Израелска војска: Елиминиравме терористи и најдовме складиште на оружје во Хезболах

Израелска војска: Елиминиравме терористи и најдовме складиште на оружје во Хезболах

Израелската армија соопшти дека во јужен Либан ликвидирала припадници на, како што ги нарекува, терористички ќелии и открила складиште со оружје што му се припишува на Хезболах. Тврдењето доаѓа во момент кога борбите на југот на Либан сè уште траат, иако во исто време се водат и дипломатски разговори за можно смирување на фронтот. Според соопштението на IDF, биле спречени два обиди за напад врз израелски војници, по што следувале удари со дрон и заедничка акција со израелското воено воздухопловство. Израелската страна тврди дека во операцијата биле погодени и елиминирани напаѓачите. Засега нема независна потврда за точниот број на загинати во овој конкретен инцидент. Израелската армија додава дека на терен биле пронајдени автоматски пушки, противтенковски проектили, рачни ракетни фрлачи, како и подземно складиште со минофрлачки гранати. Откривањето на вакви залихи се вклопува во пошироката израелска стратегија, која вклучува копнени операции во јужен Либан и обиди за разбивање на инфраструктурата на Хезболах во пограничниот појас. Операцијата се случува во поширок контекст на интензивирани судири меѓу Израел и Хезболах, кои повторно ескалираа во рамки на регионалната криза по нападите врз Иран и отворањето на нов фронт во Либан. Израелските власти последниве денови јавно порачаа дека офанзивата против Хезболах продолжува, особено околу Бинт Џбеил, додека Вашингтон паралелно турка иницијативи за прекин на огнот и директни контакти меѓу либанската и израелската страна. Во меѓувреме, меѓународниот притисок расте. Обединетите нации и повеќе држави изразија загриженост поради последиците од израелските напади врз Либан, при што цивилните жртви, раселените лица и хуманитарната состојба остануваат во фокусот на реакциите однадвор. Израел од своја страна инсистира дека цел на операциите се позиции и капацитети на Хезболах, а не либанската држава, но на теренот реалноста останува многу покомплицирана: фронтот не е затворен, дипломатскиот канал е кревок, а секоја нова воена акција носи ризик од уште поширока ескалација.


Нетанјаху нареди проширување на безбедносната зона во Либан

Нетанјаху нареди проширување на безбедносната зона во Либан

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ нареди на војската да ја прошири безбедносната зона во јужен Либан, бидејќи борбите со милицијата Хезболах, поддржана од Иран, продолжуваат, соопшти неговата канцеларија доцна синоќа. Израел, исто така, води преговори со Либан, додека Кабинетот за безбедност вчера разговараше за можно примирје, но го заврши состанокот без одлука, според медиумските извештаи и објавата на новинар на Аксиос на „X“. Израелските и либанските претставници одржаа директни политички разговори во Вашингтон во вторникот за прв пат по децении. Нетанјаху рече дека разговорите имаат за цел да обезбедат разоружување на Хезболах и да постигнат траен мир. Либанската влада, која не е страна во конфликтот меѓу Израел и Хезболах, бара прекин на огнот и повлекување на израелските трупи од јужен Либан. Судирите меѓу израелските сили и Хезболах продолжија вчера. Нетанјаху рече дека безбедносната зона ќе се прошири и кон исток кон падините на планината Хермон за подобра поддршка на заедниците на друзите, кои се сметаат за сојузници со Израел. Планинскиот масив се протега по должината на сириско-либанската граница и достигнува до Голанската Висорамнина, анектирана од Израел.



Нетанјаху нареди проширување на безбедносната зона во Либан

Нетанјаху нареди проширување на безбедносната зона во Либан

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ нареди на војската да ја прошири безбедносната зона во јужен Либан, бидејќи борбите со милицијата Хезболах, поддржана од Иран, продолжуваат, соопшти неговата канцеларија доцна синоќа. Израел, исто така, води преговори со Либан, додека Кабинетот за безбедност вчера разговараше за можно примирје, но го заврши состанокот без одлука, според медиумските извештаи и објавата на новинар на Аксиос на „X“. Израелските и либанските претставници одржаа директни политички разговори во Вашингтон во вторникот за прв пат по децении. Нетанјаху рече дека разговорите имаат за цел да обезбедат разоружување на Хезболах и да постигнат траен мир. Либанската влада, која не е страна во конфликтот меѓу Израел и Хезболах, бара прекин на огнот и повлекување на израелските трупи од јужен Либан. Судирите меѓу израелските сили и Хезболах продолжија вчера. Нетанјаху рече дека безбедносната зона ќе се прошири и кон исток кон падините на планината Хермон за подобра поддршка на заедниците на друзите, кои се сметаат за сојузници со Израел. Планинскиот масив се протега по должината на сириско-либанската граница и достигнува до Голанската Висорамнина, анектирана од Израел.


ДАЛИ Е НА ПОВИДОК МИР ВО ЛИБАН? Нетанјаху бара Хезболах да се разоружа, Хезболах бара Израел да се повлече од земјата

ДАЛИ Е НА ПОВИДОК МИР ВО ЛИБАН? Нетанјаху бара Хезболах да се разоружа, Хезболах бара Израел да се повлече од земјата

