Јамал пред реваншот: Барам само една услуга од Симеоне
Барселона има два гола негатива во пресрет на утрешниот реванш со Атлетико во Мадрид, каталонците ќе играат на вжештена атмосфера на „Ванда Метрополитано“, но истовремено се решени да сторат се за да се вратат во оваа невозможна мисија и да стигнат до полуфиналето од Лигата на Шампионите. Во фокусот на вниманието се наоѓа Ламин Јамал, шпанскиот тинејџер игра блескавоо и оваа сезона и јасно е дека од него ќе зависат многу работи во обидот за чудо во Мадрид. „Ние сме Барселона и секогаш одиме на победа. Знаеме дека е тешко, дека бркаме два гола негатива, но тоа не значи дека е невозможно за нас да се вратиме и да одиме понатаму. Добро е што не зависи се од мене, имаме толку многу врвни фудбалери, искусни фудбалери кои се нашле во слични ситуации и подготвени сме за предизвикот. Јас лично се чувствувам одлично, едвај чекам да почне дуелот. Ако смеам, би го замолил Диего Симеоне само една услуга, да ме остави „еден на еден“ со неговите дефанзивци“, провокативно ја заврши својата изјава Ламин Јамал во пресрет на утрешниот спектакл. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
Јамал го урна рекордот на легендата на Реал Мадрид
Ламин Јамал одигра уште еден фантастичен натпревар и ја предводеше Барселона до победа на градското дерби со Еспањол, уште еден голем чекор на каталонците кон титулата во шпанската Примера дивизион. Шпанскиот тинејџер на овој дуел урна уште еден рекорд, станувајќи најмлад играч што стигнал до бројката од 100 настапи во Ла Лига. Јамал стигна до оваа бројка на возраст од 18 години и 272 дена, уривајќи го рекордот што досега беше сопственост на Раул Гонзалес. Легендата на Реал Мадрид ја комплетираше „стотката“ на 19 години и 284 дена, а фактот дека Јамал го урна рекордот за речиси цела година најдобро говори за потенцијалот и квалитетот на Ламин. Следен предизвик за Барса ќе претставува реваншот од четвртфиналето во Лигата на Шампионите против Атлетико, на кој каталонците среде Мадрид ќе бркаат негатива од два гола. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

