Мелони ја оцени изјавата на Трамп за папата како неприфатлива
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска ја оцени како неприфатлива изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп на сметка на папата Лав XIV, кој во неколку наврати ја осуди војната на Блискиот Исток. „Папата е поглавар на Католичката црква, правилно е и нормално тој да повикува на мир и да ги осудува сите форми на војна“, напиша Мелони на социјалните мрежи. Трамп остро го критикуваше поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав XIV, дека „не ја врши добро работа“ во водењето на таа црква, и дека е „многу либерален“ и дека треба „да престане да се додворува на радикалната левица“. Папата одговори на тие остри критики нагласувајќи дека апелите на Ватикан за мир и помирување се темелат на Евангелие и дека не се плаши од администрацијата на Трамп. Папата додаде дека нема да влегува во расправија со Трамп.
Мелони ја оцени изјавата на Трамп за папата како неприфатлива
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска ја оцени како неприфатлива изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп на сметка на папата Лав XIV, кој во неколку наврати ја осуди војната на Блискиот Исток. „Папата е поглавар на Католичката црква, правилно е и нормално тој да повикува на мир и да ги осудува сите форми на војна“, напиша Мелони на социјалните мрежи. Трамп остро го критикуваше поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав XIV, дека „не ја врши добро работа“ во водењето на таа црква, и дека е „многу либерален“ и дека треба „да престане да се додворува на радикалната левица“. Папата одговори на тие остри критики нагласувајќи дека апелите на Ватикан за мир и помирување се темелат на Евангелие и дека не се плаши од администрацијата на Трамп. Папата додаде дека нема да влегува во расправија со Трамп.
Трамп го нападна папата, Лав XIV возврати: „Не се плашам“
Доналд Трамп упати остри критики кон папата Папа Лав XIV, нарекувајќи го „слаб“ по прашањето на криминалот и „ужасен“ во водењето на надворешната политика. Папата претходно ја оцени како „неприфатлива“ заканата на Трамп за уништување на иранската цивилизација и повика на подлабоко размислување за третманот на мигрантите во САД. Во својата објава, Трамп изјави дека не е „голем обожавател“ на папата и дека не сака папа кој, според него, поддржува ставови за нуклеарното оружје на Иран и американската надворешна политика. Папата Лав XIV возврати дека ќе продолжи да зборува против војната и дека не се плаши од администрацијата на Трамп. „Не се плашам да ја пренесувам пораката на Евангелието“, изјави папата, додавајќи дека Црквата не делува како политички актер, туку како глас на мирот.
Папата Лав рече дека не се плаши од Трамп, кој го нападна оти повика на мир со Иран
Папата Лав Четиринаесетти, Американец роден во САД, денеска одговори на критиките на претседателот Доналд Трамп против него во врска со војната меѓу САД и Израел во Иран, и рече дека апелите на Ватикан за мир и помирување се вкоренети во Евангелието и оти тој не се плаши од администрацијата на Трамп. „Да ја ставам мојата порака на исто ниво со она што претседателот се обиде да го стори, мислам дека е неразбирање каква е пораката на Евангелието. И жал ми е што го слушам тоа, но ќе продолжам со она што верувам дека е мисија на црквата во светот денес“, изјави Лав во папскиот авион на пат кон Алжир. Првиот американски папа во историјата нагласи дека не упатува директен напад врз Трамп или некој друг со неговиот општ апел за мир и критиките за „заблудата за семоќ“ што ја поттикнува војната во Иран и другите конфликти низ целиот свет. „Нема да влегувам во дебата. Работите што ги кажувам сигурно не се наменети како напади врз никого. Пораката на Евангелието е многу јасна: ‘Блажени се миротворците’“, рече Лав. „Нема да се срамам да ја објавам пораката на Евангелието и да ги повикам сите луѓе да бараат начини за градење мостови на мир и помирување и да бараат начини да избегнат војна секогаш кога е можно. Не се плашам од администрацијата на Трамп ниту гласно да зборувам за пораката на Евангелието, што е она за кое се залага Црквата“. „Ние не сме политичари. Ние не ја гледаме надворешната политика од истата перспектива како што можеби тој“, рече папата, додавајќи: „Ќе продолжам