Пејачката Рита Ора ги изненади балканските фанови со фотографија од македонски ајвар: „Малку од ова, малку од она“

Пејачката Рита Ора ги изненади балканските фанови со фотографија од македонски ајвар: „Малку од ова, малку од она“

6 Македонскиот ајвар очигледно одамна ги надминал границите на регионот, а тоа го потврди и светски познатата музичка ѕвезда Рита Ора. Пејачката, која веќе извесен период живее во Австралија, ги изненади своите следбеници од Балканот со фотографија објавена на нејзиниот Инстаграм профил за време на посетата на Нов Зеланд. Во описот на објавата напишала „A little bit of this, a little bit of that“ (Малку од ова, малку од она), а на една од фотографиите се гледа полица исполнета со тегли од брендот „Перустија“, кој е во сопственост на штипската фабрика „Ларс“. Меѓу другото, таа објави и фотографија од рафт со паштети „Аргета“ кои исто така се многу популарни и за многумина омилени и кај нас. Оваа објава не претставува само симпатичен момент за фановите, туку и јасен доказ за успешното присуство на македонските производи на светските пазари. Компанијата „Ларс“ од Штип веќе подолг период активно го извезува ајварот „Перустија“ во Австралија, Нов Зеланд, Канада, САД и Европската Унија, каде што се натпреварува со бројни меѓународни брендови. Производот може да се најде во големи синџири на маркети во Нов Зеланд, наменет за потрошувачи кои бараат автентичен вкус. Рита Ора, светска поп ѕвезда по потекло од Косово и нејзиниот избраник Таика Ваитити од Нов Зеланд стапија во брак во 2022 година.


Светски, а наше! Рита Ора објави дека македонскиот ајвар „Перустија“ е дел од нејзиниот избор во Нов Зеланд!

Светски, а наше! Рита Ора објави дека македонскиот ајвар „Перустија“ е дел од нејзиниот избор во Нов Зеланд!

Дека македонскиот ајвар не познава граници, потврди и светската музичка ѕвезда Рита Ора! Пејачката, која веќе неколку години живее во Австралија, пријатно ги изненади своите следбеници од Балканот со една фотографија од нејзината последна објава на својот Инстаграм профил за време на нејзината посета на Нов Зеланд. „Малку од ова, малку од она“, напиша Ора и објави фотографија од полица преполна со тегли од познатиот бренд „Перустија“, сопственост на штипската фабрика „Ларс“. Со краткиот и симпатичен опис „A little bit of this, a little bit of that таа јасно стави до знаење дека овој деликатес е дел од нејзиниот избор при пазарување. Штипскиот ајвар го освои австралискиот континент Ова не е само обична фан-фотографија, туку доказ за успешниот извоз на македонските компании. Фабриката „Ларс“ од Штип веќе со години стратешки го пласира ајварот „Перустија“ на пазарите во Австралија, Нов Зеланд, Канада, САД и ЕИ  каде што се натпреварува со светски брендови. Производот е достапен во големите маркети низ Нов Зеланд, наменет за сите кои бараат автентичен, традиционален вкус без вештачки додатоци. Кога мегапопуларна ѕвезда како Рита Ора ќе го објави вашиот производ, тоа е најдобрата потврда за квалитетот што излегува од штипскиот погон. Изгледа дека штипските мајстори на ајварот добија нова, светска амбасадорка која знае да го препознае вистинскиот квалитет! Рита Ора, светска поп ѕвезда по потекло од Косово и нејзиниот избраник Таика Ваитити од Нов Зеланд стапија во брак во 2022 година.


Рита Ора објави дека македонскиот ајвар „Перустија“ е дел од нејзиниот избор во Нов Зеланд!

Рита Ора објави дека македонскиот ајвар „Перустија“ е дел од нејзиниот избор во Нов Зеланд!

Дека македонскиот ајвар не познава граници, потврди и светската музичка ѕвезда Рита Ора! Пејачката, која веќе неколку години живее во Австралија, пријатно ги изненади своите следбеници од Балканот со една фотографија од нејзината последна објава на својот Инстаграм профил за време на нејзината посета на Нов Зеланд. „Малку од ова, малку од она“, напиша Ора и објави фотографија од полица преполна со тегли од познатиот бренд „Перустија“, сопственост на штипската фабрика „Ларс“. Со краткиот и симпатичен опис „A little bit of this, a little bit of that таа јасно стави до знаење дека овој деликатес е дел од нејзиниот избор при пазарување. Штипскиот ајвар го освои австралискиот континент Ова не е само обична фан-фотографија, туку доказ за успешниот извоз на македонските компании. Фабриката „Ларс“ од Штип веќе со години стратешки го пласира ајварот „Перустија“ на пазарите во Австралија, Нов Зеланд, Канада, САД и ЕИ  каде што се натпреварува со светски брендови. Производот е достапен во големите маркети низ Нов Зеланд, наменет за сите кои бараат автентичен, традиционален вкус без вештачки додатоци. р е к л а м а Кога мегапопуларна ѕвезда како Рита Ора ќе го објави вашиот производ, тоа е најдобрата потврда за квалитетот што излегува од штипскиот погон. Изгледа дека штипските мајстори на ајварот добија нова, светска амбасадорка која знае да го препознае вистинскиот квалитет! Рита Ора, светска поп ѕвезда по потекло од Косово и нејзиниот избраник Таика Ваитити од Нов Зеланд стапија во брак во 2022 година. р е к л а м а