МКФ го одложи второто коло поради настапите на ТФТ во АБА2

МКФ го одложи второто коло поради настапите на ТФТ во АБА2

Второто коло од Плејоф-лигата во македонскиот кошаркарски шампионат се одложува поради настапите на ТФТ во АБА2. Македонскиот тим в среда ќе го игра вториот полуфинален меч против Сутјеска, каде што води со 1-0 во серијата. Одлуката, донесена од комесарот Александар Милојевиќ, има за цел да се зачува регуларноста и рамноправноста во натпреварувањето, па наместо само еден натпревар, одложена е целата рунда. Колото ќе се игра следниот викенд. Поврзани вести: ФИФА го отфрли клучното барање: Дали Иран нема да оди на Светското првенство? Бруно Фернандеш откри што треба да се случи за да остане во Јунајтед Арсенал сака да го задржи Артета и ако тој не освои ниту еден трофеј сезонава Виљареал подобар од Атлетик Билбао Иако губеше со 2-0: Шампионски пресврт на Интер кај Комо Заврши регуларниот дел во НБА лигата

Елмас и Наполи одиграа нерешено со Парма

Елмас и Наполи одиграа нерешено со Парма

Елиф Елмас и неговиот тим Наполи, извлекоа бод во ремито на гостински терен против тимот на Парма, во рамките од новото коло од Серија А шампионатот. Иако фаворит, Наполи од самиот старт на мечот имаше негатива откако Стрефеза погоди за домаќинот во првата минута. Скот Мектоминеј израмни во 60. минута на 1:1, и му остави доволно време на неговиот тим да дојде и до победа, но сепак тоа не се случи. Елмас денеска не се најде во стартиот тим и одигра само десетина минути на крајот од мечот. Наполи со ова реми има 66. минути и е секако втор, додека Парма е на 14. место.    Поврзани вести: Сандерленд го турка Тотенхем кон релегација Севиља подобра од Атлетико Мадрид Крај на една ера! Во ЛШ ќе се игра со топка на друг производител! Јуве победнички во Бергамо Алегри по тешкиот пораз на Милан: Фудбалот е убав, но може да биде и грд Барселона против Реал ќе ја прослави 29-та титула?

Сандерленд го турка Тотенхем кон релегација

Сандерленд го турка Тотенхем кон релегација

Тешки моменти за тимот на Тотенхем, кој што сезонава мака мачи да обезбеди опстанок, а како стојат работите можно е и да не се случи тоа. Предмалку во најновото коло од Премиер лигата Тотенхем загуби од Сандерленд на гости со минимални 1:0. Стрелец на единствениот гол на овој меч на Мукиеле во 61. минута. Кристал Палас пак со гол во последните секунди од мечот успеа да слави на домашен терен со 2:1. Осула погоди за Њукасл, а пресвртот го најави Матета со израмнувањето на 1:1. Истиот играч со реализиран пенал во четвртата минута од продолжението донесе три бода за домашниот тим. Тимот на Нотингем Форест на свој терен, одигра 1:1 против Астон Вила. Муриљо си постигна автогол во 23. минута, но Неко Вилијамс израмни во 38. минута. Поврзани вести: Елмас и Наполи одиграа нерешено со Парма Севиља подобра од Атлетико Мадрид Крај на една ера! Во ЛШ ќе се игра со топка на друг производител! Јуве победнички во Бергамо Алегри по тешкиот пораз на Милан: Фудбалот е убав, но може да биде и грд Барселона против Реал ќе ја прослави 29-та титула?

Крај на една ера! Во ЛШ ќе се игра со топка на друг производител!

Крај на една ера! Во ЛШ ќе се игра со топка на друг производител!

ФОТО: UEFA.COM/X Сензационална вест која ја лиферуваат познатите спортски медиуми во Европа. Имено топката што е вистинска икона на Лигата на шампионите, познатата топка со ѕвезди, повеќе нема да биде официјална топка на ова натпреварување. “Адидас“, кој беше производител на топки и имаше договор со елитното европско фудбалско натпреварување, го завршува својот договор и нив ќе ги наследи компанијата „Најк“. Значи, ова е крај на една ера во европскиот фудбал, а компанијата „Најк“ ќе произведува топки за уште две европски натпреварувања, Лигата на Европа и Лигата на конференцијата. Инаку, „Адидас“ соработуваше со клупските натпреварувања на УЕФА 25 години, од 2001 година. sportmedia.mk © Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата Тинејџерот блескаше, Ливерпул сигурен против Фулам! Удинезе го декласира Милан на “Сан Сиро“!

