Синер и Алкараз се заменија на АТП листата
Италијанскиот тенисер Јаник Синер од денеска го зазеде првото место на АТП листата, откако го замени Шпанецот Карлос Алкараз на таа позиција. Синер го освои Мастерсот во Монте Карло победувајќи го Алкараз во финалето, а таа титула го врати на чело на тенискиот караван. Италијанецот е на првото место со 13.350 поени, додека Алкараз е втор со 13.240 поени. Трет е Германецот Александар Зверев (5.555), а српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е на четвртата позиција со 4.710 поени. Феликс Оже-Алијасим напредуваше за две места и сега е петти на АТП листата, а Топ 10 го комплетираат Бен Шелтон, Алекс Деминор, Тејлор Фриц, Лоренцо Мусети и Данил Медведев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
СИНЕР СЕ ВРАТИ НА ПРВОТО МЕСТО НА АТП ЛИСТАТА Го победи Алкараз во Монте Карло, но и на ранг листата
Италијанецот Јаник Синер се искачи на првото место на најновата АТП ранг-листа објавена денес на веб-страницата на организацијата. Вчера, Синер го победи Шпанецот Карлос Алкараз во финалето на турнирот на земјена подлога во Монте Карло Мастерс. Синер се врати на првото место за прв пат од ноември 2025 година, додека Алкараз падна на второто место. Топ 10 тенисери на АТП ранг-листата објавена на 13 април: 1 (2). Јаник Синер (Италија) – 13.350 бодови 2 (1). Карлос Алкараз (Шпанија) — 13.240 3 (3). Александар Зверев (Германија) — 5.555 4 (4). Новак Ѓоковиќ (Србија) — 4.710 5 (7). Феликс Оже-Алијасим (Канада) — 4.100 6 (8). Бен Шелтон (САД) — 3.900 7 (6). Алекс де Минаур (Австралија) — 3.895 8 (9). Тејлор Фриц (САД) — 3.870 9 (5). Лоренцо Мусети (Италија) — 3.625 10 (10). Данил Медведев (Русија) — 3.560.
Синер победник на Мастерсот во Монте Карло и нов број 1 на АТП ранг-листата
Италијанскиот тенисер е победник на Мастерс 1000 турнирот во Монте Карло откако во финалето го совлада Карлос Алкараз со 2:0 во сетови (7:6(5) и 6:3). На тој начин Синер се врати на позицијата број 1 на АТП ранг-листата. Ова беше прва титула на земја за Синер на турнир од рангот на серија 1.000. Тој воедно од утре ќе ја стартува 67. недела како тенисер број 1. Италијанецот ја продолжи серијата победи на Мастерс турнирите и ова за него беше четврти триумф по победите во Париз (Берси), Индијан Велс и Мајами. Во првиот сет Алкараз со брејк поведе со 2:0, но Синер веднаш намали на 2:1, а во тај-брејкот Италијанецот ја искористи втората сет топка. Во вториот сет повторно првиот брејк го направи Алкараз за 2:1 во гемови, а по 3:2 за противникот Синер имаше два брејка и сетот го заврши на убедлив начин со четири гемови во низа за 6:3 и победа од 2:0 во сетови.
