
(Видео) Откриен идентитетот на водачот на нарко-картел уапсен во Црна Гора, неговата компанија за банани и ореви заработува милиони
Компанијата „Спектакулар“ на Светислав Филиповиќ (47), кој беше уапсен вчера под сомнение дека е еден од водачите на балкански нарко – картел, има повеќемилионски промет. Според податоците од глобалната платформа за анализа на трговијата „Волца“, компанијата примила дури 139 пратки од Еквадор, Колумбија и Украина од вкупно 16 добавувачи, а официјално се занимавала со трговија со банани и ореви, објавува РТЦГ. Директорот на полицијата Лазар Шќепановиќ вчера објави дека Филиповиќ е осомничен за продажба на дрога и оружје. Заедно со него, кој е осомничен дека е водач на балкански нарко – картел, уапсени се уште седум лица. Според Мрежата за истрага на организиран криминал и корупција – Лупа, Филиповиќ е ко-сопственик со 51 процент удел во компанијата „Спектакулар“, основана пред повеќе од 20 години во Подгорица и регистрирана за неспецијализирана трговија на големо. Компанијата имала отворени дури 25 девизни и тековни сметки во неколку црногорски банки. Сите горенаведени сметки сега се блокирани за вкупен износ од 4.980.815 евра. Податоците на Даночната управа покажуваат дека компанијата имала приходи од 9,8 милиони евра во 2019 година, 10,6 милиони во 2020 година, 3,3 милиони во 2021 година и 664.206 евра во 2022 година. Најголеми приходи остварила кога Демократската партија на социјалистите (ДПС) била на власт во Црна Гора. Филиповиќ беше уапсен како дел од меѓународна полициска операција со кодно име „СПЕКТАКУЛАР“, насочена против шверц со дрога и оружје. Акцијата беше спроведена во Црна Гора и Германија со поддршка на Европол. Според директорот Шќепановиќ, резултатот од операцијата беше запленување на околу 4,5 тони наркотици во 12 поединечни акции. „Од тоа, 2,7 тони кокаин се во Боливија, каде што десет лица беа уапсени во операција на крајот на 2024 година, а 1,8 тони различни дроги во Европа – во Белгија, Германија и Црна Гора. Станува збор за околу 1,55 тони канабис, 120 килограми хашиш и околу 120 килограми кокаин“, рече Шќепановиќ. Според податоците на Полициската управа, вкупно 14 осомничени беа гонети. Седум од нив беа уапсени во Црна Гора, а четири лица во Германија. Шќепановиќ објасни дека истрагата имала за цел откривање на транснационална криминална мрежа која дејствувала на неколку континенти и била вклучена во шверц на кокаин, канабис и хашиш, како и во трговија со оружје. фото/европол
Како ПАДНА КЛУЧНАТА КЕЛИЈА на Балканскиот КАРТЕЛ за шверц на КОКАИН?
Меѓународната полициска акција спроведена на 15 април во Црна Гора и Германија, со поддршка на Европол, повторно го стави Балканскиот картел под силен притисок. Операцијата резултираше со апсење на 12 лица, меѓу кои, според црногорските медиуми, е и Светислав Филиповиќ од Подгорица, еден од наводните водачи на мрежата. Истрагата, која започна во октомври 2024 година, открива застрашувачки размери на криминалните активности што се протегаат низ неколку континенти. Осомничените се товарат за организирање шверц на над 4,5 тони наркотици во периодот од октомври 2024 до април 2026 година. Според официјалните податоци на Европол и директорот на црногорската полиција, Лазар Шќепановиќ, запленети се 2,7 тони кокаин во Боливија, како и околу 1,8 тони канабис и други видови дрога во Белгија, Германија и Црна Гора. Овие заплени се резултат на 12 претходни координирани операции низ Европа и Јужна Америка, кои конечно доведоа до идентификација на логистичката мрежа. Модусот на работа на оваа група ја отсликува високата софистицираност на современиот криминал. Користејќи поморски, воздушни и копнени рути, мрежата транспортирала дрога преку бродски контејнери од Јужна Америка кон Европа, користејќи транзитни точки во Албанија, Тајланд, Холандија и Доминиканската Република. Организацијата имала јасна хиерархија – од моќни финансиери и координатори, па сè до логистичари задолжени за внатрешен транспорт. Иако оваа акција се толкува како сериозна победа на правдата, Европол останува претпазлив, дефинирајќи го ударот како „елиминирање на значајна ќелија“, а не како дефинитивен крај на картелот. Апсењата во Подгорица и Германија потврдуваат дека и покрај губењето на важни алки, Балканскиот картел поседува разгранета архитектура која одамна ги надминала регионалните рамки. Оваа операција е силен потсетник дека борбата против меѓународниот криминал е трка на долги патеки против мрежа која постојано се прилагодува. © Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата СРПСКОТО СОБРАНИЕ ДЕНЕСКА ЌЕ ГЛАСА ЗА ИЛИ ПРОТИВ за недоверба на Владата ДРАМА ВО ТИРАНА: Зграда гори - најмалку 11 повредени (ФОТО+ВИДЕО)
Удар врз балканскиот картел, Европол откри шверц на тони дрога
Балканскиот картел повторно е во фокусот по голема меѓународна акција спроведена на 15 април во Црна Гора и Германија, во која беа уапсени 12 осомничени, меѓу нив и лице што Европол го означува како high-value target, односно мета од висок приоритет. Европол соопшти дека акцијата била насочена кон „значајна ќелија“ на балканскиот картел, а не кон целата мрежа, што уште на почетокот покажува дека не станува збор за финално разбивање на овој криминален систем. Во Германија биле уапсени четири лица, додека во Црна Гора биле преземени координирани мерки против повеќе осомничени. Според директорот на црногорската полиција Лазар Шќепановиќ, на територијата на Црна Гора биле извршени претреси на 11 локации, биле опфатени 10 осомничени, седум лица биле уапсени, едно веќе се наоѓало во затвор, а по уште две лица се трага. Црногорските медиуми како клучно уапсено лице го идентификуваа Светислав Филиповиќ од Подгорица. Истрагата, според Европол и црногорските власти, траела од октомври 2024 година и се однесува на шверц на големи количини дрога меѓу Јужна Америка и Европа. Европол наведува дека црногорските правосудни органи ги гонат осомничените за вмешаност во транспорт на 2,7 тони кокаин и 1,5 тони канабис во периодот од октомври 2024 до април 2026 година. Овие количества биле запленети во 12 различни претходни операции во повеќе земји од Европската Унија и Јужна Америка. Црногорската полиција излезе и со поширок биланс. Шќепановиќ изјави дека вкупниот резултат од истрагата е околу 4,5 тони запленета дрога, вклучително и 2,7 тони кокаин во Боливија и околу 1,8 тони различни видови дрога во Белгија, Германија и Црна Гора. Во тие количини, според него, влегуваат околу 1,55 тони канабис, 120 килограми хашиш и уште околу 120 килограми кокаин. Она што ја прави акцијата особено важна е начинот на кој, според истрагата, функционирала мрежата. Европол наведува дека осомничените користеле поморски и воздушни рути, бродски контејнери и други скриени методи за транспорт на дрогата, додека црногорската полиција додава дека мрежата имала логистика и посредници во повеќе земји, меѓу нив Боливија, Доминиканската Република, Тајланд, Албанија, Германија, Холандија и Белгија. Осомничените, според двете институции, имале различни улоги во организацијата, од финансиери и координатори до логистичари и посредници.
Во Германија и Црна Горна разбиена „значајна ќелија„ на балкански нарко картел, запленети 2,7 тони кокаин
Балканскиот нарко картел повторно е во фокусот по голема меѓународна акција спроведена на вчера во Црна Гора и Германија, во која биле уапсени 12 осомничени, меѓу нив и лице што Европол го означува како мета од висок приоритет. Европол соопшти дека акцијата била насочена кон „значајна ќелија“ на балканскиот картел, а не кон целата мрежа. Во Германија биле уапсени четири лица, додека во Црна Гора седум. Истрагата, траела од октомври 2024 година и се однесува на шверц на големи количини дрога меѓу Јужна Америка и Европа, а биле запленети околу 4,5 тони дрога, вклучително и 2,7 тони кокаин во Боливија.
