забава.најнови

забава.ВЕСТИ

Почина еден од основачите на „Дивље јагоде“ – регионот се простува од рок легенда

Почина еден од основачите на „Дивље јагоде“ – регионот се простува од рок легенда

Рок сцената во регионот е во жалост по веста дека почина Нихад Јусуфходжиќ, еден од основачите на култниот бенд Divlje Jagode, кој остави длабок траг во музиката на поранешна Југославија. Музичарот починал на 15 април во Бихаќ, на 72-годишна возраст, по повеќемесечна борба со болест, за време на која бил хоспитализиран во кантоналната болница. Неговата состојба била позната во јавноста, а граѓаните во Бихаќ дури организирале и акции за доброволно дарување крв во обид да му помогнат во лекувањето. Веста за неговата смрт предизвика силни реакции кај колегите и обожавателите, кои преку социјалните мрежи се простуваат од него и се присетуваат на заедничките моменти. Особено емотивна порака испрати неговиот долгогодишен соработник Анте Јанковиќ, кој истакна дека изгубил не само колега, туку и пријател со кој делел дел од животот и музичката сцена. Нихад Јусуфходжиќ беше дел од основачката постава на бендот „Дивље јагоде“, формиран во 1977 година, заедно со Сеад Липовача и Анте Јанковиќ.  Со нив учествуваше во создавањето на првите синглови и дебитантскиот албум, со кои бендот го започна својот подем и стана еден од симболите на рок музиката во регионот. Во текот на својата кариера, тој беше препознатлив како бас-гитарист и дел од генерацијата која го постави темелот на хард рок и хеви метал сцената на Балканот. Неговата смрт остави празнина во музичките кругови, а многумина го опишуваат како човек кој зад себе остави не само музика, туку и силно пријателство и влијание врз генерации музичари. Со заминувањето на Јусуфходжиќ, регионот изгуби уште една значајна фигура од златната ера на рокот, чие дело ќе продолжи да живее преку песните и наследството што го остави зад себе.


„Не старее“ на 47: Пластичен хирург откри што стои зад изгледот на Кејти Холмс по разводот со Том Круз

„Не старее“ на 47: Пластичен хирург откри што стои зад изгледот на Кејти Холмс по разводот со Том Круз

Холивудската актерка Кејти Холмс повторно го привлече вниманието на јавноста, откако експерт од областа на естетската хирургија анализираше како успева да изгледа младо и свежо и на 47 години, по долг период надвор од големите медиумски светла. По разводот со Том Круз актерката се повлече од јавноста и се посвети на воспитувањето на нивната ќерка, далеку од холивудскиот гламур.  Сепак, секое нејзино појавување повторно отвора прашања – како изгледа толку младо и дали зад тоа стојат естетски зафати. Според анализата на пластичен хирург, нејзиниот изглед не е резултат на драстични интервенции, туку на суптилни и внимателно избрани третмани. Експертот посочува дека станува збор за комбинација од минимално инвазивни процедури, како што се освежување на кожата, нега и евентуално благи корекции кои не го менуваат природниот изглед. Токму природноста е клучниот фактор – наместо видливи операции, Холмс, според проценките, се одлучила за пристап кој го задржува нејзиниот автентичен изглед, без претерување. Ова, според стручњаците, е една од причините зошто изгледа „непроменето“ со години. Покрај евентуалните третмани, се нагласува и нејзиниот начин на живот – здравата исхрана, негата на кожата и избегнувањето на екстремни процедури играат значајна улога во одржувањето на младешкиот изглед. Јавноста особено ја коментира и нејзината трансформација по разделбата со Том Круз, кога актерката целосно го смени стилот на живот и приоритетите, фокусирајќи се на приватноста и семејството. Нивната ќерка Сури Круз порасна далеку од медиумите, а Холмс остана посветена мајка и ретко се појавува на јавни настани. И покрај тоа, секое нејзино појавување предизвикува лавина реакции – дел од фановите ја пофалуваат за природниот изглед, додека други шпекулираат за можни естетски интервенции. Она што е сигурно е дека Кејти Холмс и понатаму важи за пример како со умереност и внимателна нега може да се одржи свеж и природен изглед, дури и по децении во светот на шоу-бизнисот.


Планинарка од Скопје по инцидентот со велосипедистот на Водно: „Не е само некултурно, туку и реална опасност“

Планинарка од Скопје по инцидентот со велосипедистот на Водно: „Не е само некултурно, туку и реална опасност“

Планинарка од Скопје по инцидентот со велосипедистот на Водно: „Не е само некултурно, туку и реална опасност“ Маја Дукова од Скопје го искачува Водно 4-5 пати неделно, а во секоја пригода го крева гласот за заштита на природата таму и за уредување на просторот. Сега, за CRNOBELO.com споделува став за виралното видео од Водно и го осудува потегот на велосипедистот... Маја Дукова од Скопје е вљубеничка во планините, која покрај на подалечни места , редовно оди и на Водно и буквално ја обожаваа оваа планина. Таа оди на Водно 4-5 пати неделно, а во секоја пригода го крева гласот за заштита на природата таму и за уредување на просторот. Сега, по инцидентот кога планинар и велосипедист влегоа во конфликт на тема движење на патека на Водно, ја прашавме за мислење. Маја за CRNOBELO.com вели: „Го видов видеото и во конкретната ситуација, иако тонот на планинарот е поостар, и дрзок, суштински гледано – тој е во право. Водно не е неуреден простор без правила. Редовните посетители знаат дека патеките се поделени, пешачки и велосипедски, и проблемот настанува кога тоа не се почитува. Особено загрижува фактот што во видеото е само еден велосипедист. Што ако се група? При движење во колона, со различна брзина и растојание, можноста сите да прикочат навреме е значително намалена. Тоа го зголемува ризикот не само за пешаците (особено деца), туку и за самите велосипедисти. Затоа, движење со велосипед на пешачка патека не е само „некултурно“, туку и реална опасност. Реакцијата на планинарот, иако емотивна, произлегува од оправдана грижа за безбедноста. Од друга страна, ваквите ситуации покажуваат и поширок проблем: недоволно јасно обележани патеки насекаде, недостиг на контрола и информираност, премногу простор за самоволно толкување. Решението не е во кавги, туку во ред и почитување. Јасна сигнализација, свесност и одговорност – затоа што Водно треба да биде безбедно за сите, не само за оние што се движат побрзо. Проблемот настанува кога тоа не се почитува“. ©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. С. С. | Црнобело Би можело да ве интересира:


Тејлор Свифт бира венчаница инспирирана од легендарна холивудска актерка

Тејлор Свифт бира венчаница инспирирана од легендарна холивудска актерка

Според странските медиуми, Свифт е особено привлечена од стилот што Тејлор го носеше на нејзината прва свадба во 1950 година, кога се омажи за Конрад Хилтон. Фустанот, препознатлив по класичниот крој, нагласениот струк и деталите од чипка, стана еден од најзначајните во историјата на модата. Извори тврдат дека Тејлор развила посебен интерес за естетиката на старата холивудска ера додека работела на песна посветена на познатата актерка, која е вклучена во нејзиниот последен албум. Венчавката, која веќе привлече големо внимание од јавноста, е закажана за 3 јули во Њујорк, а подготовките се во тек. Според достапните информации, поканите веќе се испратени до гостите. Меѓу гостите и членовите на потесниот круг се голем број познати личности, меѓу кои Селена Гомез и Џиџи Хадид, кои наводно подготвуваат посебна содржина за церемонијата, вклучувајќи видео посветено на врската на двојката и забавна програма за гостите. © Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата Бен Афлек: БАТАЛИ 60 МИЛИОНИ ДОЛАРИ, ОЧИ НЕЌАМ ДА И ВИДАМ Објавен е новиот трејлер за продолжението на филмот „Ѓаволот носи Прада“ (ВИДЕО)


Јована Пајиќ со ОВА МОМЧЕ се релаксира на Бали: пејачите покажаа како уживаат во рајот (ФОТО)

Јована Пајиќ со ОВА МОМЧЕ се релаксира на Бали: пејачите покажаа како уживаат во рајот (ФОТО)

Јована Пајиќ ужива во друштво на Даниел Павловиќ , братот на Марија Шерифовиќ , на егзотичната дестинација Бали. Фотографиите кои ги споделуваат на социјалните мрежи веднаш привлекоа внимание кај нивните следбеници. Друштвото покажа како ги поминува безгрижните денови во бар покрај море, уживајќи во пијалаци, музика и опуштена атмосфера. Посебно внимание привлече фотографијата на која Јована е без шминка, целосно природна, додека релаксира со пријателите. printskrin Instagram Даниел не ја криеше благодарноста што има можност да престојува на вакво место, а токму таму заедно со најблиските го прославиле и Велигден. Атмосферата од фотографиите покажува вистински мир и уживање. printskrin Instagram Инаку, Бали веќе подолго време е омилена дестинација на Марија Шерифовиќ, каде често бега од обврските. Таму таа го поминува времето со семејството, полнејќи ги батериите далеку од секојдневниот ритам. View this post on Instagram A post shared by Marija Serifovic (@serifovic) printskrin youtube -jovana paic – blic tv



ГЛУТЕНСКИ БАКНЕЖ, РИЗИК ИЛИ МИТ? Еве што вели науката

ГЛУТЕНСКИ БАКНЕЖ, РИЗИК ИЛИ МИТ? Еве што вели науката

Глутенот претставува специфична група на протеини кои природно се наоѓаат во житарките како пченицата, 'ржта и јачменот, каде дејствуваат како структурно „лепило“ што му дава еластичност на тестото. Иако за повеќето луѓе е безопасен, за лицата со целијакија овој протеин е строг непријател кој предизвикува автоимун одговор и сериозно ја оштетува слузницата на тенкото црево. Токму поради оваа причина, стравот од случајно изложување на глутен често ги надминува границите на кујната и навлегува во сферата на интимноста, особено кога станува збор за бакнувањето со партнер кој не е на истата диета. Новата студија спроведена од Американското гастроентеролошко здружение нуди долгоочекувани и смирувачки одговори за овие сомнежи. Истражувачите анализирале парови во кои едниот партнер консумирал производи со пченица, додека другиот живее со целијакија, со цел да се измери количеството на пренесен глутен преку плунката. Резултатите покажале дека во 90 отсто од случаите, нивото на глутен во плунката по бакнежот со отворена уста било под 20 дела на милион, што е официјален меѓународен праг за безбедност на производите кои се означени како „без глутен“. Клучниот пресврт во истражувањето се случил кога бил воведен еден едноставен превентивен чекор. Имено, кај партнерите кои испиле само една чаша вода (околу 110 мл) веднаш по јадењето, нивото на глутен во плунката паднало на екстремно ниско ниво, а кај повеќето од нив воопшто не можело да се детектира. Ова докажува дека иако преносот е технички можен, количеството е занемарливо и лесно може да се неутрализира со обична хидратација. Заедницата на лица со целијакија често се соочува со социјална изолација и анксиозност поради строгите правила на исхрана, но овие научни докази помагаат да се отстрани една голема бариера во партнерските односи. Потврдата дека обичното плакнење на устата со вода е доволно за да се осигура безбедноста на бакнежот овозможува поголема опуштеност и природност во интимниот живот. На крајот, науката потврдува дека со правилна информираност и малку претпазливост, целијакијата не мора да биде пречка за спонтаните изрази на блискост. © Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата Објавен е новиот трејлер за продолжението на филмот „Ѓаволот носи Прада“ (ВИДЕО) Фото: Зендаја повторно блеска на црвениот тепих: Премиера на третата сезона од серијата „Еуфорија“