„Фармацевтите“ славеа во Дортмунд, Лајпциг минимално со Гладбах

„Фармацевтите“ славеа во Дортмунд, Лајпциг минимално со Гладбах

Во дербито на колото во германската Бундеслига, екипата на Баер Леверкузен победи на гостински терен против Борусија Дортмунд со резултат од 1:0, а Андрих го постигна решавачкиот гол на крајот од првото полувреме. Хајденхајм го победи Унион Берлин со резултат од 3:1, а Ајнтрахт славеше на гостински терен против Волфсбург, беше 2:1 за гостите. Во еден од најинтересните натпревари екипата на Лајпциг успеа да слави над екипата на Борусија (М) со минимални 1:0 со голот на Диоманде во самата завршница. Денешната програма ќе заврши со натпреварот меѓу Санкт Паули и Баерн, кој е закажан за 18:30 часот. Поврзани вести: „Црвените“ славеа против Фулам Барселона го победи Еспањол Удинезе на „Сан Сиро“ го декласира Милан Валенсија загуби од Елче Алкараз против Синер во финалето на турнирот во Монте Карло! Луис Енрике ќе биде тренер на ПСЖ до 2030 година

„Црвените“ славеа против Фулам

„Црвените“ славеа против Фулам

Фудбалерите на Ливерпул го победија Фулам со 2:0 во 32-то коло од Премиер лигата. Ливерпул ја прекина серијата од три порази во сите натпреварувања и направи важен чекор кон квалификациите за Лигата на шампионите следната сезона. „Црвените“ сега имаат четири бода и натпревар повеќе од петтопласираниот Челзи, и се два бода зад Астон Вила и три зад Манчестер Јунајтед. Прашањето за победникот беше решено во првото полувреме, односно за само четири минути. Младиот Рио Нгумоа го постигна првиот гол на натпреварот во 36-та минута, а потоа Мо Салах во 40-та го постигна вториот гол.    Фулам нападна во второто полувреме, веројатно заслужи гол, но на крајот мрежата на Мамардашвили остана недопрена. Foto:EPA    Поврзани вести: Барселона го победи Еспањол Удинезе на „Сан Сиро“ го декласира Милан Валенсија загуби од Елче Алкараз против Синер во финалето на турнирот во Монте Карло! Луис Енрике ќе биде тренер на ПСЖ до 2030 година ТФТ и МЗТ со триумфи ја започнаа ТОП-6 фазата

Валенсија загуби од Елче

Валенсија загуби од Елче

Фудбалерите на Елче ја победија Валенсија на домашен терен со 1:0 во натпреварот од 31-то коло на шпанската Примера. Тимот на Едер Сарабија денес извојува исклучително важна победа во борбата за опстанок во елитните редови на шпанскиот фудбал, а по сè што се случуваше, гостите ќе имаат за што да жалат. Валенсија ја имаше првата сериозна можност преку Белтран, чиј удар заврши над голот, додека гостите и покрај тоа што го имаа поседот, не успеаја да се заканат кон голот на Столе Димитиревски. Токму кога „лилјаците“ ја презедоа иницијативата, се случи вистински шок по добрата акција на домашните во 73-та минута, кога резервистот Лукас Сепеда практично го совлада Димитриевски при првиот контакт со топката по додавањето од Фебас. Од тој момент, од Валенсија играше на сè или ништо, заканувајќи се преку Рамазани, кој беше запрен од Дитуро.    Со денешната победа, Елче се извлече од зоната за испаѓање, во која сега се наоѓа Севилја. Валенсија остана на 14-то место со 35 бода.    Foto:EPA Поврзани вести: Алкараз против Синер во финалето на турнирот во Монте Карло! Луис Енрике ќе биде тренер на ПСЖ до 2030 година ТФТ и МЗТ со триумфи ја започнаа ТОП-6 фазата Минимални победи за Вардар и Силекс во ПФЛ Кикс на Арсенал – пораз на домашен терен од Бурнемут Пораз од Австрија на македонските тенисерки во БЏК купот