(ФОТО) Падна еден од водачите на балканскиот картел, истрагата води до 4,5 тони дрога
Балканскиот картел повторно е во фокусот по голема меѓународна акција спроведена на 15 април во Црна Гора и Германија, во која, со поддршка од Европол, беше уапсен еден од водечките луѓе на мрежата, а црногорските медиуми го идентификуваа како Светислав Филиповиќ од Подгорица. Според Европол, во акцискиот ден биле уапсени 12 осомничени, од кои четворица во Германија, додека црногорската полиција соопшти дека во Црна Гора биле извршени претреси на 11 локации, биле уапсени седум лица, едно веќе се наоѓало во затвор, а по уште две се трага. Истрагата, според црногорската полиција, траела од октомври 2024 година. Размерот на случајот е многу поголем од едно апсење. Европол наведува дека црногорските правосудни органи ги гонат осомничените за учество во шверц на 2,7 тони кокаин и 1,5 тони канабис во периодот од октомври 2024 до април 2026 година, при што дрогата била запленета во 12 претходни операции во повеќе земји од ЕУ и Јужна Америка. Директорот на црногорската полиција Лазар Шќепановиќ, пак, соопшти поширок биланс од околу 4,5 тони дрога, вклучително и 2,7 тони кокаин во Боливија и околу 1,8 тони различни видови дрога во Белгија, Германија и Црна Гора. Она што ја прави акцијата особено важна е начинот на кој функционирала мрежата. Според Европол и црногорската полиција, групата користела поморски, воздушни и копнени рути, бродски контејнери и други скриени методи за транспорт, а трагата води од Јужна Америка кон Европа, но и преку Албанија, Тајланд, Доминиканската Република, Холандија, Белгија и Германија. Осомничените, според истрагата, имале различни улоги, од финансиери и координатори до логистичари и посредници. Најважната поента, сепак, е дека и покрај звучните зборови за „разбивање“, сам Европол зборува за удар врз „значајна ќелија“ на балканскиот картел, а не за негов крај. Тоа значи дека акцијата е голема и сериозна, но и дека зад неа останува поширока, разгранета криминална архитектура што се протега преку повеќе држави, пазари и рути. Во таа смисла, апсењето во Подгорица е силен удар, но не и последно поглавје во приказната за мрежа што одамна не е само балканска, туку длабоко меѓународна.
Разбиен „балкански картел“: Уапсен е шефот на меѓународната криминална мрежа, запленети 4,5 тони дрога
Голема координирана полициска акција резултираше со разбивање на таканаречен „балкански картел“, соопштија европските истражни органи. Уапсени се најмалку 12 лица во повеќе држави, а меѓу нив и наводниот лидер на групата, 47-годишниот Светислав Филиповиќ од Подгорица. Истрагата покажала дека станува збор за високо организирана криминална мрежа која функционирала како логистички систем со глобален дострел. Групата транспортирала кокаин од Јужна Америка кон европскиот пазар, додека канабис и хашиш пристигнувале од азиски рути. За транспорт биле користени поморски контејнери, авиони и копнени канали, со внимателно прикривање на пратките. Во рамки на операцијата се запленети околу 4,5 тони дрога. Од нив, 2,7 тони се кокаин, додека остатокот се други наркотици пронајдени на европско тло. Против осомничените се поднесени обвиненија за трговија со дрога во големи размери и нелегална трговија со оружје. Доколку бидат осудени, им се закануваат казни до 15 години затвор. Овој случај повторно го става Балканот во фокусот како клучен транзитен коридор за меѓународните нарко мрежи. Наместо класични хиерархиски картели, сè почесто станува збор за флексибилни структури кои комбинираат различни рути, пазари и логистички решенија за да го одржат протокот на дрога кон Европа.