Ѕвездата од „Игрите на гладните“ уапсен поради пукање во тројца мажи во Рали, Северна Каролина

Ѕвездата од „Игрите на гладните“ уапсен поради пукање во тројца мажи во Рали, Северна Каролина

Според информациите од полицијата, Џејмисон бил приведен на 8 април поради инцидент што се случил на 22 март во вечерните часови. Полицијата интервенирала по пријава за пукање околу 21:52 часот. По пристигнувањето на местото на настанот, службениците пронашле лице кое изјавило дека непознат напаѓач, движејќи се со електричен велосипед, испукал куршум кон нивното возило кое било во движење. Во автомобилот во тој момент се наоѓале уште две лица. Во текот на истрагата, полицијата го идентификувала Џејмисон како осомничен за пукањето. Според обвинението, тој испукал куршум во правец на возилото, со што директно ги довел во опасност животите на тројцата патници. Против него се поднесени обвиненија за напад со смртоносно оружје, со намера за убиство. Во инцидентот, според доказите, бил употребен полуавтоматски пиштол калибар 9 милиметри. На деветти април судот го одбил неговото барање за ослободување со кауција. Следното рочиште за случајот е закажано за 30 април, кога се очекува да се разгледа понатамошниот тек на судската постапка. Ова не е прв судир на Џејмисон со законот. Во март 2025 година, тој бил уапсен во Рали поради спротивставување на службено лице. За тој прекршок бил осуден на 26 март 2026 година, само неколку дена по новиот инцидент. © Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата Фото: Зендаја повторно блеска на црвениот тепих: Премиера на третата сезона од серијата „Еуфорија“ Алек Болдвин планира да се повлече од актерството: Не сакам веќе да работам


🎥 КЛАВИЈАТУРИСТ МУ ГО КРАДЕ БАКШИШОТ НА СЛЕПИОТ КОЛЕГА Инцидентот на настапот на Саша Матиќ е снимен со камера

🎥 КЛАВИЈАТУРИСТ МУ ГО КРАДЕ БАКШИШОТ НА СЛЕПИОТ КОЛЕГА Инцидентот на настапот на Саша Матиќ е снимен со камера

На заеднички настап со клавијатурист, на еден од најпознатите српски фолк пејачи, Саша Матиќ, неговиот колега му го краде бакшишот. Ова се гледа на снимката која се рашири на социјалните мрежи. Иако сè се случува многу брзо, јасно се гледа постапката на музичарот кој го користи хендикепот на пејачот. Поради ова видеото предизвика лавина лоши коментари и ја згрози јавноста. Особено внимание предизвика фактот што инцидентот се случува пред самиот пејач, кој поради слепилото не може да забележи што се случува. Во видеото кое кружи на Тик-Ток, клавијатуристот посегнува и ги зема парите што претходно му биле оставени како бакшиш на пејачот. Впрочем, погледнете и самите како изгледа оваа срамна постапка во видеото подолу.


Шенон Елизабет отвора профил на OnlyFans по разводот со сопругот – ново поглавје по тивката разделба

Шенон Елизабет отвора профил на OnlyFans по разводот со сопругот – ново поглавје по тивката разделба

Актерката Шенон Елизабет, позната по улогата во филмот „Американска пита“, повторно е во фокусот на јавноста откако објави дека отвора профил на платформата OnlyFans, само неколку дена по тивката разделба од својот сопруг Симон Борхерт. Според информациите, 52-годишната актерка поднела документи за развод на почетокот на неделата, а веста за новиот чекор во кариерата следела речиси веднаш потоа. Иако јавно не го коментирала раскинувањето, таа индиректно на социјалните мрежи навести дека поминува низ период на лични промени и „ресетирање“ на животот. Елизабет објасни дека одлуката да се приклучи на OnlyFans е поврзана со желбата конечно сама да ја контролира својата кариера и јавен имиџ, по години поминати во Холивуд каде, како што вели, други ја креирале нејзината приказна. Таа истакна дека сака да покаже поинаква, поинтимна и „похрабра“ страна од себе, која досега не била видена од публиката. „Целата кариера ја поминав во индустрија каде другите го контролираа исходот. Сега сакам да бидам поблиску до фановите и да покажам нешто ново“, порача актерката, додавајќи дека платформата ѝ овозможува директна комуникација и слобода во создавањето содржина. Таа најави дека на својата страница ќе објавува ексклузивна содржина, зад сцената моменти и поавтентичен поглед во својот живот, нагласувајќи дека ова не е само нов проект, туку и начин повторно да се поврзе со публиката која ја следи со години. И покрај новиот ангажман, Елизабет истакна дека продолжува да живее во Јужна Африка, каде активно се занимава со хуманитарна работа преку својата фондација за заштита на животни и природата. Актерката и Борхерт се венчаа во 2021 година, а се запознале неколку години претходно. Заедно работеа и на заеднички проекти, вклучително и подкаст и активности поврзани со нејзината фондација. Ова не е нејзин прв брак – претходно беше во брак со актерот Џозеф Рајтман од 2002 до 2006 година. Со овој потег, Шенон Елизабет отвора ново поглавје во својот живот – и приватно и професионално, комбинирајќи лични промени со нов пристап кон кариерата и комуникацијата со фановите.


КРАЈ ЗА ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ УЧЕБНИЦИ - Вештачка интелигенција ќе ги оценува учениците во Кина

КРАЈ ЗА ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ УЧЕБНИЦИ - Вештачка интелигенција ќе ги оценува учениците во Кина

„Бурџ Ал Араб“ привремено СТАВА КЛУЧ НА ВРАТА КРАЈ НА АНОНИМНОТО СУРФАЊЕ? - ЕУ ја претстави новата апликација за проверка на возраста


Премногу протеини може да бидат штетни за организмот

Премногу протеини може да бидат штетни за организмот

Иако се неопходни за здравјето и мускулите, прекумерниот внес на протеини може да предизвика проблеми со варењето, бубрезите и телесната тежина. Протеините се едни од основните хранливи материи важни за градење мускули, имунитет и општото здравје. Сепак, иако нивниот внес е неопходен, претерувањето не носи дополнителни придобивки, напротив, може да предизвика голем број здравствени проблеми. Препорачаниот дневен внес за просечен возрасен е околу 0,8 грама на килограм телесна тежина, додека поактивните луѓе може да имаат поголеми потреби. Сепак, експертите предупредуваат дека внесот од повеќе од 2 грама на килограм може да биде ризичен ако трае долго време. Прекумерниот внес на протеини може да предизвика проблеми со варењето, како што е запек, особено ако доаѓа од црвено месо и ако внесот на влакна се занемари. Исто така, може да ги оптовари бубрезите, бидејќи тие мора да ги преработуваат вишокот протеински нуспроизводи. Исхраната богата со масти и преработени извори на протеини е поврзана и со поголем ризик од срцеви заболувања. Покрај тоа, вишокот протеини што телото не ги користи може да се претвори во масни наслаги, што доведува до зголемување на телесната тежина. Клучот е во рамнотежата – умерениот внес на протеини распределен во текот на денот обезбедува најдобри здравствени придобивки. фото/Depositphotos


Млад пејач, голема емоција – „Стари мој“ емотивна љубовна балада од Никола Милосковски (Фото+Видео)

Млад пејач, голема емоција – „Стари мој“ емотивна љубовна балада од Никола Милосковски (Фото+Видео)

По бројните кавери и препеани хитови со кои го привлече вниманието на публиката, младиот, симпатичен и талентиран Никола Милосковски конечно го направи својот прв сериозен чекор на музичката сцена. На 13 април , преку својот YouTube канал, тој ја промовираше својата прва авторска песна – емотивната љубовна балада „Стари мој“ , проследена со впечатлив видеоспот. Станува збор за песна која уште на прво слушање плени со својата искреност, топлина и мелодичност. „Стари мој“ носи силна емоција и лесно допира до секој што знае што значи вистинска љубов. Ова е композиција во која многумина ќе се пронајдат – особено оние кои љубат искрено и без задршка. Песната е резултат на соработка со Емел Франца , кој стои зад музиката и текстот, додека аранжманот го потпишува Кристијан Јовановиќ . Зад видео спотот стои Алек Тасевски , кој визуелно ја доловува емоцијата што ја носи самата песна. Истиот е снимен на повеќе локации во Скопје. Интересно е што токму каверите што Никола ги објавувал на интернет биле клучни за оваа соработка. Неговите изведби стигнале до вистинските луѓе во вистинско време, по што Емел Франца му ја испратил песната. „На второ, трето, четврто слушање само си потврдив дека тоа е тоа“ , вели Никола, објаснувајќи ја својата инстант поврзаност со композицијата. Иако најчесто настапува во својот роден град Куманово, неговата музичка приказна полека се шири и надвор од границите – со настапи низ Македонија , но и во Србија. Фестивалите засега не се во негов фокус, но, како што самиот признава, тоа лесно може да се промени. Интересен детал е што „Стари мој“ е снимена на српски јазик , со цел да допре до поширока регионална публика. Но, тоа не ја исклучува можноста песната да добие и македонска верзија во блиска иднина. Со ова деби, Никола Милосковски јасно покажува дека не е само уште едно ново име на сцената, туку артист кој има што да каже. Ако се суди по енергијата, посветеноста и емоцијата што ја вложува во музиката – ова е само почеток на една многу убава и ветувачка музичка приказна.


Доволно ретро за да биде повеќе од модерно: „Коктел“ од љубовни нежности и комплименти во – „Само ти“ (ВИДЕО)

Доволно ретро за да биде повеќе од модерно: „Коктел“ од љубовни нежности и комплименти во – „Само ти“ (ВИДЕО)

Онаму каде што го започнаа своето возобноивено музичко патешествие кон крајот на минатата 2025 година со нивното ново првенче „Каде ти, таму јас“, македонскот поп рок дуо сега продолжува со нова песна.