силно да зборувам против војната, настојувајќи да промовирам мир, промовирајќи дијалог и мултилатерализам меѓу државите за да се најдат решенија за проблемите. Премногу луѓе страдаат денес, премногу невини луѓе се убиени и верувам дека некој мора да се спротивстави и да каже дека постои подобар начин“. Трамп синоќа упати невообичаен напад врз папата Лав, велејќи дека не мисли оти глобалниот лидер на Католичката црква „работи многу добро“ и дека „тој е многу либерална личност“, а исто така сугерираше дека папата треба „да престане да се грижи за радикалната левица“. Враќајќи се во Вашингтон од Флорида, Трамп употреби долга објава на социјалните мрежи за остро да го критикува Лав, а потоа продолжи да го прави тоа и по слетувањето, во коментарите на пистата пред новинарите. „Не сум обожавател на папата Лав“, рече тој. Коментарите на Трамп следеа откако Лав за време на викендот укажа дека „заблудата за семоќ“ ја поттикнува војната меѓу САД и Израел во Иран. Иако не е невообичаено папите и претседателите да се во конфликт, исклучително ретко е папата директно да критикува лидер на САД – а остриот одговор на Трамп е подеднакво невообичаен, ако не и повеќе. „Папата Лав е СЛАБ во однос на криминалот и ужасен за надворешната политика“, напиша претседателот Трамп во својата објава, додавајќи: „Не сакам папа кој мисли дека е во ред Иран да има нуклеарно оружје“.
Трамп го нападна папата, Лав XIV возврати: „Не се плашам“
Доналд Трамп упати остри критики кон папата Папа Лав XIV, нарекувајќи го „слаб“ по прашањето на криминалот и „ужасен“ во водењето на надворешната политика. Папата претходно ја оцени како „неприфатлива“ заканата на Трамп за уништување на иранската цивилизација и повика на подлабоко размислување за третманот на мигрантите во САД. Во својата објава, Трамп изјави дека не е „голем обожавател“ на папата и дека не сака папа кој, според него, поддржува ставови за нуклеарното оружје на Иран и американската надворешна политика. Папата Лав XIV возврати дека ќе продолжи да зборува против војната и дека не се плаши од администрацијата на Трамп. „Не се плашам да ја пренесувам пораката на Евангелието“, изјави папата, додавајќи дека Црквата не делува како политички актер, туку како глас на мирот. Текстот Трамп го нападна папата, Лав XIV возврати: „Не се плашам“ е превземен од МАКФАКС .
Трамп остро го нападна папата Лав XIV по неговиот антивоен повик
Во објава на платформата Truth Social, Трамп дополнително ги заостри односите со Ватикан. Трамп ги критикуваше ставовите на папата за глобалните конфликти, наведувајќи дека не сака поглавар кој смета дека е прифатливо Иран да поседува нуклеарно оружје или кој се спротивставува на американските акции против Венецуела. Тој го обвини Лав XIV и за усогласување со неговите политички противници. Американскиот претседател сугерираше дека изборот на папата бил под влијание на неговото американско потекло, додавајќи дека Лав XIV треба да биде „благодарен“. Коментарите на Трамп следуваат по проповедта на папата од саботата во базиликата „Свети Петар“, во која повика на прекин на војните и побара од светските лидери да ја запрат ескалацијата. „Доста со демонстрација на сила! Доста со војна!“, порача папата. Лав XIV, кој предводи околу 1,4 милијарди католици, предупреди на „илузијата на семоќност“, а во последните денови ги засили критиките кон конфликтот со Иран, оценувајќи ги заканите кон оваа земја како „целосно неприфатливи“. САД и Израел започнаа масовни напади врз Иран на 28 февруари, по што Техеран возврати со напади низ Блискиот Исток. Во моментов во сила е кревко примирје. Папата, кој е првиот поглавар на Католичката црква роден во САД, често се профилира како критичар на надворешната политика на Трамп. © Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата БРИТАНИЈА НЕМА ДА СЕ ПРИДРУЖИ на блокадата на ТРАМП во Ормуз ПРАЗНО НЕБОТО НАД ГЕРМАНИЈА, итен АПЕЛ ДО СИТЕ патници
Папата Лав XIV му одговори на Трамп: Не се плашам, мојата мисија е мирот
