По поразот на Орбан акциите на компанијата 4iG паднаа за 17 проценти во еден ден

По поразот на Орбан акциите на компанијата 4iG паднаа за 17 проценти во еден ден

Уште првиот ден по поразот на Виктор Орбан на изборите се реди долга низа губитници во Унгарија. И во политиката и во бизнисот. Најголем губитник на денот беше берзанската холдинг компанија„Опус“, чиј сопственик е најбогатиот Унгарец, Лоринц Месарош, инаку другар од училишните денови на Орбан.  „Опус“ поседува радио станици, телевизии, весници, големи имоти во туризмот, земјоделството, енергијата. Акциите на компанијата паднаа за речиси 30 проценти. Меѓу големите губитници на берзата е 4iG, компанија која многу блиска на Фидес и гигант во телекомуникациите, одбраната… и има голема државна поддршка. Нејзините акции паднаа за 17 проценти. 4iG по брза постапка стана трет мобилен оператор во Македонија, користејќи ги исклучително блиските врски меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Фидес. За разлика од бизнисите поврзани со економската аристократија на Фидес, компаниите што работат – во најголем дел – независно од државата, постигнаа исклучително добри резултати. Победник на денот беше банката ОТП, која е најголема во државата. Нејзините акции пораснаа за 8 проценти. И нафтената компанија МОЛ имаше добри резултати (7 проценти пораст), а добро помина и Маѓар телеком.


Европските берзи паднаа

Европските берзи паднаа

На европските берзи цените на акциите паднаа бидејќи, по неуспешните мировни преговори меѓу САД и Иран, пазарите повторно се несигурни. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше за 0,7 проценти понизок во 9:30 часот наутро, губејќи дел од добивките од минатата недела. Утрово, лондонскиот индекс FTSE падна за 0,43 проценти, на 10.556 поени, додека франкфуртскиот DAX падна за 0,94 проценти, на 23.580 поени, а парискиот CAC падна за 0,88 проценти, на 8.186 поени. Crobex падна и на Загрепската берза, а тргувањето е претпазливо, како што е случајот и на светските пазари. Околу 10:30 часот, индексот Crobex падна за 0,18 проценти, на 3.900 поени, додека Crobex10 падна за 0,19 проценти, на 2.490 поени. Со тоа, индексите изгубија дел од добивките од минатата недела, кога пораснаа за повеќе од 1,6 проценти, објавува Хина. До 10:30 часот, редовниот промет на акциите изнесуваше околу 250.000 евра, објавува Financije.hr.


Европските индекси во минус: Инвеститорите стравуваат по неуспешните мировни преговори

Европските индекси во минус: Инвеститорите стравуваат по неуспешните мировни преговори

На европските берзи во понеделник наутро цените на акциите паднаа бидејќи, по неуспешните мировни преговори меѓу САД и Иран, на пазарите повторно владее неизвесност. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции падна за 0,7 проценти во 9:30 часот наутро, губејќи дел од добивките од минатата недела. Утрово, лондонскиот индекс FTSE изгуби 0,43 проценти, на 10.556 поени, додека франкфуртскиот DAX се лизна за 0,94 проценти, на 23.580 поени, а парискиот CAC за 0,88 проценти, на 8.186 поени. Цените на акциите паднаа и на азиските берзи. Индексот MSCI на акциите од Азиско-пацифичкиот регион падна за околу 1 процент во 9:30 часот наутро. Во исто време, цените на акциите во Австралија, Хонг Конг, Јапонија, Јужна Кореја и Индија паднаа помеѓу 0,4 и 1,1 процент. Во Шангај, сепак, тие малку се зголемија. По силниот скок од минатата недела, благодарение на договорот за двонеделно примирје меѓу САД и Иран, цените на акциите повторно паднаа утрово. Имено, на пазарите повторно владее неизвесност бидејќи не беше постигнат договор меѓу американските и иранските преговарачи за условите за траен мир во Исламабад во саботата. „Условите на пазарот сега се речиси исти како што беа пред договорот за прекин на огнот. Клучното прашање е дали САД ќе ги обноват нападите врз Иран, што го зголемува ризикот од напади врз енергетската инфраструктура во регионот. А последиците од ова би се почувствувале долго по завршувањето на таа војна“, вели Саул Кавоник, аналитичар во MST Marquee.