
Планинарка од Скопје по инцидентот со велосипедистот на Водно: „Не е само некултурно, туку и реална опасност“
Планинарка од Скопје по инцидентот со велосипедистот на Водно: „Не е само некултурно, туку и реална опасност“ Маја Дукова од Скопје го искачува Водно 4-5 пати неделно, а во секоја пригода го крева гласот за заштита на природата таму и за уредување на просторот. Сега, за CRNOBELO.com споделува став за виралното видео од Водно и го осудува потегот на велосипедистот... Маја Дукова од Скопје е вљубеничка во планините, која покрај на подалечни места , редовно оди и на Водно и буквално ја обожаваа оваа планина. Таа оди на Водно 4-5 пати неделно, а во секоја пригода го крева гласот за заштита на природата таму и за уредување на просторот. Сега, по инцидентот кога планинар и велосипедист влегоа во конфликт на тема движење на патека на Водно, ја прашавме за мислење. Маја за CRNOBELO.com вели: „Го видов видеото и во конкретната ситуација, иако тонот на планинарот е поостар, и дрзок, суштински гледано – тој е во право. Водно не е неуреден простор без правила. Редовните посетители знаат дека патеките се поделени, пешачки и велосипедски, и проблемот настанува кога тоа не се почитува. Особено загрижува фактот што во видеото е само еден велосипедист. Што ако се група? При движење во колона, со различна брзина и растојание, можноста сите да прикочат навреме е значително намалена. Тоа го зголемува ризикот не само за пешаците (особено деца), туку и за самите велосипедисти. Затоа, движење со велосипед на пешачка патека не е само „некултурно“, туку и реална опасност. Реакцијата на планинарот, иако емотивна, произлегува од оправдана грижа за безбедноста. Од друга страна, ваквите ситуации покажуваат и поширок проблем: недоволно јасно обележани патеки насекаде, недостиг на контрола и информираност, премногу простор за самоволно толкување. Решението не е во кавги, туку во ред и почитување. Јасна сигнализација, свесност и одговорност – затоа што Водно треба да биде безбедно за сите, не само за оние што се движат побрзо. Проблемот настанува кога тоа не се почитува“. ©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. С. С. | Црнобело Би можело да ве интересира:
(ВИДЕО) Инцидент на Водно што ја разбранува јавноста: Снимка открива кавга што отвори важно прашање за безбедноста!
На една од најпосетените патеки на Vodnо Mountain , деновиве се случи ситуација што предизвика бурни реакции и поделени мислења меѓу граѓаните. Конфликтот помеѓу рекреативен планинар и велосипедист отвори дилема – кој навистина е во право кога станува збор за користење на заедничките патеки? Според информациите, до вербална расправија дошло кога планинар, кој се движел заедно со деца, се тргнал настрана за да му отстапи место на велосипедистот. Сепак, ситуацијата не завршила тука. Видно изреволтиран, тој го сопрел велосипедистот и му укажал дека начинот на возење претставува потенцијална опасност за останатите посетители на патеката. Конфликтот дополнително ескалирал кога планинарот повикал полиција, сметајќи дека безбедноста е загрозена. Од друга страна, велосипедистот ја снимал целата ситуација, по што видеото било споделено во јавноста и предизвикало лавина реакции. Овој настан повторно го отвори прашањето за тоа колку се јасно дефинирани и обележани патеките на Водно, како и дали постои доволна контрола и правила за движење на различните групи – пешаци, планинари и велосипедисти. Skopje има ретка привилегија – планина на само неколку минути од градот, која ја користат луѓе од сите возрасти. Но токму таа разновидност носи и предизвици кога станува збор за безбедноста и меѓусебната толеранција. Случајот отвора суштинско прашање: дали проблемот е во недоволна регулација, во однесувањето на поединците или во недостиг на јасни правила што сите треба да ги почитуваат? Видеото, кое го објави велосипедистот, им остава на гледачите сами да проценат што точно се случило и кој ја сноси одговорноста во оваа ситуација. ВИДЕО
Случка од патека на Водно: Конфликт на велосипедист и пешак ги подели мислењата - кој е во право? (видео)
Случка од патека на Водно: Конфликт на велосипедист и пешак ги подели мислењата - кој е во право? (видео) На Водно дојде до голема кавга помеѓу рекреативен планинар и велосипедист. Планинарот, шетајќи со деца се трга настрана, па изреволтиран го сопре велосипедистот, со образложение дека е закана за безбедноста на другите, и повика полиција, велосипедистот ја снимаше цела случка... Какво е вашето мислење – кој е во право? Водно е една од најубавите страни на Скопје... Толку блиску до нас имаме планина, која ни е благодат на сите, и на деца и на возрасни, и на рекреативни шетачи и планинари и на велосипедисти. Но, за жал, деновиве се случи една немила случка и дојде до конфликт помеѓу рекреативен планинар и велосипедист. До вербален судир дојде кога планинарот го сопре велосипедистот со образложение дека е опасност за сите останати на патеката, а ситуацијата ескалираше и со повик до полицијата. Колку и како ни се обележани патеките на Водно? Дали е безбедно за сите? Погледнете го видеото, кое го објави велосипедистот, и направете проценка на ситуацијата... Видеото од конфликтот планинар vs. велосипедист: С. С. | Црнобело Би можело да ве интересира:
Расправија на Водно: Татко со дете запре велосипедист, викна полиција, расправијата трае подолго од спуштањето
На Водно повторно се разгоре темата која никако не наоѓа решение: дали планинските патеки се за пешаци, за велосипедисти или за двете. Овојпат настанот го сними самиот велосипедист. Додека се спуштал по патеката, го запрел татко кој се качувал со деца и тврдел дека детето морало да скокне настрана за да не го удри велосипедот. Следувала расправија на средина на стазата, татко му викнал полиција, а сè ескалирало до лични навреди, обвинувања за лажење и коментари за тоа кој е добро или лошо воспитан. Велосипедистот снимал за своја безбедност и тврди дека кочел уште штом ги видел пешаците. Таткото останал на ставот дека патеката не е за точаци и дека неговото дете едвај избегало удар. Полицијата пристигнала, а расправијата завршила без поголеми последици. Видеото е подолу. Заклучоците извлечете ги сами.
Водно: Татко го запре велосипедистот, викна полиција, расправијата трае подолго од спуштањето
На Водно повторно се разгоре темата која никако не наоѓа решение: дали планинските патеки се за пешаци, за велосипедисти или за двете. Овојпат настанот го сними самиот велосипедист. Додека се спуштал по патеката, го запрел татко кој се качувал со деца и тврдел дека детето морало да скокне настрана за да не го удри велосипедот. Следувала расправија на средина на стазата, татко му викнал полиција, а сè ескалирало до лични навреди, обвинувања за лажење и коментари за тоа кој е добро или лошо воспитан. Велосипедистот снимал за своја безбедност и тврди дека кочел уште штом ги видел пешаците. Таткото останал на ставот дека патеката не е за точаци и дека неговото дете едвај избегало удар. Полицијата пристигнала, а расправијата завршила без поголеми последици. Видеото е подолу. Заклучоците извлечете ги сами. Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко . Предупредување: Содржините може да ве вознемират!