Папата Лав XIV денеска ги отфрли острите критики што американскиот претседател Доналд Трамп ги упати на негова адреса по изјавите за војната на САД и Израел во Иран, порачувајќи дека повиците на Ватикан за мир и помирување се длабоко вкоренети во Евангелието и дека тој не се плаши од администрацијата на Трамп. „Да се стави мојата порака на исто ниво со она што претседателот се обиде да го направи овде, мислам дека не покажува разбирање за пораката на Евангелието“, изјави папата, додавајќи дека му е жал за таквите коментари, но дека ќе продолжи со она што го смета за мисија на Црквата во денешниот свет. Првиот папа роден во САД нагласи дека неговите општи апели за мир и критиките за „илузијата на семоќност“ не се директен напад врз Трамп, туку укажување на факторите што го поттикнуваат конфликтот во Иран и другите судири ширум светот. Трамп претходно упати исклучително остар напад преку социјалните мрежи и пред новинарите, велејќи дека поглаварот на Католичката црква „не си ја врши добро работата“, дека е „многу либерална личност“ и дека треба „да престане да ѝ се додворува на радикалната левица“. Трамп дополнително објави слика генерирана со вештачка интелигенција на која е прикажан со светителски ореол во библиска облека. Оваа ескалација се случува во моменти на кревок прекин на огнот, додека папата, кој денеска пристигна во Алжир, порача дека Бог „не ги слуша молитвите на оние што водат војна, туку ги одбива бидејќи нивните раце се полни со крв“.
ПАПАТА МУ ВОЗВРАТИ НА ТРАМП ДЕКА НЕ СЕ ПЛАШИ Трамп не сака поглавар кој смета дека е прифатливо Иран да има нуклеарно оружје
Папата Лав XIV денеска ги отфрли острите критики што американскиот претседател Доналд Трамп ги упати на негова адреса по изјавите за војната на САД и Израел во Иран, порачувајќи дека повиците на Ватикан за мир и помирување се длабоко вкоренети во Евангелието и дека тој не се плаши од администрацијата на Трамп. „Да се стави мојата порака на исто ниво со она што претседателот се обиде да го направи овде, мислам дека не покажува разбирање за пораката на Евангелието“, изјави папата, додавајќи дека му е жал за таквите коментари, но дека ќе продолжи со она што го смета за мисија на Црквата во денешниот свет. Првиот папа роден во САД нагласи дека неговите општи апели за мир и критиките за „илузијата на семоќност“ не се директен напад врз Трамп, туку укажување на факторите што го поттикнуваат конфликтот во Иран и другите судири ширум светот. Трамп претходно упати исклучително остар напад преку социјалните мрежи и пред новинарите, велејќи дека поглаварот на Католичката црква „не си ја врши добро работата“, дека е „многу либерална личност“ и дека треба „да престане да ѝ се додворува на радикалната левица“. Трамп објави слика генерирана со вештачка интелигенција на која е прикажан со светителски ореол во библиска облека. Оваа ескалација се случува во моменти на кревок прекин на огнот, додека папата, кој денеска пристигна во Алжир, порача дека Бог „не ги слуша молитвите на оние што водат војна, туку ги одбива бидејќи нивните раце се полни со крв“. Американскиот претседател Доналд Трамп упати остри критики кон папата Лав XIV, нарекувајќи го „ужасен“ во надворешната политика и „слаб во борбата против криминалот“. Во објава на платформата „Трут соушал“ (Truth Social), Трамп дополнително ги заостри односите со Ватикан. Трамп ги критикуваше ставовите на папата за глобалните конфликти, наведувајќи дека не сака поглавар кој смета дека е прифатливо Иран да поседува нуклеарно оружје или кој се спротивставува на американските акции против Венецуела. Тој го обвини Лав XIV и за усогласување со неговите политички противници. Американскиот претседател сугерираше дека изборот на папата бил под влијание на неговото американско потекло, додавајќи дека Лав XIV треба да биде „благодарен“. Коментарите на Трамп следуваат по проповедта на папата од саботата во базиликата „Свети Петар“, во која повика на прекин на војните и побара од светските лидери да ја запрат ескалацијата. „Доста со демонстрација на сила! Доста со војна!“, порача папата. Лав XIV, кој предводи околу 1,4 милијарди католици, предупреди на „илузијата на семоќност“, а во последните денови ги засили критиките кон конфликтот со Иран, оценувајќи ги заканите кон оваа земја како „целосно неприфатливи“. САД и Израел започнаа масовни напади врз Иран на 28 февруари, по што Техеран возврати со напади низ Блискиот Исток. Во моментов во сила е кревко примирје. Папата, кој е првиот поглавар на Католичката црква роден во САД, често се профилира како критичар на надворешната политика на Трамп.