Синер го освои Монте Карло и се врати на првото место на АТП листата
Италијанскиот тенисер Јаник Синер го освои Мастерсот во Монте Карло и се врати на првото место на АТП листата. Во финалето, Синер го победи бранителот на титулата, Карлос Алкараз, со 7:6 (5), 6:3. Ова е прва титула на Јаник на земјена подлога на турнир од серијата 1.000. Во понеделник, тој ќе ја започне 67-та недела како број 1. Синер ја продолжи својата доминација на Мастерс турнирите, бидејќи ова е негова четврта последователна титула, по Берси (Париз), Индијан Велс и Мајами. Во двата сета, Италијанецот успеа да го врати брејкот, а потоа да направи пресврт. Во меѓусебните Алкараз води со 10:7. foto/ EPA
Синер го освои Монте Карло и се врати на првото место на АТП листата
Италијанскиот тенисер Јаник Синер го освои Мастерсот во Монте Карло и се врати на првото место на АТП листата. Во финалето, Синер го победи бранителот на титулата, Карлос Алкараз, со 7:6 (5), 6:3. Ова е прва титула на Јаник на земјена подлога на турнир од серијата 1.000. Во понеделник, тој ќе ја започне 67-та недела како број 1. Синер ја продолжи својата доминација на Мастерс турнирите, бидејќи ова е негова четврта последователна титула, по Берси (Париз), Индијан Велс и Мајами. Во двата сета, Италијанецот успеа да го врати брејкот, а потоа да направи пресврт. Во меѓусебните Алкараз води со 10:7. foto/ EPA
Синер го освои Монте Карло: Алкараз остана без титулата и прво место на АТП
Италијанскиот тенисер Јаник Синер го освои мастерс турнирот во Монте Карло откако во финалето го победи бранителот на титулата Карлос Алкараз со 2:0 во сетови (7:6, 6:3). Со оваа победа, Синер повторно се враќа на првото место на АТП-листата и од понеделник ќе ја започне својата 67. недела како најдобар тенисер во светот. Ова е прва титула за Синер на земјена подлога од мастерс серијата (1000), а воедно и негова четврта последователна титула на мастерс турнирите, по триумфите во Париз, Индијан Велс и Мајами. Алкараз одлично го започна натпреварот и веднаш направи брејк, но Синер експресно возврати. Првиот сет беше изедначен и решен во тај-брејк, каде Италијанецот беше посигурен и поведе со 1:0. Во вториот сет, Шпанецот повторно прв стигна до брејк, но не успеа да го задржи нивото на игра. Синер го искористи падот во играта на Алкараз, направи два последователни брејка и сигурно го приведе мечот кон крај. Со овој пораз, Алкараз не само што ја загуби титулата во Монте Карло, туку и првото место на светската ранг-листа, кое повторно му припадна на Синер.
Семоќниот Синер го растури Алкараз во Монте Карло
Јаник Синер продолжува со неверојатните партии од последните месеци откако италијанскиот тенисер славеше во големото финале на Мастерс-турниот во Монте Карло, над големиот ривал Карлос Алкараз со 2-0 во сетови. Шпанецот важи за „експерт“ на турнирите на земјена подлога, но Синер одигра уште еден меч за паметење, го надигра големиот ривал и стигна до големата победа со која го прескокна Алкараз и се врати на врвот на АТП-листата. Воедно, Синер стана само втор тенисер во историјата (по Ѓоковиќ во 2015) што успеал да триумфира на првите три Мастер-турнири во една календарска година (Индијан Велс, Мајами и Монте Карло). Она што е интересно, Алкараз прв стигнуваше до брејк и во двата сета, но и тоа беше попусто. Алкараз прв поведе со 0-2, но Синер експресно израмни на 2-2, а потоа во тајбрејкот славеше со 7-5. Вториот сет донесе водство на Карлос од 1-3, но следеше фуриозна серија на италијанскиот тенисер кој освои пет гејма во низа, за конечен триумф од 7-6, 6-3 и апсолутно заслужен – негов прв трофеј во Монте Карло. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
Синер победник на Мастерсот во Монте Карло и нов број 1 на АТП ранг-листата
Фото: Riyadh Season Италијанскиот тенисер е победник на Мастерс 1000 турнирот во Монте Карло откако во финалето го совлада Карлос Алкараз со 2:0 во сетови (7:6(5) и 6:3). На тој начин Синер се врати на позицијата број 1 на АТП ранг-листата. Ова беше прва титула на земја за Синер на турнир од рангот на серија 1.000. Тој воедно од утре ќе ја стартува 67. недела како тенисер број 1. Италијанецот ја продолжи серијата победи на Мастерс турнирите и ова за него беше четврти триумф по победите во Париз (Берси), Индијан Велс и Мајами. Во првиот сет Алкараз со брејк поведе со 2:0, но Синер веднаш намали на 2:1, а во тај-брејкот Италијанецот ја искористи втората сет топка. Во вториот сет повторно првиот брејк го направи Алкараз за 2:1 во гемови, а по 3:2 за противникот Синер имаше два брејка и сетот го заврши на убедлив начин со четири гемови во низа за 6:3 и победа од 2:0 во сетови.
