На првиот ден од штрајкот на пилотите на Луфтханза откажани над 700 летови
Дводневниот штрајк на пилотите на Луфтханза веќе предизвика бројни откажувања на летови уште првиот ден, но благодарение на вонредниот распоред на летови, компанијата успеа да реализира 50 проценти од интерконтиненталните летови, објави денес Луфтханза. „Луфтханза работи со полна пареа за да ги намали последиците од штрајкот за своите патници“, објави администрацијата на Луфтханза. Одржувањето на две третини од континенталните и 50 проценти од интерконтиненталните летови беше постигнато со префрлање на врските кон компании во рамките на Луфтханза, како што се „Аустриан ерлајнс“, „Свис“ или „Ита ервејс“. И покрај ова, беа откажани над 700 летови, повеќето од нив во центрите на Луфтханза во Франкфурт и Минхен. Дводневниот штрајк, кој започна на полноќ во понеделник и е предвидено да трае до крајот на вторник, го свика синдикатот на пилоти, Здружението на пилотите „Кокпит“. Синдикатот сака да штрајкува за да добие повеќе плаќања во третиот пензиски столб од работодавачот, со кого преговара за колективен договор. Пилотите од групацијата „Луфтханза“, во која е вклучена и компанијата „Еуровингс“, чии пилоти штрајкуваат само денес, се поканети да учествуваат во штрајкот. „Луфтханза“ остро го критикуваше штрајкот, опишувајќи ги барањата на синдикатот како „целосно прекумерни и нереални“. „Синдикатот бара двојно зголемување на веќе надпросечните плаќања во пензискиот систем“, се вели во соопштението на Луфтханза. Тековниот пилотски штрајк е трет штрајк од оваа рунда преговори за колективен договор.
Штрајк во „Луфтханза“: Откажани стотици летови во Германија
Пилотите на германската авиокомпанија „Луфтханза“ започнаа дводневен штрајк што предизвика сериозни нарушувања во воздушниот сообраќај. Штрајкот, кој ги опфаќа пилотите на главниот бренд, како и на „Луфтханза карго“ (Lufthansa Cargo) и „Луфтханза ситилајн“ (Lufthansa CityLine), започна веднаш по полноќ и ќе трае 48 часа. Во авиокомпанијата „Евровингс“ (Eurowings), сите полетувања од германските аеродроми ќе бидат погодени само во текот на денешниот ден. Се очекува откажување на стотици летови денеска и утре, при што најпогодени се главните сообраќајни центри во Франкфурт и Минхен. Ова е четврти бран штрајкови во групацијата од почетокот на годинава. Минатата недела, еднодневен штрајк на кабинскиот персонал доведе до масовни откажувања на летовите. Штрајкот е организиран од синдикатот „Ферајнигунг Кокпит“ и се однесува на платите, пензискиот систем и надоместоците во регионалната подружница „Ситилајн“. Од „Луфтханза“ оценија дека најавата за штрајк претставува ново ниво на ескалација во спорот. Летовите кон одредени дестинации на Блискиот Исток се изземени од штрајкот.
ПРАЗНО НЕБОТО НАД ГЕРМАНИЈА, итен АПЕЛ ДО СИТЕ патници
Пилотите на германскиот авиопревозник „Луфтханза“ и нејзините подружници „Карго“ и „Ситилајн“ започнаа масовен дводневен штрајк, кој предизвика сериозен колапс во воздушниот сообраќај. Протестот, кој започна кратко по полноќ, се очекува да трае до вторник навечер, оставајќи во неизвесност повеќе од 50.000 патници. Според проценките, штрајкот ќе приземји најмалку 80 проценти од планираните летови, пред сè од главните центри во Франкфурт и Минхен. Компанијата упати апел до сите патници да го проверат статусот на своите летови пред да тргнат кон аеродромите, нагласувајќи дека оние со откажани резервации ќе бидат дополнително информирани. Причина за работниот спор е незадоволството на синдикатот од пензискиот план и работните услови. Од друга страна, раководството на „Луфтханза“ го оцени штрајкот како „апсурдна ескалација“, тврдејќи дека барањата за зголемување на пензиските програми се финансиски неостварливи. © Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата Поразот на Орбан ЌЕ ГО ЗАБРЗА РАСПАДОТ НА ЕУ, вели Дмириев Орбан го призна поразот КОЈ Е ПЕТАР МАЃАР, неговиот наследник
„Луфтханза“ во штрајк, откажани стотици летови во Германија
Пилотите на германскиот авиопревозник „Луфтханза“ стапија во дводневен протест, кој предизвика значителни прекини во воздушната комуникација. Протестот, кој ги опфаќа пилотите на основната компанија, како и на „Луфтханза карго“ (Lufthansa Cargo) и „Луфтханза ситилајн“ (Lufthansa CityLine), започна непосредно по полноќ и ќе продолжи во наредните 48 часа. Во рамките на авиокомпанијата „Евровингс“ (Eurowings), сите полетувања од германски аеродроми ќе бидат зафатени само во текот на денешниот ден. Се предвидува одложување или откажување на стотици летови денеска и утре, при што најмногу ќе бидат засегнати клучните транспортни центри во Франкфурт и Минхен. Ова е четврти бран протести во корпорацијата од почетокот на тековната година. Минатата недела, еднодневен штрајк на кабината посада резултираше со масовно откажување на летовите. Протестот е организиран од синдикатот „Ферајнигунг Кокпит“ (Vereinigung Cockpit) и се фокусира на прашањата околу платите, пензиското осигурување и надоместоците во подружницата „Ситилајн“. Од „Луфтханза“ сметаат дека најавата за протест означува ново ниво на заострување во несогласувањата. Летoвите до одредени дестинации на Блискиот Исток се ослободени од штрајкот. Извор: МИА

