жал, бевме сведоци на продолжување на американската алчност во преговорите, што доведе до неуспех“, рече тој, осврнувајќи се на неуспешните разговори одржани за време на викендот во Пакистан. Во одделен разговор со катарскиот министер, Арагчи нагласи дека Иран „одговорно учествува во дипломатскиот процес“ за заштита на националните интереси и регионалната безбедност. Во исто време, портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, предупреди дека блокадата на САД може да има последици врз глобалната економија. Тој рече дека таков потег би претставувал еден вид одмазда против светската економија. Морската блокада на Иран од страна на САД стапи на сила денес во 16 часот по европско време и го опфаќа целиот ирански брег, како и сообраќајот во Оманскиот Залив и Арапското Море. Американската војска предупреди дека бродовите што влегуваат во областа без дозвола би можеле да бидат пресретнати или запленети, додека Иран се закани со одмазда, што дополнително го зголемува ризикот од ескалација на конфликтот во Ормутскиот теснец, еден од клучните светски патни правци за превоз на нафта.
Најмалку 200 загинати во воздушен напад на пазар во Нигерија, целта била Боко Харам
Најмалку 200 лица денеска загинаа, а неколку други беа повредени во воздушен напад врз локален пазар во државата Јобе во североисточна Нигерија , за време на воена операција против екстремистите на Боко Харам , додека идентитетот на воздухопловните сили што го извршија нападот не е потврден. Според локални извори, нападот се случил на пазарот Џили во областа Фучимирам во областа на локалната самоуправа Гајдам во државата Јобе, во близина на границата со областа Губио во соседната држава Борно, според порталот 9News Nigeria. Извештаите укажуваат дека воздушните напади биле извршени за време на операција насочена кон членови на екстремистичката група Боко Харам, кои, според тврдењата, дошле на пазарот за да собираат членарина од трговците и да набавуваат залихи. Пазарот привлекува трговци и клиенти од неколку околни градови, вклучувајќи ги Гајдам, Губио, Чиверам и Бенишеке. Сепак, според достапните информации, борбениот авион што следел група осомничени екстремисти не ја погодил предвидената цел, туку погодил пазар. Локалните медиуми објавија дека околу 200 лица се убиени, додека голем број од повредените биле згрижени во болница во Геидам, а некои од нив биле префрлени во Даматуру, главниот град на државата, за понатамошно лекување. Претставник на локалната заедница Фучимирам, Лаван Зана Нур, изјави дека се наоѓа во одделот за итни случаи во Геидам, каде што помага во лекувањето на повредените. „Моментално сум во одделот за итни случаи во Геидам, носиме повредени лица со различен степен на повреди. Тукушто изгубивме уште две лица“, рече тој. Додаде дека бројот на жртви може да се зголеми додека продолжуваат спасувачките операции. „Бројките не се конечни бидејќи сè уште евакуираме луѓе. Во овој момент, повеќе од 200 лица ги загубија животите во нападот на пазарот“, рече Нур. Според извори, некои тела сè уште се во блиските грмушки, додека други се префрлени во здравствени установи во државата Борно. Во времето на објавувањето на извештајот, не беше можно да се потврди која воздухопловна сила го извршила нападот, со оглед на тоа што во Нигерија, покрај националните воздухопловни сили, дејствуваат и други воени воздухопловни сили, објаснува локалниот „9News Nigeria“. © Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата И покрај законската забрана, над 60% од малолетниците во Австралија користат социјални мрежи Сопругата на шпанскиот премиер Педро Санчез ОБВИНЕТА ЗА КОРУПЦИЈА
Владата носи одлука што може да ги промени цените во маркетите
По зголемувањето на цените во пресрет на велигденските празници, вниманието на јавноста сега е насочено кон одлуката што Владата треба да ја донесе во наредниот период. Очекувањата се дека новиот пакет мерки ќе има за цел да го ублажи ценовниот притисок врз граѓаните и да донесе стабилизација на пазарот. Министерството за економија веќе изготви анализа врз основа на податоците од Државниот пазарен инспекторат, кој во изминатиот период спроведе контроли на околу 800 продажни објекти низ земјата. Со проверките биле опфатени цените на основните прехранбени производи, но и на хигиенските средства и производите за бебиња. Според анализите, значителен раст е забележан кај дел од најкористените производи. Во периодот пред празниците поскапеле јајцата, маслото за јадење и лебот, додека највисоки цени се регистрирани кај овошјето и зеленчукот. Овие промени директно влијаат врз домашниот буџет и го зголемуваат притисокот врз потрошувачите. Како можни решенија се разгледуваат ограничување на трговските маржи, како и намалување на данокот на додадена вредност за одредени категории на храна. Сепак, конечната одлука ќе зависи од проценките за ефектите врз економијата и пазарната стабилност. Дополнителен фактор што може да влијае врз цените е и глобалниот пазар, каде што цената на нафтата бележи раст, што индиректно се одразува и врз транспортните и производствените трошоци. Сето тоа остава неизвесност дали и кога граѓаните ќе почувствуваат реално намалување на цените.