„Сакам да бидам подобар родител од својот татко“: Изјавата на принцот Хари што одекна во светот

„Сакам да бидам подобар родител од својот татко“: Изјавата на принцот Хари што одекна во светот

Британскиот принц Хари за време на посетата на Австралија изјави дека сака да биде подобар родител од својот татко, британскиот крал Чарлс III, нагласувајќи дека секоја генерација треба да го подобри начинот на кој се воспитуваат децата. Хари нагласи дека немал намера да ги критикува своите родители, вклучително и Чарлс, но дека верува дека секоја генерација треба да го подобри искуството на родителството, објави британскиот „Телеграф“. „Родителството се развива со текот на времето. Децата нè подобруваат“, рече принцот, додавајќи дека современите услови, како што се социјалните мрежи, носат нови предизвици што не постоеле порано. Тој повтори дека сака да го прекине циклусот на „генерациска болка“, нагласувајќи дека нема вина или осуда во начинот на кој родителите ги воспитуваат своите деца. Хари зборуваше и за важноста на менталното здравје, наведувајќи дека терапијата во Велика Британија и Соединетите Американски Држави му помогнала да се соочи со проблемите од минатото. „Тоа е знак на сила, а не на слабост“, рече тој, повикувајќи ги луѓето да побараат помош пред да се соочат со сериозни кризи. Зборувајќи за татковството, Хари истакна дека тоа е „најважната трансформативна улога“ во животот на човекот, додавајќи дека му дава чувство на цел и одговорност. Тој рече дека за време на бременоста на неговата сопруга Меган Маркл, водел дневник и дека првично чувствувал одредена дистанца кон својот син Арчи, но дека советите на терапевтот му помогнале да ја пронајде својата улога во поддршката на семејството. Кога беше прашан за совети за новите татковци, тој рече дека „тие не се сами“ и дека треба да прифаќаат емоционални предизвици без да се осудуваат себеси. За време на посетата на Австралија, Хари учествуваше и на настани со деца и спортисти, вклучувајќи средба на стадионот „Витен Овел“, каде што му беше врачен дрес на австралиски клуб со имињата на неговите деца. Тој го посети и Споменикот на австралиските војници во Канбера, каде што положи венец и присуствуваше на церемонија. Предвидено е Хари повторно да се сретне со својата сопруга Меган во Мелбурн, по што ќе ја продолжат својата заедничка посета во Сиднеј, како дел од последниот ден од турнејата. Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл пристигнаа во Австралија на 14 април, на четиридневна посета, за време на која ќе учествуваат во спортски активности, како и активности поврзани со менталното здравје и прашањата на ветераните. Војводата и војвотката од Сасекс ја започнаа својата посета во Кралската детска болница во Мелбурн, каде што учествуваа во активности во терапевтските градини на болницата. Во 2020 година, Хари и Меган се повлекоа од функцијата активни членови на британското кралско семејство и се преселија во САД, наведувајќи ја желбата за финансиска независност и бегство од она што го нарекоа медиумско мешање во нивниот приватен живот. фото/Depositphotos


Аделина Тахири славеше роденден во женско друштво: Елегантна луксузна забава во бело, а подарокот за слевеничката беше еден ама вреден повеќе од 10 илјади евра (видео)

Аделина Тахири славеше роденден во женско друштво: Елегантна луксузна забава во бело, а подарокот за слевеничката беше еден ама вреден повеќе од 10 илјади евра (видео)

Архива Мегафон Радио Милева Живот и стил Љубов и секс Промотер Лице в лице Ништо лично Билборд Стори Архива Мегафон Радио Милева Живот и стил Љубов и секс Промотер Лице в лице Ништо лично Билборд Стори Импресум Маркетинг Контакт Политика на приватност Услови за користење Архива Аделина Тахири славеше роденден во женско друштво: Елегантна луксузна забава во бело, а подарокот за слевеничката беше еден ама вреден повеќе од 10 илјади евра (видео) Албанската пејачка со македонска адреса, Аделина Тахири го прослави својот 35-ти роденден, а како што доликува на нејзиниот луксузен животен стил кој го живее, таква беше и роденденската забава. Tематски предодредена да биде во бело, сензуално и луксузно во секој погед, а во примарен фокус секако славеничката и женственоста за која таа очигледно сакаала да биде во прв план. Гостинки и беа сите блиски и најблиски дами во нејзиниот живот и опкружување, а тие пак се погрижија славеничката да си помине на ниво какво што впрочен таа им приреди. Задоволства од посебности, визуелни и впечатливи да бидат најдобри од најдоброто. Бели цветови кали, свеќи, торта импровизирана од чаши за вино полни со благо… а таа облечена во бело коктел фустанче. И секако, роденден без подароци не може да биде, а во случајот видовме еден ,ама доста вреден. Чанта Birkin од францускиот бренд Ермес која и тоа како важи за статусен симбол кој се вклопува во се’ она што е таа. View this post on Instagram A post shared by Vello (@vello.tv) A post shared by Vello (@vello.tv) Ваквите модели на чанти чинат од околу 10 илјади евра, па нагоре, а во случајот Аделина и тоа како и се израдува, иако можеби и веќе има таква иста во друга нијанса. фото:Instagram printscreen Поврзани теми Најнови вести Аделина Тахири славеше роденден во женско друштво: Елегантна луксузна забава во бело, а подарокот за слевеничката беше еден ама вреден повеќе од 10 илјади евра (видео) Модерна трагедија: Театарска претстава „Ехо на заборавот“ Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордно време Шакира на удар поради снимките од концертот: Го игнорираше снимателот кој падна пред неа (видео) Погледнете како изгледа одморот на Марија Шерифовиќ: Пејачката го покажа рајот во кој ужива, а чини цело богатство „Среќен пат и мирно небо“ – Татјана Лазаревска ја испрати мајка и на аеродромот во Мелбурн, а еве кога се враќа и таа во Македонија Скопскиот ПРЕСС на Владо Георгиев заврши со песна: Само што овој пат тој не запеа, туку македонските новинари му пееја нему (ВИДЕО) Од истата категорија Шакира на удар поради снимките од концертот: Го игнорираше снимателот кој падна пред неа (видео) Погледнете како изгледа одморот на Марија Шерифовиќ: Пејачката го покажа рајот во кој ужива, а чини цело богатство „Среќен пат и мирно небо“ – Татјана Лазаревска ја испрати мајка и на аеродромот во Мелбурн, а еве кога се враќа и таа во Македонија Скопскиот ПРЕСС на Владо Георгиев заврши со песна: Само што овој пат тој не запеа, туку македонските новинари му пееја нему (ВИДЕО) Можеби ќе ви се допадне Аделина Тахири славеше роденден во женско друштво: Елегантна луксузна забава во бело, а подарокот за слевеничката беше еден ама вреден повеќе од 10 илјади евра (видео) „Среќен пат и мирно небо“ – Татјана Лазаревска ја испрати мајка и на аеродромот во Мелбурн, а еве кога се враќа и таа во Македонија Скопскиот ПРЕСС на Владо Георгиев заврши со песна: Само што овој пат тој не запеа, туку македонските новинари му пееја нему (ВИДЕО) Миа Костова со малку познати факти за себе: „Се срамам да кажам колку…“ Импресум Маркетинг Контакт Политика на приватност Услови за користење


(ВИДЕО) Автомобил на иднината: Во Кина почна масовно производство на летачки автомобили

(ВИДЕО) Автомобил на иднината: Во Кина почна масовно производство на летачки автомобили

Во момент кога границите меѓу научната фантастика и реалноста стануваат сè потенки, кинеската компанија Икспенг аероХТ (XPeng AeroHT) прави можеби и најконкретен чекор кон ерата на летачки автомобили. Нејзиниот модел „Land Aircraft Carrier“, претставен пред јавноста во Гуангжу и на престижната кинеска меѓународна изложба за воздухопловство и аерокосмос (China International Aviation and Aerospace Exhibition), ја симболизира амбицијата за технологија која со децении постоеше главно во теорија. Како што пренесува кинеската телевизија ЦГТН (CGTN), станува збор за целосно поинаков пристап во развојот на летечки автомобили. Наместо едно возило кое истовремено комбинира возење по пат и летање, „Xpeng“ развил модуларен систем составен од две одделни целини: матичен носач и летало. Таканаречениот „Матичен брод“ („Mother ship“), претставува големо шестточкашко возило во форма на комбе, со должина од околу 5,5 метри и три оски, опремено со хибриден ЕРЕВ погон базиран на 800-волтен електричен систем, кој овозможува автономија до 1.000 километри. Во внатрешноста на возилото е сместено компактно летало, слично на голем дрон, кое е наменето за превоз на две лица. Леталото се активира со едноставно притискање на копче, по што автоматски се одвојува од „матичниот носач“ и започнува самостоен лет. Процесот на враќање и повторно сместување во возилото трае околу пет минути. Со едно полнење, системот овозможува изведување на пет до шест летови, а максималната брзина достигнува околу 360 километри на час, што го става меѓу најамбициозните проекти во областа на електрични вертикални летала (eVTOL). Особено внимание привлекува високиот степен на автономност. За време на демонстрацискиот лет, леталото самостојно изведувало повеќе маневри, вклучувајќи забрзување на ниска висина, контролирано спуштање со константна брзина и прецизно слетување, без директно учество на пилот. Системот поддржува и автоматски и рачен режим на работа. Во автоматски режим, леталото управува со планирање на рутата, крстаречки лет, враќање со една команда и слетување, додека во рачен режим се користи поедноставен контролен систем со една управувачка рачка, што значително ја поедноставува контролата во споредба со класичните хеликоптери. Според податоците од компанијата, основната обука за управување може да се совлада за околу три часа. Цената за ова возило на иднината се проценува на околу 276.000 долари, а интересот на пазарот веќе е значителен. По првиот јавен демонстрациски лет, регистрирани се повеќе од 2.000 нарачки. Оваа компанија, која работи од 2013 година, претходно има развиено концепт за летечко возило со склопливи ротори интегрирани во каросеријата, но поради технички предизвици, вклучително и вибрации при возење, се префрлила на модуларно решение. „Но, амбициите на фирмата не завршуваат тука. Демонстрациите во Гуангжу и на меѓународниот саем за воздухопловство, претставуваат јасен показател за насоката во која се движи иднината на урбаната мобилност“, пренесе ЦГТН „Xpeng“ веќе започна со изградба на производствен погон во Гуангжу, проектиран за капацитет до 10.000 летечки автомобили годишно, додека првите испораки до купувачите се очекуваат во текот на 2026 година. МИА


Долго време ја немаше, а сега се врати и направи хаос: Изгледа подобро од кога било (ФОТО)

Долго време ја немаше, а сега се врати и направи хаос: Изгледа подобро од кога било (ФОТО)

1 Сандра Булок неодамна присуствувала на настанот „CinemaCon“ во Лас Вегас и малку е да се каже дека со овој потег ги воодушевила сите присутни. По двегодишна пауза, актерката ѝ се вратила на својата прва љубов – филмското платно, па сега нè очекува продолжението на филмот „Practical Magic 2“. Покрај актерскиот дел, Сандра има и улога на продуцентка на овој филм, за да обезбеди приказната да ја следи книгата што била инспирација за ова дело. По тој повод, таа одлучила на светот да му го покаже своето лице, но и шик модната комбинација. На споменатиот настан носела оверсајз сако во црвена боја, кое го красеа рамен крој и чиста елеганција. Сепак, стајлингот на Сандра имаше, да речеме и еден секси детаљ – црн градник кој и тоа како бил видлив под сакото. Изданието го надополнила со брановидна фризура, шминка во земјени тонови и став на вистинска заводничка. Потсетуваме, Сандра во 2023 година го загуби својот долгогодишен партнер и како што своевремено рекла, големата љубов на својот живот, Брајан Рендал. Како што тогаш пренесоа странските медиуми, познатиот фотограф три години се борел со амиотрофична латерална склероза, попозната како АЛС. „Со голема тага сакаме да ве известиме дека на 5 август Брајан Рендал почина мирно по тригодишна борба со АЛС. Брајан одлучи својата борба со АЛС да ја задржи за себе, а ние кои се грижевме за него дадовме сè од себе да ја испочитуваме неговата желба“, изјави тогаш семејството.


Готвачите откриваат: Кога треба да го посолите јадењето – на почетокот или на крајот од готвењето?

Готвачите откриваат: Кога треба да го посолите јадењето – на почетокот или на крајот од готвењето?

