(ФОТО) Воскресна вечерна Богослужба во храмот Св. Софија

(ФОТО) Воскресна вечерна Богослужба во храмот Св. Софија

ВОСКРЕСНА ВЕЧЕРНА БОГОСЛУЖБА Неговото Високопреосвештество Митрополитот на Дебарско-кичевската епархија г.Георгиј, во храмот Св. Софија – Охрид, отслужи Воскресна вечерна богослужба со читање на евангелието на различни јазици.


Католиците во Струмица го дочекаа Христовото воскресение во Катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“

Католиците во Струмица го дочекаа Христовото воскресение во Катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“

Католичките верници во Струмица синоќа го дочекаа Христовото воскресение со свечено велигденско бдение и света Литургија во Катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“. По повод празникот Воскресение Христово, Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх Киро Стојанов служеше воскресна света Литургија, на која присуствуваа бројни верници. Велигденското бдение започна со благослов на огнот пред катедралната црква, по што воскресната свеќа беше внесена во храмот, симболизирајќи ја светлината на Христовото воскресение. Во својата велигденска проповед, епископот Стојанов истакна дека Воскресението Христово претставува голема и радосна вест, како за секој човек лично, така и за целиот човечки род. Тој нагласи дека по Христовото Воскресение, историјата на човештвото и историјата на спасението добиваат нова смисла, а животот на верниците се одвива меѓу двете големи вистини на верата – Христовото Воскресение и Неговото повторно доаѓање во слава. Епископот Стојанов упати и порака на охрабрување до верниците, посочувајќи дека ова е време во кое христијаните се повикани да Го наследуваат Воскреснатиот Христос, со својот живот да ја сведочат, живеат и пренесуваат верата. ФОТОГАЛЕРИЈА




СИЉАНОВСКА НА ЛИТУРГИЈА НА ПЛАОШНИК: Озарена од светлината на свеќите, со молитвено смирение го дочекав Христовото воскресение

СИЉАНОВСКА НА ЛИТУРГИЈА НА ПЛАОШНИК: Озарена од светлината на свеќите, со молитвено смирение го дочекав Христовото воскресение

Претседателката Гордана Силјановска Давкова птисуствуваше на вечерната литургија во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ на Плаошник, Охрид.




ВИДЕО- Во храмот „Св. Петка“ во Прилеп, по четврти пат се отслужи велигденската дневна Божествена Литургија

ВИДЕО- Во храмот „Св. Петка“ во Прилеп, по четврти пат се отслужи велигденската дневна Божествена Литургија

Денес, во храмот „Св. Петка“ во Прилеп, по четврти пат се отслужи велигденската дневна Божествена Литургија, како продолжение на радоста од полноќната воскресенска богослужба. Оваа Литургија е особено значајна за оние верници кои не биле во можност да присуствуваат на полноќната служба, а пред сè за најмладите, кои тешко можат да учествуваат во ноќните богослужби. Токму затоа, оваа Литургија им овозможува и ним да се причестат и да се соединат со Христа Воскреснатиот, доживувајќи ја полнотата на велигденската радост. Особено радува фактот што денес повеќе од двесте деца и возрасни пристапија кон Светата Причест. Ова сведочи дека оваа Литургија веќе го најде свото место во богослужбениот живот на нашиот град, како одгвор на живата потреба и интерес на верниот народ. Христос Воскресе! Навистина Воскресе! Search


Илјадници прилепчани ги исполнија црковните храмови за да ја слушнат радосната вест за Христовото вocкpeceние

Илјадници прилепчани ги исполнија црковните храмови за да ја слушнат радосната вест за Христовото вocкpeceние

Прилепчани верни на традицијата синоќа ги преполнија дворовите на црковните храмови во градот Илјадници граѓани синоќа во кругот на црковните храмови ја дочекаа радосната вест за Христовото воскресение. Храмот Св. Петка беше претесен за да ги собере сите верници, кои по олабавувањето на пандемиските мерки оваа година дојдоја во многу поголем број. Ништо поразлично не беше ниту во останатите црковни храмови Св. Благовештение, Св. Кирил и Методиј и Св. Преображение. За многу години! ХРИСТОС ВОСКРЕСНА! НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА! Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ, ВИСТИНА ВОСКРЕСЕ: Православните христијани денеска го слават Велигден – Христовото воскресение

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ, ВИСТИНА ВОСКРЕСЕ: Православните христијани денеска го слават Велигден – Христовото воскресение

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.