мкд.најнови

мкд.ВЕСТИ

Израелската амбасадорка ја поздрави реакцијата на властите по обидот за палење на синагогата

Израелската амбасадорка ја поздрави реакцијата на властите по обидот за палење на синагогата

Израелската амбасадорка во земјава, Вивијан Аисен, ја поздрави реакцијата на македонските власти по обидот за опожарување на објект на Еврејската заедница и синагогата во Скопје. „Ви благодарам, министре. Брзите и решителни акции на македонските власти за истрага и повикување на одговорност на одговорните за овој гнасен антисемитски чин се од суштинско значење за спречување на потенцијални идни инциденти“, напиша Аисен на „Икс“. Претходно, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски го осуди обидот за палење, оценувајќи го како „апсолутно неприфатлив“. „Нема место за вакви дела во Македонија“, порача Муцунски, додавајќи дека е во тек истрага и дека сторителите ќе сносат одговорност. Од Министерство за внатрешни работи информираа дека на улицата „Апостол Гусларот“ биле пронајдени канистер за гориво и траги од горење во двор од верски објект, по што полицијата презема мерки за расчистување на случајот. Еврејска заедница во Македонија го осуди инцидентот, оценувајќи го како напад врз темелните вредности на општеството и предупреди на зголемен говор на омраза и нетолеранција. Од заедницата апелираа за целосно расветлување на случајот и обединета осуда од институциите, верските лидери и граѓаните.



Муцунски му честита на Маѓар за победата на изборите во Унгарија

Муцунски му честита на Маѓар за победата на изборите во Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски упати честитка до Петер Маѓар, лидер на партијата Тиса, по неговата победа на парламентарните избори во Унгарија. Во објава на „Икс“, Муцунски истакна дека демократската волја на граѓаните е најважна и изрази очекување за продолжување на билатералната соработка, заснована на партнерство и европски вредности. На изборите во Унгарија, по 16 години власт, пораз доживеа владејачката партија Фидес на премиерот Виктор Орбан, додека победи опозициската Тиса предводена од Маѓар. Според резултатите со обработени 97 проценти од гласовите, Тиса освои 138 пратенички места, наспроти 55 за Фидес, додека десничарската Ми Хазанк ќе има шест мандати. Со ваквиот резултат, Тиса обезбедува двотретинско мнозинство во парламентот.


Гужви на граница со Грција поради новиот ЕЕЅ систем

Гужви на граница со Грција поради новиот ЕЕЅ систем

Зголемено чекање е регистрирано на влез во земјава од грчка страна, по враќањето на македонските граѓани од продолжениот викенд. Причина за застојот е воведувањето на новиот систем за влез и излез (EES), кој од 10 април целосно се применува и предвидува дигитална регистрација наместо рачно печатирање на пасошите. Од граничниот премин „Дојран“ информираат дека на македонска страна нема задржувања, додека сообраќајот од грчка страна се одвива побавно, особено во попладневните часови. Новиот систем вклучува електронска евиденција и биометриска проверка, со фотографирање и земање отпечатоци од прсти, како и автоматска контрола на дозволениот престој од 90 дена во период од 180 дена.



Една недела под лупа: возачите со засилени контроли за брзо возење

Една недела под лупа: возачите со засилени контроли за брзо возење

Од 13 до 19 април ќе се спроведува европска акциска контрола на брзината на патиштата, во која се приклучува и македонската сообраќајна полиција како членка на Европската мрежа на сообраќајни полиции – ROADPOL. Во рамки на акцијата, на 15 април од 00:00 часот до 16 април до 00:00 часот ќе се реализира 24-часовен „Маратон на брзина“, при што ќе има непрекинати контроли на брзината на движење на територијата на целата држава. Од полицијата информираат дека брзото возење останува една од водечките причини за сообраќајни незгоди со тешки и смртни последици, поради што ваквите акции се насочени кон подигнување на свеста и промена на однесувањето кај возачите. Со имплементацијата на проектот „Безбеден град“ и редовните сообраќајни контроли се зголемува свесноста за ризиците од брзото возење, се поттикнува долгорочна промена кај учесниците во сообраќајот и, пред сè, се придонесува за спасување на човечки животи. Дел од локациите на кои ќе се спроведуваат контролите ќе бидат однапред познати на возачите, со цел да се засили превентивниот карактер на акцијата. Од надлежните потенцираат дека целта не е казнување, туку почитување на ограничувањата и создавање побезбеден сообраќај за сите. ROADPOL „Speed Marathon“ претставува заедничка акциска контрола која се спроведува истовремено на европските патишта. Апелот до возачите е јасен – да ја намалат брзината и да ги почитуваат сообраќајните правила, со што директно придонесуваат за поголема безбедност и спасување животи.



Променливо време со врнежи до четврток, најобилни на исток

Променливо време со врнежи до четврток, најобилни на исток

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, додека попладне и во текот на ноќта во јужните и западните делови се очекуваат локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието и засилен ветер од југоисточен правец, со брзина над 60 километри на час. Минималната температура ќе се движи од 4 до 10 степени, а максималната ќе достигне меѓу 17 и 22 степени. Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, а попладне променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од минимални 8 до максимални 21 степен. Во наредните денови, до четврток, времето ќе биде променливо облачно со услови за локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во четврток во источните делови, каде ќе има и услови за ретки грмежи. Во петок ќе преовладува облачно време, додека во сабота ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Во недела претпладне ќе биде сончево, а попладне повторно ќе има услови за дожд, особено во западните делови.



Напад во Затвор Штип: осуденик физички нападнал друг затвореник

Напад во Затвор Штип: осуденик физички нападнал друг затвореник

Во Казнено-поправната установа Затвор Штип бил пријавен инцидент во кој еден осуденик физички нападнал друг. Според пријавата во СВР Штип на 12 април во 12:45 часот, во полуотвореното одделение Д.С. (45) од Виница го нападнал Т.Ј. (21) од Штип, при што двајцата се осуденици во установата. Надлежните институции преземаат мерки за расчистување на случајот.


Драма во Неготино: Киднапирале 21-годишник со „мерцедес“ и го нападнале, полицијата ги уапси напаѓачите

Драма во Неготино: Киднапирале 21-годишник со „мерцедес“ и го нападнале, полицијата ги уапси напаѓачите

Двајца жители на демиркапиското село Корешница биле приведени откако полицијата постапила по пријава за сериозен инцидент во Неготино. Според информациите од ОВР Неготино, станува збор за Б.М. (37) и Ќ.С. (30), кои биле лишени од слобода во текот на попладневните часови. Тие се сомничат дека со патничко возило „мерцедес“ противправно лишиле од слобода 21-годишник од Неготино, при што му се заканувале со пиштол и остар предмет. По тоа, го однеле на непозната локација каде физички го нападнале. При полициската интервенција биле пронајдени и одземени пиштолот и други предмети поврзани со случајот, а за настанот бил известен јавен обвинител. Осомничените се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.


Ноќна драма во Куманово – автомобил изгоре, неколку лица пренесени во болница

Ноќна драма во Куманово – автомобил изгоре, неколку лица пренесени во болница

Неколку лица завршиле во болница откако во Куманово избувнал пожар во паркирано возило. Инцидентот се случил доцна вечерта на улицата „Тоде Мендол“, каде се запалил автомобил „смарт брабус“ со швајцарски регистарски ознаки. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, лицата кои биле во близина на местото на настанот вдишале чад и поради тоа биле пренесени во Ургентниот центар во Куманово, каде им била укажана лекарска помош. На терен интервенирала Територијалната противпожарна единица од Куманово, која успеала да го локализира и изгасне пожарот. По настанот, увид извршила екипа од СВР Куманово, а надлежните работат на утврдување на причините за избувнувањето на пожарот.



Муцунски му честита на Петер Маѓар, очекува продолжување на билатералната соработка

Муцунски му честита на Петер Маѓар, очекува продолжување на билатералната соработка

ОД 13 ДО 19 АПРИЛ - СУПЕРВНИМАТЕЛНО, наште ќе мерат брзина во европска акција НЕМА ВРЕМЕ КАКО ПОРАНО. Летото е изгор, снег нема а пролетта е скратена... ДО КОГА, И ЗОШТО?