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ нареди на војската да ја прошири безбедносната зона во јужен Либан, бидејќи борбите со милицијата Хезболах, поддржана од Иран, продолжуваат, соопшти неговата канцеларија доцна синоќа. Израел, исто така, води преговори со Либан. Кабинетот за безбедност вчера разговараше за можно примирје, но го заврши состанокот без одлука. Израелските и либанските претставници одржаа директни политички разговори во Вашингтон во вторникот за прв пат по децении. Нетанјаху рече дека разговорите имаат за цел да обезбедат разоружување на Хезболах и да постигнат траен мир. Осврнувајќи се на разговорите со Либан во вторникот, Нетанјаху рече дека Израел бара „разоружување на Хезболах и траен мир“, без да спомене евентуално прекин на огнот. Тој изјави дека израелските воени операции во јужен Либан се во тек и дека целта е градот Бинт Џбеил, кој го опиша како упориште на Хезболах. Либанската влада, која не е страна во конфликтот меѓу Израел и Хезболах, бара прекин на огнот и повлекување на израелските трупи од јужен Либан. Судирите меѓу израелските сили и Хезболах вчера продолжија. Нетанјаху рече дека безбедносната зона ќе се прошири и кон исток кон падините на планината Хермон за подобра поддршка на заедниците на друзите, кои се сметаат за сојузници со Израел. Планинскиот масив се протега по должината на сириско-либанската граница и достигнува до Голанската Висорамнина, анектирана од Израел. Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека разговорите меѓу Израел и Либан за прекин на огнот ќе се одржат денеска. На социјалната мрежа Трут соушл тој најави дека разговорите ќе се одржат меѓу лидерите на двете земји. „Се обидувам да добијам простор за дишење меѓу Израел и Либан. Помина долго време откако двајцата лидери разговараа, околу 34 години. Тоа ќе се случи денеска“, напиша Трамп. Висок функционер на Хезболах изјави дека договор за прекин на огнот во Либан може да се постигне уште вечерва, изразувајќи претпазлив оптимизам по повеќе од еден месец борби. – Настаните во последните неколку часа дадоа импулс во оваа насока – изјави функционерот за Ен-Би-Си њус, додавајќи дека разговорите за договорот се во тек и дека „напредокот е поврзан со израелската позиција“. Израел се обидува да ја одвои војната против Хезболах од каков било мировен договор меѓу Иран и САД, но Техеран инсистира дека прекинот на огнот мора да ги опфати и борбите на неговата сојузничка група. – Израел во моментов го разгледува прашањето и сè уште не презел никаква формална обврска. Исходот се очекува во наредните часови – додаде функционерот на Хезболах. Тој појасни дека согласноста на Хезболах зависи од посветеноста на Израел на прекин на огнот. – Доколку Израел е целосно посветен на целосно прекинување на непријателствата, тогаш Хезболах ќе го разгледа прашањето. Континуираното присуство на Израел во делови од Либан останува клучно спорно прашање – рече тој. Претседателот на иранскиот парламент и еден од највлијателните луѓе во земјата, Мохамед Багер Галибаф, пак, издаде ново предупредување до САД, велејќи дека Вашингтон мора да се обврзе на прекин на огнот во Либан. Зборувајќи за судирите во земјата, каде што Израел ги таргетира позициите на Хезболах, Галибаф рече дека САД треба да се повлечат во случај на какво било израелско кршење на прекинот на огнот или нова воена ескалација. – Воспоставувањето и консолидацијата на сеопфатен прекин на огнот во Либан ќе биде резултат на непоколебливоста и борбата на почитуваниот Хезболах и неговиот херојство – изјави тој. Тој додаде дека Техеран и неговите сојузници дејствуваат обединето. –  Отпорот и Иран се еден ист ентитет, без разлика дали се во војна или во прекин на огнот – речеГалибаф.



(Видео) Нетанјаху постави услови за договор со Иран

(Видео) Нетанјаху постави услови за договор со Иран

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во средата изјави дека секој потенцијален договор со Иран ќе биде условен од прекинување на неговата програма за збогатување ураниум, отстранување на веќе збогатениот ураниум во земјата и повторно отворање на Ормутскиот теснец. Нетанјаху ги изложи условите на договорот со Техеран во видео обраќање. Нетанјаху додаде дека Вашингтон го информира Тел Авив за разговорите со Иран и истакна дека целите на Израел и САД се „усогласени“. „Подготвени сме за секое сценарио, вклучително и можноста за продолжување на нападите“, рече тој. Осврнувајќи се на разговорите со Либан во вторникот, Нетанјаху рече дека Израел бара „разоружување на Хезболах и траен мир“, без да спомене евентуално прекин на огнот. Тој рече дека израелските воени операции во јужен Либан се во тек и дека целта е градот Бинт Џбеил, кој го опиша како упориште на Хезболах. Нетанјаху, исто така, рече дека Израел одлучил да го прошири своето присуство во јужен Либан во насока на Џабал ал-Шеик, тврдејќи дека потегот има за цел „да им помогне на Друзите“.


Нетанјаху нареди проширување на безбедносната зона во Либан

Нетанјаху нареди проширување на безбедносната зона во Либан

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ нареди на војската да ја прошири безбедносната зона во јужен Либан, бидејќи борбите со милицијата Хезболах, поддржана од Иран, продолжуваат, соопшти неговата канцеларија доцна синоќа. Израел, исто така, води преговори со Либан, додека Кабинетот за безбедност вчера разговараше за можно примирје, но го заврши состанокот без одлука, според медиумските извештаи и објавата на новинар на Аксиос на „X“. Израелските и либанските претставници одржаа директни политички разговори во Вашингтон во вторникот за прв пат по децении. Нетанјаху рече дека разговорите имаат за цел да обезбедат разоружување на Хезболах и да постигнат траен мир. Либанската влада, која не е страна во конфликтот меѓу Израел и Хезболах, бара прекин на огнот и повлекување на израелските трупи од јужен Либан. Судирите меѓу израелските сили и Хезболах продолжија вчера. Нетанјаху рече дека безбедносната зона ќе се прошири и кон исток кон падините на планината Хермон за подобра поддршка на заедниците на друзите, кои се сметаат за сојузници со Израел. Планинскиот масив се протега по должината на сириско-либанската граница и достигнува до Голанската Висорамнина, анектирана од Израел. МИА


Бенјамин Нетанјаху постави услови за договор со Иран: стоп за нуклеарната програма и отворање на Ормускиот теснец

Бенјамин Нетанјаху постави услови за договор со Иран: стоп за нуклеарната програма и отворање на Ормускиот теснец

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху јавно ги постави условите под кои Израел би прифатил евентуален договор со Иран, нагласувајќи дека клучното прашање останува нуклеарната програма на Техеран и безбедноста на клучните трговски рути. Во видеообраќање, Нетанјаху истакна дека секој договор мора да вклучува целосен прекин на иранската програма за збогатување ураниум, отстранување на веќе збогатениот ураниум од земјата, како и повторно отворање на Ормускиот теснец, еден од најважните поморски коридори во светот низ кој минува значителен дел од глобалната тргов


(Видео) Нетанјаху постави услови за договор со Иран

(Видео) Нетанјаху постави услови за договор со Иран

<a href="https://opserver.mk/ads/www/delivery/ck.php?n=ab7911cf&amp;cb=INSERT_RANDOM_NUMBER_HERE" target="_blank"><img src="https://opserver.mk/ads/www/delivery/avw.php?zoneid=74&amp;cb=INSERT_RANDOM_NUMBER_HERE&amp;n=ab7911cf" border="0" alt="" /></a> Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во средата изјави дека секој потенцијален договор со Иран ќе биде условен од прекинување на неговата програма за збогатување ураниум, отстранување на веќе збогатениот ураниум во земјата и повторно отворање на Ормутскиот теснец. Нетанјаху ги изложи условите на договорот со Техеран во видео обраќање. Нетанјаху додаде дека Вашингтон го информира Тел Авив за разговорите со Иран и истакна дека целите на Израел и САД се „усогласени“. „Подготвени сме за секое сценарио, вклучително и можноста за продолжување на нападите“, рече тој. Netanyahu: Our American friends keep us constantly updated on the contacts with Iran. Our objectives are aligned. pic.twitter.com/T5YBSKcPlA — Clash Report (@clashreport) April 15, 2026 Осврнувајќи се на разговорите со Либан во вторникот, Нетанјаху рече дека Израел бара „разоружување на Хезболах и траен мир“, без да спомене евентуално прекин на огнот. Тој рече дека израелските воени операции во јужен Либан се во тек и дека целта е градот Бинт Џбеил, кој го опиша како упориште на Хезболах. Нетанјаху, исто така, рече дека Израел одлучил да го прошири своето присуство во јужен Либан во насока на Џабал ал-Шеик, тврдејќи дека потегот има за цел „да им помогне на Друзите“.