Многу луѓе се прашуваат кога да додадат сол во јадењето, а одговорот на експертите е јасен – најдобро е да го направите тоа во оваа фаза од готвењето за целосен и рамномерен вкус. Кога всушност додавате сол во јадењето? Повеќето луѓе прават иста грешка, а вкусот може да биде сосема поинаков поради тоа. Навидум малите работи во кујната честопати прават најголема разлика. Една од нив е моментот кога се додава сол. Многумина го прават тоа на допир, на средина од готвењето или само кон крајот, но готвачите предупредуваат дека токму овој детаљ може да одлучи дали јадењето ќе биде полно со вкус или едноставно премногу солено. Иако изгледа банално, времето кога се додава сол во јадењето има многу поголемо влијание отколку што обично се мисли. Професионалните готвачи го повторуваат истото правило со години: солта е најдобро да се додава на почетокот на подготовката. Причината е едноставна, тогаш има доволно време да навлезе во состојките и рамномерно да ги зачини. Токму ова го покажа еден интересен кулинарски експеримент кој привлече многу внимание. Споредени се два начина на подготовка на истото јадење: во едниот случај, солта се додавала на почетокот, а во другиот само на крајот. Разликата била очигледна уште од првиот залак. Кога додавате сол во јадењето уште од самиот почеток, додека состојките се уште се во раните фази на готвење, вкусот станува подлабок, похармоничен и порамномерен. Солта постепено се распределува низ целата храна, така што нема впечаток дека еден дел од јадењето е премногу лут, а друг е безвкусен. Од друга страна, кога солта се додава само кон крајот, таа обично останува на површината. Тогаш надворешниот слој може да биде премногу солен, додека внатрешниот останува благ и недоволно лут. Токму затоа јадењето не остава впечаток на заоблен вкус, дури и кога количината на сол изгледа иста. Секако, се случува и едноставно да заборавиме на солта. Во таа ситуација, не е сè изгубено, но важно е да не ја додавате одеднаш и без мерка. Најдобро е солта да се додава постепено, во помали количини, додека постојано се вкусува. Ова го намалува ризикот јадењето да стане премногу солено. Сепак, треба да се има предвид дека солта додадена подоцна можеби не секогаш има ист ефект како кога се додава на почетокот. Вкусот може да се подобри, но тешко дека ќе биде потполно ист како јадење кое е правилно зачинето од самиот почеток на подготовката. Затоа, следниот пат, пред да додадете сол во јадењето, запомнете го ова едноставно правило. Вистинското време за додавање сол не е на крајот, туку на почетокот. Ова често е разликата помеѓу просечен и навистина вкусен оброк.


Мистеријата за изградбата на Големата пирамида конечно доби ново објаснување

Мистеријата за изградбата на Големата пирамида конечно доби ново објаснување

Големата пирамида во Гиза е едно од најзагадочните градби во историјата на човештвото. Илјадници години научниците се обидуваат да ги откријат сите тајни на нејзината изградба, прашувајќи се како античките Египќани успеале да го подигнат овој колосален споменик за само неколку децении. Ново истражување нуди убедлива хипотеза која дава одговор на оваа енигма.


Голема саботна забава за најмладите: „Светот на Биби“ организира караоке-забава и дружење на три локации во Скопје

Голема саботна забава за најмладите: „Светот на Биби“ организира караоке-забава и дружење на три локации во Скопје

„Светот на Биби“ најавува серија настани наменети за најмладите, кои ќе вклучуваат караоке-забава со омилените песнички и традиционално менување со сликички пред нивните специјализирани продавници. Настаните ќе се одржат в сабота, на три различни локации, овозможувајќи им на децата од различни делови на Скопје да бидат дел од забавата. Распоред на настаните (сабота, 18 април): -Целта на овие настани е да го поттикнеме социјализирањето кај децата преку нивните омилени ликови. Менувањето со сликички веќе стана омилен ритуал за колекционерите, а караоке-забавата е одлична можност сите заедно да ги запееме едукативните и забавни песнички што децата ги обожаваат – изјавуваат од тимот. Настаните се од отворен карактер и се поканети сите дечиња, родители и обожаватели на сказните од „Светот на Биби“. Подгответе ги вашите албуми, загрејте ги гласните жици и бидете дел од највеселата сабота во градот.


Во Египет се пронајдени папируси стари 3.000 години со натпис „Не отворајте!“

Во Египет се пронајдени папируси стари 3.000 години со натпис „Не отворајте!“

Во древниот некропол Дра-Абу-ел-Нага, во областа ел-Асасиф во Египет, археолозите наидоа на фасцинантно откритие – запечатени папирусни свитоци стари околу 3000 години. Она што ја прави оваа археолошка сензација уште позагадочна е смелата и строга порака на глинените печати: „Не отворај!“. Ваков тип предупредување ги потврдува важноста и потенцијалот на документите во историски контекст. Ова го објави Planet Today.


Тито без Милка не леташе, беше негова лична стјуардеса, но и жена која чувала тајни: „Стоев пред Јованка кога ја исекоа со нож во авионот“

Тито без Милка не леташе, беше негова лична стјуардеса, но и жена која чувала тајни: „Стоев пред Јованка кога ја исекоа со нож во авионот“

2 Јованка Броз, првата дама на СФРЈ, поминала децении во релативна сиромаштија, а стјуардесата Милка Јакулиќ открива трогателни моменти од нејзиниот живот. Јованка Броз, првата дама на СФРЈ, беше примена во Ургентниот центар во Белград на 23 август во исклучително тешка здравствена состојба. По двомесечна борба со тешко труење на крвта, таа ја загуби битката за живот. Нејзината смрт означи крај на една ера во историјата на Југославија, но и потсетник на тешките години што ги помина по смртта на Јосип Броз Тито. Таа живееше три децении без лична карта или пасош. Дури во 2006 година тогашниот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ и министерот за труд и социјална политика Расим Љајиќ ѝ ги предадоа потребните документи. Во тој период, медиумите објавија дека Јованка живеела во релативна сиромаштија, а владина комисија откри дека нејзиниот стан во Белград не бил одржуван од нејзиното апсење во 1980 година. Сеќавања на стјуардесата Милка Јакулиќ Српски телеграф објави интервју со стјуардесата на Тито, Милка Јакулиќ, сега 86-годишна, која во текот на годините поминати придружувајќи ја двојката Броз, имаше можност да се запознае со приватниот живот на првата дама. Милка се присети на своите почетоци и како станала дел од екипажот на Тито – работа што не била лесна и барала бројни проверки од страна на Државната безбедност. „При влегување во авионот на редовната линија Белград-Париз, шефот ме пречека и ми рече дека нема лет за Париз… Потоа ме однесоа во касарната, каде што ме чекаа пет лица кои ме набљудуваа со години. Ме однесоа со лимузина во непознат правец и на крајот пристигнав во „Секретаријатот на маршалот“, се сеќава Милка. Потоа ѝ било кажано дека е назначена да лета со претседателот и првата дама. На почетокот беше полна со загриженост, но наскоро уживаше во својата работа – подготвувајќи униформи и коктел фустани, обезбедувајќи удобно патување и секогаш придружувајќи ги Тито и Јованка. Непознатата страна на првата дама Милка Јакулиќ особено се сеќава на моментите кога Јованка ја покажаувала својата човечка страна. Едно лето, кога колешката Споменка фрли остар нож и ја пресече Јованка, таа стоеше над Јованка кога Тито ја увери со зборовите: „Зошто плачеш, не си видела ли толку многу крв во војната? Тоа е само мала рана.“ Иако работеше во средина на која нејзините колеги беа завидни, Милка истакнува дека нејзината работа била да обезбеди пријатно и безбедно патување за претседателската двојка, вклучително и увид во цветните аранжмани што ги добивал Тито за безбедност. Тито беше темелно подготвен за секоја посета и го следеше печатот од сите земји – вели Милка. Сеќавањето на официјалните посети и протоколи останува особено трогателно. Еден од најимпресивните моменти бил пристигнувањето на царот Хирохито во Јапонија во 1968 година, кој го прекрши строгиот протокол за лично да го пречека Тито. Милка се сеќава дека била неописливо горда што е Југословенка додека го набљудувала стасот и говорот на државникот, што оставило силен впечаток. Јованка Броз, и покрај тешкиот живот и децениите што ги поминала во релативна изолација и сиромаштија, остана симбол на одредена ера на Југославија. Нејзината човечка и нежна страна, како и нејзината посветеност на Јосип Броз Тито, се особено осветлени преку сведоштвата на луѓе кои ја познавале одблизу. Милка Јакулиќ, поранешна стјуардеса, беше гостинка во утринската програма на Миломир Мариќ и му приреди неочекувано изненадување. Таа реши да ја преземе емисијата од него и да му забрани да зборува додека не каже што сака. „Дипломирав англиски јазик и книжевност. Сега со оваа родова еднаквост – порано бев лингвист, а сега сум лингвистка. Внимавај, нема да го пренесеш зборот“, предупреди г-ѓа Јакулиќ. Таа почна да зборува за тоа како станала стјуардеса, а во еден момент Мариќ се обиде да ја прекине, но не успеа. „Нема да ме збуниш. Јас одам по свој пат. Не можеш да изговориш ни збор, не можеш да ме прекинуваш како овие обични луѓе, јас сум лингвистка“, рече таа рамнодушно. Мариќ се извини дека негова работа е да прекинува. „Замолчи сега!“, г-ѓа Јакулиќ не попушти. – Никој не може да каже што сака овде, забележа Мариќ. – Тогаш си се јавил на погрешна личност, му одговори таа. Раскажа и анегдота од Лондон. „Одам во Лондон. Ни кажаа дека таму има четници и да бидеме внимателни. Штом ќе слушнам српски, бегам. И така купуваме долна облека во продавница. Србинка сум кога ќе се зграпчам за гаќичките. Боже, не можам да избегам од Србите. Трчам кон авионот. Кога тоа ќе се случи, Србинката што ми ги зграпчуваше гаќичките седи таму. Тоа беше Пеко Дапчевиќ.“ Кога Мариќ рече дека нејзиното гостување е завршено, госпоѓа Јакулиќ не сакаше да го прифати тоа. „Не сакам да дојдам на крајот. Оние што ме нашминкаа ме вознемирија. Убава сум дури и без шминка. Требаше веднаш да ме пуштат во шоуто. Многу се бавни во собата за шминкање“, рече таа.