Шест лица лишени од слобода за семејно насилство во последното деноноќие, вкупно пријавени седум настани

Шест лица лишени од слобода за семејно насилство во последното деноноќие, вкупно пријавени седум настани

На 12.04.2026 во 17:50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Ѓ.(41) од Скопје, поради тоа што на 11.04.2026 во домот физички ја нападнал неговата 43-годишна сопруга и и упатувал закани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 13.04.2026 во 00:40 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Н.Д.(45) од Скопје, поради тоа што на 12.04.2026 во домот физички ја нападнал неговата 41-годишна сопруга, искршил дел од покуќнината, а потоа и со остри предмети упатувал закани. Потоа, според пријавеното, неговите ќерка и син при обид да му ги земат острите предмети се здобиле со расекотини. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 13.04.2026 во 04:10 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Н.К.(40) од Хрватска, поради тоа што во домот на подрачјето на Центар физички ја нападнал неговата партнерка О.К.(37) од Украина и нејзината сестра, упатувал закани и искршил дел од покуќнината. Исто така во 09:00 часот Н.К. пријави дека во домот бил физички нападнат од неговата партнерка О.К. и се обидела со остар предмет да го нападне. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 12.04.2026 во 16:00 часот во СВР Куманово, вработена во Центарот за социјални работи Куманово пријави дека 13- годишник од Куманово бил психички малтретиран од неговиот татко и бил избркан од неговиот дом. Малолетникот ќе биде сместен во згрижувачко семејство, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 12.04.2026 полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода С.С. (26) од Кичево, постапувајќи по пријава од 27-годишна жена од Кичево дека била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг С.С. и Ќ.Д.. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави На 13.04.2026 полициски службеници го лишија од слобода Д.С. (33) од охридско, постапувајќи по пријава од неговата 24-годишна сопруга со која се во бракоразводна постапка, дека ноќта 12/13.04.2026 и го одзел насилно мобилниот телефон, по што физички ја нападнал и ја принудил да влезе во неговото возило, каде исто така ја нападнал и и нанел повреди. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. На 13.04.2026 во 01:15 часот во Богданци, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија лишија од слобода 37-годишен жител на Богданци, постапувајќи по претходна пријава дека 12.04.2026 околу 22:00 часот во семејниот сом физички ја нападнал неговата 26 -годишна сопруга. Тој е задржан во Полициската станица Гевгелија и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.


Македонскиот Караман, симболот на истрајноста, по четврт век конечно етаблиран во меѓународното кинолошко семејство

Македонскиот Караман, симболот на истрајноста, по четврт век конечно етаблиран во меѓународното кинолошко семејство

Караманот стана првото признаено македонско овчарско куче со самостојно национално потекло. Тоа од неодамна беше впишано и е дел од 378-те светски раси на кучиња на Меѓународната кинолошка мапа, со што дополнително се потврдува државата како земја со богато и автентично кинолошко наследство. Претседателот на Кинолошкиот клуб „Македонско овчарско куче Караман“ Илија Ико Каров, во разговор за МИА појаснува дека караман не е само ново име во меѓународните регистри, туку е и симбол на истрајноста, љубовта и визијата што повеќе од две и пол децении беа вложувани во афирмација на расата. За тоа како течеше целиот процес, Каров вели дека ова било едно незаменливо патешествие кое траело цели 20 години. Денес Македонија може да се пофали дека еден од нејзините живи симболи се веќе светски признаени и гордо го носат името македонско во целиот нивни назив“, вели Каров за МИА, кој нагласи дека ова не е победа на поединец, туку победа на непокор како на членовите на клубот, така и на целата Македонија. Тој појаснува дека расата потекнува од автохтоните планински кучиња кои со векови чувале стада низ македонските планини, но сепак, процесот на создавање на расата караман траел со години. Важно е колку ти се големи сништата. Денес сме сведоци дека сонот кога е воден од истрајност, љубов и визија може да стане реалност. Македонското овчарско куче Караман по 25 години посветена, тивка и макотрпна работа на Кинолошкиот клуб М.О.К. како и Кинолошкиот сојуз на Македонија, конечно, се стекна со условно признавање од Светската кинолошка федерација. Ова не е победа на поединец, ова не е победа на една идеја, ова е победа на една истрајност, и ова е победа на непокор како на нас од клубот така и на целата Македонија“, вели Каров на чинот на признавањето на караманот што се случи на 21 февруари. Значајна улога во процесот имале Влатко и Марјан Костовски кои уште од 1999 година почнале со прибирање на првите примероци, изградба на боксови и создавање услови за систематско одгледување. Каров за МИА вели дека главните одлики на оваа раса е тоа што станува збор за дефинитивно лојално куче и куче коешто е многу природно. Ова куче е настанато по пат на природна селекција и планината го има создадено како такво. Ние едноставно, само она што го има создадено планината, со помош на науката успеавме првенствено во бројки, а потоа текстуално да го пренесеме во стандардот“, вели Каров. Тој појаснува дека овие кучиња се одлични со деца и се покажале и како одлични миленици. Сепак, за да го чувате како миленик е неопходно да имате и двор. Сега тука ќе ми се налутат луѓето што ги чуваат по становите, нека ми простат за одговорот, јас сепак го застапувам ставот караман за да се чува треба да се има двор“, вели Каров. Во однос на тоа кои се предизвиците за одгледување чиста раса караман во денешни услови, Каров вели дека во времето кога изумира сточарството, наш најголем предизвик е регрутирање на нови чистокрвни единки. Затоа што селата, односно целиот рурален пејсаж во Македонија, трендот на изумирање е многу силен, трендот на миграција од село кон град е нешто што дефинитивно не може да се спречи. Едноставно со изумирањето на селата, а со тоа и на сточарството како гранка, ги среќаваме сè помалку, особено во чистокрвен формат во Македонија. Така што дефинитивно регрутирањето на нови чистокрвни единки претставува сè поголем и поголем предизвик“, појаснува тој. Негова препорака за луѓето кои сакаат да чуваат Караман, е дека тие најдобро егзистираат во автохтоно поднебје. На сите луѓе коишто сакаат да се бават со одгледување или со чување само на еден Караман дома, најтопло го препорачувам затоа што сепак станува збор за автохтона раса, а автохтоните раси најдобро виреат, односно егзистираат во автохтоното поднебје“, истакнува тој. Со истражувањето на д-р асс. Божиновски се прави јасна дистинкција меѓу караманот и шарпланинецот Најчесто поставуваното прашање е што е она што караманот го дели од шарпланинецот, од нашата прва национална гордост. Со цел да се направи јасна разлика, д-р асс. Димитар Божиновски од Ветеринарниот факултет – Скопје, спроведе истражување, со кое тој ги појаснува овие разлики меѓу двете раси. Божиновски, кој е асистент на Ветеринарниот факултет – Скопје по предметот анатомија и клиничка анатомија, и лекар на Универзитетската ветеринарна болница, за МИА појаснува дека неговата докторска дисертација се однесувала на караманот и на шарпланинецот, во која се прави јасна дистинкција помеѓу овие две кучиња. Тој, преку снимки од компјутерска томографија на главата на караманот и шарпланинецот, утврдил јасна дистинкција меѓу овие две раси. Накратко ќе се обидам да ви објаснам со јазик којшто ќе го разберат сите. Еве една слика и приказ како изгледа една краниоморфометрија на горниот дел од главата. Сите овие зелени линии се мерни единици коишто ние ги меревме на караманот и на шарпланинецот – на горниот дел од главата, како и на долниот дел од главата, исто така и на страничниот и на задниот дел од главата. Мерејќи ги овие мерни единици коишто беа први во целиот прв сегмент на целото истражување, најдовме една многу интересна разлика во делот на неврокраниумот. Ако се прашувате што е тоа, тоа е овој дел на черепот, каде што е единствената и круцијална важност за одлика на една раса“, појаснува тој. Божиновски вели дека токму во тој дел се сместени џвакачките мускули, тука се сместени ушните мускули, очните мускули, односно делот каде што ја карактеризира една раса по нивното функционирање, движење, експресија итн.. Но оваа разлика во овој дел од черепот, каде што повторувам, е исто така круцијална и е важна одлика за една раса, си реков зошто да не ја видиме и внатрешноста на черепот, односно волуменот на черепната празнина, односно волуменот каде што е сместен мозокот, наречен ендокранијален волумен“, појаснува Божиновски. Проучувајќи го тоа, гледајќи го тоа, најдовме една неочекувано голема разлика во проценти – од 40 до 60 проценти, што во науката тоа е доста голема разлика, така што во самиот ендокранијален волумен, повторувам, се воочува огромна разлика помеѓу караманот и шарпланинецот“, објаснува тој. Тој вели дека студијата ја направило уште поинтересна фактот што, проучувајќи го темпомандибуларниот зглоб на двете кучиња, не нашле големи разлики, но откриле дека овие две овчарски раси на кучиња имаат прекрасна конгруентност, односно прекрасна функционалност на зглобот. Божиновски појаснува дека тоа значи дека овие кучиња се настанати по вистинска природна селекција. Сето ова беше презентирано и на самиот собир во септември кога дојдоа од Светската научна комисија на ФЦИ организацијата, каде што завршија со многу прекрасни коментари дека ова е работа на светско ниво и дека сме рамо до рамо, пандан со светските анализи“, нагласува тој. Божиновски исто така истакнува и дека биле направени генетски анализи со помош на микросателити и микросателитско откривање, каде што се воочува драстична и многу забележлива разлика точно во тие локуси или микросателити во ДНК нишката. Што значи тоа? Тоа значи дека станува збор за две сосема различни раси“, заклучува Божиновски. Караманот како исклучиво македонска раса на овчарско куче првпат претставена во 2010 година, во 2011 караманот си доби и поштенска марка По речиси еднодецениско набљудување на бачилата на македонските планини и по согледување на зачестената присутност на македонскиот караман во македонската народна литература, браќата Влатко и Марјан Костовски се нафатиле на еден тежок и долготраен кинолошки проект – создавање исклучиво македонска раса на куче. Заради организирано зачувување на македонскиот караман, во 2004 се оформи Кинолошки клуб „Македонско овчарско куче – Караман“ – Скопје, кој потоа беше примен како полноправна членка во Кинолошкиот сојуз на Македонија. Кинолошки клуб „Македонско овчарско куче – Караман“ – Скопје, во соработка со Кинолошкиот сојуз на Македонија во поглед на стручна кинолошка помош, постојано води сметка за мерење и евидентирање на македонскиот караман, како и за архивирање на податоците, но и за селекција и за афирмирање на оваа раса во создавање, се до нејзиното конечно етаблирање во меѓународното кинолошко семејство, се наведува на сајтот на Кинолошкиот сојуз на Македонија. На ЦАЦИБ – изложбата што ја организира Кинолошкиот сојуз, на 9 мај 2010, на стадионот на АРМ, Кинолошкиот клуб „Македонско овчарско куче – Караман“, за првпат официјално ја претстави расата Македонско овчарско куче – Караман. Првпат по осамостојувањето, јавно беше изложена првата исклучиво македонска раса куче – Македонско овчарско куче караман. Караманот беше почестен со поштенска марка издадена од Македонски пошти во април 2011 година, што претставуваше значајно признание за оваа автохтона раса. Марката беше дел од напорите за промоција и заштита на Караманот како културно и природно наследство на Македонија. Неда Димова Прокиќ; Фото: Слободан Ѓуриќ; Видео : Андреј Бранковиќ


Се слави вториот ден од Велигден – Светол понеделник

Се слави вториот ден од Велигден – Светол понеделник

Православните верници денес го слават вториот ден од најголемиот христијански празник Велигден, познат и како Светол понеделник. Воскресението Христово завчера на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква. Бројни верниците ги посетија црквите, запалија свеќи и се помолија за добро здравје, среќа и благосостојба во домот и на своите најблиски. Христовото Воскресение Велигден се смета за најголем христијански празник, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Овој празник е спој на верата и традицијата, негувана од памтивек, а почнува на Велики четврток кога, пред изгрејсонце, домаќинките ги бојадисуваат првите црвени Велигденски јајца. Со денешниот Светол понеделник започнува светлата недела. Со оглед на тоа дека Велигденското славење трае три дена, на денешен ден се продолжува обилната гозба на која се честат гости, роднини, соседи, пријатели, кумови… Кај христијаните денешниот празник е познат и како Светол понеделник и за овој ден важно е да запомните дека денот треба да биде исполнет со веселба. Затоа дружете се, веселете се и целата година ќе ви биде успешна.


Доаѓа ли ново „Ледено доба“?

Доаѓа ли ново „Ледено доба“?

Иако во јавноста често се појавуваат сценарија за ново ледено доба, експертите предупредуваат дека таков развој не е на повидок во блиска иднина. Сепак, климатските промени предизвикани од човекот би можеле да имаат многу посериозни и долгорочни последици од самото „застудување“. Паралелно со глобалното затоплување, дел од теориите поврзуваат топењето на мразот на половите со можен колапс на Голфската струја, што би довело до драстична промена на климата и потенцијално ново ледено доба. Но, професорот Владимир Ѓурѓевиќ од Физичкиот факултет во Белград ја отфрла ваквата теза како поедноставување на сложен климатски систем. Тој објаснува дека Земјата во изминатите 100 години се загрева поради зголемената концентрација на јаглерод диоксид во атмосферата, а не поради природен циклус кој најавува ледено доба. Според Ѓурѓевиќ, евентуалното забавување или запирање на Голфската струја не би предизвикало глобално ледено доба, туку регионални климатски промени. Северниот Атлантик, како и делови од Северна Америка и Западна и Северна Европа, би можеле да се соочат со привремено заладување. Сепак, тоа не би значело крај на глобалното затоплување, туку само негово делумно „прикривање“ на одредени подрачја. „Тоа би било привремено нарушување на циркулацијата, кое би можело да трае децении или дури векови, но не и нешто што би ја вратило планетата во ледено доба“, објаснува тој. Потопла планета, но не и ново ледено доба Научникот предупредува дека, ако глобалната температура до крајот на векот се зголеми за 4 до 5 степени, шансите за влегување во ново ледено доба речиси би исчезнале. Таквото сценарио, наместо застудување, би донело екстремни горештини, нарушување на биосферата и промени во океанските струи. Комбинацијата на високи температури и висока влажност би направила големи делови од планетата тешко погодни за живот. Ѓурѓевиќ потсетува дека Земјата природно поминува низ циклуси на ледени и меѓуледени доба, но тие се случуваат во временски рамки од десетици илјади години. Во текот на последните 800.000 години, ваквите циклуси се повторувале редовно, при што ледот на половите значително се проширувал или повлекувал. На врвот на последното ледено доба, подрачјето на денешен Њујорк било покриено со лед дебел околу три километри. Човекот ја забрзува промената Она што денес ја издвојува климатската состојба од природните циклуси, според експертите, е брзината на промените. „Човечките активности ги забрзуваат климатските промени од 10 до 100 пати побрзо од природните процеси“, предупредува Ѓурѓевиќ, нагласувајќи дека токму тоа претставува најголем предизвик за иднината. Тој заклучува дека разликата помеѓу сегашната клима и онаа од пред само неколку децении веќе е значителна и дека нема природен феномен кој може толку брзо да ја објасни или да ја повтори таа промена.


Maѓар најави крај на „Орбанизмот“ на Балканот

Maѓар најави крај на „Орбанизмот“ на Балканот

Унгарската политичка сцена зовре по последната меѓународна прес-конференција на опозицискиот лидер Петер Маѓар, победникот и иден премиер, кој најави драматичен пресврт во надворешната политика на Унгарија и директно ги отвори прашањата за влијанијата на Будимпешта во Западен Балкан. Во жесток настап, Маѓар најави „крај на орбанизмот“ и дистанцирање од политиките поврзани со актуелниот премиер Виктор Орбан, особено во однос на регионалните интервенции и политичките влијанија. Маѓар испрати директна порака дека Унгарија повеќе нема да се вмешува во изборни процеси во регионот, со посебен акцент на Македонија. „Нема да влијаеме на избори, ниту во Северна Македонија, ниту во која било друга земја. Тоа завршува. Европа мора да почитува суверенитет“, порача тој. Најголемо внимание предизвика делот посветен на поранешниот македонски премиер Никола Груевски. Маѓар практично најави крај на унгарската политика на политички азил за лица со судски постапки, испраќајќи порака дека Унгарија нема да биде „скривалиште за меѓународно барани лица“. Во остар тон, тој индиректно порача дека ваквите случаи ќе бидат предмет на ревизија и меѓународна соработка. Ироничната порака дека „не е време за купување нов мебел“ беше протолкувана како сигнал дека статусот на дел од бегалците во земјата би можел да се промени. Поддршка за проширување на Европската Унија Лидерот на „Тиса“ нагласи дека идната унгарска политика ќе биде силно про-европска, со фокус на забрзување на проширувањето на ЕУ. Според него, земјите од Западен Балкан не смеат да останат заглавени во долги политички блокади и треба да добијат фер шанса за членство, доколку ги исполнуваат критериумите. Маѓар се осврна и на пошироките регионални односи, алудирајќи на политичките врски меѓу Будимпешта и Белград, предводен од претседателот Александар Вучиќ. Тој најави можни проверки на, како што ги нарече, „политички координации и влијанија“ во регионот, истовремено повикувајќи на поголема независност на медиумите и граѓанското општество. Пораките од Будимпешта се толкуваат како сигнал за потенцијално нова ера во односите меѓу Унгарија и Западен Балкан. Ако најавите на Маѓар се реализираат, политиката на Будимпешта би можела значително да се оддалечи од досегашниот курс и да се фокусира на намалување на влијанието во внатрешните политички процеси во регионот, вклучително и во Македонија.


Четирицикл излетал од патот во Тетовско, двајца млади завршија во болница со повреди

Четирицикл излетал од патот во Тетовско, двајца млади завршија во болница со повреди

На регионалниот пат Тетово–село Јажинце, во тетовското село Одри, се случила сообраќајна несреќа во која четирицикл со тетовски регистарски ознаки излетал од коловозот. Несреќата била пријавена во СВР Тетово на 12 април во 12:35 часот, а со четирициклот управувал М.Ќ. (19) од село Теарце. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.А. (20) од село Слатино, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош. Со тешки телесни повреди се здобил и возачот, кои биле констатирани во Ургентниот центар во Тетово. Фото: Depositphotos


Полицијата трага по возач кој прегазил малолетник во Балиндол и побегнал

Полицијата трага по возач кој прегазил малолетник во Балиндол и побегнал

Во Медицинскиот центар во Гостивар бил донесен малолетник од селото Балиндол со тешки телесни повреди, откако бил удрен од возило кое го напуштило местото на настанот. Случајот бил пријавен во ОВР Гостивар на 12 април во 20:10 часот. Според информациите, несреќата се случила околу 16:00 часот во близина на училиштето во селото. По укажаната медицинска помош, надлежните институции преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и целосно расчистување на случајот.


WhatsApp се менува: Во фокус оваа промена

WhatsApp се менува: Во фокус оваа промена

Најновата бета верзија на апликацијата WhatsApp навестува дека Статусите ќе бидат во центарот на вниманието во иднина. Иако опцијата Статус (слична на Instagram Stories) досега не беше примарна функција за корисниците на апликацијата, WhatsApp очигледно планира да ѝ даде поважна улога. Според WABetaInfo, новата функција ќе им овозможи на корисниците да го видат препознатливиот карусел од објави од нивните контакти директно над листата со пораки. Клучната разлика во споредба со Instagram ќе биде дискрецијата – оваа серија објави нема да биде постојано видлива, туку корисниците ќе мора да ја повлечат листата со разговори надолу за да се прикаже, што е решение слично на она што го користи Telegram. Системот автоматски ќе ги рангира објавите според релевантноста на контактите, давајќи им приоритет на луѓето со кои корисникот најчесто комуницира. На крајот од серијата, ќе има и опција за преглед на скриени објави од контакти што корисникот претходно ги исклучил. Како и досега, овие објави ќе исчезнат по 24 часа, со употреба на стандардни алатки како што се налепници и музика. Иако официјалниот датум на објавување е сè уште непознат, присуството на овие референци во бета верзиите на iOS и Android сугерира дека глобалното лансирање е многу блиску.



Приведен криумчар на мигранти во близина на ГП Долно Блаце, пронајдени четири лица од Индија

Приведен криумчар на мигранти во близина на ГП Долно Блаце, пронајдени четири лица од Индија

На 12.04.2026 околу 22:00 часот во близина на Граничниот премин Долно Блаце полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Блаце го лишија од слобода В.А.(72) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по чл.418-б од КЗ на РСМ. Имено во неговото возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, пронајдени се четири лица-мигранти од Индија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.


Во Охрид средба на Службите за спасување на планина од регионот

Во Охрид средба на Службите за спасување на планина од регионот

Претставници на организации за спасување на планина од Македонија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Косово и од Албанија ќе учествуваат на Регионалната средба на службите што од 17 до 19 април ќе се одржи во Охрид. На средбата што ќе се одржува во организација на Националниот сојуз за планинско спасување на Македонија, претставници на водечките спасувачки служби од регионот, членки на Меѓународниот сојуз за планинско спасување, ќе разгледуваат можности за унапредување на професионалните стандарди, зајакнување на координацијата и партнерствата, како и размена на искуства и современи практики во планинското спасување. Националниот сојуз за планинско спасување на Македонија ќе ги презентира своите активности, развојни насоки и иницијативи за јакнење на националниот систем за спасување. Во рамки на програмата ќе бидат претставени и капацитетите и оперативната подготвеност на Општинската организација на Црвениот крст од Охрид и на Алпинистичкиот клуб „Патагонија“, како и заедничките проекти насочени кон развој на оваа област. Средбата во Охрид е трета регионална средба во овој формат: Првата се одржа во Хрватска во 2024 година, додека втората лани во Словенија, кога беше потпишан Регионален договор за соработка. Документот предвидува редовно годишно одржување средби, со цел континуирано унапредување на стандардите и координацијата во планинското спасување.


Државната администрација во Франција се префрла на Linux

Државната администрација во Франција се префрла на Linux

Француската влада донесе одлука за постепена, но целосна миграција од оперативниот систем Windows кон Linux-базирани решенија, со цел да ја намали зависноста од странски технолошки компании и да го зајакне својот дигитален суверенитет. Како што пренесуваат француските медиуми, оваа стратегија доаѓа по претходни локални иницијативи, меѓу кои и примерот на градот Лион, кој минатата година ги замени Windows и Microsoft Office со бесплатни и отворени софтверски алатки. Европски тренд на намалување зависност од САД Во текот на април, повеќе француски институции одржале координациски состанок на кој е договорено да се намали користењето на „воневропски“ технологии и да се даде предност на решенија развиени во рамки на Европската Унија. Во таа насока, државната меѓуресорска дигитална служба ќе започне процес на замена на оперативните системи во владините компјутери со Linux-дистрибуции, при што конечниот избор на конкретна платформа сè уште не е утврден. Планот опфаќа и поширока дигитална трансформација – од системите за здравствени податоци, па сè до алатки за вештачка интелигенција, мрежна инфраструктура и административни бази на податоци. Секое министерство е задолжено да изработи сопствен план за транзиција до есен. „Дигитална независност“ како државна цел Францускиот министер за дигитална трансформација истакнал дека државата повеќе не може да се потпира на надворешни технолошки решенија и дека е неопходно преземање контрола врз клучната дигитална инфраструктура. „Ова е прашање на дигитална сувереност и долгорочна безбедност“, изјавил тој. Слични иницијативи веќе се појавуваат и во други европски земји. Данска најави постепено напуштање на Microsoft решенијата во јавниот сектор, додека Минхен претходно направи обид за премин кон Linux, кој подоцна делумно беше ревидиран со враќање на дел од Windows системите. Европските влади сè почесто ја ставаат дигиталната независност во фокус, особено во контекст на растечките геополитички тензии и прашањата за контрола врз податоците.





ФИЛИПЧЕ НЕМА ЛУКСУЗ ДА ГУБИ ВРЕМЕ СО ИЗБОРИ ВО ДРУГИ ДРЖАВИ, ако продолжи да се вози на приказната на Заев, СДС ќе исчезне

ФИЛИПЧЕ НЕМА ЛУКСУЗ ДА ГУБИ ВРЕМЕ СО ИЗБОРИ ВО ДРУГИ ДРЖАВИ, ако продолжи да се вози на приказната на Заев, СДС ќе исчезне

ВМРО-ДПМНЕ го повика лидерот на СДСМ Венко Филипче да се огради од криминалите на Зоран Заев, да ги засука ракавите и да го стави СДСМ на нозе, бидејќи „нема луксуз да губи време со избори во други држави“. „Венко Филипче и актуелното раководство на СДС, кое тој го постави по негова мерка, треба конечно да се оградат од Зоран Заев и сите нему блиски сомнителни проруски бизнис партнери во матни и криминални зделки. Такви матни крими партнери Заев има повеќе. Меѓу нив се сомнителни имиња на некои бизнисмени како Миодраг Дака Давидовиќ, Александар Онишченко, Борче Марковски. Еден од последните случаи за кои Филипче должи одговор е зделката Заев-Дака. Или во 2020 година со амин на владата тогаш предводена од Заев се менува урбанистичкиот план во Тетово со што на контроверзниот бизнисмен Дака му се овозможува заработка во висина од околу 200 милиони евра. Филипче, сега, како чувар на фотелјата на Заев во СДС е должен да одговори, дали бил договорен и процент од продажбата на становите кои во тоа време биле проценети на 200 милиони евра? Дака, инаку, е на црната листа на САД“, се наведува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, приоритет број еден на Филипче треба да му биде оградувањето од Заев ако сака СДСМ да застане на свои нозе. „А, СДС, токму тој го втурна во жива кал и сега оди само надолу што се гледа и од резултатите на последните минатогодишни избори на кои паријата едвај е трета во некои општини, а во некои дури и петта. Филипче, затоа помалку грижи се за избори и изборни резултати во други држави. Засукај ги ракавите и стави ја својата партија, на здрави нозе, ако може да се каже дека е твоја, бидејќи ти си таму само чувар на фотелјата. И тоа е пред сѐ важно, бидејќи за развој на една држава потребна е здрава опозициска партија, опозициска партија која стои на свои нозе. Само така ќе помогнете во и за државата и за граѓаните. Филипче, ако продолжиш да се возиш на приказната на Заев, СДС може да се соочи со исчезнување од политичката сцена. Секако, криминалите на другар ти Заев мора да ги истражат надлежните правосудни органи во Македонија“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. © Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата „ЗЕМЈА БЛАГОСЛОВЕНА СО СОНЦЕ“ - „CNN Travel“ ја открива МАКЕДОНИЈА МВР го истражува ОБИДОТ ЗА ПАЛЕЊЕ на објектот на Еврејската заедница



Третиот ден Велигден важи за најсреќен – народните верувања се пренесуваат со векови

Третиот ден Велигден важи за најсреќен – народните верувања се пренесуваат со векови

Во некои краишта велигденските празнувања не завршуваат веднаш, туку траат три дена, па радоста и семејната атмосфера продолжуваат и во вторник. Токму овој ден, познат и како Свет вторник во одредени места, во народната традиција се смета за исклучително среќен и исполнет со убави значења. Според старите верувања, овој вторник се издвојува од сите други денови во годината и се смета за посебно поволен. Се верува дека носи радост, благодат и добри почетоци, па затоа многумина токму тогаш се собирале со блиските, ги обновувале старите пријателства и го поминувале денот во весела атмосфера. Народните кажувања велат дека децата родени на овој ден ќе имаат среќен и долг живот. Исто така, постои верување дека свадбите склучени тогаш носат бериќет и хармонија во новото семејство. Поради тоа, овој ден во минатото често бил избираn за важни семејни настани. Според обичаите, добро е на овој ден човек да тргне на пат или да посети некого. Се верува дека ако при поаѓање се замисли желба, таа може да се оствари, а патот да помине во среќа и добар знак. Во исто време, во некои средини постоеле и верувања дека не треба да се пере или шие машка облека. Суштината на денот, според традицијата, е во радоста, дружењето и споделувањето убави мигови со најблиските. Токму затоа, третиот ден од Велигден и денес за многумина останува симбол на среќа, надеж и убав почеток.



Охриѓанец кој бил во ноќен клуб заедно со својата ќерка добил закани и агресивно однесување од лице на 30 години

Охриѓанец кој бил во ноќен клуб заедно со својата ќерка добил закани и агресивно однесување од лице на 30 години

На 12.04.2026 во 13:00 часот во СВР Охрид 45-годишен маж од Охрид пријави дека на 12.04.2026 околу 03:00 часот, додека бил во ноќен клуб заедно со својата ќерка и други лица, се приближил маж на возраст од околу 30 години и почнал да се заканува и агресивно да се однесува и почнал да го турка пријавителот, но бил спречен од обезбедувањето на ноќниот клуб. Исто така, на 12.04.2026 околу 12:00 часот лицето се јавило на мобилен телефон кај пријавителот и го повикало да се сретнат во близина на маркет во Охрид, каде исто така почнал да го турка и да му се заканува. По добиената пријава, во полициска станица е повикан (30) од Охрид и со него е извршен службен разговор. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.


Петер Маѓар го „сруши“ интернетот, за 48 часа стана најспомнуваното политичко име во Европа

Петер Маѓар го „сруши“ интернетот, за 48 часа стана најспомнуваното политичко име во Европа

Петер Маѓар за само 48 часа се претвори во едно од најекспонираните политички имиња во европскиот медиумски простор, откако на парламентарните избори во Унгарија на 12 април ја оттурна од власт партијата на Виктор Орбан и со Тиса освои 138 од 199 пратенички места, доволно за двотретинско мнозинство. Орбан го призна поразот, а изборниот пресврт веднаш стана ударна вест во меѓународните агенции, европските телевизии, анализите, живите блогови и утринските политички прегледи. Точна бројка за „сите споменувања“ во сите медиуми не може чесно да се утврди без професионални мониторинг-бази, но во јавно достапен и проверлив примерок од последните 48 часа името Петер Маѓар се појавува во најмалку 21 одделна медиумска објава од само дел од големите редакции. Само Ројтерс објави најмалку седум посебни текстови и развои, Асошиејтед прес најмалку четири, Гардијан три, Ал Џезира две, а Euronews најмалку две одделни содржини во кои Маѓар е централна фигура, а не споредна референца. Кога на тоа ќе се додадат и анализи и извештаи од други меѓународни медиуми, станува јасно дека неговото име за два дена практично го преплави информативниот циклус. Причината не е само во изборната победа, туку во тежината на поразот на Орбан по 16 години власт и во симболиката што Маѓар ја доби во Европа: човекот што успеа да ја скрши најдолговечната нелиберална власт во ЕУ, да отвори прашање за одмрзнување на европските фондови, за односите со Украина и за нова позиција на Будимпешта кон Брисел и Москва. Затоа неговото име не циркулира само како унгарска вест, туку како термин што ја означува пошироката политичка промена во Европа. Фото галерија: Голема журка на улиците на Будимпешта, Унгарија го славеше поразот на Орбан


Земјотрес од 4,7 степени ја вознемири Турција, луѓето излегоа на улица

Земјотрес од 4,7 степени ја вознемири Турција, луѓето излегоа на улица

Силен земјотрес ја погоди Турција, при што потресот бил регистриран во близина на познатото туристичко подрачје Анталија, предизвикувајќи вознемиреност кај жителите и туристите. Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), земјотресот имал јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на потресот бил лоциран во морето, на релативно мала длабочина од околу 6 километри, на приближно 115 километри од Анталија, што придонело потресот да биде почувствуван на пошироко подрачје. Граѓаните кои се наоѓале во регионот сведочат дека тресењето било краткотрајно, но доволно силно за да предизвика паника, особено во повисоките згради. Во делови од Анталија и околните туристички места, луѓето излегле надвор од домовите и хотелите веднаш по потресот, стравувајќи од можни последователни удари. За среќа, според првичните информации од надлежните служби, нема пријавени жртви ниту материјална штета, а не е издадено ниту предупредување за цунами, иако епицентарот бил во морето. Сеизмолозите објаснуваат дека овој регион е дел од активна сеизмичка зона, каде ваквите земјотреси не се невообичаени, но ретко предизвикуваат сериозни последици кога се со ваква јачина. Сепак, ваквите настани се потсетник дека Турција се наоѓа на едно од најактивните тектонски подрачја во светот. Надлежните институции продолжуваат да ја следат состојбата, а граѓаните се повикани да останат смирени и да ги почитуваат препораките за безбедност во случај на евентуални нови потреси.



Јадранка Косор по падот на Орбан: ничија власт не трае вечно

Јадранка Косор по падот на Орбан: ничија власт не трае вечно

Косор по падот на Орбан стана дел од пошироката европска политичка еуфорија, откако поранешната хрватска премиерка Јадранка Косор денес, на 13 април, преку Икс порача дека унгарскиот изборен пораз на Виктор Орбан е „порака за силниците дека ничија не е довека“. Нејзината реакција дојде веднаш по историскиот пресврт во Унгарија, каде по 16 години власт Орбан призна пораз, а опозициската Тиса на Петер Маѓар освои убедливо мнозинство што, според речиси целосно преброените гласови, се движи кон 138 од 199 пратенички места. Силата на пораката на Косор не е само во честитката до победникот, туку во политичкиот товар што го става врз поразот на Орбан. Со формулацијата дека во демократиите е важна силна опозиција, а не онаа што се плаши и се прилепува до власта, таа практично не зборува само за Будимпешта, туку и за пошироката состојба во регионот, каде авторитарниот стил, медиумската контрола и долготрајната власт често се претставуваат како нормалност. Нејзината објава затоа звучи и како регионална политичка лекција, а не само како коментар за туѓи избори. Поразот на Орбан, според Ројтрес и АП, не е обичен изборен неуспех, туку крај на еден од најдолгите и највлијателни нелиберални проекти во Европа. Унгарскиот премиер со години беше симбол на модел што комбинираше национализам, притисок врз институциите, блискост со Москва и постојан судир со Брисел. Токму затоа и реакциите од европскиот политички центар се толку емотивни: не се слави само смена на власт, туку и можност дека еден долго граден систем конечно може да биде оттурнат преку гласачката кутија. Во таа смисла, објавата на Косор е кратка, но политички густа. Таа не остава простор за дипломатска рамнотежа, туку јасно го чита исходот како пораз на сила што предолго верувала дека е недопирлива. Токму затоа нејзините зборови денес одекнуваат повеќе од обична реакција на Икс: тие се обид да се фати моментот кога еден изборен резултат се претвора во порака за целиот регион дека и најцврстите власти сепак имаат рок на траење.


Ансамбл „Керамичар“ освои второ место на Меѓународен фолклорен фестивал “Велигденски средби“ во радовишко Ораовица

Ансамбл „Керамичар“ освои второ место на Меѓународен фолклорен фестивал “Велигденски средби“ во радовишко Ораовица

Втората награда ја освои првиот состав на велешкиот Ансамбл за  кореографијата „Лазаренки“ која дел е од македонската традиција посветена на верскиот празник Лазарица. Играорките на „Керамичар„ како што најави претседателот на Управниот одбор, Томе Јаневски, го освоија вниманието на фестивалската публика и секако на Жири комисијата. – Кореографијата Лазаринки, како што веќе реков, само една е од повеќето кои се атрактивни како за играње така и за публика кога ансамбл „Керамичар“ настапува на фестивали како дома така и ширум Европа. Им честитам на играорките на освоеното второ место. Ми причинува задоволство што бевме дел од натпреварувачките вкупно 21 културно уметнички друштва и ансамбли. На домаќините и организатори на фестивалот им посакувам уште многу успешни фестивалски изданија, додаде Јаневски. Мултикултурниот изворен фолклорен фестивал „Велигденски средби“ во село Ораовица, кај Радовиш се одржа по 22 пат, секогаш на втор ден Велигден. Фестивалот привлечен е за голем број Културно уметнички друштва, Ансамбли, пејачки групи и интерпретатори како од Македонија така и од странство. Фестивалот посетен е од голем број на публика како домашна така и од Македонци од источниот дел на државата кои работат и живеат во странство но секоја година доаѓаат во родниот крај за да ги одбележат Велигденските празници во кругот на семејството и родните краишта. Убавка Јаневска Сподели: Поврзано: Децата во Чашка организираа Велигденски базари, се… Ансамбл „Керамичар“ на Меѓународен фолклорен…


24 разговор: Што ќе значат промените во Унгарија за Македонија?

24 разговор: Што ќе значат промените во Унгарија за Македонија?

Падот на Орбан ќе има влијание врз македонско-унгарскиот однос. Особено ќе биде интресено прашањето за статусот на политичкиот азилант Никола Груевски. Ова се поентите од разговорот со аналитичарот Мерсел Биљали.


Вештачката интелигенција пристигнува во здравството – дали сме подготвени?

Вештачката интелигенција пристигнува во здравството – дали сме подготвени?

„Вештачката интелигенција (ВИ) носи големо ветување за унапредување на здравствената заштита и медицината ширум светот, но само ако етиката и човековите права бидат поставени во самото средиште на нејзиното обликување, воведување и употреба.“ (Светска здравствена организација – Етика и управување со вештачката интелигенција за здравјето – 2021) Македонското здравство не се наоѓа на почетокот на интегрирање на дигитализацијата во системот. Процесот е отпочнат, институционално поставен и системски продолжува да се развива, притоа, што е и најважно, тој видлив. „Мој Термин“ повеќе од една деценија ги поврзува електронскиот здравствен картон, упатите и рецептите. Апликацијата „Мое здравје“ им овозможува на граѓаните пристап до сопствените прегледи, упати, рецепти и вакцинации. Паралелно, подготвени се законски измени што предвидуваат целосно електронско водење на медицинската документација, а телемедицината ќе добие рамноправна институционална вредност во однос на физичкиот преглед. Македонија веќе засилено гради дигитална основа и затоа денес пред нас стои едно поважно прашање: дали ќе влеземе во ерата на ВИ подготвен или ќе дозволиме таа да нè затекне без подготвен здравствен, правен и етички одговор. Најнапред треба да се нагласи суштинската разлика што често се губи во јавните расправи. Дигитализацијата собира, поврзува и организира податоци, додека пак ВИ анализира, предвидува, препорачува и почнува да влијае врз расудувањето и одлучувањето. Дигитализацијата е инфраструктурната основа, а ВИ е надградбата, новата фаза која во себе ја апсорбира моќта на одлучувањето. Затоа на Македонија не ѝ е доволна само општа дигитална трансформација на здравството, потребен е развој на посебен пристап кон ВИ. Неопходна е државна зрелост која треба да се изрази низ нијансирана системска рамка што ќе ги спои медицината, правото, етиката, сајбер-безбедноста и јавниот интерес. Светските институции веќе предупредуваат дека токму тука се отвора најчувствителниот јаз. СЗО во 2025 утврди дека само 8% од земјите во Европа имаат посебна национална стратегија за вештачка интелигенција во здравството, додека 86% ја посочуваат правната неизвесност како главна пречка, а само 8% имаат поставено стандарди за одговорност ако системот предизвика штета. Европската комисија, пак, наведува дека софтверите за медицински цели спаѓаат меѓу високоризичните системи и затоа мора да бидат подложни на строги барања за квалитет на податоци, човечки надзор, намалување на ризикот и прецизни информации за корисникот. Суштината е дека технологијата напредува брзо, но довербата во здравството не смее да се гради брзо, односно таа се развива внимателно и правилно. Во оваа тема има и еден подлабок, филозофско-етички слој, а тоа е стравот, кој, во овој случај, не се должи само на ВИ како нешто ново и непознато за професионалното искуството кое е зад нас во животот. Стравот извира и од можноста човекот да потоне и стане нејасен или магловит фактор во систем кој треба да биде кристално јасен – пациентот да не знае кој одлучува, лекарот да почувствува дека некој невидлив механизам му се вметнува меѓу неговото знаење и судбината на болниот. Токму затоа УНЕСКО нагласува дека заштитата на човековите права и достоинството е темел на етиката на ВИ и дека човечкиот надзор не смее да се дозволи да биде пртоколарна формалност, туку суштинска гаранција. Технолошкиот ентузијазам со кој ја приваќаме ВИ не е доволен за да ги намалиме стравовите, потребна е морална структура во системот. Луѓето ќе веруваат на ВИ во здравството само ако знаат дека таа не го оттуѓува човекот од центарот. Затоа е важно да се каже нешто едноставно, а тоа е дека во медицината не смее да постои „анонимна одлука“. Ако алгоритмот помогнал во тријажата, скринингот, толкувањето на ренгенска слика или во проценката на ризик, тоа треба да биде проверливо и објасниво. Доколку се случи системот да погреши, во тој случај, под ниту една „објективна“ околност не смее одговорноста да исчезне во сивата зона на алгоритамските пресметки. Опасноста од пристрасност на одлуките може да се должи на пристрасноста на податоците врз основа на кои истите тие се носат. Во овој контекст на потенцијални и реални ризици, станува важен насочениот пристап кон интегрирањето на ВИ, кој ќе треба постојано да врши корекции на процесите во здравството, со цел да ги држи во етички рамки. Светот веќе нуди конкретни примери дека ВИ може да биде функционалне дел од здравствениот систем, но само кога е поставена во клиничка и институционална рамка. Во Англија, The National Health Service (NHS) информира дека алатка за брзо толкување на снимки кај мозочен удар е веќе распоредена во мрежа од повеќе од 70 болници, околу 15.000 пациенти директно имале корист од ваквиот пристап и благодарение на побрзото препознавање на тромбот, пациентите добиваат животно важна интервенција за повеќе од еден час порано. Не станува збор за научна фантастика, ова е пример каде ВИ е вградена во конкретен здравствен сегмент – акутниот мозочен удар – за да му помогне на лекарот да донесе побрза одлука таму каде што секоја минута е важна за исходот од лекувањето. Македонија, од своја страна, веќе има процеси што покажуваат дека оваа тема навремено се отвора. Министерството за дигитална трансформација минатата година го претстави проектот „Везилка“ – Национален центар за вештачка интелигенција, при што здравството изречно е наведено како една од приоритетните области, преку анализа на здравствени податоци и подобрување на медицинските услуги. Воедно, министерството за здравство работи на финализирање Национална стратегија за дигитално здравство, со фокус на интероперабилност, HL7 FHIR стандарди, audit trails, role-based access и real-time analytics, а телемедицински пилот-проект веќе успешно е спроведен на релација Скопје–Дебар–Делчево. Тоа значи дека државата веќе ја отвора вратата кон следната фаза. Но секоја отворена врата бара и чувар. Во здравството, тој чувар мора да биде на ниво национална политика. Токму затоа сметам дека на нашата држава ѝ е потребен развој на сопствен, доверлив пристап кон ВИ во здравството. Пристап во кој конечната клиничка одлука ќе ја носи човекот, а не алгоритмот. Во таква рамка, секоја ВИ-алатка ќе биде клинички валидирана, етички надгледувана и правно уредена пред да стане дел од праксата. Чувствителните здравствени податоци не смеат да се претворат во суровина без правила и силна заштита. Лекарите треба да бидат обучени да ја користат технологијата, но и да знаат каде завршува нејзината корист, а каде почнува потребата од човечка проценка и одлука. И најважно, пациентот мора да биде сигурен дека државата не ја жртвувала неговата безбедност во име на брзината на иновацијата. Новите дигитални алатки и ВИ се важни, но не се доволни за да се одреди во целост иднината на здравството, потреба е човечка мудрост за да ги ставиме под правила. Дигитализацијата веќе е интезивен процес во Македонија, а следниот голем чекор ќе биде создавање на посебен, одговорен и достоинствен пристап кон ВИ во здравството.


(ФОТО) Воскресна вечерна Богослужба во храмот Св. Софија

(ФОТО) Воскресна вечерна Богослужба во храмот Св. Софија

ВОСКРЕСНА ВЕЧЕРНА БОГОСЛУЖБА Неговото Високопреосвештество Митрополитот на Дебарско-кичевската епархија г.Георгиј, во храмот Св. Софија – Охрид, отслужи Воскресна вечерна богослужба со читање на евангелието на различни јазици.


Кој навистина го контролира претседателот на САД? Вистината за импичментот и амандманот XXV

Кој навистина го контролира претседателот на САД? Вистината за импичментот и амандманот XXV

Во политичките системи каде моќта е концентрирана во една функција, секогаш се поставува истото прашање: што се случува кога таа моќ ќе излезе од контрола? Во Соединетите Американски Држави, ова прашање не е само теоретско. Напротив, во одредени периоди особено во контекст на владеењето на претседатели како Доналд Трамп станува дел од секојдневниот јавен дискурс. Тогаш, во фокусот се појавуваат два механизма: импичментот и амандманот XXV. На прв поглед, овие два механизма изгледаат како различни патишта кон иста цел, отстранување на претседателот. Но, нивната вистинска улога е многу посуптилна. Тие не се само алатки за справување со кризи, туку дел од внимателно дизајниран систем што треба да спречи институционалните и политичките кризи да ескалираат. Систем што не ѝ верува и не дозволува апсолутната моќ Американскиот политички систем, утврден во Уставот на САД, се темели на принципот на „checks and balances“ или со наш јазик кажано „систем на кочници и рамнотежа“. Неговата основна логика е едноставна, но суштинска: моќта мора да биде ограничена за да не стане злоупотребена. Затоа, власта е поделена на три гранки: извршна (претседателот); законодавна (Конгресот) и судска (судовите). Ниту една од нив не е апсолутна. Секоја постои и за да управува, и за да контролира. Во таа рамка, импичментот и амандманот XXV не се исклучоци туку конкретни алатки на овој систем. Две прашања што го дефинираат системот За да се разберат овие механизми, доволно е да се постават две основни прашања: 1). Дали претседателот смее? и 2). Дали претседателот може?. Импичментот одговара на првото, а амандманот XXV на второто прашање. Оваа поделба не е формалност, туку суштинска линија што го одделува прашањето на одговорност од прашањето на способност. Каде е границата меѓу „не смее“ и „не може“? Во теорија, разликата изгледа јасна. Но во пракса, таа понекогаш се замаглува. Однесување што јавноста го смета за ризично или непромислено може да се толкува на два начина: како прекршување што бара политичка одговорност или како сигнал за неспособност за рационално управување. Токму во овие „сиви зони“ се отвора простор за дебата и тоа не само политичка, туку и институционална. Импичмент: кога се доведува во прашање однесувањето Импичментот е алатка на законодавната власт односно на Конгресот, кој е составен од два дома: Претставнички дом и Сенат. Претставничкиот дом (Долен дом) брои вкупно 435 пратеници. Бројот на претставници на една држава зависи од бројот на населението. За покренување импичмент потребно е просто мнозинство (50% + 1) што значи најмалку 218 гласови ако сите се присутни. За разлика од него Горниот дом или Сенатот брои вкупно: 100 сенатори. Секоја држава е застапена со по 2 сенатори (без разлика на големината односно на бројот на население во неа). За импичмент потребни се 2/3 од присутните сенатори, односно најмалку 67 гласови ако се присутни сите 100 сенатори. Тој се активира кога постои сомнеж дека претседателот: ја злоупотребил функцијата; прекршил закон или ја нарушил јавната доверба. Станува збор за процес што е истовремено правен и политички, и се одвива во две јасно дефинирани фази. Првата фаза започнува во Претставничкиот дом, кој има овластување да покрене импичмент. За тоа е потребно просто мнозинство од присутните пратеници. Со оваа одлука, претседателот формално се „обвинува“, но не се отстранува од функцијата. Втората фаза се одвива во Сенатот, кој функционира како суд. Таму се одржува постапка слична на судење, по што сенаторите гласаат за конечната одлука. За отстранување на претседателот е потребно двотретинско мнозинство (2/3) од присутните сенатори, што претставува висок праг и значи дека е потребна широка политичка согласност. Важно е да се нагласи дека и во двата случаи станува збор за висок праг на одлучување (2/3 мнозинство), што во пракса значи дека без широка политичка согласност, ваквите одлуки не можат да се донесат. Токму поради ова: импичментот не значи автоматско отстранување, туку отворање на процедура што може да доведе до тоа, но само ако постои доволно силен и широк консензус. Историјата покажува дека овој механизам се користи ретко и внимателно. Претседатели како Ендрју Џонсон, Бил Клинтон и Доналд Трамп (во два наврата) беа импичирани, но не беа отстранети од функцијата. Во овој контекст би го споменал и случајот на Ричард Никсон (во аферата со прислушување „Вотергејт“) кој поднесе оставка пред да дојде до финална одлука во Сенатот. Амандманот XXV: кога се доведува во прашање способноста на претседателот За разлика од импичментот, амандманот XXV не се занимава со вина, туку со способноста на претседателот да ја извршува функцијата. Тој предвидува процедура за ситуации кога претседателот не е способен да ја извршува својата функција, односно кога не може ефективно да функционира или да донесува одлуки. Неговата цел е јасна: да обезбеди континуитет на власта, дури и во услови на криза. Амандманот предвидува два начина на примена: доброволен и присилен. Во првиот случај, претседателот сам ја известува законодавната власт дека привремено не е способен да ја врши функцијата. Во тој период, потпретседателот станува вршител на должност претседател, сè додека претседателот не извести дека повторно е способен. Вториот случај е посложен и чувствителен. Доколку претседателот не може или не сака да ја признае својата неспособност, потпретседателот може заедно со мнозинство од кабинетот формално да го извести Конгресот дека претседателот не е способен. Со оваа одлука, потпретседателот веднаш ја презема функцијата како вршител на должност. Доколку претседателот се спротивстави и изјави дека е способен, започнува институционален спор. Потпретседателот и кабинетот имаат рок од четири дена повторно да ја потврдат својата одлука односно барањето до Конгресот. Ако тоа се случи, конечната одлука преминува во Конгресот (Претставничкиот дом и Сенатот) кои мораат да се изјаснат во рок од 21 ден. За претседателот да биде отстранет од функцијата, потребно е двотретинско мнозинство (2/3) во двата дома на Конгресот. Доколку ова мнозинство не се постигне, претседателот си ја враќа односно останува на функцијата. Во пракса, амандманот XXV се користел ограничено и технички. Роналд Реган и Џорџ В. Буш привремено ја пренеле функцијата на потпретседателот за време на медицински интервенции. Вториот начин односно можност (присилна примена на овој амандман) никогаш досега не се случила. Зошто овие механизми ретко се користат до крај? Иако постојат, овие инструменти речиси никогаш не доведуваат до целосен исход. Причините се повеќеслојни: потребен е широк политички консензус; одлуките носат сериозни последици и поради постоење внимателност да не се создаде опасен преседан. Поради тоа, тие често функционираат не само како крајни мерки, туку и како сигнал дека системот реагира. Перспектива за македонскиот читател Во системи како македонскиот, каде владите зависат од парламентарно мнозинство, смената на власт може да биде релативно брза, американскиот модел, пак, е: побавен; покомплексен и потежок за промена. Причината е суштинска: стабилноста на системот има предност пред брзината. Заклучок: контролата како темел на стабилноста Прашањето поставено во насловот на оваа стручно-аналитичка колумна „кој навистина го контролира претседателот?“ нема едноставен одговор и токму тоа е поентата. Во американскиот систем, контролата не е концентрирана во една институција, туку е распределена: меѓу гранките на власта; низ процедури и преку високи прагови на одлучување. Импичментот и амандманот XXV се само дел од таа поширока архитектура. Тие не се создадени за честа употреба, туку за исклучителни моменти кога системот мора да покаже дека има механизми да се заштити себеси. И токму во тоа лежи нивната вистинска вредност: не во тоа колку често се користат, туку во тоа што постојат. Затоа, нивното присуство не е знак на слабост, туку доказ за систем што не се потпира на поединци, туку на правила и на рамнотежа што треба да опстои дури и во најтешките моменти за државата.


