Син на полицаец уби девет лица во училиште во Турција, таткото е уапсен

Син на полицаец уби девет лица во училиште во Турција, таткото е уапсен

Турција е во шок по нападот во училиште во Кахраманмараш, каде 14-годишен ученик уби девет лица, а рани уште 13. Властите соопштија дека меѓу загинатите има осум ученици и еден наставник, додека шестмина од повредените се во тешка состојба. Нападот веќе се третира како еден од најтешките вакви случаи во земјата во последните години. Според турските власти, напаѓачот во училиштето влегол со пет огнени оружја и седум шаржери, а се сомнева дека оружјето му припаѓало на неговиот татко, поранешен полицаец. Таткото е приведен и е под истрага, додека надлежните испитуваат како малолетникот дошол до толкаво количество оружје. Министерот за внатрешни работи изјави дека не станува збор за терористички напад, туку за изолиран, личен чин. Напаѓачот по нападот бил пронајден мртов, но во дел од извештаите сè уште нема целосна усогласеност дали станува збор за самоубиство или за смрт за време на полициската интервенција. Случајот дополнително ја вознемири јавноста затоа што доаѓа само еден ден по уште една пукање во училишен комплекс во Сиверек, каде поранешен ученик рани 16 лица пред да си го одземе животот. Двата напади, кои се случија во рок од 48 часа, се исклучително невообичаени за Турција и отворија прашања за контролата на оружјето и за безбедноста во училиштата.


Двајца ученици напаѓачи биле зависници од иста игра: Нови детали за крвавите напади во Турција

Двајца ученици напаѓачи биле зависници од иста игра: Нови детали за крвавите напади во Турција

Новите информации од истрагата за двата крвави напади во училиштата во Шанлиурфа и Кахраманмараш откриваат загрижувачки заеднички детали за напаѓачите. Во нападите, кои се случија во рок од околу 24 часа, загинаа 12 лица, вклучително и двајцата напаѓачи, а 33 лица беа повредени. Според првичните сознанија, двајцата ученици кои ги извршиле нападите биле зависници од популарната видеоигра PUBG, која содржи елементи на насилство и борба за преживување. Првиот напад се случи на 14 април во Средното стручно-техничко училиште „Ахмет Којунџу“ во Сиверек, каде беа повредени 16 лица, меѓу кои и наставници и ученици. Напаѓачот Омер Кет по нападот си го одзел животот со оружјето што го користел. Само еден ден подоцна, нов напад ја потресе јавноста во Кахраманмараш. Шеснаесетгодишниот Иса Арас Мерсинли, користејќи пет пиштоли кои му припаѓале на неговиот татко пензиониран полициски службеник – влегол во училиштето и ранил еден наставник и осум ученици. И тој загинал во текот на нападот. Истрагата открива дека кај напаѓачот од Кахраманмараш бил пронајден документ на неговиот компјутер, датиран неколку дена пред нападот, во кој најавувал извршување на голема акција. Сепак, засега не е утврдена поврзаност со терористички организации. Наставниците и блиските опишуваат дека станува збор за тивок и повлечен ученик, но со силна зависност од видеоигри со воена тематика. Од друга страна, напаѓачот од Сиверек бил активен на социјалните мрежи, каде објавувал заканувачки пораки, предупредувајќи дека „наскоро ќе има настани во училиштето“. Случаите отворија сериозна дебата за влијанието на насилните видеоигри врз младите, но и за пропустите во безбедноста и контролата на оружјето.


Второ пукање во училиште во Турција за два дена – осмоодделенец убил девет лица, ранил над 20

Второ пукање во училиште во Турција за два дена – осмоодделенец убил девет лица, ранил над 20

Второ пукање во училиште во Турција за два дена – осмоодделенец убил девет лица, ранил над 20 За помалку од два дена, Турција се соочи со уште една трагедија – осмоодделенец извршил вооружен напад во неговото училиште при што убил осум ученици и еден наставник, а повредил 20-тина лица. Турција има многу строги закони за огнено оружје, па ваквите инциденти се вистинска реткост Турција се соочува со нова трагедија – по пукањето во училиште во вторникот, ист инцидент се случил и вчера (15.04), а овој пат, за жал, има и жртви. Нападот се случил во основното училиште Ayser Calik во Кахраманмараш во централна Турција. Напаѓачот е 14-годишен ученик од училиштето. На потресните снимки и фотографии од училиштето се гледа како учениците и наставниците панично бегаат, а некои дури и скокаат преку прозорите за да се спасат. За локалните медиуми некои очевидци раскажуваат дека родителите на децата веднаш дошле пред училиштето штом слушнале за инцидентот, а оние кои ги нашле своите деца цврсто ги прегрнувале. Според надлежните, девет лица го загубиле животот – еден наставник и осум ученици. Надлежните потврдија и дека нападот е осмоодделенец кој дошол во училиштето со неколку огнени оружја. „Осмодделенецот кој го предизвика инцидентот е еден од нашите ученици, а татко му е поранешен полицаец. Се сомневаме дека ги има земено неговите оружја. Дојде со пет пиштоли и седум шаржери и влезе во две училници. И напаѓачот е мртов – се застрела самиот“, сподели гувернерот Мукерем Унлуер. Турскиот министер за внатрешни работи изјави дека започната е обемна истрага, како и дека го даваат најдоброто од себе да ја заштитат областа, но и да им дадат поддршка на засегнатите семејства. Тој сподели дека има 20-тина повредени, а на сите им е укажана соодветна медицинска помош. Името на напаѓачот уште не е откриено, но на Твитер се споделуваат фотографии кои се наводно од него. Сепак, ова не е официјално потврдено и засега се само шпекулации. За потсетување, пред помалку од два дена, 17-годишен дечко изврши вооружен напад во стручно училиште и повреди 16 лица. Кога полицијата го опколила, тој извршил самоубиство. За двете трагедии се огласи турскиот претседател кој истакна дека сите одговорни ќе бидат изведени на суд. Турција има многу строги закони за огнено оружје и потребна е посебна лиценца, регистрација, но и проверка на ментална состојба ако некој сака да поседува оружје. Доколу некој поседува оружје нелегално, може да се соочи со строги казни. Токму поради ова, ваквите инциденти се вистинска реткост во Турција. Претходно, сличен инцидент имаше во 2024 година, кога ученик бил избркан од приватно училиште, по што го застрелал и убил директорот. Спирова С. | Црнобело Би можело да ве интересира:


Детали за пукањето во училиште во Турција: Осмоодделенец уби деветмина, користел оружје на татко му

Детали за пукањето во училиште во Турција: Осмоодделенец уби деветмина, користел оружје на татко му

Во пукање во училиште во јужна Турција утрово загинаа девет лица, вклучувајќи осум ученици и еден наставник, а 13 беа ранети. Турските медиуми објавија нови детали за пукањето. Министерот за внатрешни работи Мустафа Чифчи изјави дека шест ученици се на интензивна нега, а тројца се во критична состојба. Гувернерот Мукерем Унлуер им изјави на новинарите дека нападот, кој се случил во покраината Кахраманмарас, го извршил осмоодделенец, кој имал 14 години. Унлуер рече дека се верува дека ученикот што го извршил пукањето користел пиштол што му припаѓал на неговиот татко, поранешен полицаец. „Ученик од осмоодделенец дошол со пет оружја и седум шаржери, за кои веруваме дека му припаѓаат на неговиот татко, поранешен полицаец. Влегол во две училници каде што биле ученици од петто одделение, пукајќи случајно“, рече тој. Наводно го скрил оружјето во ранец, влегол во две училници и „случајно“ отворил оган. Напаѓачот извршил самоубиство. На фотографиите направени од сведоците на овој вознемирувачки настан, може да се видат деца како скокаат низ прозорецот на училиштето. Оваа пукотница е втора во земјата за само два дена. Претходната пукотница се случи во средно училиште во југоисточната покраина Шанлиурфа во вторник. Ја извршил поранешен ученик кој извршил самоубиство во конфронтација со полицијата откако повредил 16 лица. Министерот за правда Акин Гурлек изјави дека обвинителите започнале истрага за пукотницата. Пукањата во училиштата се ретки во Турција. Во мај 2024 година, поранешен ученик го застрела и уби директорот на приватно средно училиште во Истанбул пет месеци откако бил исклучен. Строгите закони за оружје во Турција бараат лиценцирање, регистрација и проверка на биографијата. Исто така, постојат строги казни за нелегално поседување.


Чифчи: Девет лица, меѓу кои осум деца, се убиени во средното училиште во турската покраина Кахраманмарас

Чифчи: Девет лица, меѓу кои осум деца, се убиени во средното училиште во турската покраина Кахраманмарас

Британските медиуми, пренесувајќи го министерот Чифчи од прес конференцијата, наведуваат дека во инцидентот се повредени уште 13 лица, од кои шест се во критична состојба. Четиринаесетгодишен ученик денес отвори оган врз две училници во средно училиште, во втората таква пукотница во Турција за два дена. Тој дошол во училиште вооружен со оружје за кое се верува дека му припаѓа на неговиот татко, пензиониран полицаец, изјави гувернерот на покраината Кахраманмарас, Мукерем Унлуер, додавајќи дека носел пет огнени оружја и седум рамки што најверојатно ги зел од својот татко. Не е јасно дали напаѓачот бил убиен од полицијата или извршил самоубиство. Според Чифчи, станува збор за „лично мотивиран инцидент“, а околностите на пукањето се истражуваат. Чифчи рече дека шест од 13-те ранети се во сериозна состојба. Kahramanmaraş Ayser Çalık Ortaokulu’nda yaşanan silahlı saldırıda öğrenciler okul camlarından atlayarak hayatta kalmaya çalıştılar. #kahramanmaraş pic.twitter.com/5SLTcwKQig — Sol Yumruk (@Sol_Yumrukk) April 15, 2026 Министерот за правда Акин Гурлек изјави дека властите ги истражуваат мотивите на нападот, додека повредените се префрлени во болниците во регионот. Тој изјави дека седум обвинители биле вклучени во истрагата за вооружениот напад и дека е издадена забрана за објавување информации за инцидентот. Нападот се случи еден ден откако 16 лица, претежно ученици, беа ранети кога поранешен ученик отвори оган во средно училиште во блиската покраина Шанлиурфа. Напаѓачот подоцна изврши самоубиство. Државниот радиодифузер ТРТ го идентификуваше последниот стрелец како Иса Арас Мерсили и рече дека неговиот татко е приведен на сослушување. Турските власти воведоа забрана за емитување „трауматски“ слики од пукањето, предупредувајќи ги медиумските организации да го ограничат известувањето само на изјави од службени лица. Родителите се упатија кон училиштето во округот Оникисубат, во Кахраманмараш, откако слушнаа извештаи за вооружен напад, објави телевизијата НТВ. © Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата Трамп побарал од Си, Кина да не му доставува оружје на Иран Медиуми: Напредок во напорите за продолжување на примирјето меѓу САД и Иран