Папата Лав: Немам страв од Трамп и нема да влегувам во дискусија
Поглаварот на Ватикан, папата Лав XIV, изјави дека „нема страв од администрацијата на Трамп“ и дека ќе продолжи да зборува откако американскиот претседател ги критикуваше неговите коментари за војната со Иран. „Нема да влегувам во дискусија. Она што го кажувам не е наменето како напад врз никого“, изјави папата Лав пред новинарите во папскиот авион, за време на патувањето во Алжир. „Ги повикувам сите луѓе да бараат начини за градење мостови на мир и помирување, да бараат начини за избегнување војна секогаш кога е можно“, додаде тој. Поглаварот на Римокатоличката црква вети дека ќе „продолжи со она што тој го смета за мисија на Црквата во денешниот свет“.
Папата Лав XIV му одговори на Трамп: Не се плашам, мојата мисија е мирот
Принтскрин Папата Лав XIV денеска ги отфрли острите критики што американскиот претседател Доналд Трамп ги упати на негова адреса по изјавите за војната на САД и Израел во Иран, порачувајќи дека повиците на Ватикан за мир и помирување се длабоко вкоренети во Евангелието и дека тој не се плаши од администрацијата на Трамп. „Да се стави мојата порака на исто ниво со она што претседателот се обиде да го направи овде, мислам дека не покажува разбирање за пораката на Евангелието“, изјави папата, додавајќи дека му е жал за таквите коментари, но дека ќе продолжи со она што го смета за мисија на Црквата во денешниот свет. Првиот папа роден во САД нагласи дека неговите општи апели за мир и критиките за „илузијата на семоќност“ не се директен напад врз Трамп, туку укажување на факторите што го поттикнуваат конфликтот во Иран и другите судири ширум светот. Трамп претходно упати исклучително остар напад преку социјалните мрежи и пред новинарите, велејќи дека поглаварот на Католичката црква „не си ја врши добро работата“, дека е „многу либерална личност“ и дека треба „да престане да ѝ се додворува на радикалната левица“. Трамп дополнително објави слика генерирана со вештачка интелигенција на која е прикажан со светителски ореол во библиска облека. Оваа ескалација се случува во моменти на кревок прекин на огнот, додека папата, кој денеска пристигна во Алжир, порача дека Бог „не ги слуша молитвите на оние што водат војна, туку ги одбива бидејќи нивните раце се полни со крв“. МИА
ПАПАТА ЛАВ: Жал ми е за коментарите, повиците на Ватикан за мир и помирување се длабоко вкоренети во Евангелието
Папата Лав XIV денеска ги отфрли острите критики што американскиот претседател Доналд Трамп ги упати на негова адреса по изјавите за војната на САД и Израел во Иран, порачувајќи дека повиците на Ватикан за мир и помирување се длабоко вкоренети во Евангелието и дека тој не се плаши од администрацијата на Трамп.
Трамп го нападна папата, Лав XIV возврати: „Не се плашам“
<a href="https://opserver.mk/ads/www/delivery/ck.php?n=ab7911cf&cb=INSERT_RANDOM_NUMBER_HERE" target="_blank"><img src="https://opserver.mk/ads/www/delivery/avw.php?zoneid=74&cb=INSERT_RANDOM_NUMBER_HERE&n=ab7911cf" border="0" alt="" /></a> Доналд Трамп упати остри критики кон папата Папа Лав XIV, нарекувајќи го „слаб“ по прашањето на криминалот и „ужасен“ во водењето на надворешната политика. Папата претходно ја оцени како „неприфатлива“ заканата на Трамп за уништување на иранската цивилизација и повика на подлабоко размислување за третманот на мигрантите во САД. Во својата објава, Трамп изјави дека не е „голем обожавател“ на папата и дека не сака папа кој, според него, поддржува ставови за нуклеарното оружје на Иран и американската надворешна политика. Папата Лав XIV возврати дека ќе продолжи да зборува против војната и дека не се плаши од администрацијата на Трамп. „Не се плашам да ја пренесувам пораката на Евангелието“, изјави папата, додавајќи дека Црквата не делува како политички актер, туку како глас на мирот.