Луис Енрике ќе биде тренер на ПСЖ до 2030 година

Луис Енрике ќе биде тренер на ПСЖ до 2030 година

Луис Енрике ќе потпише нов договор со Пари Сен Жермен, неколку извори потврдија дека преговорите се при крај, и дека Шпанецот треба да потпише нов договор пред крајот на тековната сезона. Актуелниот договор на шпанскиот тренер истекува во летото 2027 година, па ПСЖ сакаше навреме да спречи какви било понуди од други клубови и му понуди договор со важност до летото 2030 година. Со новиот договор, Енрике ќе стане еден од најплатените тренери во Европа. Поврзани вести: ТФТ и МЗТ со триумфи ја започнаа ТОП-6 фазата Минимални победи за Вардар и Силекс во ПФЛ Кикс на Арсенал – пораз на домашен терен од Бурнемут Пораз од Австрија на македонските тенисерки во БЏК купот Реал Мадрид во новата сезона со нов тренер Дабл-дабл со 40 поени за само 26 минути на Вембањама, Јокиќ и Гилџес-Александер не играа Денвер ја победи Оклахома

ТФТ и МЗТ со триумфи ја започнаа ТОП-6 фазата

ТФТ и МЗТ со триумфи ја започнаа ТОП-6 фазата

Двете првопласирани екипи во кошаркарската Супер лига ТФТ и МЗТ Скопје победнички ја започнаа ТОП-6 фазата. Лидерот ФТ славеше против Тиквеш со 80:74. Гостите имаа контрола во првото полувреме, но ТФТ направи пресврт со одлична трета четвртина и сигурна завршница. Зафиров беше лидер со 20 поени, додека Гордон додаде 17 за домашниот тим. Шампионот МЗТ Скопје Аеродром со силен финиш го победи Кожув со 84:75. Натпреварот беше израмнет до самиот крај, но шампионот направи серија 14:4 во последните минути и го реши победникот. Дамјан Стојановски и Танасковиќ постигнаа по 21 поен, додека Војдан Стојановски додаде 15 поени при камбек во тимот.    Тимот на ТФТ останува лидер со ист број бодови 43 како и МЗТ. Поврзани вести: Минимални победи за Вардар и Силекс во ПФЛ Кикс на Арсенал – пораз на домашен терен од Бурнемут Пораз од Австрија на македонските тенисерки во БЏК купот Реал Мадрид во новата сезона со нов тренер Дабл-дабл со 40 поени за само 26 минути на Вембањама, Јокиќ и Гилџес-Александер не играа Денвер ја победи Оклахома Арбелоа бесен на судиите: Ова е пенал тука и на месечината

Крај на една ера! Во ЛШ ќе се игра со топка на друг производител!

Крај на една ера! Во ЛШ ќе се игра со топка на друг производител!

Сензационална вест која ја лиферуваат познатите спортски медиуми во Европа. Имено топката што е вистинска икона на Лигата на шампионите, познатата топка со ѕвезди, повеќе нема да биде официјална топка на ова натпреварување. “Адидас“, кој беше производител на топки и имаше договор со елитното европско фудбалско натпреварување, го завршува својот договор и нив ќе ги наследи компанијата „Најк“. Значи, ова е крај на една ера во европскиот фудбал, а компанијата „Најк“ ќе произведува топки за уште две европски натпреварувања, Лигата на Европа и Лигата на конференцијата. Инаку, „Адидас“ соработуваше со клупските натпреварувања на УЕФА 25 години, од 2001 година. sportmedia.mk Тинејџерот блескаше, Ливерпул сигурен против Фулам! Удинезе го декласира Милан на “Сан Сиро“!