Што се случува во Турција? Две училишни пукања, девет мртви за два дена

Што се случува во Турција? Две училишни пукања, девет мртви за два дена

Што се случува во Турција е прашањето што се отвори по два последователни напади во училишта за само два дена, во кои најмалку девет лица загинаа, а 29 беа повредени. Последниот и потежок напад се случи на 15 април во основното училиште „Ајсер Чалик“ во кахраманмарашкиот округ Оникишубат, каде, според турските власти, 14-годишен ученик од осмо одделение влегол со оружје во ранец и отворил оган. Турските државни медиуми и Министерството за образование објавија дека меѓу загинатите има осум ученици и еден наставник, а 13 лица се повредени, од кои шест потешко. Напаѓачот е мртов, а неговиот татко, за кого се наведува дека е поранешен полицаец и сопственик на оружјето, е приведен. Сликата, сепак, не беше веднаш јасна. Првичните информации од локалниот гувернер и Ројтерс зборуваа за четворица загинати и околу 20 повредени, но неколку часа подоцна турскиот министер за внатрешни работи ја зголеми бројката на девет загинати и 13 повредени. Токму таа промена покажува колку ситуацијата во првите часови била хаотична, а истрагата и натаму треба да утврди дали напаѓачот се самоубил или бил усмртен при интервенцијата. Турските власти веќе отворија широка истрага, распоредија обвинители и воведоа забрана за емитување чувствителни детали од случајот. Само еден ден претходно, на 14 април, во Сиверек во провинцијата Шанлиурфа, 19-годишен поранешен ученик влегол вооружен во средното училиште „Ахмет Којунџу“ и ранил 16 лица, меѓу нив 10 ученици, четворица наставници, еден полицаец и еден вработен во бифе. Напаѓачот потоа си го одзел животот. Следниот ден гувернерот соопшти дека седум од повредените се пуштени дома, девет остануваат во болница, а тројца се во потешка состојба. Дел од турските медиуми, меѓу нив Т24, објавија и тврдења дека претходеле закани и дека училиштето наводно ја известило полицијата, но тоа засега не е официјално потврдено. Она што засега се знае е дека Турција, земја во која ваквите училишни напади се ретки, за 48 часа се соочи со два шока што ја отворија дебатата за пристапот до оружје, безбедноста во училиштата и можните институционални пропусти. Министерството за образование испрати инспектори и во Шанлиурфа и во Кахраманмараш, наставата е прекината, а психосоцијални тимови се распоредени за учениците и семејствата. Но главните прашања сè уште висат: што ги турнало напаѓачите кон училиштата, дали имало предупредувачки сигнали и како два тешки инциденти успеале да се случат еден по друг во толку краток рок.


Хорор во училиште во Турција: 8 деца меѓу 9-те жртви во крвава пукотница

Хорор во училиште во Турција: 8 деца меѓу 9-те жртви во крвава пукотница

Девет лица, меѓу кои осум деца, се убиени во вооружен напад во средно училиште во турската покраина Кахраманмарас, соопшти министерот за внатрешни работи Мустафа Чифчи.Во нападот се повредени уште 13 лица, од кои шест се наоѓаат во критична состојба, јавуваат британските медиуми. Според првичните информации, 14-годишен ученик отворил оган во две училници. Станува збор за втор ваков инцидент во Турција во последните два дена, што дополнително ја зголемува загриженоста за безбедноста во образовните институции. Гувернерот на покраината Мукерем Унлуер изјави дека напаѓачот дошол вооружен со повеќе парчиња оружје, за кое се претпоставува дека му припаѓало на неговиот татко, пензиониран полицаец. Според него, ученикот носел дури пет огнени оружја и неколку рамки со муниција. Засега не е јасно дали напаѓачот бил ликвидиран од полицијата или самиот си го одзел животот. Министерот Чифчи изјави дека најверојатно станува збор за „лично мотивиран инцидент“, додека истрагата за мотивите и околностите сè уште е во тек. Министерот за правда Акин Гурлек информираше дека во истрагата се вклучени седум обвинители, а на медиумите им е изречена забрана за објавување одредени информации и „трауматски“ содржини од местото на настанот. Нападот доаѓа само еден ден по сличен инцидент во покраината Шанлиурфа, каде што поранешен ученик отвори оган и рани 16 лица, по што изврши самоубиство. Локалните медиуми јавуваат дека родители масовно се упатиле кон училиштето во округот Оникисубат, барајќи информации за своите деца, додека службите за итна помош и безбедност продолжуваат со активностите на терен. Турските власти апелираат на смиреност и одговорно информирање, додека јавноста останува во шок поради серијата трагични настани.


Осмооделенец уби осум деца и еден наставник во училиште во Турција

Осмооделенец уби осум деца и еден наставник во училиште во Турција

Девет лица, меѓу кои осум деца, беа убиени денес во пукотница во средно училиште во југоисточна Турција, изјави турскиот министер за внатрешни работи Мустафа Чифчи, додавајќи дека 13 лица се ранети, а шест се во критична состојба. Зборувајќи со новинарите на прес-конференција во покраината Кахраманмараш каде што се случи крвопролевањето, Чифчи рече дека нападот бил „личен“ инцидент. „Ова беше чисто личен напад извршен од еден од учениците, не е терористички инцидент“, рече Чифчи. Претходно, локалниот гувернер изјави дека ученик отворил оган во средно училиште во југоисточна Турција, втор таков напад во училиште во Турција за два дена. „Осмоодделенецот дојде со пет пиштоли и седум шаржери, за кои веруваме дека му припаѓаат на неговиот татко, поранешен полицаец. Влегол во две училници каде што биле петтоодделенци, пукајќи случајно, предизвикувајќи смрт и повреди“, рече гувернерот Мукерем Унлуер. Тој додаде дека вооружениот напаѓач се самоубил. Осмоодделенците во Турција обично имаат 13 или 14 години, додека петтоодделенците имаат 10 и 11 години. Пукањата во училиштата се ретки во Турција. На прашањето на новинарите дали властите ќе преземат некакви мерки по пукањата оваа недела, Чифчи рече: „Ќе преземеме потребни мерки на претпазливост“, без да даде детали. Локалните медиуми објавија дека таткото на вооружениот напаѓач е уапсен. Непотврдени снимки од надзорните камери од училиштето го покажуваат вооружениот напаѓач како пука во двајца ученици како одат по ходникот, а неколку ученици скокаат од прозорецот на вториот кат на училиштето додека во дворот се слушаат истрели. фото/Depositphotos



Девет лица, меѓу кои осум деца, загинаа во средно училиште во Турција, убиецот е 14-годишен ученик

Девет лица, меѓу кои осум деца, загинаа во средно училиште во Турција, убиецот е 14-годишен ученик

Принтскрин од видео Девет лица, меѓу кои осум деца, се убиени во денешната пукотница во средно училиште во покраината Кахраманмарас, во југоисточна Турција, објави министерот за внатрешни работи Мустафа Чифчи. Британските медиуми, пренесувајќи го министерот Чифчи од прес конференцијата, наведуваат дека во инцидентот се повредени уште 13 лица, од кои шест се во критична состојба. Четиринаесетгодишен ученик денес отвори оган врз две училници во средно училиште, во втората таква пукотница во Турција за два дена. Тој дошол во училиште вооружен со оружје за кое се верува дека му припаѓа на неговиот татко, пензиониран полицаец, изјави гувернерот на покраината Кахраманмарас, Мукерем Унлуер, додавајќи дека носел пет огнени оружја и седум рамки што најверојатно ги зел од својот татко. Не е јасно дали напаѓачот бил убиен од полицијата или извршил самоубиство. Според Чифчи, станува збор за „лично мотивиран инцидент“, а околностите на пукањето се истражуваат. Чифчи рече дека шест од 13-те ранети се во сериозна состојба. Нападот се случи еден ден откако 16 лица, претежно ученици, беа ранети кога поранешен ученик отвори оган во средно училиште во блиската покраина Шанлиурфа. Напаѓачот подоцна изврши самоубиство. Државниот радиодифузер ТРТ го идентификуваше последниот стрелец како Иса Арас Мерсили и рече дека неговиот татко е приведен на сослушување.


Нов крвав инцидент во училиште во Турција – има загинати и повредени

Нов крвав инцидент во училиште во Турција – има загинати и повредени

Четири лица се убиени, а 20 други беа ранети кога ученик од основно училиште отвори оган во училиште во југоисточната турска покраина Кахраманмараш, изјави гувернерот Мукерем Унлуер. Унлуер рече дека меѓу загинатите е еден наставник и дека напаѓачот бил ученик кој го користел пиштолот на својот татко, кој го скрил во ранецот, за да го изврши нападот, објави Ројтерс. Тој додаде дека напаѓачот, исто така, почина. Еден ден претходно, во Турција се случи уште еден сличен инцидент. Поранешен ученик (19) отвори оган во средно училиште во покраината Шанлиурфа, ранувајќи најмалку 16 лица, вклучувајќи ученици и наставници. Напаѓачот употребил пушка и извршил самоубиство откако бил опколен од полиција.


🎥 ШОКАНТНИ СНИМКИ ОД НАЈНОВИОТ МАСАКР ВО ТУРСКО УЧИЛИШТЕ 9 мртви, од нив 8 деца, 13 ранети, 6 тешко, мртов е и напаѓачот

🎥 ШОКАНТНИ СНИМКИ ОД НАЈНОВИОТ МАСАКР ВО ТУРСКО УЧИЛИШТЕ 9 мртви, од нив 8 деца, 13 ранети, 6 тешко, мртов е и напаѓачот

Девет лица, меѓу кои осум деца, се убиени во денешната пукотница во средно училиште во покраината Кахраманмарас, во југоисточна Турција, објави министерот за внатрешни работи Мустафа Чифчи. Британските медиуми, пренесувајќи го министерот Чифчи од прес конференцијата, наведуваат дека во инцидентот се повредени уште 13 лица, од кои шест се во критична состојба. Четиринаесетгодишен ученик денес отвори оган врз две училници во средно училиште, во втората таква пукотница во Турција за два дена. Тој дошол во училиште вооружен со оружје за кое се верува дека му припаѓа на неговиот татко, пензиониран полицаец, изјави гувернерот на покраината Кахраманмарас, Мукерем Унлуер, додавајќи дека носел пет огнени оружја и седум рамки што најверојатно ги зел од својот татко. Не е јасно дали напаѓачот бил убиен од полицијата или извршил самоубиство. Според Чифчи, станува збор за „лично мотивиран инцидент“, а околностите на пукањето се истражуваат. Чифчи рече дека шест од 13-те ранети се во сериозна состојба. Министерот за правда Акин Гурлек изјави дека властите ги истражуваат мотивите на нападот, додека повредените се префрлени во болниците во регионот. Тој изјави дека седум обвинители биле вклучени во истрагата за вооружениот напад и дека е издадена забрана за објавување информации за инцидентот. Нападот се случи еден ден откако 16 лица, претежно ученици, беа ранети кога поранешен ученик отвори оган во средно училиште во блиската покраина Шанлиурфа. Напаѓачот подоцна изврши самоубиство. Државниот радиодифузер ТРТ го идентификуваше последниот стрелец како Иса Арас Мерсили и рече дека неговиот татко е приведен на сослушување. Турските власти воведоа забрана за емитување „трауматски“ слики од пукањето, предупредувајќи ги медиумските организации да го ограничат известувањето само на изјави од службени лица. Родителите се упатија кон училиштето во округот Оникисубат, во Кахраманмараш, откако слушнаа извештаи за вооружен напад, објави телевизијата НТВ.