Папата Лав повика на прекин на демонстрацијата на сила, а Трамп му упати остра критика
Американскиот претседател Доналд Трамп упати остри критики кон папата Лав XIV, нарекувајќи го „ужасен“ во надворешната политика и „слаб во борбата против криминалот“. Во објава на платформата „Трут соушал“ (Truth Social), Трамп дополнително ги заостри односите со Ватикан.
Трамп остро го нападна папата Лав XIV по неговиот антивоен повик
Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп упати остри критики кон папата Лав XIV, нарекувајќи го „ужасен“ во надворешната политика и „слаб во борбата против криминалот“. Во објава на платформата „Трут соушал“ (Truth Social), Трамп дополнително ги заостри односите со Ватикан. Трамп ги критикуваше ставовите на папата за глобалните конфликти, наведувајќи дека не сака поглавар кој смета дека е прифатливо Иран да поседува нуклеарно оружје или кој се спротивставува на американските акции против Венецуела. Тој го обвини Лав XIV и за усогласување со неговите политички противници. Американскиот претседател сугерираше дека изборот на папата бил под влијание на неговото американско потекло, додавајќи дека Лав XIV треба да биде „благодарен“. Коментарите на Трамп следуваат по проповедта на папата од саботата во базиликата „Свети Петар“, во која повика на прекин на војните и побара од светските лидери да ја запрат ескалацијата. „Доста со демонстрација на сила! Доста со војна!“, порача папата. Лав XIV, кој предводи околу 1,4 милијарди католици, предупреди на „илузијата на семоќност“, а во последните денови ги засили критиките кон конфликтот со Иран, оценувајќи ги заканите кон оваа земја како „целосно неприфатливи“. САД и Израел започнаа масовни напади врз Иран на 28 февруари, по што Техеран возврати со напади низ Блискиот Исток. Во моментов во сила е кревко примирје. Папата, кој е првиот поглавар на Католичката црква роден во САД, често се профилира како критичар на надворешната политика на Трамп.
Папата Лав: Немам страв од Трамп и нема да влегувам во дискусија
Поглаварот на Ватикан, папата Лав XIV, изјави дека „нема страв од администрацијата на Трамп“ и дека ќе продолжи да зборува откако американскиот претседател ги критикуваше неговите коментари за војната со Иран. „Нема да влегувам во дискусија. Она што го кажувам не е наменето како напад врз никого“, изјави папата Лав пред новинарите во папскиот авион, за време на патувањето во Алжир. „Ги повикувам сите луѓе да бараат начини за градење мостови на мир и помирување, да бараат начини за избегнување војна секогаш кога е можно“, додаде тој. Поглаварот на Римокатоличката црква вети дека ќе „продолжи со она што тој го смета за мисија на Црквата во денешниот свет“.
