Нафтата над 102 долари: стравот од блокадата врз Иран го тресе пазарот
Цените на нафтата денеска пораснаа на меѓународните пазари и се приближија до 102 долари по барел, поради стравувањата на инвеститорите дека американската поморска блокада врз Иран дополнително ќе ги намали испораките од регионот на Персискиот Залив. На лондонскиот пазар цената на барелот попладне достигна 101,85 долари, што е зголемување од 6,65 долари во однос на затворањето на крајот од минатата недела. На американскиот пазар, барелот поскапе за 6,07 долари и достигна цена од 102,64 долари. Пазарите на почетокот на неделата беа потресени од најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување поморска блокада на Иран, поради незадоволството од позицијата на Техеран во преговорите во Исламабад. САД се залагаа за итно отворање на Ормуски теснец, но Иран инсистирал на прекин на огнот на сите фронтови, вклучително и во Либан, како и на одмрзнување на својот имот. По објавата на примирјето меѓу САД и Иран во средината на минатата недела, Израел повторно изведе воздушни напади врз Либан, при што загинаа повеќе од 300 луѓе. По заминувањето на американските преговарачи од Исламабад, предводени од потпретседателот Џејмс Дејвид Венс, Трамп најави блокада на влезот во Ормускиот теснец, додавајќи дека американската морнарица ќе ги запира сите бродови што платиле транзитна такса на иранските власти. Американската морнарица за Ројтерс појасни дека блокадата ќе биде воспоставена во Оманскиот Залив и во Арапското Море, источно од теснецот, при што првично беше наведено дека ќе се запираат сите бродови, а подоцна дека ќе се блокираат само оние со ирански пратки. Вашингтон на тој начин сигнализира дополнителна ескалација на конфликтот, кој веќе сериозно ги намали испораките на нафта од регионот. Техеран возврати дека американската блокада претставува „пиратство“ и предупреди дека, доколку иранските пристаништа бидат загрозени, нема да бидат безбедни ниту пристаништата во Персискиот и Оманскиот Залив. Од почетокот на март, Иран извезол околу 58,75 милиони барели нафта, според податоците на порталот Windward. Одделни пресметки на ОПЕК покажуваат дека цената на барелот од кошницата на нејзините членки во петокот изнесувала 105,28 долари, што е намалување за два долари.
Нафтата над 102 долари: стравот од блокадата врз Иран го тресе пазарот
Цените на нафтата денеска пораснаа на меѓународните пазари и се приближија до 102 долари по барел, поради стравувањата на инвеститорите дека американската поморска блокада врз Иран дополнително ќе ги намали испораките од регионот на Персискиот Залив. На лондонскиот пазар цената на барелот попладне достигна 101,85 долари, што е зголемување од 6,65 долари во однос на затворањето на крајот од минатата недела. На американскиот пазар, барелот поскапе за 6,07 долари и достигна цена од 102,64 долари. Пазарите на почетокот на неделата беа потресени од најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување поморска блокада на Иран, поради незадоволството од позицијата на Техеран во преговорите во Исламабад. САД се залагаа за итно отворање на Ормуски теснец, но Иран инсистирал на прекин на огнот на сите фронтови, вклучително и во Либан, како и на одмрзнување на својот имот. По објавата на примирјето меѓу САД и Иран во средината на минатата недела, Израел повторно изведе воздушни напади врз Либан, при што загинаа повеќе од 300 луѓе. По заминувањето на американските преговарачи од Исламабад, предводени од потпретседателот Џејмс Дејвид Венс, Трамп најави блокада на влезот во Ормускиот теснец, додавајќи дека американската морнарица ќе ги запира сите бродови што платиле транзитна такса на иранските власти. Американската морнарица за Ројтерс појасни дека блокадата ќе биде воспоставена во Оманскиот Залив и во Арапското Море, источно од теснецот, при што првично беше наведено дека ќе се запираат сите бродови, а подоцна дека ќе се блокираат само оние со ирански пратки. Вашингтон на тој начин сигнализира дополнителна ескалација на конфликтот, кој веќе сериозно ги намали испораките на нафта од регионот. Техеран возврати дека американската блокада претставува „пиратство“ и предупреди дека, доколку иранските пристаништа бидат загрозени, нема да бидат безбедни ниту пристаништата во Персискиот и Оманскиот Залив. Од почетокот на март, Иран извезол околу 58,75 милиони барели нафта, според податоците на порталот Windward. Одделни пресметки на ОПЕК покажуваат дека цената на барелот од кошницата на нејзините членки во петокот изнесувала 105,28 долари, што е намалување за два долари.
Нафтата повторно над 100 долари!
Цените на нафтата повторно силно пораснаа и ја надминаа границата од 100 долари за барел, откако американската воена команда објави блокада на иранските пристаништа, а мировните преговори меѓу Вашингтон и Техеран завршија без резултати, продлабочувајќи ги стравувањата од прекини во глобалните снабдувања со енергија. На лондонскиот пазар, цената на суровата нафта од типот Брент се зголеми за повеќе од 7 проценти, достигнувајќи 102,15 долари за барел, додека на американскиот пазар WTI забележа уште посилен раст – повеќе од 8,5 проценти, на 104,90 долари, јавуваат агенциите. Овој ненадеен скок следеше по објавата на Централната команда на САД дека од 13 април ќе започне со блокирање на морскиот сообраќај кон и од иранските пристаништа. Како што е наведено, мерката ќе се применува на сите бродови, без оглед на знамето, кои влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа во Персискиот и Оманскиот Залив. Во исто време, ЦЕНТКОМ вели дека нема да се меша во слободата на пловидба низ Ормутскиот теснец за бродовите што транзитираат кон пристаништа што не се во Иран – обид да се избегне целосен колапс на глобалните енергетски текови. Најавата за блокадата претходно ја потврди претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, откако преговорите меѓу американските и иранските претставници во Исламабад завршија без договор за прекин на конфликтот. Неуспехот на дипломатијата дополнително ги зголеми загриженостите на инвеститорите, кои стравуваат од долгорочно нарушување на снабдувањето со нафта од еден од клучните енергетски региони во светот. Интересно е што пазарот на нафта беше во спротивен тренд само неколку дена претходно. Минатата недела цените нагло паднаа по постигнувањето на двонеделно примирје меѓу САД и Иран: Брент падна за 12,7 проценти, додека американскиот WTI потона за 13,4 проценти Најголемиот пад беше забележан во средината на неделата, веднаш по објавувањето на примирјето, но цените останаа релативно високи до крајот на неделата – близу 100 долари. Причината беше што Иран не го отвори целосно Ормускиот теснец за танкери, освен со ограничени исклучоци, што дури и тогаш сигнализираше за кршливоста на договорот. Најновите случувања го враќаат фокусот на инвеститорите кон геополитичките ризици и потенцијалните прекини во синџирот на снабдување. Ормускиот теснец, низ кој минува значителен дел од светската нафта, останува клучна точка на глобалната енергетска безбедност – и секоја закана за неговото функционирање автоматски се одразува на цените. Доколку тензиите продолжат, аналитичарите предупредуваат дека цените на нафтата би можеле да го продолжат својот тренд на раст, со директни последици врз инфлацијата, транспортот и економиите низ целиот свет. Фото – Flickr
Нафтата над 102 долари: стравот од блокадата врз Иран го тресе пазарот
<a href="https://opserver.mk/ads/www/delivery/ck.php?n=ab7911cf&cb=INSERT_RANDOM_NUMBER_HERE" target="_blank"><img src="https://opserver.mk/ads/www/delivery/avw.php?zoneid=74&cb=INSERT_RANDOM_NUMBER_HERE&n=ab7911cf" border="0" alt="" /></a> Цените на нафтата денеска пораснаа на меѓународните пазари и се приближија до 102 долари по барел, поради стравувањата на инвеститорите дека американската поморска блокада врз Иран дополнително ќе ги намали испораките од регионот на Персискиот Залив. На лондонскиот пазар цената на барелот попладне достигна 101,85 долари, што е зголемување од 6,65 долари во однос на затворањето на крајот од минатата недела. На американскиот пазар, барелот поскапе за 6,07 долари и достигна цена од 102,64 долари. Пазарите на почетокот на неделата беа потресени од најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување поморска блокада на Иран, поради незадоволството од позицијата на Техеран во преговорите во Исламабад. САД се залагаа за итно отворање на Ормуски теснец, но Иран инсистирал на прекин на огнот на сите фронтови, вклучително и во Либан, како и на одмрзнување на својот имот. По објавата на примирјето меѓу САД и Иран во средината на минатата недела, Израел повторно изведе воздушни напади врз Либан, при што загинаа повеќе од 300 луѓе. По заминувањето на американските преговарачи од Исламабад, предводени од потпретседателот Џејмс Дејвид Венс, Трамп најави блокада на влезот во Ормускиот теснец, додавајќи дека американската морнарица ќе ги запира сите бродови што платиле транзитна такса на иранските власти. Американската морнарица за Ројтерс појасни дека блокадата ќе биде воспоставена во Оманскиот Залив и во Арапското Море, источно од теснецот, при што првично беше наведено дека ќе се запираат сите бродови, а подоцна дека ќе се блокираат само оние со ирански пратки. Вашингтон на тој начин сигнализира дополнителна ескалација на конфликтот, кој веќе сериозно ги намали испораките на нафта од регионот. Техеран возврати дека американската блокада претставува „пиратство“ и предупреди дека, доколку иранските пристаништа бидат загрозени, нема да бидат безбедни ниту пристаништата во Персискиот и Оманскиот Залив. Од почетокот на март, Иран извезол околу 58,75 милиони барели нафта, според податоците на порталот Windward. Одделни пресметки на ОПЕК покажуваат дека цената на барелот од кошницата на нејзините членки во петокот изнесувала 105,28 долари, што е намалување за два долари.