Судири меѓу израелските и силите на Хезболах, ден по почетокот на израелско-либанските преговори во Вашингтон

Судири меѓу израелските и силите на Хезболах, ден по почетокот на израелско-либанските преговори во Вашингтон

Оружени судири меѓу израелската армија и силите на шиитското движење Хезболах имало изутринава и во текот на ноќта, ден по почетокот на историските разговори меѓу израелските и либанските претставници во Вашингтон. Либанските медиуми јавуваат за жртви во израелски воздушни напади извршени во текот на ноќта и утрото врз цели во јужниот дел на Либан. Израелската армија не ги коментираше таквите информации, но соопшти дека продолжува со „прецизни копнени операции“ во јужен Либан, иницирани за да го заштитат населението во северниот дел на Израел. Според Израелските одбранбени сили, израелската артилерија и авијацијата извршиле напади врз припадници на Хезболах и воена инфраструктура во Либан. Хезболах од своја страна презеде одговорност за неколку напади врз северен Израел. Израелската армија соопшти дека регистрирала околу 30 проектили истрелани од Либан, при што според израелската служба за итна медицинска помош полесно е повредено едно лице. Судирите продолжуваат и покрај привременото примирје на блискоисточнот конфликт, што иницираше нов бран судири во Либан. Во меѓувреме во Вашингтон се одржаа политички разговори меѓу либанската амбасадорка, Нада Хамадех Моавад и израелскиот претставник, Јехиел Лајтер, што е прв официјален директен контакт на претставници на Израел и на Либан по неколку децении. Американски извори упатени во преговорите оценуваат дека средбите ќе продолжат и би можеле да доведат до „сеопфатен мировен договор“. Израел настојува преку преговорите да издејствува разоружување на Хезболах, додека либанските власти бараат целосен прекин на огнот и повлекување на израелските сили од јужниот дел на земјата.


Израел и Либан ги одржаа првите директни преговори од 1993

Израел и Либан ги одржаа првите директни преговори од 1993

Либан и Израел вчера ги одржаа првите дипломатски разговори по повеќе од три децении, ретка средба насочена кон прекинување на борбите меѓу Израел и групата Хезболах, поддржана од Иран. Државниот секретар на САД, Марко Рубио, кој посредуваше, рече дека ова е „историска можност“ да се стави крај на влијанието на Хезболах. Во соопштението на САД се вели дека двете страни се согласиле да започнат директни преговори, во време и место што ќе се утврдат дополнително. Израел изјави дека сака да ги разоружа сите недржавни терористички групи – алудирајќи на Хезболах. Либан повика на прекин на огнот и мерки за решавање на хуманитарната криза. Двете земји немаат дипломатски односи, а последните директни разговори на високо ниво меѓу нив се одржаа во 1993 година. Над 2.000 луѓе се убиени откако започнаа израелските воени операции во Либан на 2 март, само неколку дена откако започнаа американските и израелските напади во Иран. Околу еден милион луѓе се раселени во овој конфликт. Додека траеше средбата во Вашингтон, Хезболах презеде одговорност за најмалку 24 напади врз Израел и израелските трупи во Либан. Аларми за беспилотни летала и ракети се слушаа во заедниците низ северен Израел поголемиот дел од денот. Израел изјави дека неговите операции во Либан имаат за цел разоружување и расформирње на групата, против која се бореше и во 2023 и 2024 додека беснееше војната во Газа. Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Томи Пигот, изјави во соопштението по разговорите дека и Израел и Либан се согласиле да работат на намалување на влијанието на Хезболах. Либанската страна, исто така, повика на „прекин на огнот и конкретни мерки за справување и ублажување на тешката хуманитарна криза“ во земјата, додаде тој. Во меѓувреме, САД „изразија поддршка за правото на Израел да се брани“ од нападите на Хезболах, рече тој. Во изјава пред состанокот, Рубио рече дека средбата е „процес“. „Ова ќе потрае, но веруваме дека вреди овој напор“, рече тој. „Тоа е историски собир на кој се надеваме дека ќе надградуваме“. Во изјава, либанскиот претседател Џозеф Аун рече дека се надева оти разговорите ќе „го означат почетокот на крајот на страдањето на либанскиот народ воопшто, а особено на оние на југ“. Тој рече дека „единственото решение“ за конфликтот би било либанските вооружени сили „да бидат единствено одговорни за безбедноста на областа“. Сепак, капацитетот на либанската влада да се соочи со Хезболах е ограничен.


ГУТЕРЕШ: Мировните преговори за Блискиот Исток треба да продолжат со посветеност и волја, зашто за кризата нема воено решение

ГУТЕРЕШ: Мировните преговори за Блискиот Исток треба да продолжат со посветеност и волја, зашто за кризата нема воено решение

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска повика на продолжување на сериозните преговори за завршување на војната на Блискиот Исток и ги повика Израел и Либан да „работат заедно“.


Рубио: Историска шанса за мир меѓу Израел и Либан

Рубио: Историска шанса за мир меѓу Израел и Либан

Американскиот државен секретар Марко Рубио ги повика Израел и Либан да ја искористат, како што рече, „историската можност за траен мир“, во пресрет на првите директни разговори меѓу двете земји по повеќе децении. Говорејќи во Стејт департментот во Вашингтон, каде што ги пречека израелскиот и либанскиот амбасадор, Рубио оцени дека моментот е уникатен, иако, како што посочи, процесот ќе биде долг и сложен. – Ова е историска можност. Свесни сме дека мора да се соочиме со децении историја и сложености што нè доведоа до овој момент – изјави Рубио. Тој додаде дека целта е конечно да се стави крај на долгогодишното влијание на Хезболах во регионот, нагласувајќи дека започнатите разговори претставуваат само почеток на процес кој ќе трае. Во меѓувреме, либанскиот претседател Џозеф Аун изрази надеж дека средбата во Вашингтон ќе означи пресвртница за земјата по последните судири меѓу Израел и Хезболах. – Се надевам дека ова е почеток на крајот на страдањето на либанскиот народ, особено на населението во јужните делови – изјави Аун. Тој нагласи дека стабилноста на југот не може да се постигне без повлекување на израелските сили од спорните територии, додавајќи дека единствено решение е либанската армија да ја преземе целосната контрола врз безбедноста на границите, во согласност со меѓународно признатите линии.


Гутереш повика на продолжување на сериозните преговори за завршување на војната на Блискиот Исток

Гутереш повика на продолжување на сериозните преговори за завршување на војната на Блискиот Исток

anfaenger-from-pixabay Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска повика на продолжување на сериозните преговори за завршување на војната на Блискиот Исток и ги повика Израел и Либан да „работат заедно“. „Нема воено решение за оваа криза. Мировните договори бараат постојана политичка посветеност и волја. Сериозните преговори треба да продолжат“, изјави Гутереш пред новинарите во седиштето на ОН во Њујорк, осврнувајќи се на разговорите одржани минатиот викенд во Пакистан меѓу Техеран и Вашингтон. Според него, договореното двонеделно примирје треба да се зачува, а слободата на пловидба во Ормуската Теснина треба да ја почитуваат сите страни. Запрашан за почетокот на директните разговори меѓу Израел и Либан, Гутереш рече дека никој не очекува тие разговори да ги решат сите прашања. „Ќе биде многу важно ако овие разговори создадат услови за промена во однесувањето на актерите“, рече Гутереш, обвинувајќи го и Израел и либанското движење Хезболах за дестабилизација на либанската Влада. „Време е Израел и Либан да соработуваат, наместо Либан да биде жртва на оваа негативна комбинација на Хезболах и израелските дејствија“, додаде Гутереш. Војната на Блискиот Исток започна на 28 февруари со нападите на САД и Израел врз Иран. Подоцна, на 2 март, Израел започна со бомбардирање на јужен Либан, каде што се наоѓа упориштето на Хезболах, поддржано од Иран.


Хезболах: Воопшто не нѐ интересира исходот од преговорите меѓу Либан и Израел

Хезболах: Воопшто не нѐ интересира исходот од преговорите меѓу Либан и Израел

Вафик Сафа, истакнат член на политичкиот совет на Хезболах , рече дека групата „воопшто не е заинтересирана за исходот од разговорите меѓу Либан и непријателот на Израел“ и дека „што и да биде договорено нема да нè обврзува“. Либанските претставници се надеваат дека ќе постигнат прекин на огнот во војната меѓу Израел и Хезболах, објави Асошиејтед Прес. Во меѓувреме, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата цел е да го разоружа Хезболах и евентуално да постигне мировен договор меѓу Либан и Израел. Неговиот портпарол вчера изјави дека нема да има прекин на огнот со Хезболах. Последици од конфликтот Војната на Израел со Хезболах, која започна на почетокот на март кога милитантната група испука ракети кон Израел во поддршка на Иран, расели повеќе од еден милион луѓе. Во конфликтот загинаа речиси 2.100 луѓе, вклучувајќи повеќе од 500 жени, деца и медицински персонал. Хезболах: Нападите беа превентивни Сафа рече дека нападите на Хезболах биле превентивни бидејќи раководството на групата верувало дека „Израел се подготвува за нов конфликт со Либан“ со цел уништување на Хезболах. Тој додаде дека е „погоден момент за Хезболах... да воспостави нова равенка“ и да ја врати својата моќ за одвраќање против Израел. Службеникот, исто така, тврдеше дека немало претходен договор со Техеран дека Хезболах ќе влезе во војната доколку Иран биде нападнат. © Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата Трамп ѝ даде 100 долари бакшиш на доставувачка- му однесе пакет сендвичи во Белата куќа (ВИДЕО) Американската војска потврди: Уништивме уште еден брод со дрога (ВИДЕО)


Во Вашингтон почнуваат преговори меѓу Либан и Израел- директен контакт немало од 1993 година

Во Вашингтон почнуваат преговори меѓу Либан и Израел- директен контакт немало од 1993 година

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, ќе им се придружи на израелската амбасадорка во САД, Јехел Лајтер, и на либанската амбасадорка во САД, Нада Хамадех Моавад, на разговорите во Вашингтон. Хезболах се спротивставува на директните преговори и нема да биде претставен. Вафик Сафа, висок член на политичкиот совет на милитантната група, за Асошиејтед прес изјави дека нема да се придржува до ниту еден договор постигнат во разговорите. Најмалку 2.000 луѓе се убиени во нападите, а повеќе од еден милион се раселени, според либанското министерство за здравство. Либанската влада се надева дека разговорите ќе го отворат патот за крај на војната. Иако Иран го постави завршувањето на своите војни во Либан и регионот како услов за разговори со САД, Либан инсистира на независно дејствување. Иранскиот сојузник Хезболах и другите критичари се скептични кон ваквите директни разговори, тврдејќи дека либанската влада во Бејрут нема доволно влијание и наместо тоа треба да ја поддржи позицијата на Иран, клучниот сојузник и патрон на Хезболах. Хезболах има значително влијание во јужните предградија на Бејрут, како и во големи делови од јужните и источните провинции на земјата. Политичките сојузници на Хезболах држат две министерски позиции, иако врските на групата се влошија со врвните политички власти на Либан, кои ја критикуваа одлуката на Хезболах да влезе во војната минатиот месец и оттогаш ги криминализираа воените активности на групата во земјата. Израелските трупи влегоа во јужен Либан, а официјални лица велат дека целта е да се создаде „безбедносна зона“ од границата до реката Литани, околу 30 километри северно. Израелскиот министер за одбрана вели дека на стотици илјади луѓе раселени од јужен Либан нема да им биде дозволено да се вратат дома сè додека областа не се демилитаризира и Израел е уверен дека неговите северни заедници се безбедни. Хезболах, иако ослабен од последната војна со Израел што заврши во ноември 2024 година, продолжува секојдневно да пука со беспилотни летала, ракети и артилерија кон северен Израел и копнени трупи во Либан. Владите на Израел и Либан се состануваат за да разговараат за начините за обезбедување долгорочна безбедност на северната граница на Израел и поддршка на Либан во неговиот обид да ја преземе контролата врз својата територија и политичка иднина од Хезболах поддржан од Иран, изјави функционер на американскиот Стејт департмент. Функционерот зборуваше под услов да остане анонимен бидејќи не беше овластен јавно да коментира за разговорите. Разговорите ќе бидат први меѓу двете страни од 1993 година. Врвните политички личности во Либан, кои ја критикуваа одлуката на Хезболах да испука ракети кон Израел на 2 март во знак на солидарност со Иран, брзо предложија директни разговори за да се запре ескалацијата, надевајќи се дека Израел нема да започне копнена инвазија. Израел не одговори позитивно до минатата недела, откако изврши 100 напади низ целата земја, вклучително и во срцето на либанскиот главен град. Бејрут сака прекин на огнот како предуслов за преговори, слични на оние меѓу САД и Иран, посредувани од Пакистан. „Уништувањето на либанската територија од страна на Израел не е решение, ниту ќе донесе резултати“, изјави во понеделник либанскиот претседател Џозеф Аун, кој дојде на власт ветувајќи дека ќе разоружа неформални вооружени групи, вклучувајќи го и Хезболах. „Дипломатските решенија постојано се покажуваат како најефикасниот начин за решавање на вооружените конфликти низ целиот свет“, рече Аун. Израел не се согласи на прекин на огнот. Министерот за надворешни работи Гидеон Сар денес не негираше дека Израел има спор со Либан и рече дека „проблемот е Хезболах“. „Хезболах, исто така, има свои финансиски корени, постојат многу фактори што ја одржуваат оваа организација, практично држејќи го Либан под иранска окупација“, рече Гидеон Сар. Хезболах и неговите поддржувачи ги критикуваат директните преговори, нарекувајќи ги „бесплатна концесија за Израел“ освен ако прво не заврши војната и не се повлечат израелските трупи од земјата. Генералниот секретар на Хезболах, Наим Касем, одржа остар говор во кој го повика Либан да ги откаже преговорите. Хезболах се залага за враќање на договорот од 2024 година, според кој преговорите се водеа индиректно, со посредство на САД, Франција и мировната мисија на Обединетите нации во јужен Либан. © Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата САД ја продолжуваат поморската блокада – неколку бродови поминаа низ Ормускиот теснец Кремљ: СОРАБОТКАТА МЕЃУ РУСИЈА И САД не треба да биде заложник на војната во Украина