Трамп остро го нападна папата Лав XIV по неговиот антивоен повик
Во објава на платформата Truth Social, Трамп дополнително ги заостри односите со Ватикан. Трамп ги критикуваше ставовите на папата за глобалните конфликти, наведувајќи дека не сака поглавар кој смета дека е прифатливо Иран да поседува нуклеарно оружје или кој се спротивставува на американските акции против Венецуела. Тој го обвини Лав XIV и за усогласување со неговите политички противници. Американскиот претседател сугерираше дека изборот на папата бил под влијание на неговото американско потекло, додавајќи дека Лав XIV треба да биде „благодарен“. Коментарите на Трамп следуваат по проповедта на папата од саботата во базиликата „Свети Петар“, во која повика на прекин на војните и побара од светските лидери да ја запрат ескалацијата. „Доста со демонстрација на сила! Доста со војна!“, порача папата. Лав XIV, кој предводи околу 1,4 милијарди католици, предупреди на „илузијата на семоќност“, а во последните денови ги засили критиките кон конфликтот со Иран, оценувајќи ги заканите кон оваа земја како „целосно неприфатливи“. САД и Израел започнаа масовни напади врз Иран на 28 февруари, по што Техеран возврати со напади низ Блискиот Исток. Во моментов во сила е кревко примирје. Папата, кој е првиот поглавар на Католичката црква роден во САД, често се профилира како критичар на надворешната политика на Трамп. БРИТАНИЈА НЕМА ДА СЕ ПРИДРУЖИ на блокадата на ТРАМП во Ормуз ПРАЗНО НЕБОТО НАД ГЕРМАНИЈА, итен АПЕЛ ДО СИТЕ патници
Трамп со напад кон папата Лав – неговите ставови се штетни
МИА Претседателот на САД, Доналд Трамп, упати остри критики кон папата Лав, оценувајќи дека тој „не ја извршува добро својата улога“ и дека неговите ставови се штетни, особено во надворешната политика. Трамп јавно изрази незадоволство од поглаварот на Католичката црква преку објава на социјалните мрежи и изјави пред новинарите, нагласувајќи дека не се согласува со неговите позиции за глобалните конфликти. Тој го обвини папата дека покажува слабост во однос на криминалот и дека има „многу либерални ставови“. Острите реакции на американскиот претседател следуваат по неодамнешните пораки на папата, кој во своите обраќања предупреди на опасноста од „заблудата за семоќ“ и индиректно ја осуди реториката што ја оправдува војната. Иако не ги спомена директно САД, неговите изјави беа протолкувани како критика кон американската политика и воените активности поврзани со Иран. Трамп возврати дека не прифаќа ставови кои, според него, толерираат закани како нуклеарно вооружување на Иран, потенцирајќи дека ваквите позиции се неприфатливи за американската безбедност. Дополнително, тој го обвини папата дека се вмешува во политиката наместо да се фокусира на духовното водство. Во своите изјави, Трамп отиде чекор понатаму, сугерирајќи дека изборот на папата бил поврзан со неговото американско потекло и актуелната политичка ситуација во САД. Според него, ваквиот пристап му штети на угледот на Католичката црква. Инаку, вакви директни судири меѓу американски претседател и папа се ретки, иако низ историјата постоеле несогласувања меѓу политичките и верските лидери околу глобалните прашања.
Трамп остро го критикуваше папата Лав XIV поради антивоениот став
Американскиот претседател Доналд Трамп остро го критикуваше поглаварот на Католичката црква, папата Лав XIV, опишувајќи го како „катастрофален“ во надворешната политика и „неуспешен во справувањето со криминалот“. Во објава на својата платформа „Трут соушал“ (Truth Social), Трамп дополнително ги затегна односите со Ватикан. Трамп ги оспори позициите на папата во однос на глобалните конфликти, истакнувајќи дека не сака поглавар кој смета дека е дозволено Иран да поседува нуклеарно оружје, ниту пак кој се противи на американските дејствија против Венецуела. Тој го обвини Лав XIV и за усогласување со неговите политички опоненти. Американскиот претседател сугерираше дека изборот на папата бил под влијание на неговото американско потекло, додавајќи дека Лав XIV треба да биде „благодарен“. Коментарите на Трамп следуваат по проповедта на папата од саботата во базиликата „Свети Петар“, во која повика на прекин на војните и побара од светските лидери да ја спречат ескалацијата. „Доста со демонстрација на сила! Доста со војна!“, порача папата. Лав XIV, кој раководи со околу 1,4 милијарди католици, предупреди на „илузијата на семоќност“, а во последните денови ги интензивираше критиките кон конфликтот со Иран, оценувајќи ги заканите кон оваа земја како „целосно неприфатливи“. САД и Израел започнаа масовни напади врз Иран на 28 февруари, по што Техеран возврати со напади низ Блискиот Исток. Во моментов на сила е кревко примирје. Папата, кој е првиот поглавар на Католичката црква роден во САД, често се претставува како критичар на надворешната политика на Трамп. ссм/фото: принтскрин. Извор: МИА