Модерна трагедија: Театарска претстава „Ехо на заборавот“

Модерна трагедија: Театарска претстава „Ехо на заборавот“

Архива Мегафон Радио Милева Живот и стил Љубов и секс Промотер Лице в лице Ништо лично Билборд Стори Архива Мегафон Радио Милева Живот и стил Љубов и секс Промотер Лице в лице Ништо лично Билборд Стори Импресум Маркетинг Контакт Политика на приватност Услови за користење Архива Модерна трагедија: Театарска претстава „Ехо на заборавот“ Во продукција на Театар Чекори, во Лабораториум, на 20.4.2026та (понеделник), од 20ч, ќе се изведе претставата „Ехо на заборавот” Кратка содржина: Модерна трагедија, психолошка драма, што ја истражува темата на машкото менталното здравје, сексуалниот идентитет и општествената стигма преку приказната на млад маж што живее со шизофренија. Препорачана за публика на возраст над 16 години. Предупредување за публика: Во претставата се користат трепкачки светла. Се обработуваат теми на: семејно насилство, сексуален идентитет, употреба на супстанци, груб јазик и ментално здравје кои можат да бидат вознемирувачки. Во соработка со Егал, ќе бидат поделени едукативни материјали за споменатите теми. Влезници може да се набават на шанкот во Лаб, по цена од 400 денари. Резервации во порака на социјалните мрежи на Театар Чекори или на бројот 078418180 Автор на текстот е Ирем Генишел Бешкоска, а во режија и драматизација на Маја Ѓурчевска. Играат: Михаил Митевски Иван Делиманов Јована Гаврилоска Никола Кузманоски Никола Димевски Маја Ѓурчевска Петар Мароски Авторска музика: Валентин Видовиќ Тон мајстор: Петар Мароски Светло: Никола Димевски Плакат: Љубица Делиманова/Театар Чекори Поврзани теми Најнови вести Модерна трагедија: Театарска претстава „Ехо на заборавот“ Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордно време Шакира на удар поради снимките од концертот: Го игнорираше снимателот кој падна пред неа (видео) Погледнете како изгледа одморот на Марија Шерифовиќ: Пејачката го покажа рајот во кој ужива, а чини цело богатство „Среќен пат и мирно небо“ – Татјана Лазаревска ја испрати мајка и на аеродромот во Мелбурн, а еве кога се враќа и таа во Македонија Скопскиот ПРЕСС на Владо Георгиев заврши со песна: Само што овој пат тој не запеа, туку македонските новинари му пееја нему (ВИДЕО) Микропластиката е голем проблем: Нема ништо што не можат да го направат кога станува збор за здравјето, но еве како можете да ја намалите вашата изложеност Од истата категорија Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордно време Националниот џез оркестар и Ален Перез – незаборавно патување низ салса, тимба и џез Прв заеднички концерт на Наум Петрески, Зуица Лазова, Смиља Митревска и Нино Величковски „Симфониски хоризонти“ со Сихана Бадивуку и Паскал Краповски Можеби ќе ви се допадне „Среќен пат и мирно небо“ – Татјана Лазаревска ја испрати мајка и на аеродромот во Мелбурн, а еве кога се враќа и таа во Македонија Скопскиот ПРЕСС на Владо Георгиев заврши со песна: Само што овој пат тој не запеа, туку македонските новинари му пееја нему (ВИДЕО) Миа Костова со малку познати факти за себе: „Се срамам да кажам колку…“ Свечен ручек на посебен ден: Ева Нединковска и саканиот не чекаа многу за да си „дадат збор“ и пред најблиските Импресум Маркетинг Контакт Политика на приватност Услови за користење


Во НУЦК „Марко Цепенков“ изложба „Дозимери“ од уметникот Драган Верговски-Алпи (Фото)

Во НУЦК „Марко Цепенков“ изложба „Дозимери“ од уметникот Драган Верговски-Алпи (Фото)

На 17 април 2026 година (петок) со почеток од 19 часот во Ликовната галерија од НУЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „Дозимери“ од Драган Верговски-Алпи. Ќе бидат изложени 30 дела работени на картон и на алуминиумски лим, на кои се пренесени најразлични мотиви, крстови, пејзажи, кочанско поле… “Циклусот го работев оддеднаш како да претчуствував голема трагедија. И потоа се случи трагедијата во Кочани. По 20 часа дневно творев додека работев на конзервација на мозаикот од Чемерски”, вели авторот Драган Верговски-Алпи. Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам. Драган Верговски Алпи е советник конзерватор. Завршил средно уметничко училиште, Педагошка академија кај проф.Борко Лазески, а Факултет за ликовна уметност во Скопје кај професор Димитар Кондовски. Самостојно изложува од 1968 година со изложба на Младинска работа акција во Нов Белград. Има реализирано бројни самостојни и групни изложби. работи и икони. Низ своето долгогодишно работни искуство како советник конзерватор за мозаици на Конзерваторскиот центар во Скопје, дал голем придонес за зачувување на македонското културно наследство. Како експерт од областа на конзерваторско-рестравраторските проблеми на мозаичното и штафелајното сликарство, работи на изготвувањето и реализирањето на многу проекти во земјава. Со тоа се здобива со значајно искуство во решавањето на конзерваторско рестарваторските проблеми и разновидноста на материјалите во областа на сликарските техники – масло на платно, икони, масло на картон, темперна техника, акрилна техника, комбинирана техника, фрескосликарство, мозаик, објекти и скулптури. Од Прилеп за Музика24: Христијан Ангелески


ГЛУТЕНСКИ БАКНЕЖ, РИЗИК ИЛИ МИТ? Еве што вели науката

ГЛУТЕНСКИ БАКНЕЖ, РИЗИК ИЛИ МИТ? Еве што вели науката

Објавен е новиот трејлер за продолжението на филмот „Ѓаволот носи Прада“ (ВИДЕО) ВИСТИНАТА ЗА АЛОЕ ВЕРА: Повеќе од декор, помалку од чудо


ПОДВОДНИ ПЛАНИНИ НА ЈУГОИСТОЧЕН ПАЦИФИК: Неодамна откриени сложени сунѓери, спирални корали и бисерен јастог

ПОДВОДНИ ПЛАНИНИ НА ЈУГОИСТОЧЕН ПАЦИФИК: Неодамна откриени сложени сунѓери, спирални корали и бисерен јастог

Истражувачи од американскиот Институт „Шмид“ неодамна открија 100 потенцијално нови морски видови, како и неколку големи нови подводни планини и возвишенија, во длабокото море кај брегот на оваа јужноамериканска земја.


Шакира на удар поради снимките од концертот: Го игнорираше снимателот кој падна пред неа (видео)

Шакира на удар поради снимките од концертот: Го игнорираше снимателот кој падна пред неа (видео)

Архива Мегафон Радио Милева Живот и стил Љубов и секс Промотер Лице в лице Ништо лично Билборд Стори Архива Мегафон Радио Милева Живот и стил Љубов и секс Промотер Лице в лице Ништо лично Билборд Стори Импресум Маркетинг Контакт Политика на приватност Услови за користење Архива Шакира на удар поради снимките од концертот: Го игнорираше снимателот кој падна пред неа (видео) Латино ѕвездата Шакира се најде на удар на социјалните мрежи откако беше објавена снимка од нејзиниот настап во Мексико минатата година, на која таа го игнорира снимателот кој падна пред неа. Снимка од нејзиниот септемвриски концерт во Веракруз повторно почна да се споделува на социјалните мрежи, првенствено на мрежата X, а пејачката е критикувана за нејзиното однесување. Во видеото, таа може да се види како оди низ публиката за да стигне до сцената и да го започне својот настап, додека снимател одеше пред неа за да ја снима. Со оглед на тоа дека одеше наназад, се сопна и падна, а додека другите во околината брзаа да помогнат, пејачката го погледна во шок, а потоа отиде до сцената. El cámara que grababa a Shakira se cae y ella no hace el mínimo intento de ayudarle pic.twitter.com/8AyT34O0Qv — LO + (@SuperViiral) April 15, 2026 El cámara que grababa a Shakira se cae y ella no hace el mínimo intento de ayudarle pic.twitter.com/8AyT34O0Qv — LO + (@SuperViiral) April 15, 2026 На интернет имаше бран критики за нејзиното игнорирање на снимателот, кој тврдеше дека требало да застане и да провери дали е добро. Други сметаа дека нејзиното одложување на сцената ќе го наруши целиот настап и дека реакцијата била оправдана. Само една објава собра повеќе од 2,5 милиони прегледи и мноштво коментари. Пејачката настапи во Веракруз како дел од нејзината турнеја „Las Mujeres Ya No Lloran“. Минатиот месец таа настапи и во Мексико, во главниот град, каде што собори рекорд откако 400.000 луѓе присуствуваа на нејзиниот бесплатен концерт, објави Klix.ba. Foto: printscreen/X Поврзани теми Најнови вести Шакира на удар поради снимките од концертот: Го игнорираше снимателот кој падна пред неа (видео) Погледнете како изгледа одморот на Марија Шерифовиќ: Пејачката го покажа рајот во кој ужива, а чини цело богатство „Среќен пат и мирно небо“ – Татјана Лазаревска ја испрати мајка и на аеродромот во Мелбурн, а еве кога се враќа и таа во Македонија Скопскиот ПРЕСС на Владо Георгиев заврши со песна: Само што овој пат тој не запеа, туку македонските новинари му пееја нему (ВИДЕО) Микропластиката е голем проблем: Нема ништо што не можат да го направат кога станува збор за здравјето, но еве како можете да ја намалите вашата изложеност Неодоливо вкусен Кекс колач Експертите предупредуваат: Четботовите често даваат неточни медицински информации Од истата категорија Погледнете како изгледа одморот на Марија Шерифовиќ: Пејачката го покажа рајот во кој ужива, а чини цело богатство „Среќен пат и мирно небо“ – Татјана Лазаревска ја испрати мајка и на аеродромот во Мелбурн, а еве кога се враќа и таа во Македонија Скопскиот ПРЕСС на Владо Георгиев заврши со песна: Само што овој пат тој не запеа, туку македонските новинари му пееја нему (ВИДЕО) Јавноста згрозена: Колегата му го краде бакшишот на Саша Матиќ среде настап, но ги заборави камерите (видео) Можеби ќе ви се допадне „Среќен пат и мирно небо“ – Татјана Лазаревска ја испрати мајка и на аеродромот во Мелбурн, а еве кога се враќа и таа во Македонија Скопскиот ПРЕСС на Владо Георгиев заврши со песна: Само што овој пат тој не запеа, туку македонските новинари му пееја нему (ВИДЕО) Миа Костова со малку познати факти за себе: „Се срамам да кажам колку…“ Свечен ручек на посебен ден: Ева Нединковска и саканиот не чекаа многу за да си „дадат збор“ и пред најблиските Импресум Маркетинг Контакт Политика на приватност Услови за користење


Луксуз низ ретро италијански очила: Скопје една вечер како Милано (галерија)

Луксуз низ ретро италијански очила: Скопје една вечер како Милано (галерија)

Модната индустрија е срцето на брендот Made in Italy, термин кој се користи од 1980 година за да ја означи меѓународната уникатност на италијанските производи, особено во четирите главни индустрии, популарно познати како „Four F“: храна, мебел, Ферари (автомобилски) и токму Fashion. Италијанските брендови се познати во светот како симболи на стил. Всушност, италијанскиот се смета за јазик на модата, ѝ на македонски се вели мода.


(Видео) Никол Кидман, послаба од кога било, ја шокираше јавноста: „Се промени по разводот“

(Видео) Никол Кидман, послаба од кога било, ја шокираше јавноста: „Се промени по разводот“

Сандра Булок и Никол Кидман се појавија на настанот „CinemaCon“ во Лас Вегас, а го привлекоа вниманието на јавноста и со своите комбинации и со својот физички изглед. За оваа пригода, Сандра Булок носеше шик црвен костум кој го искомбинираше со секси црн градник. Нејзино друштво на црвениот тепих беше нејзината колешка Никол Кидман, која одлучи да привлече внимание и со својата модна комбинација и со својот физички изглед. Никол носеше долг црн фустан, кој го надополни со потпетици во иста боја, а може да се каже дека овој аутфит ја истакна нејзината видливо слаба фигура. На социјалните мрежи се појавија бројни коментари за нивниот заеднички изглед. „Тие блескаат“, „Моите две омилени актерки. Тие се убави“, само некои… Некои ја критикуваа Некои корисници коментираа и за изгледот на познатата Никол. Тие тврдат дека таа се променила по разводот и дека многу ослабела. „Се промени по разводот“, „Не се сеќавам дека некогаш била толку слаба, што се случува?“, „Дали користи Оземпик“, беа коментарите.