Нафтата над 102 долари: стравот од блокадата врз Иран го тресе пазарот
Цените на нафтата денеска пораснаа на меѓународните пазари и се приближија до 102 долари по барел, поради стравувањата на инвеститорите дека американската поморска блокада врз Иран дополнително ќе ги намали испораките од регионот на Персискиот Залив. На лондонскиот пазар цената на барелот попладне достигна 101,85 долари, што е зголемување од 6,65 долари во однос на затворањето на крајот од минатата недела. На американскиот пазар, барелот поскапе за 6,07 долари и достигна цена од 102,64 долари. Пазарите на почетокот на неделата беа потресени од најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување поморска блокада на Иран, поради незадоволството од позицијата на Техеран во преговорите во Исламабад. САД се залагаа за итно отворање на Ормуски теснец, но Иран инсистирал на прекин на огнот на сите фронтови, вклучително и во Либан, како и на одмрзнување на својот имот. По објавата на примирјето меѓу САД и Иран во средината на минатата недела, Израел повторно изведе воздушни напади врз Либан, при што загинаа повеќе од 300 луѓе. По заминувањето на американските преговарачи од Исламабад, предводени од потпретседателот Џејмс Дејвид Венс, Трамп најави блокада на влезот во Ормускиот теснец, додавајќи дека американската морнарица ќе ги запира сите бродови што платиле транзитна такса на иранските власти. Американската морнарица за Ројтерс појасни дека блокадата ќе биде воспоставена во Оманскиот Залив и во Арапското Море, источно од теснецот, при што првично беше наведено дека ќе се запираат сите бродови, а подоцна дека ќе се блокираат само оние со ирански пратки. Вашингтон на тој начин сигнализира дополнителна ескалација на конфликтот, кој веќе сериозно ги намали испораките на нафта од регионот. Техеран возврати дека американската блокада претставува „пиратство“ и предупреди дека, доколку иранските пристаништа бидат загрозени, нема да бидат безбедни ниту пристаништата во Персискиот и Оманскиот Залив. Од почетокот на март, Иран извезол околу 58,75 милиони барели нафта, според податоците на порталот Windward. Одделни пресметки на ОПЕК покажуваат дека цената на барелот од кошницата на нејзините членки во петокот изнесувала 105,28 долари, што е намалување за два долари. Текстот Нафтата над 102 долари: стравот од блокадата врз Иран го тресе пазарот е превземен од МАКФАКС .
Цените на нафтата нагло скокнаа – инвеститорите стравуваат од нов енергетски шок по неуспешните мировни преговори меѓу САД и Иран
Цените на нафтата повторно забележаа силен раст и ја надминаа психолошката граница од 100 долари за барел, по нова ескалација на геополитичките тензии на Блискиот Исток и прекин на дипломатските разговори меѓу САД и Иран. На лондонскиот пазар, Брент нафтата порасна за над 7% и достигна 102,15 долари за барел , додека американската „WTI“ нафта се зголеми за повеќе од 8,5% на 104,90 долари , според пазарните податоци. Растот следува по најавата на американската Централна команда (CENTCOM) за блокада на пристапот до иранските пристаништа, мерка која дополнително ги зголеми стравувањата од нарушување на глобалните енергетски текови. Според најавите, ограничувањата ќе се однесуваат на сите бродови што влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа во Персискиот и Оманскиот Залив. Во меѓувреме, неуспехот на мировните преговори меѓу Вашингтон и Техеран дополнително ја засили неизвесноста на пазарите, при што инвеститорите стравуваат од долгорочни прекини во снабдувањето со нафта од еден од клучните енергетски региони во светот. Само неколку дена претходно, пазарот беше во спротивен тренд, со пад на цените по најавите за привремено примирје, што дополнително ја нагласува високата волатилност и чувствителноста на енергетските пазари на геополитички ризици. Ормускиот теснец и понатаму останува клучна точка на глобалната енергетска безбедност, а секое нарушување на неговото функционирање директно влијае врз цените на нафтата. Аналитичарите предупредуваат дека доколку тензиите продолжат, цените би можеле да го продолжат нагорниот тренд, со потенцијални последици врз инфлацијата, транспортните трошоци и глобалниот економски раст.
Цената на нафтата надмина 102 долари за барел
Цените на нафтата скокнаа денес на меѓународните пазари кон 102 долари, а инвеститорите се загрижени дека поморската блокада на Иран од страна на САД ќе ги направи испораките од регионот на Персискиот Залив уште поретки. На лондонскиот пазар, барелот се тргуваше за 6,65 долари поскапо попладне отколку на затворањето на трговијата на крајот од минатата недела, на 101,85 долари. На американскиот пазар, беше поскап за 6,07 долари, на 102,64 долари. Пазарите беа потресени на почетокот на неделата од објавата на САД за иранската нафта. Трамп најави блокада Претседателот Доналд Трамп во неделата објави поморска блокада на Иран, незадоволен од ставот на Техеран во разговорите во Исламабад. САД сакаа итно отворање на Ормутскиот теснец, но Техеран инсистираше на прекин на огнот на сите фронтови, вклучително и Либан, и на одмрзнување на средствата. По објавувањето на прекинот на огнот меѓу САД и Иран кон средината на минатата недела, Израел повторно изврши воздушни напади врз Либан, при што загинаа повеќе од 300 луѓе. По заминувањето на американските преговарачи предводени од потпретседателот Џејмс Дејвид Венс од Исламабад, Трамп најави блокада на влезот во Ормутскиот теснец, додавајќи дека американската морнарица ќе ги запре сите бродови што им платиле на иранските власти транзитна такса.
