Флик: Веруваме во триумф

Флик: Веруваме во триумф

Утре со почеток во 21:00 часот, се играат реванш дуелите од елиминационата фаза во Лигата на Шампионите. Атлетико е домаќин и ќе го пречека тимот на Барселона во третиот меѓусебен дуел во само десетина дена. На првиот меч Атлетико победи со 2:0, и е на прагот да се пласира во следната фаза, но сепак, далеку од тоа дека е се готово. Тренерот на Барселона Ханси Флик на официјалната прес конференција пред утрешниот дуел изјави дека верува во неговиот тим и во евентуалниот успех. „Не е финале, но сакам да победам, би сакал да победам и тоа е она што сакам да го направам. Веруваме во тоа и сме 100% фокусирани. Навивачите знаат што е потребно. Верувам во мојот тим и дека можеме да го направиме тоа можно. Можно е, зошто да не? Атлетико е силен, но ни треба силна одбрана. Мора да бидеме силни и во нападот, но ако ги погледнете последните неколку натпревари, ќе видите дека ќе биде поинаков натпревар“ – изјави Флик па додаде, „Јамал игра многу добро, многу сум среќен. Му реков дека е најдобар во светот во моментов. Мора да му дадеме можност да се пробие. И претходно реков дека мора да играме како тим, како еден. Не се грижам за индивидуалните играчи. Неодамна реков дека натпреварите се одлучуваат според моментумот и се надевам дека тој ќе биде на наша страна утре“, додаде Германецот па поентираше. „ Она што сакам да го видам е односот помеѓу тимот и навивачите. Противниците ги почитуваат нашите настапи во последните години и ова може да има влијание врз нашиот тим. Секоја личност и секоја позитивна работа е важна. Имам чувство дека сè е во ред. Имаме квалитет, во натпреварите против Атлетико честопати бевме подобриот тим“, додаде Флик. sportmedia.mk © Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата Едвај даде два гола, но Јувентус за него плати 40 милиони евра ЛШ: Винчиќ ќе го суди реваншот меѓу Баерн и Реал


Флик: Веруваме во триумф

Флик: Веруваме во триумф

Утре со почеток во 21:00 часот, се играат реванш дуелите од елиминационата фаза во Лигата на Шампионите. Атлетико е домаќин и ќе го пречека тимот на Барселона во третиот меѓусебен дуел во само десетина дена. На првиот меч Атлетико победи со 2:0, и е на прагот да се пласира во следната фаза, но сепак, далеку од тоа дека е се готово. Тренерот на Барселона Ханси Флик на официјалната прес конференција пред утрешниот дуел изјави дека верува во неговиот тим и во евентуалниот успех. „Не е финале, но сакам да победам, би сакал да победам и тоа е она што сакам да го направам. Веруваме во тоа и сме 100% фокусирани. Навивачите знаат што е потребно. Верувам во мојот тим и дека можеме да го направиме тоа можно. Можно е, зошто да не? Атлетико е силен, но ни треба силна одбрана. Мора да бидеме силни и во нападот, но ако ги погледнете последните неколку натпревари, ќе видите дека ќе биде поинаков натпревар“ – изјави Флик па додаде, „Јамал игра многу добро, многу сум среќен. Му реков дека е најдобар во светот во моментов. Мора да му дадеме можност да се пробие. И претходно реков дека мора да играме како тим, како еден. Не се грижам за индивидуалните играчи. Неодамна реков дека натпреварите се одлучуваат според моментумот и се надевам дека тој ќе биде на наша страна утре“, додаде Германецот па поентираше. „ Она што сакам да го видам е односот помеѓу тимот и навивачите. Противниците ги почитуваат нашите настапи во последните години и ова може да има влијание врз нашиот тим. Секоја личност и секоја позитивна работа е важна. Имам чувство дека сè е во ред. Имаме квалитет, во натпреварите против Атлетико честопати бевме подобриот тим“, додаде Флик. sportmedia.mk Едвај даде два гола, но Јувентус за него плати 40 милиони евра ЛШ: Винчиќ ќе го суди реваншот меѓу Баерн и Реал


Лоша вест за Барса пред реваншот со Атлетико

Лоша вест за Барса пред реваншот со Атлетико

Барселона чекори кон титулата во Примера, но каталонците не кријат дека приоритет во наредните два месеци ќе им биде да стигнат и до трофејот во Лигата на Шампионите. Само што постои еден огромен проблем, Барса е на работ на елиминација откако го загуби првото четвртфинале со Атлетико, на домашен терен со 0-2. Црвениот картон на Кубарси беше клучен момент, Барса потоа прими два гола со играч помалку, но избраниците на Ханси Флик се максимално мотивирани на гостински терен, во мадридскиот пекол да возвратат со иста мера. Проблем плус за Барселона е  што на голот на Атлетико за овој клучен меч се враќа Јан Облак. Мусо бранеше добро на првиот дуел, ја сочува мрежата незатресена, но за Симеоне нема дилема, Облак е голман број 1 и кога е здрав, Словенецот е командант на одбранбената линија на својот тим. Искусниот чувар на мрежата ги надмина проблемите со повредата, денеска тренираше со остатокот од тимот, по што речиси сигурно е дека тој ќе биде задолжен за чување на мрежата на реваншот закажан во вторник. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА