24 разговор: Што ќе значат промените во Унгарија за Македонија?
Падот на Орбан ќе има влијание врз македонско-унгарскиот однос. Особено ќе биде интресено прашањето за статусот на политичкиот азилант Никола Груевски. Ова се поентите од разговорот со аналитичарот Мерсел Биљали.
Реакции и оценки: Што ќе значи поразот на Орбан и победата на Маѓар за ЕУ и Македонија?
Падот на Орбан може да се одрази на односите меѓу Будимпешта и Скопје оценуваат дел од аналитичарите. Велат промената на власта во Унгарија сама по себе отвара нови страници и за европска и меѓународната политика, а во однос на Македонија аналитичарот Мерсел Биљали во разговор за ТВ 24 вели дека земјите кои важеле за блиски до Унгарија во времето на Орбан нема да му бидат таргет на Маѓар. Ова повторно го враќа во фокус и политичкиот азил на екс премиерот Никола Груевски откако Маѓар во првата изјава која ја даде за тамошните медиуми најави борба против криминалот и корупцијата но и како што рече нема да дозволи Унгарија повеќе да биде скривалиште на политички бегалци. Сето ова според Биљали нема да биде тешко за Маѓар кој веќе има две третини во парламентот . Маѓар и вчера во својата изјава најави екстрадиција на политичари чии држави односно судски инстанци ги бараат да се вратат кај нив спомнувајќи го името на поранешниот полски министер за правда и неговиот помошник Петар Маѓар - Унгарија повеќе нема да биде засолниште на политичари кои се барани со правосудни органи во нивните држави како што се поранешниот министер за правда на Полска Зјобро и неговиот заменик Романовски . И двајцата добија засолниште овдека во Унгарија со поддршка на владата на Виктор Орбан . Ваквата практика мора да заврши бидејќи Унгарија треба да биде партнер на правдата а не прибежиште од неа. Сепак директно Маѓар не го спомна екс премиерот Груевски во неговото обраќање . Од друга страна и дома кај нас реакции . Опозициската СДСМ пак во својата реакција наведува СДСМ - Со падот на режимот на Орбан во Унгарија, наскоро може да дојде до целосно откривање на сите тајни бизнис комбинации меѓу Орбан и Мицкоски. Мицкоски ги стави стратешките интереси на Македонија во рацете на Орбан – не за државата, туку за свои лични и бизнис интереси. Сега, кога Орбан падна, сите овие тајни договори и бизнис комбинации ќе излезат на виделина. Сите овие договори мора да бидат детално истражени. Од Владејачката ВМРО-ДПМНЕ пак на реакцијата на СДСМ возвратија ВМРО-ДПМНЕ - Филипче, помалку грижи се за избори и изборни резултати во други држави. Засукај ги ракавите и стави ја својата партија, на здрави нозе, ако може да се каже дека е твоја, бидејќи ти си таму само чувар на фотелјата. И тоа е пред се важно, бидејќи за развој на една држава потребна е здрава опозициска партија, опозициска партија која стои на свои нозе. Само така ќе помогнете во и за државата и за граѓаните“. Односите меѓу Скопје и Будимпешта периодов особено ќе бидат под лупа на јавноста по падот на Орбан кој 16 години беше на власт во Унгарија . Ова отвара низа прашања поврзани со бизнис и кредитната врска која ја имаат двете земји , но и политичкиот азил а подоцна и државјанство односно пасошот кој екс премиерот Груевски го доби од Унгарија .