Тинејџер уби деветмина во средно школо во Турција, втор ист напад за два дена

Тинејџер уби деветмина во средно школо во Турција, втор ист напад за два дена

Ученик отвори оган врз две училници во средно училиште во Турција денеска, при што уби девет лица и рани уште 13, изјави министерот за внатрешни работи, во второто такво пукање во земјата за два дена. 14-годишниот вооружен напаѓач беше убиен. Тој пристигна во училиштето вооружен со оружје за кое се верува дека му припаѓа на неговиот татко, пензиониран полицаец, изјави гувернерот на покраината Кахраманмарас, Мукерем Унлуер. Носеше пет огнено оружје и седум шаржери. Мотивот за нападот не беше веднаш познат. Не беше јасно дали вооружениот напаѓач бил убиен од полицијата или се самоубил. Шест од 13-те повредени лица се во сериозна состојба, изјави министерот за внатрешни работи, Мустафа Чифчи. Пукањата во училиштата се многу ретки во Турција. Непотврдени снимки покажаа неколку ученици како скокаат од прозорец на вториот кат во училиштето, додека истрелите одекнуваа низ целиот двор. Непотврдени снимки од безбедносните камери од училиштето покажаа дека напаѓачот пука во двајца ученици кои одат во ходник. Телевизиските снимки од училишниот двор покажаа амбулантни возила како пристигнуваат во училиштето каде што полицијата и толпите се собрале покрај портата. Министерот за правда Акин Гурлек изјави на Икс дека е започната истрага за нападот. Нападот се случи еден ден откако 16 лица, претежно ученици, беа ранети кога поранешен ученик отвори оган во средно училиште во блиската покраина Шанлиурфа. Напаѓачот подоцна се самоуби.


Чифчи: Девет лица, меѓу кои осум деца, се убиени во средното училиште во турската покраина Кахраманмарас

Чифчи: Девет лица, меѓу кои осум деца, се убиени во средното училиште во турската покраина Кахраманмарас

Девет лица, меѓу кои осум деца, се убиени во денешната пукотница во средно училиште во покраината Кахраманмарас, во југоисточна Турција, објави министерот за внатрешни работи Мустафа Чифчи. Британските медиуми, пренесувајќи го министерот Чифчи од прес конференцијата, наведуваат дека во инцидентот се повредени уште 13 лица, од кои шест се во критична состојба. Четиринаесетгодишен ученик денес отвори оган врз две училници во средно училиште, во втората таква пукотница во Турција за два дена. Тој дошол во училиште вооружен со оружје за кое се верува дека му припаѓа на неговиот татко, пензиониран полицаец, изјави гувернерот на покраината Кахраманмарас, Мукерем Унлуер, додавајќи дека носел пет огнени оружја и седум рамки што најверојатно ги зел од својот татко. Не е јасно дали напаѓачот бил убиен од полицијата или извршил самоубиство. Според Чифчи, станува збор за „лично мотивиран инцидент“, а околностите на пукањето се истражуваат. Чифчи рече дека шест од 13-те ранети се во сериозна состојба. Министерот за правда Акин Гурлек изјави дека властите ги истражуваат мотивите на нападот, додека повредените се префрлени во болниците во регионот. Тој изјави дека седум обвинители биле вклучени во истрагата за вооружениот напад и дека е издадена забрана за објавување информации за инцидентот. Нападот се случи еден ден откако 16 лица, повеќето ученици, беа ранети кога поранешен ученик отвори оган во средно училиште во блиската покраина Шанлиурфа. Напаѓачот подоцна изврши самоубиство. Државниот радиодифузер ТРТ го идентификуваше последниот стрелец како Иса Арас Мерсили и рече дека неговиот татко е приведен на сослушување. Турските власти воведоа забрана за емитување „трауматски“ слики од пукањето, предупредувајќи ги медиумските организации да го ограничат известувањето само на изјави од службени лица. Родителите се упатија кон училиштето во округот Оникисубат, во Кахраманмараш, откако слушнаа извештаи за вооружен напад, објави телевизијата НТВ.


Осмооделенец уби осум деца и еден наставник во училиште во Турција

Осмооделенец уби осум деца и еден наставник во училиште во Турција

Девет лица, меѓу кои осум деца, беа убиени денес во пукотница во средно училиште во југоисточна Турција, изјави турскиот министер за внатрешни работи Мустафа Чифчи, додавајќи дека 13 лица се ранети, а шест се во критична состојба. Зборувајќи со новинарите на прес-конференција во покраината Кахраманмараш каде што се случи крвопролевањето, Чифчи рече дека нападот бил „личен“ инцидент. „Ова беше чисто личен напад извршен од еден од учениците, не е терористички инцидент“, рече Чифчи. Претходно, локалниот гувернер изјави дека ученик отворил оган во средно училиште во југоисточна Турција, втор таков напад во училиште во Турција за два дена. „Осмоодделенецот дојде со пет пиштоли и седум шаржери, за кои веруваме дека му припаѓаат на неговиот татко, поранешен полицаец. Влегол во две училници каде што биле петтоодделенци, пукајќи случајно, предизвикувајќи смрт и повреди“, рече гувернерот Мукерем Унлуер. Тој додаде дека вооружениот напаѓач се самоубил. Осмоодделенците во Турција обично имаат 13 или 14 години, додека петтоодделенците имаат 10 и 11 години. Пукањата во училиштата се ретки во Турција. На прашањето на новинарите дали властите ќе преземат некакви мерки по пукањата оваа недела, Чифчи рече: „Ќе преземеме потребни мерки на претпазливост“, без да даде детали. Локалните медиуми објавија дека таткото на вооружениот напаѓач е уапсен. Непотврдени снимки од надзорните камери од училиштето го покажуваат вооружениот напаѓач како пука во двајца ученици како одат по ходникот, а неколку ученици скокаат од прозорецот на вториот кат на училиштето додека во дворот се слушаат истрели. Kahramanmaraş Ayser Çalık Ortaokulu’nda yaşanan silahlı saldırıda öğrenciler okul camlarından atlayarak hayatta kalmaya çalıştılar. #kahramanmaraş pic.twitter.com/5SLTcwKQig — Sol Yumruk (@Sol_Yumrukk) April 15, 2026 фото/Depositphotos Текстот Осмооделенец уби осум деца и еден наставник во училиште во Турција е превземен од МАКФАКС .



Осмоодделенецот кој уби четири лица и рани 20 во училиште е мртов, приведен е татко му, кој бил поранешен полицаец

Осмоодделенецот кој уби четири лица и рани 20 во училиште е мртов, приведен е татко му, кој бил поранешен полицаец

Фрипик Осмоодделенецот кој уби четири лица и рани 20 други во училиште во југоисточниот турски град Кахраманмараш е мртов, соопшти гувернерот на округот, Мукерем Унлујер, пренесе ТРТ Хабер. Напаѓачот влегол во две училници со ученици од петто одделение, каде што отворил оган. Според телевизијата НТВ Турција, тој пристигнал во училиштето со пет парчиња оружје и седум рамки со муниција. Весникот Милиет објави дека властите го привеле таткото на момчето, кој е поранешен полицаец. Во моментот на хаосот, тој се застрелал. Не е целосно јасно дали станува збор за самоубиство или за инцидент во тој метеж, но тој е мртов. Напаѓачот е ученик во осмо одделение и учел во истото училиште. Неговиот татко е поранешен припадник на безбедносните служби и претпоставуваме дека го земал оружјето од него. Нападот се случил во две училници – изјави гувернерот на Кахраманмараш . Тој ги демантираше информациите што се појавија на социјалните мрежи дека имало слични напади и во други училишта во округот. Според последните информации, кон училиштето се упатиле и министерот за внатрешни работи Мустафа Чифтчи, министерот за образование Јусуф Текин и министерот за здравство Кемал Мемишоглу. Министерот за внатрешни работи соопшти дека во рамки на истрагата се испратени осум службеници на Министерството за внатрешни работи. Министерот за правда Акин Гурелек информира дека на местото на настанот се испратени седум обвинители – тројца заменик-јавни обвинители и четворица обвинители ќе учествуваат во истрагата. Во врска со истрагата донесена е одлука за забрана за пренос во живо. Апелираме до медиумите да ја почитуваат тајноста на истрагата – наведе Гурелек. Причината за нападот засега не е позната. МИА


Осмооделенец уби осум деца и еден наставник во училиште во Турција

Осмооделенец уби осум деца и еден наставник во училиште во Турција

<a href="https://opserver.mk/ads/www/delivery/ck.php?n=ab7911cf&amp;cb=INSERT_RANDOM_NUMBER_HERE" target="_blank"><img src="https://opserver.mk/ads/www/delivery/avw.php?zoneid=74&amp;cb=INSERT_RANDOM_NUMBER_HERE&amp;n=ab7911cf" border="0" alt="" /></a> Девет лица, меѓу кои осум деца, беа убиени денес во пукотница во средно училиште во југоисточна Турција, изјави турскиот министер за внатрешни работи Мустафа Чифчи, додавајќи дека 13 лица се ранети, а шест се во критична состојба. Зборувајќи со новинарите на прес-конференција во покраината Кахраманмараш каде што се случи крвопролевањето, Чифчи рече дека нападот бил „личен“ инцидент. „Ова беше чисто личен напад извршен од еден од учениците, не е терористички инцидент“, рече Чифчи. Претходно, локалниот гувернер изјави дека ученик отворил оган во средно училиште во југоисточна Турција, втор таков напад во училиште во Турција за два дена. „Осмоодделенецот дојде со пет пиштоли и седум шаржери, за кои веруваме дека му припаѓаат на неговиот татко, поранешен полицаец. Влегол во две училници каде што биле петтоодделенци, пукајќи случајно, предизвикувајќи смрт и повреди“, рече гувернерот Мукерем Унлуер. Тој додаде дека вооружениот напаѓач се самоубил. Осмоодделенците во Турција обично имаат 13 или 14 години, додека петтоодделенците имаат 10 и 11 години. Пукањата во училиштата се ретки во Турција. На прашањето на новинарите дали властите ќе преземат некакви мерки по пукањата оваа недела, Чифчи рече: „Ќе преземеме потребни мерки на претпазливост“, без да даде детали. Локалните медиуми објавија дека таткото на вооружениот напаѓач е уапсен. Непотврдени снимки од надзорните камери од училиштето го покажуваат вооружениот напаѓач како пука во двајца ученици како одат по ходникот, а неколку ученици скокаат од прозорецот на вториот кат на училиштето додека во дворот се слушаат истрели. Kahramanmaraş Ayser Çalık Ortaokulu’nda yaşanan silahlı saldırıda öğrenciler okul camlarından atlayarak hayatta kalmaya çalıştılar. #kahramanmaraş pic.twitter.com/5SLTcwKQig — Sol Yumruk (@Sol_Yumrukk) April 15, 2026 фото/Depositphotos


УШТЕ ЕДНО СМРТОНОСНО ПУКАЊЕ ВО ТУРСКО УЧИЛИШТЕ Петмина мртви, меѓу кои и ученикот што отворил оган

УШТЕ ЕДНО СМРТОНОСНО ПУКАЊЕ ВО ТУРСКО УЧИЛИШТЕ Петмина мртви, меѓу кои и ученикот што отворил оган

Четири лица загинаа откако ученик во осмо одделение отвори оган во училиште во турската покраината Кахраманмараш. Помеѓу загинатите се еден наставник и тројца ученици, како и самиот напаѓач. Според гувернерот на покраината Кахраманмараш, Мукарем Унлуер загинал и ученикот напаѓач, но без да наведе детали. Тој пристигнал на училиште со пет парчиња оружје, а мотивот за нападот сè уште не е познат. Напаѓачот го зел оружјето од неговиот татко, кој е пензиониран полицаец, јавија турски медиуми. Инцидентот се случува еден ден по пукање во средно училиште во југоисточниот град Шанлиурфа, недалеку од Кахраманмараш, при што беа повредени 16 лица, од кои 10 ученици.


ТУРЦИЈА: Осмоодделенецот кој уби четири лица и рани 20 во училиште е мртов, приведен неговиот татко

ТУРЦИЈА: Осмоодделенецот кој уби четири лица и рани 20 во училиште е мртов, приведен неговиот татко

Осмоодделенецот кој уби четири лица и рани 20 други во училиште во југоисточниот турски град Кахраманмараш е мртов, соопшти гувернерот на округот, Мукерем Унлујер, пренесе ТРТ Хабер.


Второ пукање во училиште во Турција за два дена: Загинаа наставник и тројца ученици

Второ пукање во училиште во Турција за два дена: Загинаа наставник и тројца ученици

Четири лица се убиени во пукање во училиште во Турција, кое го извршил ученик, еден ден откако во сличен инцидент на друго место беа ранети 16 лица, соопштија официјални лица. Гувернерот на провинцијата Кахраманмараш, Мукерем Унлуер, изјави дека ученикот, кој исто така е убиен, дошол во училиштето со оружје кое му припаѓало на неговиот татко, пензиониран полицаец. Се наведува дека ученикот носел пет парчиња оружје и седум шаржери. Во нападот загинале еден наставник и тројца ученици, рече Унлуер. Мотивот за нападот сè уште не е познат, а на снимките од местото на несреќата се гледаат возила на итната помош кои ги преземаат повредените. Вчера во Турција исто така имаше пукање во училиште, во провинцијата Шанлиурфа, при што беа повредени 16 лица, а напаѓачот извршил самоубиство.


Турција во шок: Осмоодделенец со пет пиштоли уби 9 лица и 13 повредени

Турција во шок: Осмоодделенец со пет пиштоли уби 9 лица и 13 повредени

Во турскиот град Кахраманмараш се случи тешка трагедија откако вооружен напаѓач отвори оган во училиште, при што загинаа 9 лица, а 13 се повредени. Инцидентот се случил во средното училиште „Ајсер Чалик“ во општината Оникишубат, каде околу пладне биле слушнати истрели. Веднаш по пријавата, на местото пристигнале голем број полициски и медицински екипи. Гувернерот на Кахраманмараш, Мукерем Унлуер, потврди дека во нападот загинале еден наставник и осум ученици, додека шест од повредените се во тешка состојба. „Во училиштето се случи вооружен напад од засега непознати причини. Загинаа 9 лица, а 13 се повредени. Напаѓачот дошол со пет оружја и седум шаржери“, изјави Унлуер. Според информациите, напаѓачот пукал во две училници, по што починал на местото на настанот. Се утврдува дали се работи за самоубиство или за случајно самоповредување во текот на хаосот. Подоцна било утврдено дека напаѓачот е ученик во осмо одделение, идентификуван како Иса Арас Мерсинли. Оружјето што го користел било во сопственост на неговиот татко, кој е приведен во рамки на истрагата и, според медиумите, е поранешен припадник на безбедносните служби. Од повредените, четворица се оперирани, додека останатите се под медицински надзор. Веста за нападот предизвика паника меѓу родителите, кои масовно се упатија кон училиштето барајќи информации за своите деца. Безбедносните сили воспоставија широк безбедносен кордон околу објектот, а наставата во градот е прекината. Турскиот министер за правда, Акин Гурлек, информира дека е отворена истрага и дека се ангажирани седум обвинители. „Истрагата е во тек и се преземаат сите неопходни мерки. Донесена е и одлука за забрана за објавување информации со цел да се заштити текот на постапката“, соопшти Гурлек. Министерството за внатрешни работи испрати осум главни инспектори, додека министерот лично заминал на местото на настанот. Министерот за здравство Кемал Мемишоглу изрази сочувство до семејствата на загинатите и информира дека повредените се хоспитализирани и нивната состојба внимателно се следи. Од Министерството за образование соопштија дека станува збор за „грозоморен напад“ што ја потресе целата земја, додавајќи дека случајот се следи со највисоко внимание. Властите упатија апел до медиумите да се воздржат од објавување чувствителни информации и снимки, со цел да се заштитат жртвите и нивните семејства, како и да не се попречува истрагата.


КРВАВ ДЕН ВО ТУРЦИЈА, ученик со пиштол пукал кон децата и наставниците

КРВАВ ДЕН ВО ТУРЦИЈА, ученик со пиштол пукал кон децата и наставниците

Четири лица се убиени, а околу 20 се повредени во пукање кое денес се случило во средно училиште во централна Турција. Според изјава на локалниот гувернер, огнот го отворил ученик, а властите наведуваат дека се очекуваат дополнителни информации за мотивите и околностите на нападот. Ова е втор инцидент со пукање во училиште во Турција во последните два дена, што предизвикува сериозна загриженост во јавноста и меѓу безбедносните служби. Според претходни информации, еден 19-годишен поранешен ученик од средно училиште во југоисточната покраина Шанлиурфа отворил оган врз ученици и наставници, при што ранил најмалку 16 лица, по што извршил самоубиство. Овие последователни случаи ја отвораат дебатата за безбедноста во образовните институции во земјата. © Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата Кремљ: Засега нема план за средба меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп во Кина Пит Хегсет нема да присуствува на состанокот на Контакт групата за Украина


Ново пукање во турско училиште: Најмалку четворица мртви, повеќе ранети

Ново пукање во турско училиште: Најмалку четворица мртви, повеќе ранети

Само еден ден по крвавиот напад во училиште во југоисточна Турција, земјата ја потресе нова трагедија. Денеска вооружен напад се случил во основно училиште во градот Кахраманмараш, при што загинале четири лица, а повеќе од 20 се повредени. Според информациите од локалните медиуми, нападот се случил околу 13:30 часот во основното училиште „Ајсер Чалик“. Меѓу загинатите се наставник и самиот напаѓач, потврди гувернерот на покраината Кахраманмараш, Мукеррем Унлуер. Најмалку 20 лица се здобиле со повреди, од кои четворица се во критична состојба. Според телевизијата НТВ, напаѓачот бил ученик во осмо одделение во истото училиште и, наводно, ги таргетирал учениците од петто одделение. Тој во училиштето дошол вооружен со дури пет парчиња оружје и седум рамки со муниција, кои ги криел во ранец. Неофицијалните информации укажуваат дека оружјето му припаѓало на неговиот татко, поранешен полициски службеник. Гувернерот Унлуер изјави дека напаѓачот починал откако за време на инцидентот пукал во себе. Засега не е јасно дали станува збор за намерно самоубиство или за последица на хаотичната ситуација. Веднаш по пријавата за пукањето, на местото на настанот биле испратени итните служби и голем број амбулантни возила, додека полицијата брзо го обезбедила подрачјето. Идентитетот на напаѓачот сè уште не е официјално објавен. Овој инцидент се случува само еден ден по сличен напад во средно училиште во покраината Шанлиурфа, каде 19-годишник отвори оган и рани 16 лица. Меѓу повредените имало четворица наставници, десет ученици, еден полицаец и вработен во училишната кантинa. Четири лица, двајца наставници и двајца ученици, се здобиле со потешки повреди и биле префрлени во болници во центарот на покраината, додека останатите се лекуваат во локална болница. Мотивите за двата напади засега не се познати, а истрагата е во тек.


Пак пукање во Турција – тинејџер уби тројца соученици и еден наставник

Пак пукање во Турција – тинејџер уби тројца соученици и еден наставник

Published: Wednesday, April 15, 2026 16:40 Четири лица загинаа по второто пукање во училиште во Турција во рок од два дена. Ученик застрелал најмалку четири лица, вклучувајќи и соученици, а ранил најмалку 20 други во средното училиштете „Ајсер Чалик“ во Караманмараш. Според гувернерот Мукерем Унлуер, досега е потврдено дека се мртви тројца ученици и еден наставник. Ученикот напаѓач бил во осмо одделение и ги сокрил оружјата на својот татко во ранец за да го изврши нападот, посочи гувернерот. Според Ројтерс, напаѓачот умрел во нападот. Снимки од местото на настанот покажуваат како ученици бегаат од училиштето, а на други снимки се гледа како пристигнуваат амбулантни возила, додека полицијата и луѓето се собрани пред влезот. Министерот за правда Акин Гурлек на платформата X објави дека е покрената истрага за нападот. Вчера, поранешен ученик отвори оган во училиште во југоисточната провинција Шанлиурфа, ранувајќи најмалку 16 лица, вклучувајќи ученици и наставници, пред да се самоубие.


Уште еден оружен инцидент во училиште во Турција, при што загинаа најмалку четири лица

Уште еден оружен инцидент во училиште во Турција, при што загинаа најмалку четири лица

Четири лица загинаа откако ученик во осмо одделение отвори оган во училиште во турската покраината Кахраманмараш. Помеѓу загинатите се еден наставник и тројца ученици, како и самиот напаѓач. Според гувернерот на покраината Кахраманмараш, Мукарем Унлуер загинал и ученикот напаѓач, но без да наведе детали. Тој пристигнал на училиште со пет парчиња оружје, а мотивот за нападот сè уште не е познат. Напаѓачот оружјето го земал од неговиот татко, кој е пензиониран полицаец Инцидентот се случува еден ден по пукање во средно училиште во југоисточниот град Шанлиурфа, недалеку од Кахраманмараш, при што беа повредени  16 лица, од кои 10 ученици. МИА


Нов масакр во училиште во Турција, има загинати и десетици повредени

Нов масакр во училиште во Турција, има загинати и десетици повредени

Турција е потресена од нова трагедија, откако во училиште во градот Кахраманмараш се случи пукање во кое загинаа најмалку четири лица, меѓу кои и ученици, а десетици се повредени. Според првичните информации, напаѓачот бил ученик кој отворил оган во училишниот двор, а потоа продолжил и во училница, пред да биде запрен. Овој напад доаѓа само 24 часа по друг сличен инцидент во Турција, кога поранешен ученик отвори оган во средно училиште во провинцијата Шанлиурфа, при што беа ранети најмалку 16 лица, а напаѓачот потоа си го одзеде животот. Kahramanmaraş Onikişubat’taki Ayser Çalık Ortaokulu’na yapılan saldırının gerçekleştiği anlar. Olayda can kaybı ve yaralıların bulunduğu bilgisi var. #SonDakika #Kahramanmaraş #Saldırı pic.twitter.com/qZwsklCWCp Во новиот напад, според извештаите, загинале најмалку четири лица (вклучително ученик и наставник), додека околу 20 лица се повредени, дел од нив потешко. Нападите предизвикаа силни реакции во турската јавност, особено затоа што вакви инциденти се ретки во земјата, која има релативно строги закони за оружје. Надлежните институции веќе започнаа истрага за мотивите, кои засега не се познати, а дел од наставничките здруженија најавија протести и барања за зголемена безбедност во училиштата.



Хорор во Турција: Четири лица убиени, десетици ранети во нова пукотница во училиште (Видео)

Хорор во Турција: Четири лица убиени, десетици ранети во нова пукотница во училиште (Видео)

Четири лица се убиени, а околу 20 други се ранети во пукотница во средното училиште „Ајсер Чалик“ во Кахраманмараш, јужна Турција, во среда, соопштија официјални лица. Гувернерот на Кахраманмараш, Мукерем Унлуер, изјави дека еден наставник и вооружениот напаѓач се меѓу загинатите, додека неколку ученици се повредени. Тој рече дека вооружениот напаѓач бил ученик од осмо одделение кој влегол во две училници за време на нападот, објави „Туркие тудеј“. Се вели дека осомничениот го користел огненото оружје на својот татко во нападот. АП објави дека употребеното оружје било пет пиштоли и седум шаржери, а дека таткото е пензиониран полицаец. Турскиот министер за правда, Акин Гурлек, изјави дека Канцеларијата на главниот јавен обвинител на Кахраманмараш веднаш започнала истрага. Тој рече дека тројца заменик-главни јавни обвинители и четири државни обвинители се назначени за случајот. Министерот за внатрешни работи, Мустафа Чифчи, отпатувал во Кахраманмараш по нападот. Според достапните информации, во истрагата се вклучени и четири главни граѓански инспектори и четири главни полициски инспектори. За потсетување, ова е уште едно пукање во турско училиште. Вчера, тинејџер отвори оган во училиште и рани најмалку 16 лица, вклучувајќи ученици и наставници, во југоисточната турска покраина Шанлиурфа, пред да изврши самоубиство.


Нов вооружен напад во училиште во Турција има загинати

Нов вооружен напад во училиште во Турција има загинати

Вo Турција повторно се случи вооружен напад во училиште. Цел на нападот било училиштето „Ајсер Чалик“ во градот Кахраманмараш, при што според првичните информации има загинати четири и повредени околу 20 лица. Инцидентот се случил во општината „12 Февруари“, каде што од училиштето се слушнале истрели, по што веднаш била наредена итна евакуација на учениците и персоналот. На местото на настанот за кратко време пристигнале бројни полициски и медицински екипи. Гувернерот на Кахраманмараш, Мукерем Унлуер, во првата изјава потврди дека станува збор за вооружен напад и дека има повредени, додавајќи дека ситуацијата е сериозна и сè уште се развива. „Во моментов има напад. Во едно наше училиште се случи тажен инцидент. Имаме информации за повредени лица и случајот се истражува во детали“, изјави Унлуер. Причините за нападот засега не се познати, а надлежните институции работат на расчистување на сите околности. Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.



📽️ НАЈМАЛКУ 4 ЗАГИНАТИ И 20 ПОВРЕДЕНИ Ново пукање во училиште во Турицја

📽️ НАЈМАЛКУ 4 ЗАГИНАТИ И 20 ПОВРЕДЕНИ Ново пукање во училиште во Турицја

Најмалку четири лица се убиени, а 20 се повредени во пукотница во училиште во турскиот град Кахраманмараш. Гувернерот на Кахраманмараш, Мукерем Унлуер, изјави дека напаѓачот бил ученик од осмо одделение. – Напаѓачот е осмоодделенец. Неговиот татко е поранешен полицаец. Се верува дека го зел пиштолот на својот татко. Ги нападнал со огнено оружје. Еден наставник и тројца ученици се убиени. 20 лица се повредени. Нападот е во тек. Трагичен инцидент се случил во едно од нашите училишта. Добивме информации дека има повредени. Детално го истражуваме случајот – рече гувернерот. Унлуер рече дека ученикот го скрил пиштолот на својот татко во ранецот пред да го започне нападот, објави Ројтерс. Тој додава дека напаѓачот влегол во две училници и во тој хаос се самоубил. Министерот за национално образование, Јусуф Текин, отпатувал во Кахраманмараш по инцидентот во училиштето во регионот. На видеото јасно се гледаат истрели и вресоци на исплашени луѓе кои во паника бегаат од училишната зграда. Ученици и наставници трчаат надвор. На социјалните мрежи кружат видеа на кои се гледа како персоналот на итната медицинска помош ги лекува повредените. Второ пукање во Турција за два дена Ова се случува само еден ден откако поранешен ученик (19) упадна во училиште во турскиот округ Сиверек и рани 16 лица, пред да изврши самоубиство додека се обидуваше да биде уапсен. Пукањата во училиштата се многу ретки во Турција.


ШТО СЕ СЛУЧУВА?!: Ново пукање во средно училиште во Турција!

ШТО СЕ СЛУЧУВА?!: Ново пукање во средно училиште во Турција!

Вооружен напад се случил денес во училиштето „Ајсер Чалик“ во градот Кахраманмараш, Турција, при што според првичните информации има загинати и повредени лица. Инцидентот се случил во општината „12 Февруари“, кога од училиштето се слушнале истрели, по што веднаш била наредена итна евакуација на учениците и наставниот кадар. На местото на настанот за кратко време пристигнале бројни полициски и медицински екипи. Гувернерот на Кахраманмараш, Мукерем Унлуер, во првата изјава потврди дека станува збор за вооружен напад и дека има повредени, додавајќи дека ситуацијата е сериозна и сè уште се развива. „Во моментов има напад. Во едно наше училиште се случи тажен инцидент. Имаме информации за повредени лица и случајот се истражува во детали“, изјави тој. Причините за нападот засега не се познати, а надлежните институции работат на утврдување на сите околности. Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.


Нов вооружен напад во училиште во Tурција: Најмалку четири жртви и 20 повредени

Нов вооружен напад во училиште во Tурција: Најмалку четири жртви и 20 повредени

Најмалку 4 лица загинаа, а 20 се повредени во нов вооружен напад во средно училиште во градот Кахраманмараш во југоисточна Турција. Турските медиуми објавија дека дека сторителот бил ученик од осмо одделение кој дошол во училиштето со оружјето на својот татко, кој е поранешен полицаец. Инцидентот се случува еден ден по вооружениот напад врз училиште во Сиверек, Шанлиурфа, што предизвика загриженост а за безбедноста во училиштата во Турција.


Наставник и три деца убиени, 20 повредени во денешиот напад во училиште во Турција

Наставник и три деца убиени, 20 повредени во денешиот напад во училиште во Турција

Вчерашниот шок од вооружениот напад во училиште во округот Сиверек, во Шанлиурфа, се уште не стивнал, а денеска слична вест пристигна и од Кахраманмараш. Според првичните информации, вооружен напад бил извршен во средното училиште „Ајсер Чалик“, при што има голем број повредени. Гувернерот Мукеррем Унлуер изјави дека станува збор за вооружен напад со засега непозната причина. „Настанот е многу свеж. Во едно наше училиште се случи тажен инцидент. Имаме информации за повредени лица. Работиме на темелно истражување“, рече тој. По нападот, кон Кахраманмараш се упатија министерот за внатрешни работи Мустафа Чифтчи, министерот за образование Јусуф Текин и министерот за здравство Кемал Мемишоглу. Веднаш по објавувањето на веста, родителите се упатија кон училиштето за да добијат информации за своите деца, додека безбедносните сили презедоа засилени мерки околу објектот. Министерот за правда Акин Ѓурлек соопшти дека е отворена обемна истрага во која се ангажирани седум обвинители, како и дека е донесена одлука за забрана за објавување информации со цел да не се загрози истрагата. Според официјалните информации, во нападот загинале еден наставник и три ученици, додека 20 лица се повредени. Од нив, четворица се во тешка состојба и се оперираат. Гувернерот Мукеррем Унлуер изјави дека напаѓачот влегол во две одделенија со ученици од петто одделение и отворил оган. Тој истакна дека нападот е изолиран случај и дека нема други слични инциденти во други училишта, демантирајќи ги шпекулациите што се шират на социјалните мрежи. Гувернерот додаде дека напаѓачот, ученик од осмо одделение во истото училиште, исто така е починат, најверојатно откако си го одзел животот за време на хаосот. Се претпоставува дека го зел оружјето од својот татко, поранешен полицаец. Јавното обвинителство во Кахраманмараш информираше дека истрагата се спроведува со засилени ресурси и дека случајот се разгледува од сите аспекти. Во меѓувреме, Министерството за внатрешни работи соопшти дека се ангажирани осум инспектори за целосно расветлување на настанот. Надлежните апелираа медиумите да ја почитуваат забраната за известување додека трае истрагата, додавајќи дека сите официјални информации ќе бидат соопштувани од институциите.



Ново пукање во средно училиште во Турција!

Ново пукање во средно училиште во Турција!

Вооружен напад се случи денеска во училиштето „Ајсер Чалик“ во градот Кахраманмараш, Турција, при што според првичните информации има загинати и повредени лица. Инцидентот се случил во општината „12 Февруари“, каде што од училиштето се слушнале истрели, по што веднаш била наредена итна евакуација на учениците и персоналот. На местото на настанот за кратко време пристигнале бројни полициски и медицински екипи. Гувернерот на Кахраманмараш, Мукерем Унлуер, во првата изјава потврди дека станува збор за вооружен напад и дека има повредени, додавајќи дека ситуацијата е сериозна и сè уште се развива. „Во моментов има напад. Во едно наше училиште се случи тажен инцидент. Имаме информации за повредени лица и случајот се истражува во детали“, изјави Унлуер. Причините за нападот засега не се познати, а надлежните институции работат на расчистување на сите околности. Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.


Што се знае досега за пукањето во училиштето во Турција?

Што се знае досега за пукањето во училиштето во Турција?

Пукањето во училиштето во Турција, што се случи утрото на 14 април во Сиверек, во југоисточната турска провинција Шанлиурфа, досега остави 16 повредени, откако 19-годишен поранешен ученик влегол во средното училиште „Ахмет Којунџу“ со пумпарица и пукал неселективно во дворот, а потоа и во ходниците. Според гувернерот Хасан Шилдак и турските државни медиуми, напаѓачот потоа си го одзел животот додека полицијата се обидувала да го опколи, а мотивот засега не е официјално соопштен. Во досегашниот биланс, меѓу повредените има 10 ученици, четворица наставници, еден полицаец и еден вработен во училишниот бифе. Првичните информации зборуваа за дел од повредените што биле пренесени и во болници во центарот на Шанлиурфа, а најновото официјално соопштение наведува дека седум лица веќе се пуштени на домашно лекување, додека девет остануваат во болница, од кои тројца се во потешка состојба. Најновите мерки покажуваат дека властите веќе не го третираат случајот само како изолиран напад, туку и како можно институционално потфрлање. Турското Министерство за образование соопшти дека наставата во училиштето е прекината на четири дена, во Шанлиурфа се испратени високи претставници и инспектори, а на терен се ангажирани и психосоцијални тимови за учениците, наставниците и семејствата. Во меѓувреме, според соопштенијата што ги пренесоа турските медиуми, едно лице е приведено, а четворица локални функционери од полицијата и образованието се отстранети од должност додека трае истрагата. Она што сè уште не е јасно е зошто напаѓачот го избрал токму овој момент и дали имало предупредувачки сигнали што можеле да бидат спречени. Дел од турските медиуми објавија дека пред нападот имало заканувачки пораки на социјалните мрежи и дека училиштето наводно ја информирало полицијата, но тие тврдења засега не се потврдени во официјалните соопштенија на владините институции. Токму затоа, најцелосната слика досега е следна: се знае кој нападнал, каде и со какво оружје, се знае колкав е бројот на повредените и дека е отворена широка истрага, но клучниот одговор за мотивот и евентуалните пропусти на системот сè уште се бара.



Напаѓачот во Турција претходно најавувал напад на социјалните мрежи

Напаѓачот во Турција претходно најавувал напад на социјалните мрежи

Деветнаесетгодишен напаѓач повреди 16 лица во средно училиште во Турција, а претходно објавувал заканувачки пораки на социјалните мрежи. Вооружениот напаѓач Омер Кет објавувал заканувачки пораки на социјалните мрежи неколку дена пред да изврши напад во средно училиште во Турција. Деветнаесетгодишниот Омер Кет, кој денеска влезе во средното стручно и техничко училиште „Ахмет Којунџу“ во округот Сиверек со пушка и повреди 16 луѓе, потоа си го одзеде животот, објавувал заканувачки пораки на социјалните мрежи неколку дена пред инцидентот, објави турски „Милијет“. Напаѓачот пред пукањето најавил: „Подгответе се. За неколку дена ќе има напад во ова училиште“. Телото на напаѓачот беше извадено од училиштето и пренесено во мртовечницата на Институтот за судска медицина во Шанлиурфа за обдукција. Тој одби да се предаде на полицијата и изврши самоубиство. По пријавите од очевидци, на местото на настанот биле испратени полициски и медицински екипи. Шеснаесет луѓе, меѓу кои и ученици, се повредени, додека напаѓачот се криел во училиштето. Кога осомничениот одбил да се предаде и покрај предупредувањата од полицијата, во областа биле испратени и единици за специјални операции. Во меѓувреме, се дозна дека некои од повредените ученици скокнале од прозорци за да избегаат од вооружениот напад, а безбедносните сили соопштија дека повеќето од учениците во училиштето се евакуирани. Во инцидентот се повредени 16 лица: четири наставници, 10 ученици, еден полицаец и еден работник во менза. За среќа, немаше смртни случаи. Некои од повредените, чија здравствена состојба не била оценета како критична, биле префрлени во болници во центарот на градот. Во моментов, лекувањето на другите 12 повредени продолжува во Државната болница Сиверек, пишува „Милијет“. Мотивот за пукањето сè уште не е познат. Градоначалникот на Сиверек, Али Мурат Буџак, изјави дека инцидентот се случил на улицата каде што живее: „Двајца од нашите наставници се во критична состојба. Младиот човек кој си го одзеде животот во инцидентот беше поранешен ученик на училиштето. Тоа беше ученик чија врска со училиштето беше прекината“, рече тој.


Пукање во средно училиште во Турција, десетина ученици сериозно повредени

Пукање во средно училиште во Турција, десетина ученици сериозно повредени

Турција се разбуди во страв и паника откако поранешрен ученик изврши вооружен напад во средно училиште на југот од земјата и повреди најмалку 16 лица. Штом влегол низ надворешната врата, почнал да пука во сè што му се нашло на патот во зградата. Првите детали вооружениот инцидент ги откри гувернерот Хасам Шилдак, кој потврди дека осомничениот првично се скрил во училиштето и одбил да се предаде и покрај повиците од полицијата, а потоа извршил самоубиство. Најголем број од повреднеите се ученици, а еден повреден наставник е во сериозна состојба. Застрашувачките моменти од инцидентот биле снимени со камери од мобилни телефони. На социјалните мрежи и локалните медиуми се појави видео на кое се гледа како учениците панично бегаат од зградата во моментот кога започна пукањето. Според безбедносните проценки, училиштето не било на високо ниво на ризик и затоа било без постојано присуство на полиција.


Поранешен ученик стрелал со пушка во средно школо во Турција и се самоубил, 16 повредени

Поранешен ученик стрелал со пушка во средно школо во Турција и се самоубил, 16 повредени

Најмалку 16 лица се повредени откако поранешен ученик отвори оган во средно училиште во југоисточна Турција. Напаѓачот, кој бил во доцните тинејџерски години, пукал „неселективно со пушка“ пред да се самоубие со оружјето откако бил „притиснат од полицијата“, изјави локалниот гувернер Хасан Шилдак. Меѓу повредените има 10 ученици, четворица наставници, вработен во кафетерија и полицаец, рече тој. Инцидентот се случил околу 09:30 часот по локално време во средното стручно и техничко анадолско училиште „Ахмет Којунџу“ во округот Сиверек. Оттогаш е евакуирано. Ранетите се однесени во болница, а петмина подоцна се префрлени во други установи за понатамошно лекување. Мотивот за нападот сè уште не е познат и е започната истрага. Шилдак рече дека напаѓачот немал криминално досие и дека училиштето се смета за безбедно од полицијата. Пукањата во училиштата се ретки во Турција. Локалните медиуми објавија дека напаѓачот неодамна објавил на профилите на училиштето на социјалните мрежи, заканувајќи се дека ќе има напад „за неколку дена“.


Идентификуван напаѓачот од училиштето во Турција

Идентификуван напаѓачот од училиштето во Турција

Деветнаесетгодишниот Омер Кет е идентификуван како напаѓачот кој отвори оган во средното стручно и техничко училиште „Ахмет Којунџу“ во населбата Сиверек, во турската област Шанлиурфа, по што си го одзеде животот. Според информациите на турските медиуми, станува збор за поранешен ученик на училиштето, кој го напуштил образованието по деветто одделение и продолжил во отворена програма за средно образование. Пред нападот, тој наводно објавувал заканувачки пораки на социјалните мрежи, најавувајќи дека „за неколку дена ќе има напад врз училиштето“. Очевидци раскажуваат дека младиот напаѓач влегол во училишниот двор со пушка и започнал да пука, по што отворил оган и кон самата зграда. Според нивните сведоштва, паниката била огромна, а дел од учениците се обиделе да се спасат скокајќи од прозорците. Во текот на интервенцијата, напаѓачот се забарикадирал во училиштето. По неуспешни преговори со безбедносните сили, тој извршил самоубиство. Во инцидентот се повредени вкупно 16 лица, меѓу кои ученици, наставници, полицаец и вработен во училиштето. Повредените се пренесени во болници, а дел од нив се со умерени повреди. Гувернерот на регионот потврди дека напаѓачот немал претходно криминално досие и дека училиштето претходно било оценето како безбедно. Надлежните институции веќе покренаа истрага, додека мотивот за нападот засега останува непознат. Според медиумите, вакви напади во образовни институции во Турција се ретки, што дополнително ја зголеми загриженоста во јавноста.


Пукотници во училиште во Турција, најмалку 16 лица повредени – видео

Пукотници во училиште во Турција, најмалку 16 лица повредени – видео

Најмалку 16 лица беа повредени кога ученик отвори оган во училиште во Турција. Во моментов се водат преговори со напаѓачот кој се забарикадирал во образовна институција и одбива да се предаде. Пукањето се случило во училиште во округот Сиверек во покраината Шанлиурфа. Стотици ученици биле евакуирани по инцидентот, а напаѓачот – за кого нема познати детали освен дека е ученик – пукал со ловџиска пушка, пишува британскиот весник „Дејли меил“. Телевизијата „НТВ“ објави дека се во тек преговори со напаѓачот, кој одбива да се предаде. Телевизиските снимки покажуваат голем број амбулантни возила пред училиштето, додека учениците панично бегаат од зградата. Според информациите од Турција, напаѓачот се самоубил после нападот.



Драма во турско училиште: Поранешен ученик со пушка пумпарица отворил оган, 16 повредени!

Драма во турско училиште: Поранешен ученик со пушка пумпарица отворил оган, 16 повредени!

Најмалку 16 лица се повредени во пукање што се случило во училиште во Сиверек, во југоисточниот дел на Турција, пренесува државната телевизија ТРТ Хабер. Гувернерот на регионот Хасан Шилдак соопшти дека во инцидентот, во кој се повредени 16 лица, поранешен ученик влегол во училиштето со пумпачка пушка и отворил оган наслучајно. Според официјалните информации, меѓу повредените има ученици, наставници, полицаец и вработен во училишната менза. Од вкупно 16 повредени, четворица се наставници, десет се ученици, еден е полициски службеник, а еден е управител на училишната кантина. „Како резултат на пукањето, повредени се 16 лица. За среќа, нема жртви“, изјави Шилдак пред медиумите пред државната болница во Сиверек. Тој додаде дека напаѓачот, роден во 2007 година, бил поранешен ученик во истото училиште. Според информациите, тој учел таму до деветто одделение, а потоа се префрлил во друго средно училиште. За време на полициската интервенција, напаѓачот бил опколен од безбедносните сили, по што, сфаќајќи дека ќе биде уапсен, си го одзел животот со огнено оружје. „Лицето беше притиснато од нашите полициски екипи. Кога сфати дека ќе биде фатен, изврши самоубиство“, изјави Хасан Шилдак. Надлежните институции започнале обемна истрага за инцидентот, која се води и на судско и на административно ниво. Засега не се познати мотивите за нападот. Според првичните проценки, училиштето не било класифицирано како објект со висок безбедносен ризик, поради што немало постојано присуство на полиција. Инцидентот предизвика силна вознемиреност во јавноста, додека властите најавуваат дека ќе ги разгледаат сите околности што довеле до ова сериозно нарушување на безбедноста во образовна установа.