ДВОДНЕВЕН ШТРАЈК НА „ЛУФТХАНЗА“ Се очекува откажување на летови од Минхен и од Франкурт
Пилотите на германската авиокомпанија „Луфтханза“ започнаа дводневен штрајк што предизвика сериозни нарушувања во воздушниот сообраќај. Штрајкот, кој ги опфаќа пилотите на главниот бренд, како и на „Луфтханза карго“ (Lufthansa Cargo) и „Луфтханза ситилајн“ (Lufthansa CityLine), започна веднаш по полноќ и ќе трае 48 часа. Во авиокомпанијата „Евровингс“ (Eurowings), сите полетувања од германските аеродроми ќе бидат погодени само во текот на денешниот ден. Се очекува откажување на стотици летови денеска и утре, при што најпогодени се главните сообраќајни центри во Франкфурт и Минхен. Ова е четврти бран штрајкови во групацијата од почетокот на годинава. Минатата недела, еднодневен штрајк на кабинскиот персонал доведе до масовни откажувања на летовите. Штрајкот е организиран од синдикатот „Ферајнигунг Кокпит“ и се однесува на платите, пензискиот систем и надоместоците во регионалната подружница „Ситилајн“. Од „Луфтханза“ оценија дека најавата за штрајк претставува ново ниво на ескалација во спорот. Летовите кон одредени дестинации на Блискиот Исток се изземени од штрајкот.
Пилотите на Луфтханза одат во штрајк: Откажувања и хаос на летовите
Пилотите на германската авиокомпанија Луфтханза најавија дводневен штрајк кој ќе започне на полноќ и ќе трае до вторник, што се очекува да предизвика сериозни нарушувања во авионскиот сообраќај. Штрајкот, организиран од синдикатот Удружението Кокпит, ќе ги опфати и компаниите во рамки на групацијата, вклучувајќи ги CityLine и Eurowings. Причината за протестот е незадоволството од тековните преговори за колективен договор, при што синдикатот тврди дека управата не понудила сериозно решение за барањата на пилотите. Претседателот на синдикатот, Андреас Пињеиро, порача дека штрајкот може да се избегне доколку компанијата излезе со подобра понуда. Од друга страна, раководството на Луфтханза остро ја критикува одлуката, оценувајќи ја како непотребна ескалација и тврдејќи дека барањата на пилотите се нереални, особено во делот за значително зголемување на придонесите за пензиско осигурување. Дополнително, тензиите во компанијата се зголемуваат откако и кабинскиот персонал веќе одржа штрајк, што доведе до откажување на десетици летови. Се очекува протестите да продолжат и во наредните денови, вклучително и најавено учество на пилотите на протест по повод 100-годишнината на компанијата во Франкфурт, каде ќе присуствува и германскиот канцелар Фридрих Мерц.
Пилотите на „Луфтханза“ стапуваат во дводневен штрајк
Пилотите на авиокомпанијата Луфтханза ќе штрајкуваат во понеделник и вторник, а прекинот на работата ќе ги погоди и компаниите во рамките на Луфтханза, како што се„Ситилајн“ и „Еуровингс“, објави синдикатот на пилоти Udruga Cockpit. „Ги повикуваме нашите членови да стапат на дводневен штрајк што би започнал на полноќ во недела и би траел до полноќ во вторник“, објави синдикатот. Повикот за штрајк беше оправдан со тврдењето дека во тековните преговори за колективниот договор „работодавачот не дал никаков сериозен предлог“. „Раководството на „Луфтханза“ може да избегне штрајк во секое време со посериозна понуда во преговорите“, рече претседателот на синдикатот на пилоти Андреас Пињеиро. Раководството на Луфтханза остро го критикуваше објавувањето на штрајкот и зборува за „целосно непотребна ескалација“. „Вашето основно барање за удвојување на износот на придонесите во дополнителната пензиска шема, која веќе е неспоредлива во индустријата, е апсурдно и неостварливо“, се вели во соопштението на менаџментот на „Луфтханза“. Кокпит ги повика своите членови да им се придружат на своите колеги од синдикатот на кабинскиот персонал UFO во среда на протестот планиран за одбележување на 100-годишнината од „Луфтханза“ во Франкфурт, на кој ќе присуствува и канцеларот Фридрих Мерц. Кабинскиот персонал на Луфтханза штрајкуваше во петокот, што предизвика откажување на десетици летови
Хаос во авиосообраќајот: Штрајк во „Луфтханза“ и скок на цените на летовите