🎥📷 ВО СПЕКТАКУЛАРНА АКЦИЈА ЕВРОПОЛ РАЗБИ БАЛКАНСКИ НАРКО-КАРТЕЛ Упасени 12 лица, меѓу кои и водачот во Црна Гора
Европол денеска објави дека се уапсени 12 осомничени членови на балкански криминален картел, вклучувајќи го и водачот на картелот кој е уапсен во Црна Гора. Како што е наведено во соопштението, агенцијата на Европската Унија која ја координира борбата против сериозниот и организиран криминал меѓу земјите-членки, ги поддржа црногорските и германските безбедносни власти во обемна операција насочена кон важна ќелија на балканскиот картел. „Оваа акција резултираше со апсење на дванаесет осомничени (четворица во Германија), вклучувајќи едно лице со висока вредност, кое беше уапсено во Црна Гора“, соопшти Европол во соопштение. Европол додаде дека истрагата, која беше поддржана од властите на Австрија и Шпанија, беше насочена кон криминална мрежа вклучена во меѓународна трговија со дрога во голем обем. Се верува дека осомничените, кои живеат во Црна Гора и Германија, имале различни улоги во рамките на криминалната организација, од финансиери до координатори и логистичари. Се потсетува дека судските власти во Црна Гора поднесоа обвиненија против неколку осомничени за нивна вмешаност во шверц на 2,7 тони кокаин и 1,5 тони канабис во периодот од октомври 2024 до април 2026 година. Дрогата беше запленета во 12 различни претходни операции низ повеќе земји од ЕУ и Јужна Америка, а се верува дека мрежата користела поморски и воздушен шверц, користејќи контејнери за превоз и други тајни методи за транспорт на нелегални супстанции. Исто така, се сомнева дека криминалната мрежа шверцувала канабис во ЕУ од и преку земји како што се Албанија, Тајланд и САД. Фото: Европол (www.europol.europa.eu)
Во голема акција на Европол и црногорската полиција уапсени 12 членови на балкански картел
МВР / Илустрација Европол денеска објави дека се уапсени 12 осомничени членови на балканскиот криминален картел, вклучувајќи го и водачот на картелот кој е уапсен во Црна Гора. Како што е наведено во соопштението, агенцијата на Европската Унија која ја координира борбата против сериозниот и организиран криминал меѓу земјите-членки, ги поддржа црногорските и германските безбедносни власти во обемна операција насочена кон важна ќелија на балканскиот картел. Оваа акција резултираше со апсење на дванаесет осомничени (четворица во Германија), вклучувајќи едно лице со висока вредност, кое беше уапсено во Црна Гора“, соопшти Европол во соопштение. Европол додаде дека истрагата, која беше поддржана од властите на Австрија и Шпанија, беше насочена кон криминална мрежа вклучена во меѓународна трговија со дрога во голем обем. Се верува дека осомничените, кои живеат во Црна Гора и Германија, имале различни улоги во рамките на криминалната организација, од финансиери до координатори и логистичари. Се потсетува дека судските власти во Црна Гора поднесоа обвиненија против неколку осомничени за нивна вмешаност во шверц на 2,7 тони кокаин и 1,5 тони канабис во периодот од октомври 2024 до април 2026 година. Дрогата беше запленета во 12 различни претходни операции низ повеќе земји од ЕУ и Јужна Америка, а се верува дека мрежата користела поморски и воздушен шверц, користејќи контејнери за превоз и други тајни методи за транспорт на нелегални супстанции. Исто така, се сомнева дека криминалната мрежа шверцувала канабис во ЕУ од и преку земји како што се Албанија, Тајланд и САД.
Во голема акција на Европол и црногорската полиција уапсени 12 членови на балкански картел
Европол денеска објави дека се уапсени 12 осомничени членови на балканскиот криминален картел, вклучувајќи го и водачот на картелот кој е уапсен во Црна Гора. Како што е наведено во соопштението, агенцијата на Европската Унија која ја координира борбата против сериозниот и организиран криминал меѓу земјите-членки, ги поддржа црногорските и германските безбедносни власти во обемна операција насочена кон важна ќелија на балканскиот картел. „Оваа акција резултираше со апсење на дванаесет осомничени (четворица во Германија), вклучувајќи едно лице со висока вредност, кое беше уапсено во Црна Гора“, соопшти Европол во соопштение. Европол додаде дека истрагата, која беше поддржана од властите на Австрија и Шпанија, беше насочена кон криминална мрежа вклучена во меѓународна трговија со дрога во голем обем. Се верува дека осомничените, кои живеат во Црна Гора и Германија, имале различни улоги во рамките на криминалната организација, од финансиери до координатори и логистичари. Се потсетува дека судските власти во Црна Гора поднесоа обвиненија против неколку осомничени за нивна вмешаност во шверц на 2,7 тони кокаин и 1,5 тони канабис во периодот од октомври 2024 до април 2026 година. Дрогата беше запленета во 12 различни претходни операции низ повеќе земји од ЕУ и Јужна Америка, а се верува дека мрежата користела поморски и воздушен шверц, користејќи контејнери за превоз и други тајни методи за транспорт на нелегални супстанции. Исто така, се сомнева дека криминалната мрежа шверцувала канабис во ЕУ од и преку земји како што се Албанија, Тајланд и САД.