Чизкејк со јагоди

Чизкејк со јагоди

Чизкејкот со јагоди е освежителен и елегантен десерт, совршен за пролет и лето. Кремастиот фил од сирење одлично се комбинира со благо-киселиот вкус на јагодите, создавајќи хармоничен и нежен колач. Состојки: – Подлога – Фил од сирење – Прелив од јагоди Подготовка: – Подлога: Бисквитите сомелете ги во ситни трошки. Додадете го растопениот путер и измешајте додека смесата не стане компактна. Распоредете ја во калап (28 см), притискајќи ја по дното и страните. – Фил од сирење: Изматете го крем-сирењето додека стане мазно. Додајте брашно, ванила, слатка павлака, шеќер и кора од лимон, па кратко измешајте. Додавајте ги јајцата едно по едно, мешајќи кратко. Истурете го филот врз подлогата. Печете во загреана рерна на 160 °C околу 70 минути. Оставете го да се лади постепено во рерната, па потоа во фрижидер најмалку 4 часа. – Прелив од јагоди Јагодите исечкајте ги (половина можете да ги оставите на поголеми парчиња). Ставете ги во тенџере со шеќер, ванилин шеќер и лимонов сок. Варете додека да омекнат и пуштат сок. Додајте густин растворен во вода и мешајте додека се згусне. Малку изладениот прелив нанесете го врз изладениот чизкејк. Оставете го колачот во фрижидер уште 1–2 часа за да се стегне преливот. По желба украсете со свежи јагоди одозгора. МИА


Исхрана обликувана од насловни страници

Исхрана обликувана од насловни страници

Пред СЗО во Женева во 1953 година, американскиот физиолог Ансел Кис презентирал графикон кој ја прикажувал потрошувачката на масти во однос на смртноста од срцеви заболувања во шест земји. САД на врвот. Јапонија на дното. Меѓу нив јасна надолна линија. Графиконот ќе продолжи да ја дефинира глобалната политика за исхрана во следните седумдесет години. Имало само еден мал проблем. Ансел Кис имал податоци од 22 земји. Избрал 6. Другите шеснаесет, меѓу кои беа Франција и Швајцарија во кои се јадат огромни количини путер и сирење а имаат ниски срцеви проблем, како и земји како Чиле во кои речиси и да не се јаде животински масти а имаат високи срцеви заболувања, ги немало на графиконот. Со нив, немало да се направи линија каква што се посакувало. Кога на ова било укажано, Кис веќе не бил во науката, имал човекот позвучна кариера, покривана на насловни страници на магазини како Тајм. Кис стана претседател на комитетот за исхрана на Американското здружение за срце. Организирал студија за седум земји (продолжение на приказната за избраните шест) во која се бирале популации и временски точки што ќе ја потврдат неговата хипотеза, исклучувајќи ги оние што пречат. Трансформирајќи се од научник во политичар, Кис го направи она што е очекувано од политичар. Ѝ се нафрли на опозицијата. Д-р Џон Јудкин, британски физиолог, во 1972 година објави книга со наслов „Чисто, бело и смртоносно“, со тврдење дека кај шеќерите, а не кај мастите, треба да се бараат главните причини за срцевите проблеми. Неговите податоци опфаќаат повеќе популации, повеќе години и попрецизно се совпаѓаат со порастот на кардиоваскуларната смртност во текот на дваесеттиот век. Кис го нарече шарлатан. Тој ја искористи својата позиција за по конференции да го блокира истражувањето на Јудкин. Вршел притисоци врз уредници, лобирал кај финансиери. Грантовите на Јудкин пресушиле. Неговиот углед беше систематски уништен од човек кој во тој момент не се занимаваше со наука, туку со рекет за заштита на својата хипотеза. Јудкин почина во 1995 година во заборав. Оттогаш неговата работа и дела добија верификација, но тивко, без насловни страници. Во меѓувреме, Американската асоцијација за срце, одамна финансирана од Проктер и Гембл (производители на растителната маст Криско, на кои итно им требаше причина Американците да престанат да готват со свинска маст), ги усвои препораките на Кис и ги издаде како медицински совет. Операцијата течеше како, кхм, подмачкана. Потрошувачката на путер се намали. На маргаринот се зголеми тројно. Маслата од семки, занемарливи во 1950 година, станаа доминантна маст за готвење. Прехранбената индустрија преформулира илјадници производи за да ги отстрани мастите и да ги замени со шеќер, бидејќи мастите беа непријатели, а шеќерот не. Стапките на дебелина во Америка, стабилни педесет години, почнаа да се зголемуваат во 1977 година, годината кога комитетот на Мекговерн ја пренесе хипотезата на Кис во федералните упатства. Оттогаш не престанаа да се зголемуваат. Следеше дијабетес тип 2, следен од цел метаболички синдром: замастениот црн дроб, нешто што едвај постоело во 1950 година, стана ендемски. Целата констелација на хронични метаболички заболувања со кои се соочија лекарските ординации во развиениот свет, речиси совршено се совпаѓала со кривата на усвојување на упатствата од кои Кис направи кариера. Ансел Кис се пензионираше во Италија, пиел ладно цедено маслиново масло, јадел сирење и поживеа точно 100 години. Бонус: Мравките на оваа планета постојат меѓу 100 милиони и 180 милиони години. Понудете им на тие махери за опстанок путер, класичен маргарин и маргарин со ниска масленост и еве што ќе одберат: * извор


Познатата актерка за снимањето на 18+ сцени со Бен Афлек вели: „Траеше девет часа, се тресев“ (ФОТО и ВИДЕО)

Познатата актерка за снимањето на 18+ сцени со Бен Афлек вели: „Траеше девет часа, се тресев“ (ФОТО и ВИДЕО)

1 Актерката Сиена Милер се потсетила на исцрпувачкото снимање на љубовни сцени со Бен Афлек за филмот „Live by Night“, откривајќи дека го завршила десетчасовниот маратон тресејќи се и во солзи од смеа. Додека многу актери го опишуваат снимањето интимни моменти како непријатно искуство, за Милер и Афлек, кој и го режирал филмот, денот се претворил во комедија, пишува „Unilad“. Пријателство кое ја ублажило непријатноста Во гангстерската драма од 2017 година, Афлек го толкувал гангстерот Џо Кофлин, а Милер ја толкувала неговата љубовница Ема Гулд. Во филмот глумеа и Зои Салдана, Ел Фенинг и Брендан Глисон, но и покрај ѕвездената екипа, филмот не помина добро кај критичарите, добивајќи само 35 отсто позитивна оценка на „Rotten Tomatoes“. Милер пред премиерата на филмот изјавила дека нејзиното пријателство со Афлек ѝ помогнало да го преброди снимањето интимни сцени. „Бен и јас сме, фала му на Бога, како брат и сестра, па немаше никаква непријатност. Имаше само многу глупаво кикотење. Тој е многу професионален, јас не сум, но тој е. Во такво опкружување, сцената испадна добро“, рекла актерката. Маратон од смеа на снимањето Таа се присетила и на својата реакција кога видела дека сценариото бара цела монтажна секвенца од нивните љубовни средби. „Таму пишуваше да го правиме тоа насекаде: во колата, во барот… Помислив: „Само ќе водиме љубов цел ден! Добро, како ќе го изведеме тоа?“, раскажала Милер. Снимањето на крајот траело девет часа. „Секако, по девет часа снимање, се тресев, а солзи ми течеа низ лицето. Не можам ни да ви го опишам тоа, но едноставно мора да се смеете. Бен остана професионален. Едноставно таква е работата“, рекла актерката. Таа додала дека во еден момент Афлек му рекол на директорот на фотографија само да „продолжи да снима“ додека симулираат секс. „Помислив: „Добро, Џо Кофлин е очигледно вистински мајстор“, се пошегувала актерката и како што рекла во еден момент морала да го напушти снимањето поради смеата. Улогата на координаторот за интимност Не е познато дали координатор за интимност бил присутен на снимањето на филмот „Live by Night“, улога што е сè почеста во филмската индустрија. Овие професионалци им помагаат на актерите да се чувствуваат безбедно и удобно додека снимаат чувствителни сцени. Координаторката за интимност Брук М. Хејни објаснила дека вистинско возбудување ретко се случува на снимањата. „Тоа не е баш вообичаено. Сепак сме на работа сме, нели? Со силни светла, микрофони, повеќе камери насочени кон вас, режисерот и остатокот од екипата што гледа на монитори, ситуацијата едноставно нималку не е секси“, истакнала таа.


Избран најшарениот град во светот: Европска дестинација со повеќе од 2,6 милиони бои

Избран најшарениот град во светот: Европска дестинација со повеќе од 2,6 милиони бои

Ирската компанија за патничко осигурување Џаст кавер (JustCover) го прогласи Лисабон за најшарен град во светот, покажува најновата анализа заснована на обработка на фотографии од различни светски дестинации. Според студијата, од избраните фотографии од португалската престолнина биле идентификувани повеќе од 2,6 милиони различни бои, што го става Лисабон на врвот на листата на визуелно највпечатливи градови. Истражувањето е направено во време кога патувањата сè почесто се документираат и споделуваат на социјалните мрежи, каде што естетиката и визуелниот ефект имаат сè поголемо значење при изборот на туристичката дестинација, особено кај љубителите на фотографија и дигитална содржина. Лисабон е препознатлив по своите пастелни фасади и декоративни керамички плочки, кои доминираат во историските квартови како Алфама. Дополнителен визуелен белег на градот се и познатите жолти трамваи кои се движат низ тесните и стрмни улички. На второто место се најде Куала Лумпур во Малезија, кој се издвојува по контрастот меѓу современата архитектура и традиционалните објекти, вклучувајќи ги и богато украсените храмови и светилишта. Третото место му припадна на Порто, уште еден португалски град, со што Португалија добива значајно место на оваа листа. Карактеристичните покриви од теракота, шарените куќи покрај реката и калдрмисаните улици придонесуваат за неговата препознатлива визуелна слика, додека историските вински подруми нудат дополнително искуство за посетителите. Четвртата позиција ја зазема Картахена во Колумбија, пристаништен град познат по живописната архитектура. Меѓу неговите најпознати обележја е жолтата кула – часовник на влезот во Стариот град, додека зградите во различни бои и балконите украсени со цвеќиња создаваат впечатлив и урбан поглед. На петтото место се наоѓа Рио де Жанеиро во Бразил, каде што биле регистрирани повеќе од 2,3 милиони уникатни бои на фотографиите. Меѓу најпознатите атракции се скалите Селарон, украсени со плочки во жолта, сина и зелена боја, кои привлекуваат голем број туристи секоја година. Анализата била спроведена врз основа на репрезентативни дневни фотографии за секоја локација, без употреба на силни филтри. Потоа бил користен специјализиран алат за детекција и пресметка за бројот на бои присутни на сликите, со цел да се утврдат најживописните градови во светот. На оваа листа се најде и еден град од Балканот. Дубровник е рангиран на 11. место, што го става меѓу најшарените туристички дестинации според ова истражување. © Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата КРАЈ НА АНОНИМНОТО СУРФАЊЕ? - ЕУ ја претстави новата апликација за проверка на возраста „ПОЛИЦИСКИ ЧАС“ пред екраните - БРИТАНИЈА ги притиска социјалните медиуми