ТРАМП УДРИ ПО ВАТИКАН: Брутален вербален напад врз папата Лав среде април
Д оналд Трамп отвори нов фронт во својата глобална војна со зборови во овој април 2026 година. Овој пат неговата цел е самиот Ватикан. Американскиот претседател упати брутален вербален напад кон папата Лав. Светот со неверување го следи овој судир меѓу лидерот на слободниот свет и духовниот водач на милиони луѓе. Трамп воопшто не избира средства за да го понижи поглаварот на Католичката црква. Тој директно ги нападна неговите либерални ставови и надворешната политика. Ова е досега невидена директна конфронтација која ги затресе темелите на дипломатијата. Трамп тврди дека ставовите на папата се исклучително штетни за глобалната безбедност. Претседателот не прифаќа критика од никого па ниту од Светиот отец. Трамп ја искористи моќта на социјалните мрежи за да го изрази својот огромен гнев. Тој јавно порача дека папата Лав не ја извршува добро својата улога. Претседателот го обвини поглаварот за слабост во борбата против криминалот. Според Трамп папата има премногу либерални и опасни позиции за светот. Американскиот лидер смета дека духовните водачи треба да се држат до верата. Тој му замери на Ватикан за неговото мешање во високата светска политика. Трамп инсистира на тоа дека неговата национална безбедност е поважна од секоја молитва. Судирот на овие два титани најавува жесток период за меѓународните односи. Папата неодамна во своите обраќања предупреди на опасната заблуда за семоќ на големите сили. Многумина ова го протолкуваа како индиректна осуда на воената политика на САД. Папата Лав јасно ја осуди секоја реторика која ја оправдува војната и насилството. Ова особено се однесува на напнатата ситуација со нуклеарните амбиции на Иран. Трамп возврати со полна сила тврдејќи дека не прифаќа толерирање на закани од иранскиот режим. За него ставот на папата е сосема неприфатлив и штетен за американскиот народ. Претседателот е решен да ја брани својата воена стратегија по секоја цена. Трамп отиде и чекор понатаму во своите провокации пред новинарите. Тој сугерираше дека изборот на папата бил поврзан со моменталната политичка клима во Америка. Трамп тврди дека ваквиот пристап му штети на угледот на целата Католичка црква. Вакви директни пресметки меѓу американски претседател и папа се вистинска реткост во историјата. Трамп ги крши сите воспоставени дипломатски правила со својот остар јазик. Светот сега со нетрпение го чека официјалниот одговор од Ватикан по овој напад. Оваа вербална војна допрва ќе ги менува односите меѓу религијата и политиката.
На Трамп и Папата не му чини – го нападна вербално
Published: Monday, April 13, 2026 09:54 Претседателот на САД, Доналд Трамп, упати остри критики кон папата Лав, оценувајќи дека тој „не ја извршува добро својата улога“ и дека неговите ставови се штетни, особено во надворешната политика. Трамп јавно изрази незадоволство од поглаварот на Католичката црква преку објава на социјалните мрежи и изјави пред новинарите, нагласувајќи дека не се согласува со неговите позиции за глобалните конфликти. Тој го обвини папата дека покажува слабост во однос на криминалот и дека има „многу либерални ставови“. Острите реакции на американскиот претседател следуваат по неодамнешните пораки на папата, кој во своите обраќања предупреди на опасноста од „заблудата за семоќ“ и индиректно ја осуди реториката што ја оправдува војната. Иако не ги спомена директно САД, неговите изјави беа протолкувани како критика кон американската политика и воените активности поврзани со Иран. Трамп возврати дека не прифаќа ставови кои, според него, толерираат закани како нуклеарно вооружување на Иран, потенцирајќи дека ваквите позиции се неприфатливи за американската безбедност. Дополнително, тој го обвини папата дека се вмешува во политиката наместо да се фокусира на духовното водство. Во своите изјави, Трамп отиде чекор понатаму, сугерирајќи дека изборот на папата бил поврзан со неговото американско потекло и актуелната политичка ситуација во САД. Според него, ваквиот пристап му штети на угледот на Католичката црква. Инаку, вакви директни судири меѓу американски претседател и папа се ретки, иако низ историјата постоеле несогласувања меѓу политичките и верските лидери околу глобалните прашања.

