Уапсен лидер на балкански нарко-картел во Црна Гора
Еден од водечките членови на балкански нарко-картел е уапсен во Црна Гора во рамки на меѓународна операција поддржана од Европол, при што се приведени вкупно 12 осомничени. Акцијата била спроведена истовремено во Црна Гора и Германија, каде се уапсени четири лица. Осомничените се товарат за шверц на повеќетонски пратки кокаин и канабис кон Европската Унија. Според истрагата, мрежата користела морски и воздушни рути, а дрогата била транспортирана преку контејнери и други прикриени методи. Вкупно се поврзуваат со трговија на 2,7 тони кокаин и 1,5 тони канабис. Во операцијата учествувале околу 100 полициски службеници, а истрагата опфатила повеќе европски земји. Фото: Европол
ГОЛЕМ УДАР ЗА БАЛКАНСКИОТ КАРТЕЛ: Уапсени 12 лица, осомничени за шверц на 2,7 тони кокаин и 1,5 тони канабис!
Европол ги поддржа органите за спроведување на законот во Црна Гора во голема меѓународна акција насочена кон, како што е наведено, „значајна ќелија на Балканскиот картел“. Во операцијата се уапсени 12 осомничени – четворица во Германија , додека еден високопозициониран член на групата е приведен во Црна Гора. Истрагата, во која учествувале и властите на Австрија и Шпанија , била насочена кон криминална мрежа за која се сомнева дека е дел од голема меѓународна организација за трговија со дрога, особено кокаин и канабис. Според Европол, осомничените со живеалиште во Црна Гора и Германија имале различни улоги во организацијата – од финансиери до координатори и логистичари. 2,7 тони кокаин и 1,5 тони канабис Правосудните власти во Црна Гора покренале обвиненија против повеќе лица поради сомнение дека биле вклучени во трговија со 2,7 тони кокаин и 1,5 тони канабис во периодот од октомври 2024 до април 2026 година. Дрогата била запленета во 12 одвоени акции во повеќе земји од Европската унија и Јужна Америка. Истражителите веруваат дека мрежата користела поморски и воздушни рути за шверц, при што дрогата била транспортирана во товарни контејнери, но и со други скриени методи. Постојат сомнежи дека криминалната група шверцувала канабис во Европската унија од и преку земји како Албанија , Тајланд и САД .
Уапсен лидер на балкански нарко-картел во Црна Гора
Еден од водечките членови на балкански нарко-картел е уапсен во Црна Гора во рамки на меѓународна операција поддржана од Европол, при што се приведени вкупно 12 осомничени. Акцијата била спроведена истовремено во Црна Гора и Германија, каде се уапсени четири лица. Осомничените се товарат за шверц на повеќетонски пратки кокаин и канабис кон Европската Унија. Според истрагата, мрежата користела морски и воздушни рути, а дрогата била транспортирана преку контејнери и други прикриени методи. Вкупно се поврзуваат со трговија на 2,7 тони кокаин и 1,5 тони канабис. Во операцијата учествувале околу 100 полициски службеници, а истрагата опфатила повеќе европски земји. Фото: Европол Текстот Уапсен лидер на балкански нарко-картел во Црна Гора е превземен од МАКФАКС .
Уапсен лидер на балкански нарко-картел во Црна Гора
<a href="https://opserver.mk/ads/www/delivery/ck.php?n=ab7911cf&cb=INSERT_RANDOM_NUMBER_HERE" target="_blank"><img src="https://opserver.mk/ads/www/delivery/avw.php?zoneid=74&cb=INSERT_RANDOM_NUMBER_HERE&n=ab7911cf" border="0" alt="" /></a> Еден од водечките членови на балкански нарко-картел е уапсен во Црна Гора во рамки на меѓународна операција поддржана од Европол, при што се приведени вкупно 12 осомничени. Акцијата била спроведена истовремено во Црна Гора и Германија, каде се уапсени четири лица. Осомничените се товарат за шверц на повеќетонски пратки кокаин и канабис кон Европската Унија. Според истрагата, мрежата користела морски и воздушни рути, а дрогата била транспортирана преку контејнери и други прикриени методи. Вкупно се поврзуваат со трговија на 2,7 тони кокаин и 1,5 тони канабис. Во операцијата учествувале околу 100 полициски службеници, а истрагата опфатила повеќе европски земји. Фото: Европол














