Фон дер Лајен: Време е да се укине ветото, не сакаме идни блокади
Со резултатот од вчерашните парламентарни избори во Унгарија, Европската Унија е посилна и пообединета и сега е време да се преиспита правото на вето и да се премине на донесување одлуки со квалификувано мнозинство во надворешната политика за да се спречат идни блокади, изјави во понеделник претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен. Таа рече дека унгарскиот народ повторно се кренал како што се кренал во 1956 година против советската власт и во 1989 година кога првпат ја пресекол бодликавата жица што го делеше континентот. „Со овој резултат, нашата Унија е посилна и пообединета“, рече фон дер Лајен, коментирајќи ги унгарските парламентарни избори, кои ги загубија премиерот Виктор Орбан и неговата партија Фидес по 16 години. Заедно со нив, Унгарија систематски го злоупотреби правото на вето во области од исклучително значење за ЕУ, како што е помошта за Украина. Опозициската партија Тиса и нејзиниот лидер Петер Маѓар извојуваа убедлива победа на вчерашните парламентарни избори, освојувајќи двотретинско мнозинство, давајќи им можност да го демонтираат системот што Орбан го градеше 16 години. Маѓар: Го соборивме режимот на Орбан и ја вративме татковината Таа нагласи дека сега е време да се погледнат „научените лекции“, како што е преминот кон гласање со квалификувано мнозинство во надворешната политика. Гласање со квалификувано мнозинство „Мислам дека преминот кон гласање со квалификувано мнозинство во надворешната политика е важен за да се избегнат системски блокади, како што видовме во минатото, и треба да го искористиме сегашниот моментум за навистина да продолжиме напред по ова прашање.“ На прашањето што очекува од новиот унгарски лидер, дали ќе ги спроведе потребните реформи за одмрзнување на замрзнатите средства, прекинување на руското влијание и поддршка на заемот од 90 милијарди евра за Украина што владата на Орбан го блокираше, фон дер Лајен нагласи дека прво треба да почека новата влада да ја преземе функцијата. „Секако, што е можно поскоро ќе започнеме да работиме со новата влада по овие прашања со цел да постигнеме брз и долгоочекуван напредок во корист на унгарскиот народ. Има многу работа пред нас додека Унгарија се враќа на европскиот пат“, рече претседателот на Комисијата. Маѓар ќе работи со ЕУ „Ако ги погледнете најавите на Петер Маѓар за време на изборната кампања, можеше да се види дека тој беше многу јасен во врска со европскиот пат, дека ќе работи со различните отворени прашања. За мене е многу важно интензивно да работиме со новата унгарска влада на реформите што треба да се обезбедат за да се ослободат замрзнатите средства, бидејќи унгарскиот народ го заслужува тоа“, рече фон дер Лајен. Претходната влада на Виктор Орбан беше во постојан конфликт со Европската комисија и другите земји-членки, поради што голем дел од европските средства беа замрзнати.
Челниците на ЕУ очекуваат ВРАЌАЊЕ НА УНГАРИЈА НА ЕВРОПСКИОТ ПАТ
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во неделата изјави дека победата на опозициската партија Тиса и нејзиниот лидер Петер Маѓар на парламентарните избори во Унгарија значи дека земјата се враќа на својот европски пат. „Унгарија ја избра Европа. Европа отсекогаш ја избрала Унгарија. Земјата се враќа на својот европски пат. Унијата станува посилна“, рече таа на платформата X. Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, рече дека рекордната излезност го одразува демократскиот дух на унгарскиот народ, нагласувајќи дека очекува тесна соработка со Унгарците за зајакнување и просперитет на Европа. © Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата ТИСА ОСВОИ СУПЕР МНОЗИНСТВО ВО УНГАРСКИОТ ПАРЛАМЕНТ, Орбан му честиташе на Маѓар: „Изборниот резултат е болен и јасен за нас“ Трамп: САД веднаш ќе забрани влез и излез во теснецот на секој брод што му платил на Иран
Унгарија по Орбан: нова политичка ера и европски пресврт
Поразот на Виктор Орбан има значајни последици надвор од границите на Унгарија, по парламентарните избори на кои убедлива победа однесе опозициската коалиција предводена од Петер Маѓар. Според речиси конечните резултати, коалицијата на Маѓар обезбедила 138 од вкупно 199 пратенички места, со што добива доволно мнозинство за самостојно формирање влада. Партијата на Орбан, Фидес, ќе има околу 55 мандати и преминува во опозиција. Орбан го призна поразот и најави дека неговата партија ќе продолжи да делува од опозициските редови. Маѓар, обраќајќи им се на своите поддржувачи, изјави дека „Унгарците денеска рекоа „да“ на Европа и на слободна Унгарија“, истовремено повикувајќи ги функционерите блиски до досегашната власт да поднесат оставки. Во Брисел, резултатите се дочекани со олеснување, при што претставници на Европската Унија оценија дека Унгарија повеќе нема да биде блокатор на клучни европски одлуки, вклучително и помошта за Украина. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, порача дека Унгарија „се враќа на својот европски пат“.
Унгарија ја одбра Европа, вели Урсула фон дер Лајен
Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен меѓу првите му честиташе на Петар Маѓар на изборната победа во Унгарија. – Унгарија ја одбра Европа. А Европа секогаш ја одбиваше Унгарија. Земјата се врати на европскиот пат. Унијата стана посилна. Европското срце денеска чука посилно во Унгарија, напиша Фон дер Лајен на социјалните мрежи, на унгарски. Европската Комисија нескриено навиваше против Владата на Виктор Орбан и за смена на власта во Унгарија, за што во изминатите недели беше прозвана и од американските власти. ЕУ ускратуваше средства што и следуваат на Унгарија и ја казни земјата со милион евра дневно поради одбивањето да прими мигранти од другите членки на ЕУ, а за возврат Орбан го блокираше упатувањето финансиски средства на ЕУ за војната во Украина.
Фон дер Лајен и Макрон: Унгарија ја избра ЕУ
Францускиот претседател Емануел Макрон соопшти дека разговарал со унгарскиот опозициски лидер Петер Маѓар и му ја честитал изборната победа во Унгарија. „Франција му честита за победата, која ја покажува поврзаноста на унгарскиот народ со вредностите на Европската Унија“, навел Макрон. Според неговата изјава, разговорот бил фокусиран на политичката состојба во Унгарија и европската перспектива на земјата. Во меѓувреме, на социјалната мрежа X (поранешен Твитер), претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен исто така реагирала на изборниот исход, истакнувајќи дека резултатот претставува потврда на европскиот курс и демократските вредности во Унгарија. Таа нагласила дека Европската Унија останува подготвена за соработка со новото политичко раководство во земјата, во насока на зајакнување на институциите и европските стандарди.