Нафтата над 102 долари: стравот од блокадата врз Иран го тресе пазарот
<a href="https://opserver.mk/ads/www/delivery/ck.php?n=ab7911cf&cb=INSERT_RANDOM_NUMBER_HERE" target="_blank"><img src="https://opserver.mk/ads/www/delivery/avw.php?zoneid=74&cb=INSERT_RANDOM_NUMBER_HERE&n=ab7911cf" border="0" alt="" /></a> Цените на нафтата денеска пораснаа на меѓународните пазари и се приближија до 102 долари по барел, поради стравувањата на инвеститорите дека американската поморска блокада врз Иран дополнително ќе ги намали испораките од регионот на Персискиот Залив. На лондонскиот пазар цената на барелот попладне достигна 101,85 долари, што е зголемување од 6,65 долари во однос на затворањето на крајот од минатата недела. На американскиот пазар, барелот поскапе за 6,07 долари и достигна цена од 102,64 долари. Пазарите на почетокот на неделата беа потресени од најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување поморска блокада на Иран, поради незадоволството од позицијата на Техеран во преговорите во Исламабад. САД се залагаа за итно отворање на Ормуски теснец, но Иран инсистирал на прекин на огнот на сите фронтови, вклучително и во Либан, како и на одмрзнување на својот имот. По објавата на примирјето меѓу САД и Иран во средината на минатата недела, Израел повторно изведе воздушни напади врз Либан, при што загинаа повеќе од 300 луѓе. По заминувањето на американските преговарачи од Исламабад, предводени од потпретседателот Џејмс Дејвид Венс, Трамп најави блокада на влезот во Ормускиот теснец, додавајќи дека американската морнарица ќе ги запира сите бродови што платиле транзитна такса на иранските власти. Американската морнарица за Ројтерс појасни дека блокадата ќе биде воспоставена во Оманскиот Залив и во Арапското Море, источно од теснецот, при што првично беше наведено дека ќе се запираат сите бродови, а подоцна дека ќе се блокираат само оние со ирански пратки. Вашингтон на тој начин сигнализира дополнителна ескалација на конфликтот, кој веќе сериозно ги намали испораките на нафта од регионот. Техеран возврати дека американската блокада претставува „пиратство“ и предупреди дека, доколку иранските пристаништа бидат загрозени, нема да бидат безбедни ниту пристаништата во Персискиот и Оманскиот Залив. Од почетокот на март, Иран извезол околу 58,75 милиони барели нафта, според податоците на порталот Windward. Одделни пресметки на ОПЕК покажуваат дека цената на барелот од кошницата на нејзините членки во петокот изнесувала 105,28 долари, што е намалување за два долари.
Нема да биде безбедно НИЕДНО ПРИСТАНИШТЕ во регионот ако САД ги блокираат иранските, рече Иран
Неколку земји реагираат на заканата на американскиот претседател Доналд Трамп за блокада на иранските пристаништа. Американската војска соопшти дека денеска ќе започне блокада на целиот поморски сообраќај што влегува и излегува од иранските пристаништа и крајбрежните области, откако разговорите за време на викендот не успеаја да постигнат договор за прекин на војната со Иран, со што се загрози кревкото двонеделно примирје. Иран веднаш одговори со закани кон сите пристаништа во Персискиот Залив и Оманскиот Залив. „Безбедноста во Персискиот Залив и Оманското Море е или за сите или за НИКОГО“, објави денеска радиодифузијата на Исламската Република Иран. „НИЕДНО ПРИСТАНИШТЕ во регионот нема да биде безбедно“, според соопштението на иранската војска и Револуционерната гарда. Иранските вооружени сили велат дека „воведувањето ограничувања на движењето на бродовите во меѓународните води од страна на САД е нелегален чин и претставува пиратство“. Цените на суровата нафта скокнаа за повеќе од 7% и достигнаа 100 долари за барел во тргувањето утринава во Азија, додека доларот скокна, а фјучерсите на американските акции паднаа по објавувањето на блокадата. Шпанската министерка за одбрана, Маргарита Роблес, употреби еден од најсилните зборови досега, велејќи дека предлогот „нема смисла“. Кина повикува на смиреност и воздржаност, додавајќи дека одржувањето на Ормускиот Теснец отворен е во заеднички интерес на меѓународната заедница. АСЕАН – група од 11 земји од Југоисточна Азија, од кои многу се потпираат на Блискиот Исток за енергија – повика на „целосно и ефикасно спроведување на прекинот на огнот… обезбедување на поморска безбедност и слобода на пловидба и прелет“. Во меѓувреме, францускиот премиер Емануел Макрон вели дека Франција и Велика Британија ќе организираат конференција „со цел враќање на слободата на пловидба во теснецот“ во „наредните денови“. Британскиот премиер Кир Стармер рече дека Велика Британија „не поддржува блокада“. Стармер изјави дека каков и да е притисокот, Велика Британија нема да биде вовлечена во војната против Иран и нема да поддржи блокада на Ормускиот Теснец. „Според мене, од витално значење е да го отвориме теснецот и целосно да биде отворен, и таму ги вложивме сите наши напори во последните неколку години и ќе продолжиме да го правиме тоа“, рече Стармер. Ормускиот Tеснец е витален превозен пат, при што околу 20% од светската нафта и течен природен гас минуваат низ него. Кина е најголемиот поединечен примател на сурова нафта од теснецот, земајќи 31% од транспортираната нафта. Индија е следна, примајќи 14%. Вкупно, 86% од целата нафта што минува низ теснецот се испорачува во земјите во Азија. Но секое нарушување на овој пат може да влијае на цените низ целиот свет. Централната команда на САД соопшти дека блокадата, почнувајќи денеска од 15 часот по средноевропско време, ќе биде „спроведена непристрасно против бродови од сите земји што влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа и крајбрежните области, вклучувајќи ги сите ирански пристаништа во Арапскиот Залив и Оманскиот Залив“. Бродовите што транзитираат низ Ормускиот Теснец до и од неиранските пристаништа нема да бидат попречени, соопшти американската војска. Дополнителни информации ќе им бидат доставени на комерцијалните бродови преку официјално известување пред почетокот на блокадата, соопшти американската војска.