Синер го освои Монте Карло и се врати на првото место на АТП листата
Published: Sunday, April 12, 2026 18:57 Италијанскиот тенисер Јаник Синер го освои Мастерсот во Монте Карло и се врати на првото место на АТП листата. Во финалето, Синер го победи бранителот на титулата, Карлос Алкараз, со 7:6 (5), 6:3. Ова е прва титула на Јаник на земјена подлога на турнир од серијата 1.000. Во понеделник, тој ќе ја започне 67-та недела како број 1. Синер ја продолжи својата доминација на Мастерс турнирите, бидејќи ова е негова четврта последователна титула, по Берси (Париз), Индијан Велс и Мајами. Во двата сета, Италијанецот успеа да го врати брејкот, а потоа да направи пресврт. Во меѓусебните Алкараз води со 10:7.
Синер го освои Монте Карло и се врати на првото место на АТП листата
<a href="https://opserver.mk/ads/www/delivery/ck.php?n=ab7911cf&cb=INSERT_RANDOM_NUMBER_HERE" target="_blank"><img src="https://opserver.mk/ads/www/delivery/avw.php?zoneid=74&cb=INSERT_RANDOM_NUMBER_HERE&n=ab7911cf" border="0" alt="" /></a> Италијанскиот тенисер Јаник Синер го освои Мастерсот во Монте Карло и се врати на првото место на АТП листата. Во финалето, Синер го победи бранителот на титулата, Карлос Алкараз, со 7:6 (5), 6:3. Ова е прва титула на Јаник на земјена подлога на турнир од серијата 1.000. Во понеделник, тој ќе ја започне 67-та недела како број 1. Синер ја продолжи својата доминација на Мастерс турнирите, бидејќи ова е негова четврта последователна титула, по Берси (Париз), Индијан Велс и Мајами. Во двата сета, Италијанецот успеа да го врати брејкот, а потоа да направи пресврт. Во меѓусебните Алкараз води со 10:7. foto/ EPA
АКО НЕ ИГРАТЕ НАЈДОБРО, НЕМАТЕ ШАНСА СО НИВ! Зверев надигран од Синер, се жали и од Алкараз
Германскиот тенисер Александер Зверев завршува уште еден Мастерс турнир во полуфиналето. Тој вчера во мечот за пласман во финалето беше надигран од Јаник Синер и загуби со 2:0 и притоа освои пет гема, притоа тоа беше осми последователен пораз од Синер. – Ако не играте најдобро што можете, едноставно ќе продолжите да губите од Карлос (Алкараз) и Јаник (Синер). Без најдобро издание немате шанса да ги победите – изјави Зверев. Германецот истакна дека во Мајами бил блиску до победа над Синер, но дека во Монте Карло тоа не било случај. Финалето на Мастерсот во Монте Карло меѓу Алкараз и Синер почнува во 15 часот.
Алкараз и Синер во Монте Карло во дуел за првото место на АТП листата
Монте Карло – Двајцата најдобри светски тенисери Карлос Алкараз и Јаник Синер ќе играат во утрешното финале на Мастерсот во Монте Карло. Тие без поголем проблем постигнаа победи во денешните полуфинални мечеви. Алкараз го совлада Валентин Вашеро со 2:0 во сетови (6:4 и 6:4) за нешто помалку од 90 минути. За Вашеро ова е одличен резултат и со пласманот во полуфиналето обезбеди влез во ТОП 20. Јаник Синер беше поубедлив во дуелот со Александар Зверев и за 82 минути стигна до победа од 2:0 (6:1 и 6:4). За Зверев ова беше шесто полуфинале на Мастерс турнирите и сите шест меча ги загуби. Утрешното финале почнува во 15 часот и ќе биде прв меч меѓу Алкараз и Синер во 2026 година воедно и директен дуел за првото место на АТП листата.