Хезболах: Воопшто не нѐ интересира исходот од преговорите меѓу Либан и Израел

Хезболах: Воопшто не нѐ интересира исходот од преговорите меѓу Либан и Израел

Вафик Сафа, истакнат член на политичкиот совет на Хезболах , рече дека групата „воопшто не е заинтересирана за исходот од разговорите меѓу Либан и непријателот на Израел“ и дека „што и да биде договорено нема да нè обврзува“. Либанските претставници се надеваат дека ќе постигнат прекин на огнот во војната меѓу Израел и Хезболах, објави Асошиејтед Прес. Во меѓувреме, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата цел е да го разоружа Хезболах и евентуално да постигне мировен договор меѓу Либан и Израел. Неговиот портпарол вчера изјави дека нема да има прекин на огнот со Хезболах. Последици од конфликтот Војната на Израел со Хезболах, која започна на почетокот на март кога милитантната група испука ракети кон Израел во поддршка на Иран, расели повеќе од еден милион луѓе. Во конфликтот загинаа речиси 2.100 луѓе, вклучувајќи повеќе од 500 жени, деца и медицински персонал. Хезболах: Нападите беа превентивни Сафа рече дека нападите на Хезболах биле превентивни бидејќи раководството на групата верувало дека „Израел се подготвува за нов конфликт со Либан“ со цел уништување на Хезболах. Тој додаде дека е „погоден момент за Хезболах... да воспостави нова равенка“ и да ја врати својата моќ за одвраќање против Израел. Службеникот, исто така, тврдеше дека немало претходен договор со Техеран дека Хезболах ќе влезе во војната доколку Иран биде нападнат. Трамп ѝ даде 100 долари бакшиш на доставувачка- му однесе пакет сендвичи во Белата куќа (ВИДЕО) Американската војска потврди: Уништивме уште еден брод со дрога (ВИДЕО)


СВЕТОТ ВО ИСЧЕКУВАЊЕ: Се крои ли мир во Вашингтон? Израел и Либан на маса, но еден моќен играч вели „НЕ“!

СВЕТОТ ВО ИСЧЕКУВАЊЕ: Се крои ли мир во Вашингтон? Израел и Либан на маса, но еден моќен играч вели „НЕ“!

Зад затворени врати во Вашингтон се одвиваат можеби најсудбоносните преговори за иднината на Блискиот Исток помеѓу претставници на Израел и Либан. Иако дипломатите работат под висок притисок за да го запрат крвопролевањето, ситуацијата на терен останува критична поради длабоката меѓусебна недоверба. Најголемиот отпор за постигнување договор доаѓа од моќната милитантна група Хезболах, која веќе јасно порача дека не ги признава овие преговори и дека ниту еден постигнат договор нема да ги обврзе да го положат оружјето. Главните точки на судирот вклучуваат тешки територијални спорови и барањето на Израел за целосно повлекување на Хезболах од пограничните зони. Официјален Бејрут се обидува да покаже дека има контрола над својата територија, иако влијанието на милитантните групи го отежнува процесот. Доколку овие дипломатски напори на САД не вродат со плод, регионот се соочува со ризик од тотална војна која би можела да ги вовлече и околните сили во конфликтот. Додека Израел е дециден дека нема да трпи закани на своите граници, светот со страв ги следи вестите од Вашингтон со надеж дека ќе се најде начин да се спречи натамошна хуманитарна катастрофа.


Во Вашингтон почнуваат преговори меѓу Либан и Израел- директен контакт немало од 1993 година

Во Вашингтон почнуваат преговори меѓу Либан и Израел- директен контакт немало од 1993 година

