ПМФЛ: Тиквеш ја освои Струга, Шкендија рутински против Шкупи (ВИДЕО)
Фудбалерите на Тиквеш стигнаа до голема победа на гостувањето кај Струга Трим Лум од 1-2 во натпревар од 27. коло во Првата македонска фудбалска лига. Домаќините поведоа со 1-0 со автоголот на Тасев кој несреќно ја внесе топката во својот гол по ударот на Марјан Радески. До крајот на првиот дел гостите успеаја да израмнат на 1-1 преку Рамади во 26. минута. Во вториот дел гостите стигнаа до целосен пресврт 1-2 со погодокот на Сила во 56. минута. Мечот помина во сенка на страотниот момент на средината на вториот дел. По еден дуел онесвестен на теренот падна фудбалерот на домаќините Папе Фол. Брзо му беше укажана помош, по што фудбалерот од Сенегал успеа да застане на нозе. Непознато е зошто лекарскиот тим и главниот судија му дозволија да го продолжи мечот. По само пет минути Фол повторно се сруши на земјата и мораше да биде пренесен во болница со амбулатно возило. https://ekipa.mk/wp-content/uploads/2026/04/bandicam-2026-04-13-16-41-17-449.mp4 https://ekipa.mk/wp-content/uploads/2026/04/bandicam-2026-04-13-17-04-00-867-1.mp4 Во вториот дуел од денешната програма Шкендија славеше со 6-0 против Шкупи. Меличи со двата гола во 13. и во 20. минута донесе брзо водство од 2-0 за својот тим, а до крајот на првиот дел беше и 3-0 со погодокот на Бесарт Ибраими во 45. минута. Во вториот дел Бесарт Ибраими со својот втор гол во 66. минута зголеми на 4-0, а 5-0 беше со голот на Љатифи во 85. минута. Конечните 6-0 ги постави Љатифи во 87. минута. Standings provided by Sofascore Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
СТРАОТНИ СЦЕНИ ВО ПМФЛ: Фудбалер на Струга се онесвести на мечот со Тиквеш (ВИДЕО)
Неубави сцени ни доаѓаат од Првата македонска фудбалска лига и дуелот меѓу Струга Трим и Лум и Тиквеш. Во вториот дел при позитива на гостите од 1-2, по еден дуел онесвестен на теренот падна фудбалерот на домаќините Папе Фол. Брзо му беше укажана помош, по што фудбалерот од Сенегал успеа да застане на нозе. Непознато е зошто лекарскиот тим и главниот судија му дозволија да го продолжи мечот. По само пет минути Фол повторно се сруши на земјата и мораше да биде пренесен во болница со амбулатно возило. https://ekipa.mk/wp-content/uploads/2026/04/bandicam-2026-04-13-16-49-38-139.mp4 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