Нафтата повторно над 100 долари за барел
Цените на нафтата пораснаа за повеќе од 7% и повторно ја надминаа границата од 100 долари за барел, откако САД викендов најавија поморска блокада на Иран преку Ормускиот Теснец, по неуспешните преговори меѓу Вашингтон и Техеран за завршување на конфликтот. Фјучерсите на нафтата „Брент“ се зголемија за 7,4% и достигнаа 102,23 долари за барел, додека американската WTI порасна за 7,6% на 103,88 долари. Американската морнарица се очекува да започне со спроведување на блокадата од денес, со цел да го ограничи поморскиот сообраќај кон и од иранските пристаништа. Според соопштението на Централната команда на САД, мерката ќе важи за сите бродови, без оглед на нивната националност, но нема да се попречува транзитот кон пристаништа што не се во Иран. РЕКЛАМА Од Техеран предупредија дека секое приближување на воени бродови до Ормускиот Теснец ќе се смета за прекршување на примирјето и ќе биде санкционирано. Ескалацијата доаѓа по пропаднатите мировни разговори и го доведува во прашање кревкото примирје постигнато минатата недела. Американскиот претседател изјави дека цените на нафтата и горивата би можеле да останат високи до ноемвриските избори во САД. Во меѓувреме, танкерите почнаа да го избегнуваат Ормускиот Теснец, иако неколку супертанкери веќе го напуштиле Персискиот Залив во текот на викендот. Пазарните аналитичари предупредуваат дека физичките цени на нафтата веќе се тргуваат со значителна премија и во некои случаи достигнуваат и до 150 долари за барел, што укажува на растечка неизвесност на глобалниот енергетски пазар. Извор: Ројтерс Добивај ги најважните вести на е-маил Email
По Лондон и ПАРИЗ објави дека НЕМА ДА ГО БЛОКИРА ОРМУЗ
Нафтен шок: Цените над 100 долари по блокадата на САД Премиерот на Австралија: САД не побараа помош од нас поради блокадата на Ормутскиот теснец
Ирански функционер му се потсмева на Трамп поради растот на цените на нафтата
Претседателот на иранскиот Парламент, Мохамад-Багер Галибаф, го исмеа американскиот претседател Доналд Трамп поради заканата за блокада на иранските пристаништа, објавувајќи фотографија со цените на горивото во близина на Белата куќа. „Уживајте во сегашните цени. Со таканаречената блокада, наскоро ќе бидете носталгични по бензинот од 4–5 долари“, напиша Галибаф, кој беше учесник во неуспешните мировни разговори. Цените на нафтата значително пораснаа за време на конфликтот, поттикнати од затворањето на Ормуска Теснина и нападите врз енергетската инфраструктура во земјите од Заливот, како средство за притисок врз САД и Израел за постигнување примирје. Цената на референтната нафта „брент“ достигна речиси 120 долари за барел – највисоко ниво во последните четири години – во првите две недели од војната, по што падна под 100 долари по објавувањето на примирјето минатата недела. Сепак, цената повторно се искачи над 100 долари по најавите на Трамп за блокада.
САД воведуваат блокада на иранските пристаништа
Блокадата ќе се спроведува непристрасно против бродовите на сите земји што влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа и крајбрежните области, вклучувајќи ги сите ирански пристаништа во Персискиот Залив и Оманскиот Залив. Американската војска објави дека ќе започне со блокирање на целиот поморски сообраќај што влегува и излегува од иранските пристаништа и крајбрежните области во понеделник, откако преговорите во текот на викендот не успеаја да постигнат договор за прекин на војната со Иран, ставајќи го во опасност кревкото двонеделно примирје, објави Ројтерс. Разговорите во Исламабад, кои траеја од сабота до недела наутро, беа првата директна средба меѓу САД и Иран за повеќе од една деценија и разговори на највисоко ниво од Исламската револуција на Иран во 1979 година. Разговорите дојдоа неколку дена откако во вторник започна прекинот на огнот, со цел да се стави крај на шестнеделните борби во кои загинаа илјадници луѓе низ Заливот, беа задушени виталните енергетски резерви и се разгореа стравувањата од поширок регионален конфликт.
Раст на цената на нафтата по американската најава за блокада
Цената на нафтата забележа значителен раст во раното тргување на пазарите, откако Соединетите Американски Држави соопштија дека од денеска воведуваат блокада на иранските пристаништа. Котирањето на американската сурова нафта пораснаа за осум отсто, на 104,24 долари за барел, додека нафтата од типот „брент“ поскапе за седум проценти и достигна цена од 102,29 долари. Во текот на војната со Иран, цената на нафтата „брент“ варираше драстично, достигнувајќи во одредени моменти и над 119 долари, по почетните 70 долари пред конфликтот во февруари. Иран фактички ја контролира Ормуска Теснина, која е клучен воден пат за глобалниот транспорт на нафта. Централната воена команда на САД соопшти дека блокадата на иранските пристаништа ќе важи за сите пловила, без разлика на земјата на потекло, доколку влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа или крајбрежните зони, вклучително и оние во Персискиот и Оманскиот Залив.
Најавата за блокади на иранските пристаништа ја зголемија цената на нафтата
Цената на нафтата забележа значителен раст во раното тргување на пазарите, откако Соединетите Американски Држави соопштија дека од денеска воведуваат блокада на иранските пристаништа. Котирањето на американската сурова нафта пораснаа за осум отсто, на 104,24 долари за барел, додека нафтата од типот „брент“ поскапе за седум проценти и достигна цена од 102,29 долари. Во текот на војната со Иран, цената на нафтата „брент“ варираше драстично, достигнувајќи во одредени моменти и над 119 долари, по почетните 70 долари пред конфликтот во февруари. Иран фактички ја контролира Ормуска Теснина, која е клучен воден пат за глобалниот транспорт на нафта. Централната воена команда на САД соопшти дека блокадата на иранските пристаништа ќе важи за сите пловила, без разлика на земјата на потекло, доколку влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа или крајбрежните зони, вклучително и оние во Персискиот и Оманскиот Залив.
САД воведуваат блокада на иранските пристаништа, цените на нафтата драстично се зголемија
Блокадата ќе се спроведува непристрасно против бродовите на сите земји што влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа и крајбрежните области, вклучувајќи ги сите ирански пристаништа во Персискиот Залив и Оманскиот Залив. Американската војска објави дека ќе започне со блокирање на целиот поморски сообраќај што влегува и излегува од иранските пристаништа и крајбрежните области во понеделник, откако преговорите во текот на викендот не успеаја да постигнат договор за прекин на војната со Иран, ставајќи го во опасност кревкото двонеделно примирје, објави Ројтерс. Разговорите во Исламабад, кои траеја од сабота до недела наутро, беа првата директна средба меѓу САД и Иран за повеќе од една деценија и разговори на највисоко ниво од Исламската револуција на Иран во 1979 година. Разговорите дојдоа неколку дена откако во вторник започна прекинот на огнот, со цел да се стави крај на шестнеделните борби во кои загинаа илјадници луѓе низ Заливот, беа задушени виталните енергетски резерви и се разгореа стравувањата од поширок регионален конфликт. Централната команда на САД соопшти дека блокадата на САД, која започнува во понеделник во 10 часот наутро по источно време (14 часот по Гринич), „ќе биде непристрасно спроведена против бродови од сите земји кои влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа и крајбрежни области, вклучувајќи ги сите ирански пристаништа во Персискиот и Оманскиот Залив“. Бродовите што транзитираат низ Ормутскиот теснец до и од пристаништата што не се во Иран нема да бидат запрени, објави американската војска. Дополнителни информации ќе им бидат доставени на комерцијалните морнари преку формално известување пред почетокот на блокадата, се вели во соопштението. Иако податоците за превозот покажаа дека три супертанкери полни со нафта поминале низ теснецот во саботата, танкерите останаа подалеку од водниот пат во понеделник, пред блокадата на САД. Референтните цени на суровата нафта се зголемија за