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, ќе им се придружи на израелската амбасадорка во САД, Јехел Лајтер, и на либанската амбасадорка во САД, Нада Хамадех Моавад, на разговорите во Вашингтон. Хезболах се спротивставува на директните преговори и нема да биде претставен. Вафик Сафа, висок член на политичкиот совет на милитантната група, за Асошиејтед прес изјави дека нема да се придржува до ниту еден договор постигнат во разговорите. Најмалку 2.000 луѓе се убиени во нападите, а повеќе од еден милион се раселени, според либанското министерство за здравство. Либанската влада се надева дека разговорите ќе го отворат патот за крај на војната. Иако Иран го постави завршувањето на своите војни во Либан и регионот како услов за разговори со САД, Либан инсистира на независно дејствување. Иранскиот сојузник Хезболах и другите критичари се скептични кон ваквите директни разговори, тврдејќи дека либанската влада во Бејрут нема доволно влијание и наместо тоа треба да ја поддржи позицијата на Иран, клучниот сојузник и патрон на Хезболах. Хезболах има значително влијание во јужните предградија на Бејрут, како и во големи делови од јужните и источните провинции на земјата. Политичките сојузници на Хезболах држат две министерски позиции, иако врските на групата се влошија со врвните политички власти на Либан, кои ја критикуваа одлуката на Хезболах да влезе во војната минатиот месец и оттогаш ги криминализираа воените активности на групата во земјата. Израелските трупи влегоа во јужен Либан, а официјални лица велат дека целта е да се создаде „безбедносна зона“ од границата до реката Литани, околу 30 километри северно. Израелскиот министер за одбрана вели дека на стотици илјади луѓе раселени од јужен Либан нема да им биде дозволено да се вратат дома сè додека областа не се демилитаризира и Израел е уверен дека неговите северни заедници се безбедни. Хезболах, иако ослабен од последната војна со Израел што заврши во ноември 2024 година, продолжува секојдневно да пука со беспилотни летала, ракети и артилерија кон северен Израел и копнени трупи во Либан. Владите на Израел и Либан се состануваат за да разговараат за начините за обезбедување долгорочна безбедност на северната граница на Израел и поддршка на Либан во неговиот обид да ја преземе контролата врз својата територија и политичка иднина од Хезболах поддржан од Иран, изјави функционер на американскиот Стејт департмент. Функционерот зборуваше под услов да остане анонимен бидејќи не беше овластен јавно да коментира за разговорите. Разговорите ќе бидат први меѓу двете страни од 1993 година. Врвните политички личности во Либан, кои ја критикуваа одлуката на Хезболах да испука ракети кон Израел на 2 март во знак на солидарност со Иран, брзо предложија директни разговори за да се запре ескалацијата, надевајќи се дека Израел нема да започне копнена инвазија. Израел не одговори позитивно до минатата недела, откако изврши 100 напади низ целата земја, вклучително и во срцето на либанскиот главен град. Бејрут сака прекин на огнот како предуслов за преговори, слични на оние меѓу САД и Иран, посредувани од Пакистан. „Уништувањето на либанската територија од страна на Израел не е решение, ниту ќе донесе резултати“, изјави во понеделник либанскиот претседател Џозеф Аун, кој дојде на власт ветувајќи дека ќе разоружа неформални вооружени групи, вклучувајќи го и Хезболах. „Дипломатските решенија постојано се покажуваат како најефикасниот начин за решавање на вооружените конфликти низ целиот свет“, рече Аун. Израел не се согласи на прекин на огнот. Министерот за надворешни работи Гидеон Сар денес не негираше дека Израел има спор со Либан и рече дека „проблемот е Хезболах“. „Хезболах, исто така, има свои финансиски корени, постојат многу фактори што ја одржуваат оваа организација, практично држејќи го Либан под иранска окупација“, рече Гидеон Сар. Хезболах и неговите поддржувачи ги критикуваат директните преговори, нарекувајќи ги „бесплатна концесија за Израел“ освен ако прво не заврши војната и не се повлечат израелските трупи од земјата. Генералниот секретар на Хезболах, Наим Касем, одржа остар говор во кој го повика Либан да ги откаже преговорите. Хезболах се залага за враќање на договорот од 2024 година, според кој преговорите се водеа индиректно, со посредство на САД, Франција и мировната мисија на Обединетите нации во јужен Либан. САД ја продолжуваат поморската блокада – неколку бродови поминаа низ Ормускиот теснец Кремљ: СОРАБОТКАТА МЕЃУ РУСИЈА И САД не треба да биде заложник на војната во Украина


ИЗРАЕЛ И ЛИБАН ПРЕГОВАРААТ ВО ВАШИНГТОН Хезболах не ги признава преговорите

ИЗРАЕЛ И ЛИБАН ПРЕГОВАРААТ ВО ВАШИНГТОН Хезболах не ги признава преговорите

Стејт департментот соопшти дека во Вашингтон денеска почнаа преговори помеѓу Израел и Либан. На состанокот присуствуваат амбасадорите на Израел и на Либан во САД, Јехиел Лајтер и Нада Хамадех Моавад и американскиот државен секретар Марко Рубио. Првпат по повеќе децении претставници на Либан и на Израел, кои немаат дипломатски односи, имаат директни разговори. Претходно, членот на политичкиот совет на Хезболах, Вафик Сафа изјави дека милитантната група нема да почитува никаков договор што би произлегол од преговорите помеѓу Либан и Израел под покровителство на САД. Според него, Хезболах „воопшто не е заинтересирана за исходот од преговорите помеѓу Либан и израелскиот непријател“ и дека „она што е договорено нема да ги обврзе“. Сафа потенцира дека нападите на Хезболах биле превентивни бидејќи раководството на групата верувало дека „Израел се подготвува за нов конфликт со Либан“ со цел уништување на проиранската група. Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар, во пресрет преговорите во Вашингтон, на прес конференција во Ерусалим изјави дека „Израел има за цел да постигне мир и нормализација во односите со Либан“. – Меѓу Израел и Либан нема сериозни несогласувања. Проблемот е Хезболах – изјави Саар. Според него, групата „Хезболах“ го нападнала Израел „спротивно на волјата на либанската влада“, што претставува проблем и за суверенитетот на Либан и за безбедноста на Израел. Во меѓувреме, Израелските одбранбени сили соопштија дека десет нивни војници се ранети во судири со „Хезболах“ во градот Бинт Џбеил, на околу пет километри од границата со Израел. Тројца од ранетите се во тешка состојба, додека останатите имаат лесни и средно тешки повреди. Војната на Израел со Хезболах трае од почетокот на март, кога милитантната група лансира ракети врз Израел, како поддршка на Иран. Во војната загинаа речиси 2.100 луѓе, меѓу кои повеќе од 500 жени, деца и медицински персонал.




ХЕЗБОЛАХ НЕМА ДА ПОЧИТУВА НИКАКОВ ДОГОВОР МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ЛИБАН „Тел Авив сака да нè уништи, сега е погоден момент за нас“

ХЕЗБОЛАХ НЕМА ДА ПОЧИТУВА НИКАКОВ ДОГОВОР МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ЛИБАН „Тел Авив сака да нè уништи, сега е погоден момент за нас“

Хезболах нема да почитува никаков договор што би произлегол од преговорите меѓу Либан и Израел под покровителство на САД, изјави висок функционер на милитантната група. Вафик Сафа, истакнат член на политичкиот совет на Хезболах, рече дека групата „воопшто не е заинтересирана за исходот од преговорите меѓу Либан и непријателот Израел“ и дека „она за што ќе се согласат нема да ги обврзе“. Либанските претставници се надеваат дека ќе постигнат прекин на огнот во војната меѓу Израел и Хезболах. Од друга страна, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека негова цел е разоружување на Хезболах, како и евентуален мировен договор меѓу Либан и Израел. Неговиот портпарол вчера изјави дека нема да има прекин на огнот со Хезболах. Војната на Израел со Хезболах, која почна на почетокот на март кога милитантната група испука ракети кон Израел во поддршка на Иран, расели повеќе од еден милион луѓе. Речиси 2.100 луѓе загинаа во конфликтот, вклучувајќи повеќе од 500 жени, деца и медицински персонал. Сафа рече дека нападите на Хезболах биле превентивни бидејќи раководството на групата верувало дека „Израел се подготвува за нов конфликт со Либан“ со цел уништување на Хезболах. Тој додаде дека тоа е „погоден момент за Хезболах… да воспостави нова равенка“ и да ја врати својата моќ на одвраќање против Израел. Службеникот, исто така, тврди дека немало претходен договор со Техеран дека Хезболах ќе влезе во војната доколку Иран биде нападнат.