Турција: Пукање во школо, има ранети

Турција: Пукање во школо, има ранети

Published: Tuesday, April 14, 2026 15:20 Сиверек : Утрото, во град во во југоисточната турска покраина Шанлиурфа, беше подигната тревога кога 19-годишен напаѓач влегол во средно стручно училиште и неселективно отворил оган, повредувајќи 16 лица, по што се самоубил за време на полициската операција. Инцидентот се случил во утринските часови во средното стручно и техничко училиште „Ахмет Којунџу“, кое се наоѓа во Сиверек. Според властите, сторителот, кој е идентификуван како 19-годишниот Омер Кет, влегол во училишниот комплекс вооружен со пушка и почнал да пука неселективно, предизвикувајќи паника кај учениците и наставниците. Гувернерот на Шанлиурфа, Хасан Силдак, изјави дека вкупно 16 лица се повредени, вклучувајќи четворица наставници, десет ученици, еден полицаец и вработен во училишната кафетерија. Тој рече дека нема жртви во нападот. Од 16 повредени, четворица,ндвајца наставници и двајца ученици, се во умерена состојба и се однесени во болници во центарот на покраината. Останатите 12 повредени продолжуваат со лекувањето во Државната болница Сиверек, рече Силдак.


Страшни сведоштва по пукањето во средно училиште во Турција: „Легнавме на земја, некои скокаа од прозорец“

Страшни сведоштва по пукањето во средно училиште во Турција: „Легнавме на земја, некои скокаа од прозорец“

Страшни сведоштва по пукањето во средно училиште во Турција: „Легнавме на земја, некои скокаа од прозорец“ Денес, во средно училиште во југоисточниот дел на Турција имаше вооружен напад од страна на поранешен ученик. Напаѓачот извршил самоубиство откако полицијата го опколила, но претходно ранил дури 16 лица. Мотивот уште се истражува, а инцидентот е огромен шок за јавноста особено бидејќи ваквите настани се реткост во Турција. Денес (14.04) во југоисточниот дел на Турција 19-годишен дечко почнал да стрела во неговото поранешно училиште со пушка, при што повредил најмалку 16 лица. Бруталниот напад се случил во средното стручно училиште Ahmet Koyncu во Сиверек. Гувернерот Хаса Силдак веднаш излезе со детали за нападот, откривајќи дека била повикана специјална единица, како и дека 19-годишниот напаѓач си го одзел животот. „Си го одзеде животот кога беше опколен од полицијата. Го евакуиравме училиштето и ќе спроведеме темелна истрага за овој трагичен инцидент“, сподели гувернерот. Според него, напаѓачот бил поранешен ученик во училиштето каде што поминал една година. Истовремено, тој немал никако криминално досие. На снимките од турските телевизии се гледаат полициски и амбулантни возила пред училиштето, а има и потресни инсерти од безбедносните камери на кои се гледа ако напаѓачот влегува внатре, а учениците почнуват да бегаат. Повредните ученици и наставници веднаш биле однесени во болница, додека за петмина се верува дека се во покритична состојба. За турската телевизија TRT се огласи еден од преживеаните ученици кој открива дека напаѓачот влегол во најмалку две училници. „Прво легнавме на земјата, потоа двајца соученици скокнаа од прозорецот. Не ни рече ништо, само влезе и почна да пука“. Друг сведок за турски медиум вели дека напаѓачот почнала со стрелање веднаш штом влегол во школскиот двор, а трет открива дека продолжил со пукањето и кога влегол внатре. „Како што влезе во дворот, почна да стрела со пушката што ја носеше. Прво стрелаше лево и десно, па кон училиштето. Потоа истрча внатре и пукаше кон секој што ќе застанеше пред него. Учениците врескаа, сите бегаа“. Од Министерството за внатрешни работи на Турција споделија дека го знаат идентитетот на напаѓачот. „Утрово во техничкото училиште Ahmet Koyuncu лоцирано во Сиверек, имаше напад со огнено оружје извршен од О.К. идентификуван како поранешен ученик во училиштето кој е роден во 2007 година. Според првичната истрага, 10 ученици, 4 наставници 1 полицаец и 1 вработен во училишната кафетерија се повредени, а повредените се однесени во болница. Лицето кое го изврши нападот со пушка изврши самоубиство со истото оружје по инцидентот“. Истрагата за инцидентот уште трае, а според некои извори, напаѓачот почнал да се расправа со ученик, заминал, па се вратил со оружје. Сепак, ова не е официјално потврдено. Мотивот уште е нејасен и претставува огромен шок за јавноста, особено бидејќи ваквите инциденти во Турција се ретка појава. Спирова С. | Црнобело Би можело да ве интересира:


Вооружен напад во училиште во Турција: 19-годишен напаѓач рани 16 лица па се самоуби

Вооружен напад во училиште во Турција: 19-годишен напаѓач рани 16 лица па се самоуби

Утрово во Сиверек, во југоисточната турска покраина Шанлиурфа беше подигната тревога кога 19-годишен напаѓач влегол во средно стручно училиште и неселективно отворил оган, повредувајќи 16 лица, по што се самоубил за време на полициската операција. Инцидентот се случил во утринските часови во средното стручно и техничко училиште „Ахмет Којунџу“, кое се наоѓа во Сиверек. Според властите, сторителот, кој е идентификуван како 19-годишниот Омер Кет, влегол во училишниот комплекс вооружен со пушка и почнал да пука неселективно, предизвикувајќи паника кај учениците и наставниците. Гувернерот на Шанлиурфа, Хасан Силдак, изјави дека вкупно 16 лица се повредени, вклучувајќи четворица наставници, десет ученици, еден полицаец и вработен во училишната кафетерија. Тој рече дека нема жртви во нападот. „Од 16 повредени, четворица – двајца наставници и двајца ученици – се во умерена состојба и се однесени во болници во центарот на покраината. Останатите 12 повредени продолжуваат со лекувањето во Државната болница Сиверек“, рече Силдак.


ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Нападот го најавил на социјални мрежи, позната е и причината - Детали за нападот во средно училиште во Турција

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Нападот го најавил на социјални мрежи, позната е и причината - Детали за нападот во средно училиште во Турција

Добивај вести на Viber Тежок вооружен инцидент ја потресе Турција – во градот Шанлиурфа, во општината Сиверек, дојде до пукање во средно училиште, при што најмалку 16 лица се повредени. Според информациите, 19-годишен поранешен ученик (со иницијали О. К.) пристигнал пред училиштето „Ахмет Којунџу“ вооружен со пушка и отворил оган кон ученици и наставници. Настанала паника, при што дел од повредените се здобиле со повреди обидувајќи се да избегаат од местото. Напаѓачот подоцна си го одзел животот. Tурските медиуми пишуваат дека се повредени најмалку 16 ученици, наставници и други вработени во училиштето – некои од самиот напад, а други додека бегале за да се заштитат. Особено загрижувачки е фактот што трагедијата била најавена. Само неколку дена пред нападот, младиот човек објавил заканувачка порака на социјалните мрежи, што дополнително ја шокира јавноста и отвора прашања дали нападот можел да се спречи. „Подгответе се, ќе има напад во ова училиште за неколку дена“ – најавил напаѓачот во коментар на социјалните мрежи. Според првичните информации од истрагата, се претпоставува дека мотивот бил поврзан со лични фрустрации и незадоволство, како и можни проблеми поврзани со училиштето и неговото минато како ученик таму. Иако точните причини сè уште се утврдуваат, надлежните не ја исклучуваат можноста за психолошки проблеми или чувство на одмазда, со оглед на тоа што напаѓачот бил префрлен во друго „јавно училиште“. Очевидци сведочат за сцени на хаос и страв – ученици панично бегале, додека наставниците се обидувале да ги заштитат. Итните служби брзо реагирале, а повредените биле пренесени во најблиските болници. Надлежните институции започнаа опсежна истрага за мотивите и околностите на нападот, додека јавноста во Турција е во шок од овој трагичен настан. РЖМ / Б. С. Б.


ПУКАЊЕ ВО УЧИЛИШТЕ во Турција, има ПОВРЕДЕНИ УЧЕНИЦИ

ПУКАЊЕ ВО УЧИЛИШТЕ во Турција, има ПОВРЕДЕНИ УЧЕНИЦИ

Најмалку 16 лица, меѓу кои и ученици, се ранети во пукање во училиште во турскиот град Сиверек, во округот Шанлиурфа во Југоисточна Турција, јави турската државна телевизија ТРТ хабер. Гувернерот на Шанлиурфа, Хасан Шилдак, изјави дека напаѓачот, роден во 2007 година, извршил самоубиство и починал за време на полициската интервенција. Во изјава за медиумите од пред државната болница во Сиверек, Шилдак изјави дека обемната истрага што започна по инцидентот продолжува и судски и административно. Давајќи информации за здравствената состојба на повредените во инцидентот, Шилдак рече дека меѓу нив има наставници, ученици, полицаец и оператор во менза. „Како резултат на пукањето, повредени се 16 лица. Од нив, четворица се наставници, 10 се ученици, еден е полицаец и еден е оператор во менза. За среќа, нема жртви“, вели тој. Тој сподели и детали за идентитетот и образовната заднина на лицето што го извршило делото. „Напаѓачот е поранешен ученик во ова училиште. Тој учел тука само до 9. одделение, а потоа се запишал во средното училиште. Ова лице, родено во 2007 година, било притиснато во училиштето од нашите полициски екипи за време на инцидентот. Кога сфатил дека ќе биде фатен, си го одзел животот со огнено оружје“, додава тој. Според него, сè уште не е можно да се даде изјава во врска со причината за инцидентот. Шилдак вели дека според проценката на ризикот, училиштето не било на високо ниво на ризик и затоа било без постојано присуство на полиција. © Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата Товарен брод е погоден со проектили во Оманскиот залив Кинески танкер под санкции на САД го помина Ормутскиот теснец и покрај блокадите


Пукање во средно училиште во Турција – има повредени ученици

Пукање во средно училиште во Турција – има повредени ученици

Најмалку седум лица, меѓу кои и ученици, се повредени кога вооружен маж денеска отворил оган во средно училиште во југоисточна Турција – јавија локалните медиуми. Мотивот за пукањето засега не е познат, пренесе ДПА. Неидентификуван напаѓач рано утрово со пушка влегол во училиштето во областа Сиверек, во провинцијата Шанлиурфа, и почнал да пука по случаен избор, јави новинската агенција „Демирорен“. Осомничениот се крие во училиштето и одбива да се предаде и покрај полициските предупредувања, се вели во извештајот. „Демирорен“ додава дека во тек се напори за негово убедување да им се предаде на властите. Властите ја зголемија безбедноста на местото на настанот, а во училиштето се испратени и медицински екипи.