повеќе од 7 проценти на над 100 долари за барел во понеделник наутро во Азија, бидејќи доларот скокна, а фјучерсите на американските акции паднаа откако беше објавена блокадата. „Трамп сака брзо решение“, рече Дана Строл, поранешна висока службеничка на Пентагон за време на администрацијата на Бајден, а сега во Вашингтонскиот институт за политика на Блискиот Исток. „Реалноста е дека оваа мисија е тешко да се изврши независно и веројатно е неодржлива на среден и долг рок“, додаде таа. По првичните забелешки на Трамп во неделата, Иранската револуционерна гарда предупреди дека воените бродови што се приближуваат кон теснецот ќе се сметаат за кршење на прекинот на огнот и ќе се постапува со нив остро и решително, нагласувајќи го ризикот од опасна ескалација. Американски функционер рече дека Иран го отфрлил повикот на Вашингтон за запирање на збогатувањето на ураниум, демонтирање на сите големи постројки за збогатување и трансфер на високо збогатен ураниум. Иран, исто така, ги отфрли барањата на САД Иран да престане да ги финансира Хамас, Хезболах и Хутите, како и целосно да го отвори Ормутскиот теснец, додаде функционерот. Иранските медиуми објавија дека имало договор за голем број прашања, но дека теснецот и нуклеарната програма на Иран биле главните точки на сопнување. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, рече дека Иран „се соочил со максималистички барања, менување на целите и блокада“ кога бил само на сантиметри од „Меморандумот за разбирање во Исламабад“. „Нула научени лекции“, додаде тој. „Добрата волја раѓа добра волја. Непријателството раѓа непријателство“. Дури и ако примирјето се одржи, многу аналитичари очекуваат дека ќе помине некое време пред протокот на енергија низ Заливот да се врати во нормала, што ќе значи повисоки цени на горивата и посилна инфлација за глобалната економија. Трамп изјави во „Неделниот брифинг“ на Фокс њуз дека цените на нафтата и бензинот би можеле да останат високи до среднорочните избори во ноември, што е ретко признание за потенцијалните политички последици од војната. Претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф, објави мапа на цените на бензинот во областа на Вашингтон на социјалните мрежи со коментар: „Уживајте во моменталните бројки на бензинските пумпи. Со таканаречената „блокада“, наскоро ќе бидете носталгични за бензин од 4-5 долари“, додаде тој. Цените на нафтата повторно силно пораснаа во понеделник, бидејќи американската воена команда објави блокада на иранските пристаништа, откако мировните преговори меѓу САД и Иран завршија без резултати во саботата. На лондонскиот пазар, цената на барелот Брент скокна за повеќе од 7 проценти, на 102,15 долари, додека на американскиот пазар барелот порасна за повеќе од 8,5 проценти на 104,90 долари. (Пословни дневник) Фото – Wikimedia Commons
Ирански функционер му се потсмева на Трамп поради растот на цените на нафтата
Zbynek Burival on Unsplash Претседателот на иранскиот Парламент, Мохамад-Багер Галибаф, го исмеа американскиот претседател Доналд Трамп поради заканата за блокада на иранските пристаништа, објавувајќи фотографија со цените на горивото во близина на Белата куќа. „Уживајте во сегашните цени. Со таканаречената блокада, наскоро ќе бидете носталгични по бензинот од 4–5 долари“, напиша Галибаф, кој беше учесник во неуспешните мировни разговори. Цените на нафтата значително пораснаа за време на конфликтот, поттикнати од затворањето на Ормуска Теснина и нападите врз енергетската инфраструктура во земјите од Заливот, како средство за притисок врз САД и Израел за постигнување примирје. Цената на референтната нафта „брент“ достигна речиси 120 долари за барел – највисоко ниво во последните четири години – во првите две недели од војната, по што падна под 100 долари по објавувањето на примирјето минатата недела. Сепак, цената повторно се искачи над 100 долари по најавите на Трамп за блокада.
Трамп најави блокада на иранските пристаништа, НАФТАТА ВЕДНАШ ПОСКАПЕ над 100 долари
Цените на нафтата на светските берзи забележаа остар скок веднаш по отворањето на азиските пазари, откако преговорите меѓу САД и Иран во текот на викендот завршија без нов договор. Дополнителен притисок врз пазарот создаде најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД ќе ги блокираат иранските пристаништа, што повторно ги подгреа стравувањата од продлабочување на глобалната енергетска криза. Глобалната референтна цена на нафтата од типот Брент порасна за 7,3% и достигна 102,30 долари, додека американската лесна нафта (WTI) забележа уште поголем раст од 8,7%, искачувајќи се на 104,94 долари по барел. Крај на краткотрајното затишје Пазарите реагираа бурно на неуспехот на дипломатијата, особено по минатонеделниот пад на цените под границата од 100 долари. Тоа привремено олеснување беше резултат на условниот двонеделен договор за прекин на огнот, кој предвидуваше отворање на стратешкиот Хормушки Теснец. Сепак, овој клучен воден пат, низ кој поминува петтина од вкупните светски пратки на енергенти, останува главна точка на конфликтот. По американско-израелските напади, Техеран возврати со закани за напади врз сите бродови кои ќе се обидат да го користат теснецот. Глобални последици од сообраќајниот застој Од почетокот на воените дејствија на 28 февруари, транспортот на нафта е главно во прекин. Иако земји како Индија и Малезија успеаја да испреговараат безбеден премин за своите танкери, најголемиот дел од пратките е во застој. Овој долготраен прекин веќе предизвика верижна реакција и скок на трошоците за енергија на глобално ниво, ставајќи ги под притисок националните економии ширум светот. © Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата ГАЗДИ, УЧЕТЕ ОД МОЌНИТЕ: Кога BMW ќе те пензионира тоа изгледа вака (Видео) Европа на колена: ТРЕТИНА ПУМПИ ВО ОВАА ДРЖАВА ПОД КЛУЧ - НЕМА ГОРИВО
Ирански функционер му се потсмева на Трамп поради растот на цените на нафтата
Претседателот на иранскиот Парламент, Мохамад-Багер Галибаф, го исмеа американскиот претседател Доналд Трамп поради заканата за блокада на иранските пристаништа, објавувајќи фотографија со цените на горивото во близина на Белата куќа. „Уживајте во сегашните цени. Со таканаречената блокада, наскоро ќе бидете носталгични по бензинот од 4–5 долари“, напиша Галибаф, кој беше учесник во неуспешните мировни разговори. Цените на нафтата значително пораснаа за време на конфликтот, поттикнати од затворањето на Ормуска Теснина и нападите врз енергетската инфраструктура во земјите од Заливот, како средство за притисок врз САД и Израел за постигнување примирје. Цената на референтната нафта „брент“ достигна речиси 120 долари за барел – највисоко ниво во последните четири години – во првите две недели од војната, по што падна под 100 долари по објавувањето на примирјето минатата недела. Сепак, цената повторно се искачи над 100 долари по најавите на Трамп за блокада. Извор – Либертас
Нова ескалација, нов ценовен удар – нафтата расте поради блокадата
Цените на нафтата забележаа остар раст на светските пазари веднаш по најавата од United States за воведување блокада на иранските пристаништа. Овој потег веднаш ја зголеми загриженоста за глобалното снабдување со енергенси. Американската сурова нафта поскапе за околу осум проценти, достигнувајќи цена од над 104 долари за барел, додека Brent crude oil се зголеми за седум проценти и надмина 102 долари. Ова претставува значителен скок во однос на претходните недели. Пазарите веќе беа чувствителни поради конфликтот со Iran , при што цената на „брент“ во одредени моменти достигнуваше и над 119 долари. Новите мерки дополнително ја засилија неизвесноста. Клучна точка во оваа криза е Strait of Hormuz , преку која поминува значителен дел од светското снабдување со нафта. Со оглед на нејзината стратешка важност, секое ограничување или контрола врз овој морски коридор има директно влијание врз глобалната економија. Според американските власти, блокадата ќе важи за сите бродови што се движат кон или од иранските пристаништа, без разлика на нивното потекло, што дополнително го зголемува ризикот од поширока енергетска криза.