Пилотите на Луфтханза ќе стапат во дводневен штрајк во понеделник и вторник, поради недостиг од договор со работодавачот во повеќе тарифни спорови, што ќе доведе до бројни нарушувања во авио-сообраќајот. Пилотите се повикани на штрајк кој ќе трае од понеделник во 00:01 часот до вторник во 23:59 часот, соопшти синдикатот „Кокпит“ (Ферајнигунг Кокпит), пренесува Шпигел. На прекин на работа се повикани членови на синдикатот во компаниите: Дојче Луфтханза АГ, Луфтханза Карго АГ, Луфтханза СитиЛајн ГмбХ, како и Јуровингс ГмбХ. Претседателот на синдикатот, Андреас Пињеиро, изјави дека синдикатот е принуден на ваков чекор бидејќи работодавачите не покажале подготвеност за решавање на споровите. „И покрај свесното воздржување од штрајк за време на велигденските празници, не добивме сериозни понуди. Во тој период немаше ни одговор, ниту видлива подготвеност за разговор од страна на работодавачите“, изјави Пињеиро. Според синдикатот, во Луфтханза и Луфтханза Карго не е понудено решение за дополнително пензиско осигурување на вработените, додека во Луфтханза СитиЛајн нема одржлива понуда за нов колективен договор за плати. Во Јуровингс, како што се наведува, предложеното решение за пензиско осигурување е неприфатливо и „на толку ниско ниво што едвај го заслужува тој назив“. Синдикатот нагласи дека останува отворен за преговори и порача дека работодавачите можат во секој момент да го спречат штрајкот со прифатливи понуди. „Штрајкот секогаш е последно средство за придвижување на неуспешните преговори. Би сакале да го избегнеме, особено поради товарот врз патниците и вработените на земја, но одговорноста е на страната на работодавачот“, додаде Пињеиро. Поради актуелната ситуација на Блискиот Исток, од штрајкот се изземени летовите од Германија кон одредени дестинации, меѓу кои Азербејџан, Египет, Бахреин, Ирак, Израел, Јемен, Јордан, Катар, Кувајт, Либан, Оман, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, соопшти компанијата. Авиобилетите поскапуваат, летовите се откажуваат Наглото поскапување на млазното гориво – од околу 85-90 на дури 150-200 долари за барел во последните недели – ги принуди авиокомпаниите ширум светот да реагираат со зголемување на цените на билетите. Покрај поскапувањата, превозниците воведуваат и дополнителни такси, како и ревизија на деловните планови, пренесува „Ројтерс“. Меѓу најпогодените се „Ер Франс“, која најавува повисоки цени за долги релации, „Делта ерлајнс“, која паралелно го намалува капацитетот и ги зголемува надоместоците за багаж, како и „Јунајтед ерлајнс“, која ги кратат непрофитабилните линии и ги зголемува трошоците за патниците. „Ер Индија“ воведува нов систем на доплати за гориво, додека „Ер Њу Зеланд“ ги намалува летовите и ја повлекува годишната прогноза за заработка. Во Европа, „Луфтханза“ заедно со партнерот „Туркиш ерлајнс (Сан Експрес)“ воведуваат дополнителни такси на европските рути, додека „Бритиш ервејс“ (IAG) засега го одложува поскапувањето. Во азискиот регион, „Катеј Пацифик“, „ИндиГо“ и „Чајна Истерн“ воведуваат или ги зголемуваат доплатите за гориво, додека „САС“ и „Изиџет“ предупредуваат дека следуваат нови поскапувања и можно кратење на мрежата. Авиокомпаниите алармираат дека доколку трендот на раст на цените продолжи, тоа дополнително ќе ја намали профитабилноста и ќе предизвика нов бран поскапувања за патниците. Во меѓувреме, според најновиот извештај на „Евроконтрол“, европските аеродроми и понатаму се соочуваат со значителни доцнења, и покрај благо подобрување на точноста. Лисабон, Цирих и Ница се меѓу најпроблематичните аеродроми, при што Лисабон бележи најлош резултат – само 49 проценти од летовите полетале навреме, објави „Евроњуз“. Како главни причини се наведуваат пренатрупан воздушен сообраќај, ограничувања на рутите, временски услови и работа на аеродромите со речиси максимален капацитет. Од друга страна, Берген, Осло, Стокхолм, Копенхаген и Лајпциг се издвојуваат како најточни аеродроми, со над 80 проценти навремени полетувања. Извештајот посочува дека Истанбул, Амстердам Шипхол, Лондон Хитроу и парискиот „Шарл де Гол“ остануваат најпрометните европски центри, додека вкупниот воздушен сообраќај е во пораст споредено со минатата година. Во просек, дневно се реализираат околу 30.000 летови, а во шпицот на сезоната од мај до август бројката достигнува и до 35.000. Според податоците, „Рајанер“ е најпрометната авиокомпанија со околу 3.192 летови дневно, следена од „Изиџет“ со 1.611 и „Туркиш ерлајнс“ со 1.559 летови. Зад нив се „Луфтханза“ со 1.083 и „Ер Франс“ со 1.061 лет дневно, пренесува „Танјуг“.