Kласика финале во Монте Карло, Синер-Алкараз
Двајцата најдобри светски тенисери Карлос Алкараз и Јаник Синер ќе играат во утрешното финале на Мастерсот во Монте Карло. Тие без поголем проблем постигнаа победи во денешните полуфинални мечеви. Алкараз го совлада Валентин Вашеро со 2:0 во сетови (6:4 и 6:4) за нешто помалку од 90 минути. За Вашеро ова е одличен резултат и со пласманот во полуфиналето обезбеди влез во ТОП 20. Јаник Синер беше поубедлив во дуелот со Александар Зверев и за 82 минути стигна до победа од 2:0 (6:1 и 6:4). За Зверев ова беше шесто полуфинале на Мастерс турнирите и сите шест меча ги загуби. Утрешното финале почнува во 15 часот и ќе биде прв меч меѓу Алкараз и Синер во 2026 година воедно и директен дуел за првото место на АТП листата
Алкараз ја прекина бајката на Вашеро – закажа спектакл со Синер во Монте Карло!
Карлос Алкараз го победи Валентин Вашеро во полуфиналето на Мастерсот во Монте Карло со 2-0 во сетови. Алкараз победи во два сета, со 6-4, 6-4. Вашеро, кој претходно обезбеди влез во Топ 20 и стана првиот играч од Монте Карло што стигна до полуфиналето на овој Мастерс, му пружи добар отпор на тенисерот број еден во светот, но не доволен. Со оваа победа, Алкараз го закажа првиот дуел со Јаник Синер во 2026 година, а тоа ќе биде и директен судир за првото место на АТП ранг-листата од понеделник. Финалето меѓу Синер и Алкараз се игра утре (недела) од 15 часот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
Синер преку Зверев до финале во Монте Карло
Италијанскиот тенисер Јаник Синер се пласираше во финалето на Мастерсот во Монте Карло откако денес го победи Германецот Александар Зверев со 6-1, 6-4 во полуфиналето. Натпреварот траеше еден час и 23 минути. Синер е второпласиран тенисер во светот, додека Зверев е трет на АТП листата. Италијанскиот тенисер направи три брејка во првиот сет, додека во вториот сет направи брејк против Зверев еднаш, со што оствари убедлива победа и пласман во финалето. Синер ќе се бори за првото место на АТП листата во финалето утре, како и за својот осми трофеј на Мастерс турнирите, а 27-ми во неговата кариера вкупно. Второто полуфинале на Мастерсот во Монте Карло ќе го играат Карлос Алкараз и Валентин Васкеро. Мастерсот во Монте Карло се игра за награден фонд од 6.309.095 евра,
Синер, лесно преку Зверев, до финале во Монте Карло
Италијанецот Јаник Синер се пласираше во финалето на АТП турнирот во Монте Карло, откако во полуфиналната пресметка лесно во два сета славеше против Александар Зверев. Синер, по околу еден час и 20 минути игра, го победи Зверев со 6-1 и 6-4. Во финалето, италијанскиот тенисер ќе се соочи со подобриот од втората полуфинална пресметка меѓу Карлос Алкараз и Валентин Вахеро. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
Синер и Алкараз сигурни во четвртфиналните мечеви на Мастерсот во Монте Карло
Монте Карло – Двајцата први фаворити за финале на Мастерсот во Монте Карло Јаник Синер и Карлос Алкараз во два сета постигнаа победи во вчерашните четвртфинални мечеви, додека нивните ривали Александер Зверев и Валентин Вашеро победија по три сета игра. Синер го победи Феликс Оже-Алисиме со 2:0 во сетови (6:3 и 6:4), додека Алкараз беше уште поубедлив и го совлада Александер Бублик со 2:0 во сетови (6:3 и 6:0). Противник на Синер ќе биде Зверев, кој го совлада Жоао Фонсека со 2:1 во сетови (7:5; 6:7(3) и 6:3), додека ривалот на Алкараз, Вашеро беше подобар од Алекс Де Минаур со 2:1 во сетови (6:4; 3:6 и 6:3). Денес во полуфиналето први на терен ќе се појават Зверев и Синер, а потоа е мечот меѓу Алкараз и Вашеро.




