САД воведуваат блокада на иранските пристаништа, цените на нафтата драстично се зголемија
Блокадата ќе се спроведува непристрасно против бродовите на сите земји што влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа и крајбрежните области, вклучувајќи ги сите ирански пристаништа во Персискиот Залив и Оманскиот Залив. Американската војска објави дека ќе започне со блокирање на целиот поморски сообраќај што влегува и излегува од иранските пристаништа и крајбрежните области во понеделник, откако преговорите во текот на викендот не успеаја да постигнат договор за прекин на војната со Иран, ставајќи го во опасност кревкото двонеделно примирје, објави Ројтерс. Разговорите во Исламабад, кои траеја од сабота до недела наутро, беа првата директна средба меѓу САД и Иран за повеќе од една деценија и разговори на највисоко ниво од Исламската револуција на Иран во 1979 година. Разговорите дојдоа неколку дена откако во вторник започна прекинот на огнот, со цел да се стави крај на шестнеделните борби во кои загинаа илјадници луѓе низ Заливот, беа задушени виталните енергетски резерви и се разгореа стравувањата од поширок регионален конфликт. Централната команда на САД соопшти дека блокадата на САД, која започнува во понеделник во 10 часот наутро по источно време (14 часот по Гринич), „ќе биде непристрасно спроведена против бродови од сите земји кои влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа и крајбрежни области, вклучувајќи ги сите ирански пристаништа во Персискиот и Оманскиот Залив“. Бродовите што транзитираат низ Ормутскиот теснец до и од пристаништата што не се во Иран нема да бидат запрени, објави американската војска. Дополнителни информации ќе им бидат доставени на комерцијалните морнари преку формално известување пред почетокот на блокадата, се вели во соопштението. Иако податоците за превозот покажаа дека три супертанкери полни со нафта поминале низ теснецот во саботата, танкерите останаа подалеку од водниот пат во понеделник, пред блокадата на САД. Референтните цени на суровата нафта се зголемија за повеќе од 7 проценти на над 100 долари за барел во понеделник наутро во Азија, бидејќи доларот скокна, а фјучерсите на американските акции паднаа откако беше објавена блокадата „Трамп сака брзо решение“, рече Дана Строл, поранешна висока службеничка на Пентагон за време на администрацијата на Бајден, а сега во Вашингтонскиот институт за политика на Блискиот Исток. „Реалноста е дека оваа мисија е тешко да се изврши независно и веројатно е неодржлива на среден и долг рок“, додаде таа. По првичните забелешки на Трамп во неделата, Иранската револуционерна гарда предупреди дека воените бродови што се приближуваат кон теснецот ќе се сметаат за кршење на прекинот на огнот и ќе се постапува со нив остро и решително, нагласувајќи го ризикот од опасна ескалација Американски функционер рече дека Иран го отфрлил повикот на Вашингтон за запирање на збогатувањето на ураниум, демонтирање на сите големи постројки за збогатување и трансфер на високо збогатен ураниум. Иран, исто така, ги отфрли барањата на САД Иран да престане да ги финансира Хамас, Хезболах и Хутите, како и целосно да го отвори Ормутскиот теснец, додаде функционерот. Иранските медиуми објавија дека имало договор за голем број прашања, но дека теснецот и нуклеарната програма на Иран биле главните точки на сопнување. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, рече дека Иран „се соочил со максималистички барања, менување на целите и блокада“ кога бил само на сантиметри од „Меморандумот за разбирање во Исламабад“. „Нула научени лекции“, додаде тој. „Добрата волја раѓа добра волја. Непријателството раѓа непријателство“. Дури и ако примирјето се одржи, многу аналитичари очекуваат дека ќе помине некое време пред протокот на енергија низ Заливот да се врати во нормала, што ќе значи повисоки цени на горивата и посилна инфлација за глобалната економија. Трамп изјави во „Неделниот брифинг“ на Фокс њуз дека цените на нафтата и бензинот би можеле да останат високи до среднорочните избори во ноември, што е ретко признание за потенцијалните политички последици од војната. Претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф, објави мапа на цените на бензинот во областа на Вашингтон на социјалните мрежи со коментар: „Уживајте во моменталните бројки на бензинските пумпи. Со таканаречената „блокада“, наскоро ќе бидете носталгични за бензин од 4-5 долари“, додаде тој. Цените на нафтата повторно силно пораснаа во понеделник, бидејќи американската воена команда објави блокада на иранските пристаништа, откако мировните преговори меѓу САД и Иран завршија без резултати во саботата. На лондонскиот пазар, цената на барелот Брент скокна за повеќе од 7 проценти, на 102,15 долари, додека на американскиот пазар барелот порасна за повеќе од 8,5 проценти на 104,90 долари. (Пословни дневник) Извор – ИНОВАТИВНОСТ
Цената на барел нафта повторно надмина 100 долари
Цените на нафтата повторно нагло пораснаа во понеделник, откако американската воена команда објави блокада на иранските пристаништа, откако мировните преговори меѓу САД и Иран завршија без резултати во саботата. На лондонскиот пазар, цената на барел Брент скокна за повеќе од 7 проценти, на 102,15 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот се зголеми за повеќе од 8,5 проценти, на 104,90 долари. Остриот скок на цените следеше по најавата на Централната команда на САД (CENTCOM) дека на 13 април во 10 часот наутро по источно време, ќе започне со блокирање на целиот поморски сообраќај што влегува и излегува од иранските пристаништа. – Блокадата ќе се спроведува непристрасно против бродовите на сите земји што влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа и крајбрежните области, вклучувајќи ги сите ирански пристаништа во Персискиот Залив и Оманскиот Залив. Силите на CENTCOM нема да се мешаат во слободата на пловидба за бродовите што минуваат низ Ормутскиот теснец до и од неиранските пристаништа, се вели во соопштението на CENTCOM. Во неделата, американскиот претседател Доналд Трамп ја објави блокадата, откако во саботата во Исламабад не беше постигнат договор меѓу американските и иранските преговарачи за запирање на војната. Така, цените на нафтата повторно се на нагорна траекторија откако нагло паднаа минатата недела, благодарение на договорот меѓу САД и Иран за двонеделно примирје. Минатата недела, цената на барелот падна за 12,7 проценти на лондонскиот пазар и за 13,4 проценти на американскиот пазар. Цените најмногу паднаа во среда, со двоцифрени стапки, веднаш по веста за договорот за прекин на огнот. Но, до крајот на неделата, цените останаа на покачено ниво, близу 100 долари, бидејќи и покрај ветувањето на Техеран, Ормутскиот теснец не беше отворен за поминување на танкери, освен за исклучоци одобрени од Иран.
Нагло скокнаа цените на нафтата по најавите за нова блокада на Хормуз
Цените на нафтата нагло пораснаа, а акциите на берзите паднаа откако се појавија нови закани за блокада на Ормускиот теснец Цената на нафтата утрово бележи значителен раст, при што барелот повторно се движи над границата од 100 долари, како директна реакција на геополитичките тензии и ризикот од нарушување на снабдувањето преку Ормускиот теснец. Истовремено, берзите реагираа негативно, при што акциите на големите пазари бележат пад поради стравувањата од инфлација и забавување на економскиот раст. Инвеститорите се повлекуваат од поризични инвестиции, додека растот на цените на енергенсите ја зголемува неизвесноста за идните економски политики. Според последните информации, цената на нафтата пораснала за повеќе од 7 проценти, додека берзанските индекси во САД и Европа бележат пад, што се поврзува со пропаднатите преговори меѓу САД и Иран и најавите за можна блокада на теснецот. Аналитичарите предупредуваат дека ваквата комбинација на раст на енергенсите и пад на акциите може да доведе до нови инфлаторни притисоци и дополнително да ги усложни одлуките на централните банки, кои веќе се соочуваат со дилема меѓу контролата на инфлацијата и поддршката на економскиот раст. Овие случувања доаѓаат во време кога глобалната економија е веќе под притисок од геополитички конфликти, а секое дополнително нарушување во снабдувањето со енергенси може да има пошироки последици врз финансиските пазари и економската стабилност на повеќе држави.
