САД подготвуваат низа планови за непредвидени ситуации со Куба, Русија е против каква било форма на притисок

САД подготвуваат низа планови за непредвидени ситуации со Куба, Русија е против каква било форма на притисок

Соединетите Американски Држави подготвуваат „низа планови за непредвидени ситуации“ поврзани со Куба и остануваат подготвени да ги спроведат наредбите на претседателот Доналд Трамп.


САД подготвуваат низа можни акции против Хавана, Кремљ против какви било притисоци врз Куба

САД подготвуваат низа можни акции против Хавана, Кремљ против какви било притисоци врз Куба

Од Пентагон во одговорот на прашањето од руски медиуми дали САД планираат воена операција против Хавана, посочуваат дека нема да коментираат „хипотетички сценарија“, но потврдија постоење различни оперативни планови што би можеле да бидат активирани во случај да биде потребно. Претходно американски медиуми објавија дека Пентагон веќе започнал подготовки за можна операција на Куба, повикувајќи се на информирани извори. Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел изјави дека САД немаат никакво оправдување за воена интервенција или обид за негово соборување од власта. „Не гледам никакво оправдување за американска агресија или за каква било значајна операција против Куба“, рече Дијаз-Канел, додавајќи дека земјата ќе се брани во случај на напад. Во меѓувреме, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија е против каква било форма на притисок врз Куба. „Куба е долгогодишен партнер и пријател на Русија. Не би сакале да видиме инвазија, блокада или каков било друг притисок врз таа земја“, изјави Песков. Тој додаде дека Москва нема да ги коментира геополитичките цели на САД, нагласувајќи дека тие прашања се во надлежност на американското раководство. © Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата Иран: Ќе потопиме американски бродови ако САД ја преземат контролата врз Ормуската Теснина Левит: Наредната рунда американско-ирански преговори најверојатно во Пакистан


САД подготвуваат низа можни акции против Хавана, Кремљ против какви било притисоци врз Куба

САД подготвуваат низа можни акции против Хавана, Кремљ против какви било притисоци врз Куба

Соединетите Американски Држави подготвуваат „низа планови за непредвидени ситуации“ поврзани со Куба и остануваат подготвени да ги спроведат наредбите на претседателот Доналд Трамп. Од Пентагон во одговорот на прашањето од руски медиуми дали САД планираат воена операција против Хавана, посочуваат дека нема да коментираат „хипотетички сценарија“, но потврдија постоење различни оперативни планови што би можеле да бидат активирани во случај да биде потребно. Претходно американски медиуми објавија дека Пентагон веќе започнал подготовки за можна операција на Куба, повикувајќи се на информирани извори. Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел изјави дека САД немаат никакво оправдување за воена интервенција или обид за негово соборување од власта. „Не гледам никакво оправдување за американска агресија или за каква било значајна операција против Куба“, рече Дијаз-Канел, додавајќи дека земјата ќе се брани во случај на напад. Во меѓувреме, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија е против каква било форма на притисок врз Куба. „Куба е долгогодишен партнер и пријател на Русија. Не би сакале да видиме инвазија, блокада или каков било друг притисок врз таа земја“, изјави Песков. Тој додаде дека Москва нема да ги коментира геополитичките цели на САД, нагласувајќи дека тие прашања се во надлежност на американското раководство. /МИА


САД подготвуваат низа можни акции против Хавана, Кремљ против какви било притисоци врз Куба

САД подготвуваат низа можни акции против Хавана, Кремљ против какви било притисоци врз Куба

Од Пентагон во одговорот на прашањето од руски медиуми дали САД планираат воена операција против Хавана, посочуваат дека нема да коментираат „хипотетички сценарија“, но потврдија постоење различни оперативни планови што би можеле да бидат активирани во случај да биде потребно. Претходно американски медиуми објавија дека Пентагон веќе започнал подготовки за можна операција на Куба, повикувајќи се на информирани извори. Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел изјави дека САД немаат никакво оправдување за воена интервенција или обид за негово соборување од власта. „Не гледам никакво оправдување за американска агресија или за каква било значајна операција против Куба“, рече Дијаз-Канел, додавајќи дека земјата ќе се брани во случај на напад. Во меѓувреме, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија е против каква било форма на притисок врз Куба. „Куба е долгогодишен партнер и пријател на Русија. Не би сакале да видиме инвазија, блокада или каков било друг притисок врз таа земја“, изјави Песков. Тој додаде дека Москва нема да ги коментира геополитичките цели на САД, нагласувајќи дека тие прашања се во надлежност на американското раководство. Иран: Ќе потопиме американски бродови ако САД ја преземат контролата врз Ормуската Теснина Левит: Наредната рунда американско-ирански преговори најверојатно во Пакистан