Враќањето од викенд ги блокира патиштата – километарски редици на патарините

Враќањето од викенд ги блокира патиштата – километарски редици на патарините

Попладневните часови денеска донесоа сериозен сообраќаен притисок на главните патни правци низ државата, особено на делниците кои водат кон Скопје. По завршувањето на продолжениот празничен викенд, голем број граѓани се упатија назад кон главниот град, што резултираше со формирање долги колони и значително забавување на сообраќајот. Најголемиот метеж е забележан на патарините, каде што возилата се движат со минимална брзина, а чекањата се продолжени. Според достапните информации, кај патарината Сопот, во правец кон Скопје, е регистрирана колона од околу еден километар, што дополнително ја отежнува ситуацијата за возачите. Причината за ваквата состојба е очекувана – масовното враќање по празничните денови, кога дел од граѓаните престојуваа надвор од градот. Сообраќајниот интензитет е значително зголемен, што доведува до застои на наплатните рампи и создавање на тесни грла на клучните точки. Надлежните институции апелираат до возачите да покажат трпение и да бидат внимателни зад воланот, со цел да се избегнат дополнителни компликации и евентуални сообраќајни незгоди. Се препорачува одржување на безбедна дистанца и прилагодување на брзината според условите на патот. Очекувањата се дека метежот постепено ќе се намалува во текот на вечерните часови, кога интензитетот на сообраќај ќе опадне.


Петер Маѓар: Будимпешта ќе ги разгледа сите договори поврзани со руската енергија

Петер Маѓар: Будимпешта ќе ги разгледа сите договори поврзани со руската енергија

Победникот на парламентарните избори во Унгарија, Петер Маѓар, во понеделник изјави дека ќе ги разгледа сите енергетски договори на Унгарија со Русија и ќе ги преговара или раскинува доколку е потребно. Унгарецот рече дека ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин, но нема да иницира телефонски разговор со него, добро познат сојузник на премиерот во заминување Виктор Орбан. „Доколку разговараме, би можел да му кажам (на Путин) дека би било добро да се прекинат убиствата по четири години и да се заврши војната“, рече проевропскиот конзервативец. „Веројатно би бил краток телефонски повик и не мислам дека тој (Путин) би ја завршил војната по мој совет“, додаде Унгарецот, чија централно-десничарска партија Тиша освои двотретинско мнозинство во парламентот со 199 места. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека распоредот на Путин сè уште не вклучува контакти со Петер Маѓар, но Кремљ се надева дека такви контакти ќе се случат во догледно време. Тој додаде дека официјална Москва не му честитала на Унгарецот за неговата изборна победа, бидејќи ја смета земјата за непријателска поради нејзината поддршка за санкциите. За време на прес-конференцијата, Унгарецот се осврна на министерот за надворешни работи во заминување, Петер Сијарт, тврдејќи дека тој го посетил „Министерството за надворешни работи, зграда каде што со години се сместени руски хакери“. „Во моментов, во таа зграда се уништуваат документи поврзани со меѓународните санкции против Русија“, рече Унгарецот.


(ВИДЕО) На втор ден „Велигден“ свечено беше осветен новиот Крст висок 10 метри во кичевското село Лазоровци

(ВИДЕО) На втор ден „Велигден“ свечено беше осветен новиот Крст висок 10 метри во кичевското село Лазоровци

Во селото Лазоровци, Кичевско, на вториот ден од Велигден беше извршено свечено осветување на нов крст висок 10 метри, кој претставува симбол на верата, надежта и единството. Настанот се одржа во присуство на голем број верници и гости, а осветувањето помина во мирна и возвишена духовна атмосфера, испраќајќи пораки за љубов, заедништво и мир меѓу луѓето. Овој импозантен крст ќе остане како траен симбол на христијанските вредности и потсетник за значењето на Велигден победата на животот над смртта. За многу години! Христос воскресе! Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)




Жена пријавила дека е пронајден починат нејзин брат во својот дом

Жена пријавила дека е пронајден починат нејзин брат во својот дом

На 12.04.2026 во 09.44 часот во ЦИК Охрид Ф.А. (58) од Охрид пријави дека во неговиот дом во Охрид бил пронајден починат нејзиниот брат Т.М.(51) од Охрид. Од страна на доктор од Итна медицинска помош била констатирана смрт, а по наредба на јавен обвинител телото е дадено за обдукција и се преземаат мерки за расчистување на случајот.


АДВОКАТОТ ТУФЕГЏИЌ ОСТРО ГО НАПАДНА СДСМ „Јадна и очајна опозиција, Груевски ви е промашена тема“

АДВОКАТОТ ТУФЕГЏИЌ ОСТРО ГО НАПАДНА СДСМ „Јадна и очајна опозиција, Груевски ви е промашена тема“

Познатиот скопски адвокат Владимир Туфегџиќ предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, откако преку Фејсбук објава жестоко ја критикуваше македонската опозиција. Во својот пост, тој директно укажува дека темата за наводното враќање на Никола Груевски после поразот на Виктор Орбан на изборите во Унгарија се користи како политичка стратегија без реална основа. Според него, „политичка опозиција која својот политички опстанок го гледа во враќањето на Груевски“ нема вистинска визија за иднината. Во објавата, адвокатот оди чекор понатаму, нагласувајќи дека евентуалното враќање на поранешниот премиер не зависи од домашните политички фактори. „Груевски ќе биде вратен кога за тоа ќе дадат согласност тие што ја кренаа рампата да замине“, пишува тој, алудирајќи на меѓународниот контекст. Најостриот дел од неговиот статус е насочен кон, како што вели, „политички маргиналци“ и „политички паразити“. „Не памтиме дека во изминатите 20 години направиле нешто добро, освен што млателе празна слама и го појачале личното банкарско конто“, наведува адвокатот. Тој истовремено посочува дека вистинската лекција за политичките актери треба да се бара во успешни кампањи водени „во прво лице еднина“, со јасна порака и мобилизација на гласачите. Во објавата се споменува и примерот на „младиот политички надежен адвокат“, кој, според него, успеал да извлече дури 80 проценти од електоратот на гласање. Тој потенцира дека таквиот пристап – со „државното знаме во рака“ и директна комуникација со граѓаните – е вистинскиот пат за политички успех, за разлика од, како што оценува, празните и ретроградни теми. СДСМ ја поздрави победата на Петер Маѓар и на неговата партија Тиса на изборите во неделата, а лидерот Венко Филипче на платформата Х напиша дека следи пад на Александар Вучиќ во Србија и на Христијан Мицкоски во Македонија.