Нафта по американска блокада: Цените нагло растат
Цената на црното злато забележа значително зголемување во почетната фаза на тргување на светските берзи, откако Соединетите Американски Држави објавија дека од денеска стапува на сила забрана за пристап до иранските пристаништа. Вредноста на американската сурова нафта се искачи за осум отсто, достигнувајќи 104,24 долари за барел. Паралелно, типот нафта „брент“ поскапе за седум проценти, со цена од 102,29 долари за барел. Во периодот на конфликтот со Иран, цената на нафтата „брент“ претрпе големи флуктуации, достигнувајќи во одредени моменти над 119 долари, во споредба со почетните 70 долари пред почетокот на воените дејства во февруари. Иран има фактичка контрола врз Ормушката теснина, стратешки воден пат од клучна важност за глобалното снабдување со нафта. Централната команда на вооружените сили на САД информираше дека забраната за пристап до иранските пристаништа ќе биде применувана за сите морски пловила, без оглед на нивната државна припадност, доколку имаат намера да влезат или да излезат од ирански води или крајбрежни зони, вклучувајќи ги и оние во Персискиот и Оманскиот Залив. Извор: МИА
ПОРАСНА ЦЕНАТА НА НАФТАТА Американската сурова нафта котира на берзите за 104,24 долари
Цената на нафтата забележа значителен раст во раното тргување на пазарите, откако Соединетите Американски Држави соопштија дека од денеска воведуваат блокада на иранските пристаништа. Котирањето на американската сурова нафта порасна за осум отсто, на 104,24 долари за барел, додека нафтата од типот „брент“ поскапе за седум проценти и достигна цена од 102,29 долари. Во текот на војната со Иран, цената на нафтата „брент“ варираше драстично, достигнувајќи во одредени моменти и над 119 долари, по почетните 70 долари пред конфликтот во февруари. Иран фактички ја контролира Ормуската Теснина, која е клучен воден пат за глобалниот транспорт на нафта. Централната воена команда на САД соопшти дека блокадата на иранските пристаништа ќе важи за сите пловила, без разлика на земјата на потекло, доколку влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа или крајбрежните зони, вклучително и оние во Персискиот и Оманскиот Залив.
Раст на цената на нафтата по американската најава за блокада
Freepik Цената на нафтата забележа значителен раст во раното тргување на пазарите, откако Соединетите Американски Држави соопштија дека од денеска воведуваат блокада на иранските пристаништа. Котирањето на американската сурова нафта пораснаа за осум отсто, на 104,24 долари за барел, додека нафтата од типот „брент“ поскапе за седум проценти и достигна цена од 102,29 долари. Во текот на војната со Иран, цената на нафтата „брент“ варираше драстично, достигнувајќи во одредени моменти и над 119 долари, по почетните 70 долари пред конфликтот во февруари. Иран фактички ја контролира Ормуска Теснина, која е клучен воден пат за глобалниот транспорт на нафта. Централната воена команда на САД соопшти дека блокадата на иранските пристаништа ќе важи за сите пловила, без разлика на земјата на потекло, доколку влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа или крајбрежните зони, вклучително и оние во Персискиот и Оманскиот Залив.
Нафтата повторно скокна над 100 долари за барел по американската блокада на Иран
Цената на нафтата на светските берзи забележа драматичен раст во раното тргување, откако Соединетите Американски Држави објавија воведување на целосна блокада на иранските пристаништа. Вредноста на американската сурова нафта порасна за осум отсто, достигнувајќи 104,24 долари за барел. Истовремено, нафтата од типот „брент“ поскапе за седум проценти и се тргува по цена од 102,29 долари. Овој нов ценовен шок доаѓа во период на висока нестабилност предизвикана од конфликтот. Потсетуваме, цената на „брент“ нафтата пред почетокот на конфликтот во февруари изнесуваше 70 долари, но во текот на војната варираше драстично, достигнувајќи во одредени моменти и над 119 долари за барел. Блокада на клучната Ормуска Теснина Ситуацијата се дополнително усложнува бидејќи Иран фактички ја контролира Ормуската Теснина, која е најважниот воден пат за глобалниот транспорт на нафта. Од Централната воена команда на САД соопштија дека блокадата на иранските пристаништа е апсолутна и се однесува на сите пловила. „Блокадата на иранските пристаништа ќе важи за сите пловила, без разлика на земјата на потекло, доколку влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа или крајбрежните зони, вклучително и оние во Персискиот и Оманскиот Залив“, соопштија од Централната воена команда на САД. Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
ПОСКАПЕ НАФТАТА: Цената значително порасна, откако САД објавија дека од денеска воведуваат блокада на иранските пристаништа
Цената на нафтата забележа значителен раст во раното тргување на пазарите, откако Соединетите Американски Држави соопштија дека од денеска воведуваат блокада на иранските пристаништа.
Раст на нафтата, пад на акциите: пазарите под притисок поради Ормутскиот теснец
Глобалните финансиски пазари се соочуваат со нов бран нестабилност откако цените на нафтата нагло пораснаа, а акциите паднаа поради заканите за блокада на Ормутскиот теснец, клучна енергетска рута, при што одлуките и изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дополнително ја засилија неизвесноста, покажуваат анализи на повеќе економски медиуми, меѓу кои и Bloomberg Adria. Според пазарните податоци, цената на нафтата бележи значителен раст, при што барелот повторно се движи над психолошката граница од 100 долари, како директна реакција на геополитичките тензии и ризикот од нарушување на снабдувањето преку Ормутскиот теснец. Овој теснец е една од најважните точки за глобалната трговија со енергенси, низ која во нормални услови поминува околу една петтина од светската нафта. Истовремено, берзите реагираа негативно, при што акциите на големите пазари бележат пад поради стравувањата од инфлација и забавување на економскиот раст. Инвеститорите се повлекуваат од поризични инвестиции, додека растот на цените на енергенсите ја зголемува неизвесноста за идните економски политики. Според последните информации, цената на нафтата пораснала за повеќе од 7 проценти, додека берзанските индекси во САД и Европа бележат пад, што се поврзува со пропаднатите преговори меѓу САД и Иран и најавите за можна блокада на теснецот. Аналитичарите предупредуваат дека ваквата комбинација на раст на енергенсите и пад на акциите може да доведе до нови инфлаторни притисоци и дополнително да ги усложни одлуките на централните банки, кои веќе се соочуваат со дилема меѓу контролата на инфлацијата и поддршката на економскиот раст. Овие случувања доаѓаат во време кога глобалната економија е веќе под притисок од геополитички конфликти, а секое дополнително нарушување во снабдувањето со енергенси може да има пошироки последици врз финансиските пазари и економската стабилност на повеќе држави.
АМЕРИКАНСКАТА ВОЈСКА ГИ БЛОКИРА ПРИСТАНИШТАТА НА ИРАН, цената на нафтата со скок од седум отсто
Цените на нафтата повторно се искачија над 100 долари за барел откако денес се отворија енергетските пазари во Азија, откако разговорите меѓу САД и Иран завршија без нов договор во текот на викендот, а американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ќе ги блокира иранските пристаништа. Глобалната референтна цена на суровата нафта од типот Брент се зголеми за 7,3 проценти на 102,30 долари, додека цената на нафтата од типот Западен Тексас Интермедијар се зголеми за 8,7 проценти на 104,94 долари. Разговорите во Исламабад, кои се одржаа од сабота до недела наутро, беа првата директна средба меѓу САД и Иран по повеќе од една деценија и разговори на највисоко ниво од Исламската револуција на Иран во 1979 година. Разговорите дојдоа неколку дена откако во вторник започна прекинот на огнот, со цел да се стави крај на шестнеделните борби. Централната команда на САД соопшти дека блокадата на САД, која започнува во понеделник во 10 часот наутро по источно време, „ќе биде непристрасно спроведена против бродовите на сите нации што влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа и крајбрежните области, вклучувајќи ги сите ирански пристаништа во Персискиот и Оманскиот Залив“. Бродовите што транзитираат низ Ормутскиот теснец до и од пристаништата што не се во Иран нема да бидат запрени, објави американската војска. Дополнителни информации ќе им бидат доставени на комерцијалните морнари преку формално известување пред почетокот на блокадата, објавија медиумите во светот.