„Среќен пат и мирно небо“  – Татјана Лазаревска ја испрати мајка и на аеродромот во Мелбурн, а еве кога се враќа и таа во Македонија

„Среќен пат и мирно небо“ – Татјана Лазаревска ја испрати мајка и на аеродромот во Мелбурн, а еве кога се враќа и таа во Македонија

Архива Мегафон Радио Милева Живот и стил Љубов и секс Промотер Лице в лице Ништо лично Билборд Стори Архива Мегафон Радио Милева Живот и стил Љубов и секс Промотер Лице в лице Ништо лично Билборд Стори Импресум Маркетинг Контакт Политика на приватност Услови за користење Архива „Среќен пат и мирно небо“ – Татјана Лазаревска ја испрати мајка и на аеродромот во Мелбурн, а еве кога се враќа и таа во Македонија Познатата фолк пејачка Татјана Лазаревска и сопругот Новица Василевски живеат во Австралија, со синовите Петар и Стефан долги години и се разделени од своите семејства во Македонија. Тие, колку што можат доаѓаат дома во татковината кај наблиските. Татјана ја има мајка и, Снежана, а татко и за жал замина од овој свет. Но, овој пат за време на празничните Велигденски денови што изминаа нејзината мајка беше на гости кај нив, во Австралија, поточно во Мелбурн каде што живеат. Сепак сега дојде денот кога треба да си оди. За овој трогателен момент Татјана веднаш се огласи пред следбениците. Татјана не додржа да го сподели овој момент со нејзината мајка, па се фотографираа на аеродромот, а пејачката веднаш се огласи на  социјалните мрежи каде што е активна. „Мајка“ – гордо напиша таа на фотографијата која ја сподели. Пејачката најави и кога се гледаат повторно, па во објавата на Фејзбук напиша: Среќен пат и мирно небо мамо Снежана Лазаревска…. се гледаме во Јули во Македонија …. Foto: printscreen/instgaram Поврзани теми Најнови вести „Среќен пат и мирно небо“ – Татјана Лазаревска ја испрати мајка и на аеродромот во Мелбурн, а еве кога се враќа и таа во Македонија Скопскиот ПРЕСС на Владо Георгиев заврши со песна: Само што овој пат тој не запеа, туку македонските новинари му пееја нему (ВИДЕО) Микропластиката е голем проблем: Нема ништо што не можат да го направат кога станува збор за здравјето, но еве како можете да ја намалите вашата изложеност Неодоливо вкусен Кекс колач Експертите предупредуваат: Четботовите често даваат неточни медицински информации Јавноста згрозена: Колегата му го краде бакшишот на Саша Матиќ среде настап, но ги заборави камерите (видео) Драгана Мирковиќ ја крстила ќерка си по оваа пејачка – еве за која станува збор Од истата категорија Скопскиот ПРЕСС на Владо Георгиев заврши со песна: Само што овој пат тој не запеа, туку македонските новинари му пееја нему (ВИДЕО) Јавноста згрозена: Колегата му го краде бакшишот на Саша Матиќ среде настап, но ги заборави камерите (видео) Драгана Мирковиќ ја крстила ќерка си по оваа пејачка – еве за која станува збор Мина Костиќ ја прекина соработката со менаџерот – Каспер ја превзема таа улога Можеби ќе ви се допадне „Среќен пат и мирно небо“ – Татјана Лазаревска ја испрати мајка и на аеродромот во Мелбурн, а еве кога се враќа и таа во Македонија Скопскиот ПРЕСС на Владо Георгиев заврши со песна: Само што овој пат тој не запеа, туку македонските новинари му пееја нему (ВИДЕО) Миа Костова со малку познати факти за себе: „Се срамам да кажам колку…“ Свечен ручек на посебен ден: Ева Нединковска и саканиот не чекаа многу за да си „дадат збор“ и пред најблиските Импресум Маркетинг Контакт Политика на приватност Услови за користење


Колку често треба да ги перете завесите?

Колку често треба да ги перете завесите?

Експертите предупредуваат дека завесите собираат прашина, алергени и мириси. Завесите често се занемарен детаљ во домот, иако играат важна улога во одржувањето на свежината и квалитетот на воздухот. Иако на прв поглед изгледаат чисти, всушност брзо акумулираат прашина, полен, чад и непријатни мириси. Не постои единствено правило за тоа колку често треба да се перат, но повеќето експерти препорачуваат интервал од три до шест месеци. Сепак, во становите во урбаните средини, како и во домовите со домашни миленици или пушачи, завесите треба да се перат почесто, приближно на секои три месеци. Во простории како кујната и бањата, овој период е уште пократок поради влагата и маснотиите. Причината за ова е што завесите делуваат како филтер што ги задржува нечистотиите од воздухот, што може да влијае на здравјето на домаќинството со текот на времето. Покрај перењето, се препорачува и редовно одржување како што е усисување или тресење помеѓу две темелни чистења. Пред перење, важно е да се провери етикетата на ткаенината. Повеќето материјали како памук и полиестер може да се перат во машина на нежна програма и ниска температура, додека понежните ткаенини, како свила или кадифе, бараат хемиско чистење. По перењето, најдобро е да се исушат природно, на воздух, за да се избегне оштетување на материјалот и собирање, а ако се вратат на шипката за завеси додека се уште малку влажни, нема да има потреба од дополнително пеглање. фото/Depositphotos


Скопскиот ПРЕСС на Владо Георгиев заврши со песна: Само што овој пат тој не запеа, туку македонските новинари му пееја нему (ВИДЕО)

Скопскиот ПРЕСС на Владо Георгиев заврши со песна: Само што овој пат тој не запеа, туку македонските новинари му пееја нему (ВИДЕО)

Архива Мегафон Радио Милева Живот и стил Љубов и секс Промотер Лице в лице Ништо лично Билборд Стори Архива Мегафон Радио Милева Живот и стил Љубов и секс Промотер Лице в лице Ништо лично Билборд Стори Импресум Маркетинг Контакт Политика на приватност Услови за користење Архива Скопскиот ПРЕСС на Владо Георгиев заврши со песна: Само што овој пат тој не запеа, туку македонските новинари му пееја нему (ВИДЕО) Вчера, среда, 15 април регионалната музичка ѕвезда Владо Георгиев беше во Скопје.  Ја одржа својата ПРЕСС конференција или како што тој самиот повеќе милува да каже, средба и дружење со новинарите по повод неговиот престоен концерт, закажан за 24 април во СЦ „Јане Сандански“. Во таква, неформална атмосфера на која инсистираше и самиот пејач мина средбата со „седмата сила“, која покрај своето новинарско знаење и  умеење во прашањата и темите за кои разговараа, покажа и завидно ниво на музички вкус, истенчен слух и вокални способности. Претходно Владо во опуштена атмосфера заедно со официјалниот ПР и ПРЕСС домаќин на настанот, Антонио Димитриевски ги сподели своите искуства од концертите на тековната турнеја насловена „Господски“, објаснувајќи меѓудругото дека истата е така насловена заради изгубените човечки вредности, нарушените односи меѓу луѓето, загубеното достоинство, непостоечкото ниво на култура и елементарно воспитание, исчезнатииот бон-тон и наметнатите лажни таканаречени „нови вредности“, кои всушност се изопачени антивредности. Покрај музичките, новинарите со Георгиев  начнаа и многу животни теми од денешицата, начинот на живеење и поимањето на нештата и т.н. „ново нормално“ во ова време на лажни вредности. „Едноставно ништо веќе не е свето, ништо не е господски“ -рече самиот Владо. Но, сепак кулминацијата дојде во моментот кога на предлог на ТВ водителката на Канал 5 ТВ, Милена Антовска-Станковска, падна песна со која заврши официјалниот дел на скопскиот ПРЕСС на Владо Георгиев. Само што овој пат не запеа тој, туку новинарите му пееја нему, „шокирајќи“ го пејачот… Се разбира, позитивно. Пријатно изненаден, Владо го зеде мобилниот и го снимаше моментот кој како што јавно кажа, никогаш петходно не му се случил во животот. Тој пред новинари пеел, ама тие нему – никогаш НЕ… се’ до тој момент! Пресреќен и задоволен, во истиот момент Владо клипот го сподели на своите Инстаграм приказни. Потоа, видно расположен, тој трпеливо одговараше на сите прашања во десетина интервјуа „еден на еден“ со колегите од различни медиуми. По ПРЕСС-от беше гостин и во неколку радио и ТВ емисии чија програма одеше во живо или беше снимена за одложно емитување. За потсетување, концертниот спектакал на Владо Георгиев во СЦ Јане Сандански во Скопје ќе се одржи на 24 април (петок) со почеток во 20 часот , како дел од регионалната турнеја насловена „Господски“! Фото: Приватна архива Поврзани теми Најнови вести Скопскиот ПРЕСС на Владо Георгиев заврши со песна: Само што овој пат тој не запеа, туку македонските новинари му пееја нему (ВИДЕО) Микропластиката е голем проблем: Нема ништо што не можат да го направат кога станува збор за здравјето, но еве како можете да ја намалите вашата изложеност Неодоливо вкусен Кекс колач Експертите предупредуваат: Четботовите често даваат неточни медицински информации Јавноста згрозена: Колегата му го краде бакшишот на Саша Матиќ среде настап, но ги заборави камерите (видео) Драгана Мирковиќ ја крстила ќерка си по оваа пејачка – еве за која станува збор Мина Костиќ ја прекина соработката со менаџерот – Каспер ја превзема таа улога Од истата категорија Јавноста згрозена: Колегата му го краде бакшишот на Саша Матиќ среде настап, но ги заборави камерите (видео) Драгана Мирковиќ ја крстила ќерка си по оваа пејачка – еве за која станува збор Мина Костиќ ја прекина соработката со менаџерот – Каспер ја превзема таа улога Вака денес изгледа Наташа Шавија – По пресудата, старлетата објави видео Можеби ќе ви се допадне Скопскиот ПРЕСС на Владо Георгиев заврши со песна: Само што овој пат тој не запеа, туку македонските новинари му пееја нему (ВИДЕО) Миа Костова со малку познати факти за себе: „Се срамам да кажам колку…“ Свечен ручек на посебен ден: Ева Нединковска и саканиот не чекаа многу за да си „дадат збор“ и пред најблиските Снеже Велков со велигденска лекција за луѓето и јајцата: „Не чекај да стане неподносливо за да си признаеш дека тука “нешто смрди”! Импресум Маркетинг Контакт Политика на приватност Услови за користење


10-годишно девојче побара од НАСА да го врати статусот на Плутон во планета. НАСА ѝ одговори

10-годишно девојче побара од НАСА да го врати статусот на Плутон во планета. НАСА ѝ одговори