Шефот на Хезболах ги отфрла планираните разговори меѓу Израел и Либан

Шефот на Хезболах ги отфрла планираните разговори меѓу Израел и Либан

Генералниот секретар на либанската милитантна група Хезболах, поддржана од Иран, синоќа изјави дека групата апсолутно ги отфрла мировните преговори меѓу Израел и Либан, кои треба да се одржат денеска во Вашингтон. Касем ги повика либанскиот претседател Џозеф Аун и премиерот Наваф Салам да ги напуштат разговорите, кои ќе бидат посредувани од САД, тврдејќи дека израелските напади врз Либан продолжиле со поддршка на САД, објави Скај њуз. Тој, исто така, нагласи дека Хезболах верува дека вистинската цел на Израел е да го анектира Либан како дел од проектот „Голем Израел“, политичка и религиозна идеологија која го гледа поголемиот дел од Блискиот Исток како дел од државата Израел. Во меѓувреме, друг висок функционер на политичкиот совет на Хезболах, Вафик Сафа, рече дека групата нема да прифати никакви договори што би можеле да произлезат од директните разговори меѓу Либан и Израел во САД, на што Хезболах остро се спротивставува. „Што се однесува до исходот од разговорите меѓу Либан и израелскиот непријател, тој не нè интересира и воопшто не нè засега“, рече Сафа. Ова ќе биде прв пат по децении претставници од Либан и Израел, кои немаат дипломатски односи, да се сретнат лице в лице за директни разговори.


Мерц по телефон со Нетанјаху ја истакнал потребата од деескалација при што повикал на почеток на директни мировни преговори

Мерц по телефон со Нетанјаху ја истакнал потребата од деескалација при што повикал на почеток на директни мировни преговори

Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, при што повикал на прекин на борбите во јужниот дел на Либан и почеток на директни мировни преговори.


Шефот на Хезболах, Наим Касем, ги отфрла планираните разговори меѓу Израел и Либан

Шефот на Хезболах, Наим Касем, ги отфрла планираните разговори меѓу Израел и Либан

Генералниот секретар на либанската милитантна група Хезболах, поддржана од Иран, синоќа изјави дека групата, поддржана од Иран, апсолутно ги отфрла мировните преговори меѓу Израел и Либан, кои треба да се одржат денеска во Вашингтон. Касем ги повика либанскиот претседател Џозеф Аун и премиерот Наваф Салам да ги напуштат разговорите, кои ќе бидат посредувани од САД, тврдејќи дека израелските напади врз Либан продолжиле со поддршка на САД, објави Скај њуз. Тој, исто така, нагласи дека Хезболах верува дека вистинската цел на Израел е да го анектира Либан како дел од проектот „Голем Израел“, политичка и религиозна идеологија која го гледа поголемиот дел од Блискиот Исток како дел од државата Израел. Во меѓувреме, друг висок функционер на политичкиот совет на Хезболах, Вафик Сафа, рече дека групата нема да прифати никакви договори што би можеле да произлезат од директните разговори меѓу Либан и Израел во САД, на што Хезболах остро се спротивставува. „Што се однесува до исходот од разговорите меѓу Либан и израелскиот непријател, тој не нè интересира и воопшто не нè засега“, рече Сафа. Ова ќе биде прв пат по децении претставници од Либан и Израел, кои немаат дипломатски односи, да се сретнат лице в лице за директни разговори.


Израел почна офанзива против Хезболах пред претстојните преговори со Либан во Вашингтон

Израел почна офанзива против Хезболах пред претстојните преговори со Либан во Вашингтон

Израелските трупи вчера започнаа напад за да освојат клучен град во јужен Либан каде се кријат борците на Хезболах, засилувајќи ја војната против групата поддржана од Иран во пресрет на ретките разговори меѓу израелските и либанските владини претставници. Во услови кога амбасадорите на Либан и на Израел во САД треба денеска да се сретнат во Вашингтон, либанскиот министер за надворешни работи изјави дека Бејрут ќе ги искористи преговорите лице в лице за да изврши притисок за прекин на огнот во војната, што ја комплицира пошироката дипломатија за запирање на конфликтот на Блискиот Исток. Но, изгледите за исходот од состанокот – невообичаена средба лице в лице меѓу земји кои формално се во воена состојба – се неизвесни. Израел изјави дека нема да разговара за прекин на огнот, додека Хезболах се спротивстави на преговорите со Израел, што го одразува наглото влошување на политичките тензии во Либан. Во телевизиски говор, вчера шефот на Хезболах Наим Касем изјави дека либанската влада треба да го откаже состанокот, го нарече „бесмислен“ и рече дека неговата група ќе продолжи да се спротивставува на израелските напади врз Либан. На терен во јужен Либан, израелската војска го заврши опколувањето на градот Бинт Џбеил веднаш над границата и започна копнен напад, изјавија портпарол на израелската војска и либански безбедносни извори. Либанските извори изјавија дека борците на Хезболах кои се кријат внатре се подготвени да се борат до смрт, наведувајќи го стратешкото и симболично значење на Бинт Џбеил, упориште на Хезболах, покраински главен град и порта кон околните села. Хезболах отвори оган врз Израел во поддршка на Техеран на 2 март, поттикнувајќи израелска офанзива за која либанските власти велат дека убила повеќе од 2.000 луѓе и раселила повеќе од 1 милион. Израел вели дека има за цел да го окупира јужен Либан до реката Литани, која се влева во Медитеранот на околу 30 км од границата со Израел. Израел и САД изјавија дека кампањата против Хезболах не е дел од кревкото примирје меѓу Иран и САД, иако премиерот на Пакистан изјави дека примирјето ќе го вклучи и Либан. Иако борбите во Либан не престанаа, Израел не изведува воздушни напади врз Бејрут од 8 април, кога го нападна главниот град при што загинаа стотици луѓе.


Мерц во телефонски разговор со Нетанјаху повикал на прекин на непријателствата во Либан

Мерц во телефонски разговор со Нетанјаху повикал на прекин на непријателствата во Либан

Портпаролот на германската Влада, Штефан Корнелиус, соопшти дека Мерц во телефонскиот разговор ја истакнал потребата од деескалација и го охрабрил Нетанјаху да започне директен дијалог со либанските власти. Притоа Мерц ја нагласил и потребата од разоружување на милитантната група Хезболах. Во меѓувреме, германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, разговарал со неговиот либански колега, Јусеф Раџи. Од германското Министерство за надворешни работи со оценка дека директните разговори меѓу Израел и Либан може да бидат важен прв чекор кон иднина во која ќе бидат почитувани безбедносните интереси на Израел и суверенитетот и територијалниот интегритет на Либан. Во соопштението на МНР во Берлин се наведува дека нападите на Хезболах врз Израел мора да запрат, а истовремено се повикува и израелската армија да се воздржи од напади врз цивили и цивилната инфраструктура. За вечерва во Вашингтон се закажани непосредни разговори меѓу претставници на Израел и на Либан, што се први официјални контакти од таков вид по неколку децении. Израел и Хезболах, кој има силно влијание врз политичкиот и општествениот живот во Либан, по вторпат во последните две години се во отворен оружен конфликт, при што израелската армија има распоредено копнени сили во јужниот дел на соседната земја. Израел се залага за траен мировен договор со Либан и целосно разоружување на Хезболах, додека либанската Влада настојува да обезбеди прекин на огнот во конфликтот што започна на 2 март, како и повлекување на израелските трупи од јужен Либан. Хезболах, кој не учествува во разговорите, засега ги отфрла израелските барања. © Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата Венс, изјави дека е „тажен“ поради изборниот пораз на Орбан, но САД се подготвени да соработуваат со неговиот наследник ТРАМП И ТЕХЕРАН ПОВТОРНО НА МАСА? САД подготвуваат терен за нов круг преговори


