Големи 750.000 евра градот Скопје платил по напади од кучиња. КОЈА Е ЦЕНАТА ДА ГИ НЕМА ТИЕ НАПАДИ?!
Град Скопје во текот на 2025 година исплатил околу 750.000 евра оштета на граѓани поради напади од бездомни кучиња, при што биле поднесени стотици тужби и судски одлуки за надомест на штета, покажуваат податоци објавени од повеќе домашни медиуми и институционални извештаи. Според официјалните податоци, од јануари 2025 до јануари 2026 година се поднесени вкупно 440 тужби за нематеријална штета предизвикана од каснувања од кучиња скитници, а судовите донеле 383 правосилни одлуки врз основа на кои градот исплатил значителни финансиски средства на оштетените граѓани. Овие податоци укажуваат на континуиран тренд на зголемени пријави за вакви инциденти во урбаните делови на градот. Жителите во повеќе скопски општини пријавуваат дека нападите најчесто се случуваат во станбени населби, во близина на училишта и паркови, што дополнително ја зголемува загриженоста за јавната безбедност. Дел од случаите завршуваат со полесни повреди, но има и посериозни инциденти кои бараат медицинска интервенција. Во меѓувреме, институциите се соочуваат со критики дека системското решение за проблемот со бездомните кучиња доцни, и покрај постоењето на програми за нивен хуман третман и заловување. Според дел од извештаите, општините имаат обврски кон јавното претпријатие „Лајка“, но тие не се исполнуваат целосно, што дополнително го отежнува справувањето со проблемот. © Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата НЕМА ВРЕМЕ КАКО ПОРАНО. Летото е изгор, снег нема а пролетта е скратена... ДО КОГА, И ЗОШТО? Во среда 24-ЧАСОВНИ КОНТРОЛИ на патиштата, ОВА СЕ СЛУЧУВА...!
Град Скопје исплатил околу 750.000 евра за напади од бездомни кучиња во 2025 година
Град Скопје во текот на 2025 година исплатил околу 750.000 евра оштета на граѓани поради напади од бездомни кучиња, при што биле поднесени стотици тужби и судски одлуки за надомест на штета, покажуваат податоци објавени од повеќе домашни медиуми и институционални извештаи. Според официјалните податоци, од јануари 2025 до јануари 2026 година се поднесени вкупно 440 тужби за нематеријална штета предизвикана од каснувања од кучиња скитници, а судовите донеле 383 правосилни одлуки врз основа на кои градот исплатил значителни финансиски средства на оштетените граѓани. Овие податоци укажуваат на континуиран тренд на зголемени пријави за вакви инциденти во урбаните делови на градот. Жителите во повеќе скопски општини пријавуваат дека нападите најчесто се случуваат во станбени населби, во близина на училишта и паркови, што дополнително ја зголемува загриженоста за јавната безбедност. Дел од случаите завршуваат со полесни повреди, но има и посериозни инциденти кои бараат медицинска интервенција. Во меѓувреме, институциите се соочуваат со критики дека системското решение за проблемот со бездомните кучиња доцни, и покрај постоењето на програми за нивен хуман третман и заловување. Според дел од извештаите, општините имаат обврски кон јавното претпријатие „Лајка“, но тие не се исполнуваат целосно, што дополнително го отежнува справувањето со проблемот. Аналитичарите и дел од стручната јавност предупредуваат дека ваквиот тренд создава финансиски оптоварувања за градскиот буџет, но и континуиран ризик за безбедноста на граѓаните, особено во густо населени урбани средини.
Нападите од бездомните кучиња го „олесниле“ буџетот на Скопје за околу 750.000 евра во 2025 година
Скопје има сериозен проблем со бездомните кучиња, кој од ден во ден станува се поалармантен. Според најновите податоци, Градот Скопје во 2025 година исплатил околу околу 750.000 евра отштета по 383 судски одлуки поради напади врз граѓани. Жртвите најчесто се случајни минувачи, меѓу нив и деца, а нападите се случуваат во населби и во близина на училишта. И покрај ова, реакцијата на надлежните институции останува бледа, а проблемот се продлабочува. Дополнителен аларм е информацијата дека организирани групи истовараат нови, нестерилизирани кучиња низ Скопје, дел од нив дури и со странски маркици. Иако постои стационарот „Лајка“, јасно е дека тоа не е доволно за справување со проблемот. Јавноста бара итна акција – инспекции на терен, контроли и откривање на оние што намерно го влошуваат проблемот. Во спротивно, Скопје ќе продолжи да плаќа милиони, а граѓаните ќе живеат во страв од секојдневни напади.
Загрижувачко зголемување на нападите од кучиња скитници во Скопје
Во 2025 година, за 383 судски одлуки, Градот Скопјe им исплатил над 45.973.353 денари на повредените граѓани Во повеќето случаи, жртвите често се минувачи, вклучувајќи постари лица и деца. Нападите обично се случуваат во станбени населби и во близина на училишта, што ја прави ситуацијата уште поалармантна. Жителите пријавуваат чести инциденти во различни делови од градот, што покренува сериозна загриженост за јавната безбедност. „Кучињата, да бидам искрен, се две или три, има две или три таму кај чајџилницата спроти“, вели еден граѓанин. „Треба да се соберат, па затоа треба да најдеме начин да ги собереме, но не да ги елиминираме или убиеме“, рече друг граѓанин. Според податоците од Градот Скопјe, од јануари 2025 до јануари 2026 година, поднесени се вкупно 440 тужби за надомест на нематеријална штета поради напади од кучиња скитници во Скопјe. Во 2025 година, за 383 судски одлуки, Градот Скопјe им исплатил над 45.973.353 денари на повредените граѓаним објави Алсат.мк