Колку долго можат да стојат јајцата по Велигден?
Неправилното складирање може да доведе до потенцијални проблеми. Варените велигденски јајца, иако често се оставаат како декорации на масата, не треба да се оставаат долго на собна температура бидејќи лесно се расипуваат. Експертите предупредуваат дека варените јајца се многу понежни од свежите, бидејќи готвењето го отстранува природниот заштитен слој од лушпата, што ги прави поподложни на бактерии и надворешни влијанија. Ако се остават надвор од фрижидер повеќе од два часа, тие веќе можат да станат ризични за консумирање. Затоа, практиката да се оставаат јајца во корпа на масата со денови по Велигден не се препорачува. Ако се чуваат на собна температура, најдобро е да се јадат што е можно поскоро, додека се во фрижидер можат да бидат безбедни за јадење до неколку дена, приближно шест. Несоодветното складирање може да доведе до труење со храна и проблеми со желудникот како што се гадење, повраќање и дијареја, па затоа се препорачува претпазливост за да се избегнат здравствени проблеми по празникот.
Едно лице загина во руски напад за време на велигденското примирје меѓу Украина и Русија
Едно лице загина во руски напад со беспилотно летало на првата линија на фронтот во регионот Доњецк, непосредно пред истекот на примирјето прогласено по повод православниот Велигден, соопшти украинската полиција. Според полицијата, на 12 април, во напад со ФПВ-дрон (FPV) врз градот Дружкивка загинало едно лице, а бил оштетен и автомобил. Во одвоен напад врз Краматорск во 01:46 часот по локално време, едно лице загинало, а друго е повредено. Гувернерот на Доњецката област претходно соопшти преку Телеграм дека во текот на 12 април во регионот загинале вкупно две лица. Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за прекршување на 32-часовното примирје, кое беше во сила од саботата попладне до недела на полноќ. Украинскиот Координативен штаб за постапување со воени заробеници соопшти дека за време на „таканареченото велигденско примирје“ руски војници стрелале четворица украински воени заробеници во регионот Харков. Генералштабот на украинската армија соопшти дека регистрирал повеќе од 10.000 руски прекршувања на прекинот на огнот, вклучително 1.567 артилериски напади, 119 јуришни операции и 9.035 напади со дронови. Од руското Министерство за одбрана, пак, соопштија дека забележале 6.558 случаи на прекршување на примирјето од страна на украинските сили.
Четирицикл излетал од патот во Тетовско, двајца млади завршија во болница со повреди
На регионалниот пат Тетово–село Јажинце, во тетовското село Одри, се случила сообраќајна несреќа во која четирицикл со тетовски регистарски ознаки излетал од коловозот. Несреќата била пријавена во СВР Тетово на 12 април во 12:35 часот, а со четирициклот управувал М.Ќ. (19) од село Теарце. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.А. (20) од село Слатино, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош. Со тешки телесни повреди се здобил и возачот, кои биле констатирани во Ургентниот центар во Тетово. Фото: Depositphotos
Полицијата трага по возач кој прегазил малолетник во Балиндол и побегнал
Во Медицинскиот центар во Гостивар бил донесен малолетник од селото Балиндол со тешки телесни повреди, откако бил удрен од возило кое го напуштило местото на настанот. Случајот бил пријавен во ОВР Гостивар на 12 април во 20:10 часот. Според информациите, несреќата се случила околу 16:00 часот во близина на училиштето во селото. По укажаната медицинска помош, надлежните институции преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и целосно расчистување на случајот.
Џејми Ли Кертис го слави поразот на Орбан: Денеска сум горда на своето унгарско потекло
Во објава на Инстаграм таа напиша: „Ништо не се менува освен ако нешто не се промени. Денес сум горда на моето унгарско потекло.“ Кертис се осврна на политичкиот пораз на унгарскиот премиер Виктор Орбан, што предизвика бројни реакции во јавноста. Познато е дека познатата актерка има унгарски корени. Нејзиниот дедо, Бернард Шварц, е роден во унгарскиот град Матешалка, пред неговото семејство да се пресели во Соединетите Држави. © Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата Бритни Спирс ОДИ НА РЕХАБИЛИТАЦИЈА, „Сакам промена по инцидентот“ Плазма коцки: КРАЛСКИ ДЕСЕРТ кој НЕ БАРА РЕРНА















