Мерц во телефонски разговор со Нетанјаху повикал на прекин на непријателствата во Либан

Мерц во телефонски разговор со Нетанјаху повикал на прекин на непријателствата во Либан

Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, при што повикал на прекин на борбите во јужниот дел на Либан и почеток на директни мировни преговори. Портпаролот на германската Влада, Штефан Корнелиус, соопшти дека Мерц во телефонскиот разговор ја истакнал потребата од деескалација и го охрабрил Нетанјаху да започне директен дијалог со либанските власти. Притоа Мерц ја нагласил и потребата од разоружување на милитантната група Хезболах. Во меѓувреме, германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, разговарал со неговиот либански колега, Јусеф Раџи. Од германското Министерство за надворешни работи со оценка дека директните разговори меѓу Израел и Либан може да бидат важен прв чекор кон иднина во која ќе бидат почитувани безбедносните интереси на Израел и суверенитетот и територијалниот интегритет на Либан. Во соопштението на МНР во Берлин се наведува дека нападите на Хезболах врз Израел мора да запрат, а истовремено се повикува и израелската армија да се воздржи од напади врз цивили и цивилната инфраструктура. За вечерва во Вашингтон се закажани непосредни разговори меѓу претставници на Израел и на Либан, што се први официјални контакти од таков вид по неколку децении. Израел и Хезболах, кој има силно влијание врз политичкиот и општествениот живот во Либан, по вторпат во последните две години се во отворен оружен конфликт, при што израелската армија има распоредено копнени сили во јужниот дел на соседната земја. Израел се залага за траен мировен договор со Либан и целосно разоружување на Хезболах, додека либанската Влада настојува да обезбеди прекин на огнот во конфликтот што започна на 2 март, како и повлекување на израелските трупи од јужен Либан. Хезболах, кој не учествува во разговорите, засега ги отфрла израелските барања.


МЕРЦ ГО ПОВИКА НЕТАНЈАХУ ДА ПРЕКИНАТ БОРБИТЕ ВО ЈУЖЕН ЛИБАН Бејрут и Тел Авив на први директни преговори по децении

МЕРЦ ГО ПОВИКА НЕТАНЈАХУ ДА ПРЕКИНАТ БОРБИТЕ ВО ЈУЖЕН ЛИБАН Бејрут и Тел Авив на први директни преговори по децении

Германскиот канцелар, Фридрих Мерц во телефонски разговор го повика израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да прекинат борбите во јужниот дел на Либан и да почнат директни мировни преговори. Портпаролот на германската Влада, Штефан Корнелиус, соопшти дека Мерц ја истакна потребата од деескалација и го охрабрил Нетанјаху да почне директен дијалог со либанските власти. Притоа Мерц ја нагласи и потребата од разоружување на милитантната група Хезболах. Во меѓувреме, германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, разговарал со неговиот либански колега, Јусеф Раџи. Од германското Министерство за надворешни работи оценија дека директните разговори меѓу Израел и Либан може да бидат важен прв чекор кон иднина во која ќе бидат почитувани безбедносните интереси на Израел и суверенитетот и територијалниот интегритет на Либан. Во соопштението на МНР се наведува дека нападите на Хезболах врз Израел мора да запрат, а истовремено се повикува и израелската армија да се воздржи од напади врз цивилите и цивилната инфраструктура. За вечерва во Вашингтон се закажани непосредни разговори меѓу претставници на Израел и на Либан, што се први официјални контакти од таков вид по неколку децении. Израел и Хезболах, кој има силно влијание врз политичкиот и општествениот живот во Либан, по вторпат во последните две години се во отворен оружен конфликт, а израелската армија распореди копнени сили во јужниот дел на соседната земја. Израел се залага за траен мировен договор со Либан и за целосно разоружување на Хезболах, додека либанската Влада настојува да обезбеди прекин на огнот во конфликтот што започна на 2 март, како и повлекување на израелските трупи од јужен Либан. Хезболах, кој не учествува во разговорите, засега ги отфрла израелските барања.


Мерц во телефонски разговор со Нетанјаху повикал на прекин на непријателствата во Либан

Мерц во телефонски разговор со Нетанјаху повикал на прекин на непријателствата во Либан

Портпаролот на германската Влада, Штефан Корнелиус, соопшти дека Мерц во телефонскиот разговор ја истакнал потребата од деескалација и го охрабрил Нетанјаху да започне директен дијалог со либанските власти. Притоа Мерц ја нагласил и потребата од разоружување на милитантната група Хезболах. Во меѓувреме, германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, разговарал со неговиот либански колега, Јусеф Раџи. Од германското Министерство за надворешни работи со оценка дека директните разговори меѓу Израел и Либан може да бидат важен прв чекор кон иднина во која ќе бидат почитувани безбедносните интереси на Израел и суверенитетот и територијалниот интегритет на Либан. Во соопштението на МНР во Берлин се наведува дека нападите на Хезболах врз Израел мора да запрат, а истовремено се повикува и израелската армија да се воздржи од напади врз цивили и цивилната инфраструктура. За вечерва во Вашингтон се закажани непосредни разговори меѓу претставници на Израел и на Либан, што се први официјални контакти од таков вид по неколку децении. Израел и Хезболах, кој има силно влијание врз политичкиот и општествениот живот во Либан, по вторпат во последните две години се во отворен оружен конфликт, при што израелската армија има распоредено копнени сили во јужниот дел на соседната земја. Израел се залага за траен мировен договор со Либан и целосно разоружување на Хезболах, додека либанската Влада настојува да обезбеди прекин на огнот во конфликтот што започна на 2 март, како и повлекување на израелските трупи од јужен Либан. Хезболах, кој не учествува во разговорите, засега ги отфрла израелските барања. Венс, изјави дека е „тажен“ поради изборниот пораз на Орбан, но САД се подготвени да соработуваат со неговиот наследник ТРАМП И ТЕХЕРАН ПОВТОРНО НА МАСА? САД подготвуваат терен за нов круг преговори