Паника во турско училиште, најмалку 16 повредени во напад

Паника во турско училиште, најмалку 16 повредени во напад

Најмалку 16 лица се повредени во пукање во средно училиште во југоисточна Турција, во инцидент што повторно ја отвори темата за безбедноста во образовните установи. Нападот се случил во стручно училиште во округот Сиверек, во провинцијата Шанлиурфа, а меѓу повредените има ученици, наставници, полициски службеник и вработен во училишната кантрина. Според првичните информации од турските власти, напаѓачот бил поранешен ученик кој со пушка почнал да пука најпрво во училишниот двор, а потоа влегол и во зградата. По интервенцијата на полицијата и специјалните единици, тој бил опколен и потоа се самоубил. Дел од повредените биле згрижени во локални болници, а неколкумина биле префрлени и во поголем медицински центар во Шанлиурфа. Властите засега не соопштуваат што бил мотивот за нападот, но истрагата е веќе отворена. Гувернерот на провинцијата изјави дека училиштето претходно не било означено како безбедносно ризично, што дополнително ја зголемува загриженоста околу тоа како дошло до ваков пробив на насилство. Снимките што се појавија во турските медиуми покажуваат ученици како во паника го напуштаат училишниот комплекс додека пристигнуваат итните служби. Пукања во училишта се ретки во Турција, па токму затоа и овој случај предизвика силен шок во јавноста. Во земја во која ваквите напади не се честа појава, настанот во Сиверек веќе се третира како еден од најтешките инциденти од овој вид во последните години.


(Видео) Поранешен ученик рани најмалку 16 лица со пушка во училиште во Турција, а потоа се самоуби

(Видео) Поранешен ученик рани најмалку 16 лица со пушка во училиште во Турција, а потоа се самоуби

Тинејџер отворил оган во училиште, ранувајќи најмалку 16 лица, вклучувајќи ученици и наставници, во југоисточната турска покраина Шанлиурфи, пред да се самоубие, изјави гувернерот Хасан Шилдак за новинарите во понеделник, објавија новинските агенции. Поранешниот ученик, на возраст од 19 години, отворил оган со пушка кон учениците и наставниците во средното училиште. Повредените биле итно префрлени во болница во округот Сиверек, рече Шилдак. Дванаесет од повредените се уште се во болница. Мотивот за пукањето сè уште не е јасен. Тој пукал неселективно Младиот човек влегол во училиштето во округот Сиверек во покраината Шанлиурфи рано утрово и отворил оган неселективно, објави новинската агенција Демирорен. Осомничениот првично се скрил во училиштето и одбил да се предаде и покрај повиците од полицијата, се вели во извештајот, пред да се самоубие, додаде Шилдак.


Драма во Турција: Пукање во училиште, напаѓачот со пушка рани најмалку 18 лица

Драма во Турција: Пукање во училиште, напаѓачот со пушка рани најмалку 18 лица

На југот на Турција, утрово се случи вооружен инцидент во средно стручно училиште во округот Сиверек, кога вооружен маж наводно влегол во училишната зграда и отворил оган со пушка. Според „Дејли меил“, најмалку 18 лица се повредени, вклучувајќи и ученици. Турските медиуми наведуваат дека напаѓачот е поранешен ученик на училиштето и дека извршил самоубиство. Локалните медиуми неколку моменти пред тоа објавија дека напаѓачот останал во училишната зграда по пукањето, како и дека држел некои од учениците како заложници, објавува „Дејли меил“. Полицијата веднаш го блокираше поширокото подрачје и воведе строги безбедносни мерки, додека на терен беа испратени специјални полициски единици и тимови за итни случаи. На социјалните мрежи и локалните медиуми се појави видео на кое се гледа како учениците панично бегаат од зградата во моментот кога започна пукањето, објавува „Телеграф“.



(Видео) Драма во Турција: Маж со пушка влета во училиште, децата бегаат

(Видео) Драма во Турција: Маж со пушка влета во училиште, децата бегаат

Во Шанлиурфа, на југот на Турција, утрово се случи вооружен инцидент во средно стручно училиште во округот Сиверек, кога вооружен маж наводно влегол во училишната зграда и отворил оган од пушка. Според „Дејли меил“, најмалку 18 лица се ранети, вклучувајќи и ученици. Турските медиуми наведуваат дека напаѓачот е поранешен ученик на училиштето и дека извршил самоубиство. Локалните медиуми неколку моменти претходно објавија дека напаѓачот останал во училишната зграда по пукањето, како и дека држел некои од учениците како заложници. Полицијата веднаш го блокираше поширокото подрачје и воведе строги безбедносни мерки, додека специјални полициски единици и тимови за итни случаи беа испратени на терен.


Пукање во училиште во Турција, најмалку 16 лица повредени

Пукање во училиште во Турција, најмалку 16 лица повредени

Најмалку 16 лица се повредени во пукање во средно училиште во Сиверек, во турската покраина Шанлиурфа, откако поранешен ученик отворил оган во зградата. Според Reuters, повикувајќи се на гувернерот на Шанлиурфа, напаѓачот по нападот си го одзел животот. Меѓу повредените има 10 ученици, четворица наставници, еден полицаец и еден вработен во училишната менза. Дел од повредените биле пренесени во болница, а според AP, петмина се здобиле со потешки повреди. Инцидентот предизвикал паника, а стотици ученици биле евакуирани од зградата. Напаѓачот, за кого засега нема повеќе официјални детали освен дека е ученик, според објавата пукал со ловечка пушка. Телевизиските снимки покажуваат голем број возила на брзата помош пред училиштето и ученици кои во страв ја напуштаат зградата. Информациите првично беа објавувани со различни бројки за повредени од повеќе медиуми, но најцврсто потврдената бројка во моментов е најмалку 16 лица.


📽️ ХОРОР ВО ТУРЦИЈА, МАЖ ВЛЕТА СО ПУШКА ВО УЧИЛИШТЕ Поранешниот ученик повредил 16 лица

📽️ ХОРОР ВО ТУРЦИЈА, МАЖ ВЛЕТА СО ПУШКА ВО УЧИЛИШТЕ Поранешниот ученик повредил 16 лица

Вооружен млад човек влегол во училиште на југот на Турција и отворил оган од пушка со скратена цевка, пишуваат турските медиуми. Најмалку 16 лица, меѓу кои и ученици, се ранети. Се наведува дека станува збор за поранешен ученик, а според дел од извештаите, тој имал 18 години. „Напаѓачот по инцидентот извршил самоубиство“, пренесуваат медиумите во врска со страшниот инцидент ов средното стручно училиште во округот Сиверек, во Шанлиурфа. Причината за пукањето што се случи утрово сè уште не е јасна. Познато е дека напаѓачот бил роден во 2007 година, учел во училиштето до деветто одделение, по што се префрлил во друго училиште. Според извештаите, напаѓачот користел ловечка пушка. Според порталот „Хуриет“, очевидци соопштиле дека биле земени заложници, меѓу кои имало и ученици. Друг дел од учениците кои се наоѓале во зградата се обиделе да побегнат скокајќи низ прозорците. Првично напаѓачот, кој се криел во самото училиште, одбил да се предаде по предупредувањето од полициските екипи испратени на местото. Потоа биле ангажирани и специјалните единици. По пукањето, започнала полициска акција. Целиот реон е блокиран од силни полициски сили. Амбулантни возила постојано пристигнуваат на местото на настанот. На социјалните мрежи се појавија и вознемирувачки снимки од инцидентот. Гувернерот на Шанлиурфа соопшти дека во моментов продолжува болничкото лекување на 12 од повредените. Од нив четворица се наставници, 10 се ученици, еден е полициски службеник, а еден е вработен во училишната менза.



ДРАМА ВО УЧИЛИШТЕ: Ученик влегол и почнал да пука - има повредени!

ДРАМА ВО УЧИЛИШТЕ: Ученик влегол и почнал да пука - има повредени!

Најмалку 16 лица се повредени откако 19-годишен поранешен ученик отворил оган во училиште во Турција, а според последните информации, напаѓачот потоа си го одзел животот. Инцидентот се случил во стручно-техничкото училиште „Ахмет Којуџу“ во округот Сиверек, во провинцијата Шанлиурфа, на југоистокот од земјата. Според извештаите, напаѓачот влегол во училишната зграда и почнал да пука со пушка, при што настанала паника и хаос меѓу учениците и наставниците. Учениците во паника бегале од зградата, додека на местото веднаш пристигнале бројни екипи на итната помош и специјални полициски единици. Училиштето било евакуирано, а сите повредени биле итно префрлени во болницата во Сиверек. Гувернерот на Шанлиурфа, Хасан Шилдак, потврдил дека меѓу повредените има ученици, наставници, еден полицаец и работник во училишната кантина. Тој додал дека напаѓачот извршил самоубиство кога полицијата се обидела да го уапси. Според информациите, станува збор за поранешен ученик кој го напуштил училиштето по деветто одделение, а подоцна се запишал во отворена средношколска програма. Засега нема дополнителни информации.



Неколкумина повредени во пукање во средно училиште во Турција

Неколкумина повредени во пукање во средно училиште во Турција

Најмалку седум лица, меѓу кои и ученици, се повредени кога вооружен маж денеска отворил оган во средно училиште во југоисточна Турција – јавија локалните медиуми. Мотивот за пукањето засега не е познат, пренесе ДПА. Неидентификуван напаѓач рано утрово со пушка влегол во училиштето во областа Сиверек, во провинцијата Шанлиурфа, и почнал да пука по случаен избор, јави новинската агенција „Демирорен“. Осомничениот се крие во училиштето и одбива да се предаде и покрај полициските предупредувања, се вели во извештајот. „Демирорен“ додава дека во тек се напори за негово убедување да им се предаде на властите. Властите ја зголемија безбедноста на местото на настанот, а во училиштето се испратени и медицински екипи. МИА


Неколкумина повредени во пукање во средно училиште во Турција

Неколкумина повредени во пукање во средно училиште во Турција

Најмалку седум лица, меѓу кои и ученици, се повредени кога вооружен маж денеска отворил оган во средно училиште во југоисточна Турција – јавија локалните медиуми. Мотивот за пукањето засега не е познат, пренесе ДПА. Неидентификуван напаѓач рано утрово со пушка влегол во училиштето во областа Сиверек, во провинцијата Шанлиурфа, и почнал да пука по случаен избор, јави новинската агенција „Демирорен“. Осомничениот се крие во училиштето и одбива да се предаде и покрај полициските предупредувања, се вели во извештајот. „Демирорен“ додава дека во тек се напори за негово убедување да им се предаде на властите. Властите ја зголемија безбедноста на местото на настанот, а во училиштето се испратени и медицински екипи.