Инфлацијата во САД порасна на 3,3% поради растот на цените на нафтата
Годишната инфлација во САД достигна 3,3%, со најголем месечен раст во последната година, под силно влијание на растот на цените на нафтата и геополитичките тензии. Американската економија повторно чувствува притисок од глобалните настани. Годишната инфлација се искачи на 3,3%, додека индексот на потрошувачки цени во март пораснал за 0,9 процентни поени во однос на февруари – највисок месечен раст од мај 2024 година. Главниот двигател на поскапувањата е енергетскиот сектор. Цената на нафтата во текот на месецот често ја надминуваше границата од 100 долари за барел, поради нестабилноста и ограничувањата во Ормускиот теснец – клучна рута низ која поминува околу една петтина од глобалната трговија со нафта. Тоа директно се прелева и врз горивата. Цените во САД пораснале за 10,9%, додека бензинот е поскап за 21,2% на годишно ниво. Просечната цена веќе ја надмина границата од 4 долари по галон, а во одредени сојузни држави достигнува и значително повисоки нивоа – речиси 6 долари во Калифорнија. Но ефектите не застануваат кај пумпите. Поскапото гориво ги зголемува транспортните трошоци, што пак се рефлектира врз цените на авио-билетите, кои пораснале за 2,7%. И цената на електричната енергија бележи раст, иако поблаг – околу 0,8%. Овие движења постепено се прелеваат и во секојдневниот живот. Храната бележи раст од 1,9% на годишно ниво, а услугите исто така поскапуваат, што директно ја намалува куповната моќ на граѓаните. Експертите предупредуваат дека инфлацискиот притисок може да продолжи доколку не се стабилизира геополитичката состојба. Во спротивно, ценовниот шок од енергијата би можел да стане долгорочен проблем, а не само краткорочна реакција на кризата.
Инфлацијата во САД скокна, војната со Иран ја турка нагоре
Инфлацијата во САД во март нагло се искачи на 3,3 отсто на годишно ниво, откако цените пораснаа за 0,9 отсто само во еден месец, покажаа најновите официјални податоци на американското Биро за статистика на трудот. Во срцето на овој скок е енергијата: бензинот поскапе за 21,2 отсто за еден месец, што е најголем месечен раст откако Вашингтон почнал да ја води оваа статистика во 1967 година, а токму бензинот учествувал со речиси три четвртини од месечниот раст на индексот на потрошувачките цени. Ова не е класична инфлација поттикната од прегреана побарувачка, туку геополитички ценовен удар што доаѓа преку нафтата. По ескалацијата на војната со Иран и нарушувањата во Ормускиот Теснец, низ кој нормално минува околу една петтина од светската трговија со нафта и течен природен гас, енергетските пазари реагираа со скок на цените. Иако беше објавено примирје, сообраќајот низ теснецот и натаму останува далеку под нормалното ниво: според податоците што ги објави Reuters, по прекинот на огнот минале само 15 бродови, наспроти просек од 138 пред почетокот на кампањата. Тоа значи дека енергетскиот шок не е навистина затворен, туку само привремено смирен. Токму тука е ризикот за американската економија. Таканаречената базична инфлација, без храна и енергија, во март порасна умерено, за 0,2 отсто месечно и 2,6 отсто годишно, што покажува дека ценовниот бран сè уште не се прелеал целосно низ целата економија. Но првите сигнали веќе се видливи: поскапеа авионските билети, облеката и дел од домашните трошоци, а економистите предупредуваат дека поскапиот дизел, транспорт и ѓубрива допрва можат да ја притиснат и храната и услугите. Со други зборови, мартовските бројки веројатно не се врвот, туку првиот удар. Затоа војната со Иран за САД не е само надворешнополитички или воен проблем, туку директен удар врз секојдневниот живот и врз ветувањето дека цените ќе се стават под контрола. Дури и ако нафтата малку се повлече, цените на пумпите и транспортот обично паѓаат побавно отколку што растат. Во таков амбиент, Федералните резерви добиваат уште потежок избор: да ја држат каматата високо поради инфлацијата, или да ризикуваат уште подлабоко незадоволство кај потрошувачите.
Пад на цените на нафтата, раст кај бензинот: Мешани сигнали на светските пазари
Цените на енергенсите на светските берзи бележат мешани движења, при што дел од нафтените деривати се во пад, додека бензинот бележи раст, покажуваат најновите податоци од тргувањето. Цената на Brent нафтата за јуни изнесува 95,20 долари за барел, што претставува пад од 0,75 проценти. Сличен тренд има и кај американската WTI нафта, која се тргува по 96,57 долари за барел, со намалување од 1,33 проценти. Пад е забележан и кај природниот гас, кој се намалил за 0,82 проценти, како и кај нафтата за греење, каде цената опаднала за значителни 4,46 проценти. Намалување има и кај цената на јаглеродните емисии, која е пониска за 1,22 проценти. Од друга страна, бензинот (RBOB) бележи раст од 1,22 проценти и достигнува цена од 3,0373 долари, што укажува на зголемена побарувачка или краткорочни нарушувања во снабдувањето. Интересно е што цената на гасното масло во Лондон останува непроменета, и покрај поголемите осцилации кај останатите енергенси. Аналитичарите оценуваат дека ваквите мешани движења се резултат на глобалната неизвесност, особено поради геополитичките тензии и состојбите на Блискиот Исток, кои продолжуваат да влијаат врз енергетските пазари. Се очекува нестабилноста да продолжи и во наредниот период, со можни нови ценовни шокови зависно од развојот на ситуацијата.
Војната против Иран ја турка инфлацијата: Цените во САД скокнаа на 3,3%
Инфлацијата во САД забрза и достигна 3,3 проценти на годишно ниво, што претставува највисока стапка во последните речиси две години. Најновите податоци покажуваат дека растот на цените е директно поврзан со ескалацијата на конфликтот со Иран, кој предизвика сериозни потреси на енергетските пазари. Главниот двигател на инфлацијата е наглото поскапување на нафтата и горивата. Поради тензиите во регионот на Блискиот Исток, особено околу Ормускиот теснец – една од најважните светски рути за транспорт на нафта – дојде до нарушување на снабдувањето, што веднаш се одрази врз цените на бензинот. Само во текот на март, горивата поскапеа за повеќе од 20 проценти. Зголемените трошоци за енергенси имаат пошироко влијание врз економијата. Поскап транспорт значи и повисоки цени на храната, услугите и секојдневните производи, што дополнително ја намалува куповната моќ на граѓаните. Експертите предупредуваат дека ваквиот тренд може да продолжи доколку геополитичката ситуација остане нестабилна. Во меѓувреме, Федералните резерви се соочуваат со тежок избор – дали да продолжат со зголемување на каматните стапки за да ја стават инфлацијата под контрола, или да избегнат мерки што би можеле да ја забават економијата. Иако дел од аналитичарите се надеваат дека евентуално смирување на конфликтот би донело стабилизација на цените, неизвесноста останува висока. Доколку кризата се продлабочи, можно е инфлаторниот притисок да се засили и да има пошироки последици врз глобалната економија.






