Кога 10-годишната Каела Полкингхорн побара од НАСА да го врати статусот на Плутон во планета, таа не очекуваше раководителот на агенцијата да ѝ одговори. Четвртоодделенката од Тампа, Флорида, се заљуби во Плутон за време на училишна екскурзија во Музејот на наука и иновации. Таа гледаше филм на кој беа прикажани осум планети собрани околу Сонцето, при што Плутон беше изоставен и тажно прикажан како стои настрана. Сцената ја трогна, па таа и нејзините соученици напишаа писмо до НАСА барајќи Плутон да се врати во статус на планета. Дебатата за Плутон трае од 2006 година, кога Меѓународната астрономска унија (IAU) го прекласификуваше како џуџеста планета. Според таа дефиниција, планетата мора да биде тркалезна и мора да „ја исчисти својата орбита“ или гравитациски да доминира во својот регион од вселената. Бидејќи Плутон не го исполнува тој втор услов, бројот на официјални планети беше намален од девет на осум, што предизвика долготрајни дебати и емоционални реакции. Плутон, исто така, има силна историска димензија. Откриен е во 1930 година од Клајд Томбо во опсерваторијата Лоуел во Аризона, значаен момент за американската астрономија. Таа врска продолжува и денес, со тоа што гувернерката Кејти Хобс го прогласи Плутон за официјална државна планета на Аризона во 2024 година. „Го разгледуваме ова“ Писмото на Каела првично беше наменето само за НАСА, но откако семеен пријател го објави на социјалните медиуми, приказната брзо се прошири. За неколку часа, шефот на НАСА, Џаред Исакман, одговори, пишувајќи: „Каела, го разгледуваме ова“. Неговиот одговор дојде токму кога мисијата Артемис II се враќаше на Земјата, привлекувајќи дополнително внимание на јавноста. Иако НАСА не може самостојно да ја промени одлуката на Меѓународната астрономска унија, нејзината позиција сè уште има тежина во научната заедница. Некои научници, како што е планетарниот физичар Филип Мецгер, веруваат дека Плутон би можел да биде планета поради неговата сложена геологија и активна површина, и покрај фактот дека дели орбита со други објекти. За Каела, сепак, работата е поедноставна. Таа е воодушевена што Плутон е мал и „сладок“, а особено ѝ се допаѓа регионот во облик на срце на неговата површина што е фотографиран од вселенски сонди. Нејзината желба да стане астронаут и еден ден да патува до Плутон дополнително покажува колку оваа тема ја инспирирала, пишува Mashable.


(Видео) „Не носам градник затоа што сум престара за него, не ми е гајле дали градите ми се до колена“

(Видео) „Не носам градник затоа што сум престара за него, не ми е гајле дали градите ми се до колена“

Актерката и водителка Дру Баримор разговараше со Крис Флеминг во нејзината најнова епизода од „The Drew Barrymore Show“ и, како и обично, сподели некои од своите ставови. Дру често нагласува колку е важно да изгледа природно, дури и да се појавува без шминка, а сега зборуваше за градниците и колку ѝ е здодевно од нив. „Во моментов носам некое чудно боди. Го носам затоа што не сакам да носам градник. Уморена сум од градниците. Премногу сум стара за тоа и нема да ги носам повеќе. Не ми е гајле ако градите ми паднат до колена. Едноставно ми е здодевно од сè и повеќе не ми е гајле“, рече водителката. Нејзината изјава брзо беше дочекана со одобрување од публиката, а жените на социјалните мрежи најмногу ја поддржаа. Патем, Дру Баримор неодамна зборуваше за своето искуство со породувањето, таа имала два царски реза и е свесна дека нејзиното тело се променило. „Не можам да носам многу различни панталони. Пред некој ден се шетав во кратка маица и не можев да го закопчам јакната. Се што можев да мислам беше како не сакам никој да го види ова“, рече таа. Покрај тоа, Дру е една од ретките што отворено зборува за симптомите на перименопауза, додавајќи дека се чувствува како „насукана риба“. „Бев на работ да поминам една година без менструација и конечно да поминам низ менопауза, а потоа добив. Имав 11 месеци пауза, па се вратив на почеток“, се пожали Дру.


Ролс-Ројс го претстави најлуксузниот кабриолет на годината: Само 100 примероци за одбрани клиенти

Ролс-Ројс го претстави најлуксузниот кабриолет на годината: Само 100 примероци за одбрани клиенти

Првиот член на новата линија Coachbuild Collection ги има најголемите тркала некогаш монтирани на Rolls-Royce и е наменет за купувачи кои сакаат речиси уникатно возило во ограничено издание. „Ролс-Ројс“ го претстави „Проект Најтингејл“ , нов ултралуксузен електричен кабриолет кој ќе се произведува во само 100 единици. Моделот е првиот член на новата линија Coachbuild Collection , наменета за купувачи кои сакаат речиси уникатно возило во ограничено издание. Новиот кабриолет ја користи механичката платформа на актуелниот електричен модел Spectre , што значи дека е напојуван од два електрични мотори со најмалку 585 КС и 900 Nm, а можеби и повеќе во конечната спецификација. Она што го прави „Најтингејл“ посебен е неговата целосно нова каросерија без покрив, инспирирана од стиловите „Арт Деко“ и „Стримлајн Модерн“ од 1920-тите и 1930-тите. Автомобилот е долг речиси колку Фантом, но е дизајниран исклучиво за две лица. Цената не е официјално објавена, но се очекува да биде далеку над 1 милион долари , иако сепак малку пониска од целосно уникатните автомобили на Ролс-Ројс. Веќе е јасно дека поголемиот дел од планираните 100 примероци се нарачани однапред.


Во меѓувреме на митинг во Бугарија

Во меѓувреме на митинг во Бугарија

Државниот просперитет веднаш се забележува.


Кога ќе излезам на по едно пиво со другарите

Кога ќе излезам на по едно пиво со другарите

На нас едно ни се гледа… сега зависи секој има своја доза за ЕДНО.


И јас бев како Дамјан кога требаше да правам тест по математика

И јас бев како Дамјан кога требаше да правам тест по математика

Не знаев дали да плачам или да се задавам со мастиката 😄


Овие граѓани да си ги проверат сметките – денеска ќе добијат неочекуван прилив на пари!

Овие граѓани да си ги проверат сметките – денеска ќе добијат неочекуван прилив на пари!

Датумот 16 април носи значајна промена за Биковите, Шкорпиите и Јарците, токму во момент кога финансиската поддршка им е најпотребна. Овој ден означува прилив на средства што доаѓа како олеснување по подолг период на неизвесност, овозможувајќи им да се справат со долгови и семејни обврски кои долго време биле товар. За овие три хороскопски знаци, започнува фаза во која финансиските проблеми постепено се решаваат. Исплатите кои биле одложувани, како и обврските што се насобирале со години, сега конечно доаѓаат на ред и се затвораат во релативно краток временски период. По подолг период на чекање, пристигнува конкретна сума на пари која носи чувство на стабилност и сигурност, отворајќи простор за полесно планирање на иднината. Бик Биковите ќе се изненадат од прилив на средства од извор што веќе го сметале за изгубен или заборавен. Можно е да станува збор за вратен долг или за успешна продажба на нешто што долго време стоело без да донесе корист. Овој финансиски прилив ќе им овозможи да ги подмират тековните трошоци и да воспостават поголема контрола врз својата финансиска состојба, што ќе им донесе чувство на сигурност и олеснување. Шкорпија Шкорпиите конечно ќе добијат признание за вложениот труд, најчесто преку зголемување на приходите или неочекуван бонус. Овој прилив не е случаен, туку резултат на нивната упорност и ангажман во изминатиот период. Со овие средства, тие ќе можат да го стабилизираат својот буџет и да ги решат финансиските обврски што долго време им создавале притисок, носејќи им чувство на мир и рамнотежа. Јарец Јарците ќе се најдат пред можност за важен деловен чекор, како што е потпишување на договор или започнување на нова работа што носи сигурни приходи. Овој развој на настаните ќе има директно влијание врз нивната финансиска стабилност. Веќе со првите приливи, тие ќе можат да ги регулираат заостанатите сметки и да ја подобрат состојбата во домот, што ќе им помогне да воспостават поцврста основа за понатамошен напредок. Овој период означува крај на финансиската неизвесност за овие знаци и почеток на постабилна фаза, во која ќе имаат можност не само да се стабилизираат, туку и да создадат сигурност за иднината.



(Видео) Дали знаете која е оваа жена? Фаталната русокоса целосно го промени својот изглед

(Видео) Дали знаете која е оваа жена? Фаталната русокоса целосно го промени својот изглед

Големиот музички фестивал „Коачела“ оваа година собра бројни ѕвезди, а меѓу нив беше и едно добро познато лице – Хајди Клум. Сепак, моделот беше, па, речиси непрепознатлив. Хајди Клум, исто како и многу други јавни личности, не ја пропушти можноста да присуствува на фестивалот „Коачела“, кој оваа година се одржува во Калифорнија. Сепак, познатата Германка сакаше целосно да се предаде на моментот, и за овој настан одлучи, верувале или не, да го скрие лицето. За оваа пригода, таа носеше црна перика, беж фустан без прерамки и чипкана долна облека, а фотографиите и видеото ги објави на мрежите. Покрај тоа, додаде црни очила, мрежести чорапи и каубојски чизми. Овој пат, моделот ја промени и шминката и се одлучи за впечатлив црн кармин. Реакциите на социјалните мрежи беа бројни, а обожавателите брзо коментираа на оваа објава. „Оваа црна перика отклучи сосема нова верзија од тебе“, напиша еден корисник, додека друг додаде: „Алтер егото е активирано“.



Со кого имаше чест да разговара Мицкоски: Италијанскиот пластичен хирург што го изгради Tether во финансиски џин вреден милијарди

Со кого имаше чест да разговара Мицкоски: Италијанскиот пластичен хирург што го изгради Tether во финансиски џин вреден милијарди

Во крипто светот, постои компанија која буквално „печати пари“ со неверојатна ефикасност – Tether. Со само стотина вработени, оваа фирма обезбедува услуги за стотици милиони корисници ширум светот и остварува профити од десетици милијарди долари. Мозокот зад Tether, Џанкарло Девасини, доживеа неверојатна трансформација: од пластичен хирург, до еден од највлијателните луѓе во крипто-финансиите, позиција што му овозможи средби со водечки политичари на светско ниво, меѓу кои и македонскиот премиер Христијан Мицкоски. Под негово водство, Tether стана лидери во светот на крипто стабилни монети и тргна во амбициозна глобална експанзија преку инвестиции во рударство, медиуми и агробизнис.


Поради здравствени причини на Северина, нејзините концерти во Македонија се презакажуваат

Поради здравствени причини на Северина, нејзините концерти во Македонија се презакажуваат

Организаторите на концертите на Северина во Скопје, продукцијата „Прагма“, излезе со соопштение дека априлските концерти на Северина се презакажуваат за во месец декември годинава. Презакажувањето е поради здравствени причини на Северина. „Поради здравствени причини на Северина, следните концерти, односно концертот во Скопје и концертот во Копривница, се презакажуваат за нови датуми. Концертот во Скопје кој беше закажан за 18 април во арената „Борис Трајковски”, се презакажува за 5 декември 2026. Сите купени билети ќе важат за новиот термин. За оние кои нема да бидат во можност да присуствуваат на новиот датум, ќе биде овозможено враќање на средствата во рок од 10 дена, со приложување на билетите на местото на купување, а за онлајн билетите преку e-mail: [email protected] . Ве известуваме дека рефундацијата на средства завршува на 21.04.2026 и овој датум е конечен. Затоа, Ве замолуваме навремено да си ја извршите оваа обврска“ , се вели во соопштението од продукцијата „Прагма“.