КУБА Е СЛЕДНА? Пентагон забрзано подготвува воена интервенција

КУБА Е СЛЕДНА? Пентагон забрзано подготвува воена интервенција

Пентагон забрзано развива планови за можна воена операција на Куба во случај американскиот претседател Доналд Трамп да издаде наредба за интервенција, дознава Ју-Ес-Еј Тудеј. Станува збор за конкретни воени подготовки што би можеле да се активираат на краток рок, изјавија два извори запознаени со планирањето, зборувајќи под услов на анонимност бидејќи не се овластени да зборуваат со медиумите. Ваквите директиви би претставувале ескалација на тензиите меѓу САД и Куба што почнаа во јануари, кога администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги намали испораките на нафта за Куба, како дел од пошироката кампања за притисок врз комунистичката влада на островот. Ју-Ес-Еј Тудеј контактираше со Министерството за војна на САД и Јужната команда на САД за коментар на овие тврдења, но не доби одговор. Информациите за можни планови за ескалација прво беа објавени на платформата Substack на порталот Zeteo, по што се проширија низ политичките кругови во Вашингтон. САД и Куба потврдија дека се во рана фази од обидите да најдат излез од кризата, но не е јасно колку отстапки е подготвена да направи секоја страна. Ју-Ес-Еј Тудеј објави во март дека двете земји разговараат за можен историски економски договор што би можел да ги намали тензиите. И покрај тоа што фокусот на администрацијата на Трамп во последните недели се префрли на војната со Иран, тензиите меѓу Вашингтон и Хавана дополнително се зголемија. Трамп неодамна посочи дека очекува наскоро да „има чест да ја земе Куба, во некоја форма“, додавајќи: „Без разлика дали ќе ја ослободам или ќе ја земам – мислам дека можам да правам што сакам со неа“. – Можеби ќе застанеме на Куба кога ќе завршиме со ова – изјави Трамп завчера во Белата куќа, осврнувајќи се на конфликтот со Иран. Кубанскиот претседател Мигел Дијаз Канел вели дека земјата ќе се брани во случај на напад од САД. – Ќе се бориме, ќе се браниме и ако паднеме во битка, умирањето за нашата земја значи живот – рече тој во интервју за „Њузвик“. Тензиите дополнително се зголемија откако тајната американска операција на почетокот на јануари, со која поранешниот претседател Николас Мадуро беше извлечен од Венецуела, ја шокираше кубанската дијаспора и предизвика шпекулации дека Куба би можела да биде следната цел. Во операцијата беа убиени 32 кубански војници кои го чуваа Мадуро, што предизвика стравувања од поширок регионален конфликт. САД размислуваат за воена интервенција во Куба со децении, што датира од 1959 година, кога комунистот Фидел Кастро ја презеде власта и ја поврза земјата со Советскиот Сојуз. Најновата криза е влошена поради блокадата на снабдувањето со нафта од страна на САД, што ја втурна кубанската економија во длабока енергетска и економска криза и ги засили политичките тензии на островот.


ПЕНТАГОН: САД подготвуваат „низа планови за непредвидени ситуации“ поврзани со Куба, Русија е против каква било форма на притисок

ПЕНТАГОН: САД подготвуваат „низа планови за непредвидени ситуации“ поврзани со Куба, Русија е против каква било форма на притисок

Соединетите Американски Држави подготвуваат „низа планови за непредвидени ситуации“ поврзани со Куба и остануваат подготвени да ги спроведат наредбите на претседателот Доналд Трамп.


Пентагон подготвува сценарија за Куба, се чека одлука од Трамп

Пентагон подготвува сценарија за Куба, се чека одлука од Трамп

Американското Министерство за одбрана подготвува планови за можна интервенција во Куба, но конечната одлука зависи од претседателот Доналд Трамп. Пентагон забрзано работи на подготовка на сценарија за можна воена операција во Куба, во случај американскиот претседател Доналд Трамп да даде наредба за интервенција. Според информации од извори запознаени со процесот, станува збор за конкретни подготовки што би можеле брзо да се активираат, што претставува нова ескалација на тензиите меѓу САД и Куба. Тензиите меѓу двете земји се засилија на почетокот на годината, кога администрацијата на Трамп воведе дополнителен притисок врз Хавана, вклучително и ограничување на испораките на нафта. Овие мерки придонесоа за сериозна енергетска и економска криза на островот. Во меѓувреме, се појавија и информации дека во Вашингтон веќе кружат планови за ескалација, додека дипломатските обиди за намалување на тензиите се во рана фаза и без гаранција за успех. Иако американската администрација последниве недели е фокусирана на конфликтот со Иран, реториката кон Куба дополнително се заострува. Трамп неодамна изјави дека САД би можеле „да направат нешто со Куба многу скоро“, што дополнително ги зголеми стравувањата од интервенција. Кубанските власти веќе најавија дека ќе одговорат во случај на напад, нагласувајќи дека суверенитетот на земјата не е предмет на преговори. Покрај тоа, ситуацијата дополнително се влоши по американската операција во Венецуела, што отвори шпекулации дека Куба би можела да биде следната цел во поширокиот геополитички конфликт во регионот. САД со децении разгледуваат можности за интервенција на островот, уште од доаѓањето на власт на Фидел Кастро во 1959 година. Денешната криза, комбинирана со економски притисок и политички тензии, повторно го става тоа прашање во фокус.