Реал Мадрид во новата сезона со нов тренер

Реал Мадрид во новата сезона со нов тренер

Актуелниот селектор на Франција, Дидие Дешамп е најсериозниот кандидат за тренерското место на Реал Мадрид. Тој по завршувањето на Светското првенство ќе ја напушти селекторската позиција на „триколорите“ и со тоа ќе заврши неговиот 14 годишен мандат. Како што пренесува „РМК Спорт“ тој е во најтесниот избор за тренерската позиција на „кралскиот клуб“. Во Реал Мадрид постои незадоволство од причина што имаат криза на резултати и постои шанса да не освојат пехар на крајот од сезоната. Моменталниот тренер или привременото решение Алваро Арбелоа не ги исполни очекувањата на управата. Поврзани вести: Пораз од Австрија на македонските тенисерки во БЏК купот Дабл-дабл со 40 поени за само 26 минути на Вембањама, Јокиќ и Гилџес-Александер не играа Денвер ја победи Оклахома Арбелоа бесен на судиите: Ова е пенал тука и на месечината Баерн му одоговри на Флорентино Перез – Олисе не е на продажба Карлик Џонс го продолжи договорот со Партизан „Чеканите“ го оставија Тотенхем во зоната за испаѓање

Арбелоа бесен на судиите: Ова е пенал тука и на месечината

Арбелоа бесен на судиите: Ова е пенал тука и на месечината

Тренерот Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, беше видливо бесен по ремито 1-1 против Џирона, а неговото незадоволство беше насочено кон одлуката на судијата во последните минути од натпреварот, кога на Килијан Мбапе не му беше досуден пенал. Арбелоа остро го критикуваше судењето и недоследната употреба на ВАР технологијата на прес-конференција, велејќи дека ваквите ситуации се повторуваат против неговиот тим недела по недела. И покрај неуспехот во првенството, тој нагласи дека борбата за титулата не е завршена. -За мене тоа е пенал тука и на Месечината. И тоа е само уште една од тие одлуки. Недела по недела, истата приказна е. Така е. Не го разбирам, и не мислам дека некој го разбира. ВАР се вклучува кога му одговара, а кога не му одговара, тогаш ништо. Ова беше кристално јасна ситуација. Доживеавме секакви работи со судиите. Со овој судија, минатата недела на Мајорка… секогаш истото, рече Арбелоа. Размислувајќи за самиот натпревар, тренерот на Реал Мадрид призна дека неговиот тим не се истакнал. – Заминувам со чувство дека, иако не одигравме најбрилијантна игра, требаше да ја добиеме оваа игра. Со сите шанси што ги создадовме и со малкуте што ѝ ги дозволивме на Џирона, требаше да победиме, нагласи тој. Кога го прашаа дали смета дека Ла Лига дефинитивно е изгубена со ова реми, Арбелоа одговори негативно.    – Не. Ќе го имам тоа чувство денот кога математички ќе го изгубиме. Доколку не го сториме тоа, ќе продолжиме да се бориме. Ова е Реал Мадрид. Мора да се бориме до последниот ден, заклучи тренерот. Поврзани вести: Баерн му одоговри на Флорентино Перез – Олисе не е на продажба Карлик Џонс го продолжи договорот со Партизан „Чеканите“ го оставија Тотенхем во зоната за испаѓање Реал повторно разочара, не успеа дома да ја победи Џирона Хет-трик на Мален, Рома лесно се справи со Пиза Македонија поразена и од Мароко на Били Џин Кинг Купот

Реал повторно разочара, не успеа дома да ја победи Џирона

Реал повторно разочара, не успеа дома да ја победи Џирона

По поразот од Баерн Минхен, во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите, Реал Мадрид доживеа уште еден шок на „Сантијаго Бернабеу“. Реал не успеа да ја победи Џирона (1:1) и речи испадна од борбата за шампионската титула. Реал сега има шест поени помалку од Барселона, а доколку утре Барса во градското дерби го победи Еспањол, разликата ќе биде девет бода. Натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“ започна енергично, Реал Мадрид притисна од првата минута, барајќи ран гол. Создадоа шанси преку Џуд Белингам и Винисиус Жуниор, но одбраната на Џирона не дозволи Газанига да биде совладан. Гостите прво сериозно се заканија во 14-та минута, кога Азедин Оунахи шутираше силно, но голманот Андриј Лунин ја спаси својата мрежа со одлична интервенција. Во 26-тата минута, голот на Мбапе беше поништен поради офсајд. Реал влезе фуриозно во продолжението и поведе веќе во 50-та минута. Федерико Валверде ја прими топката надвор од шеснаесетникот и испрати силен, прецизен удар кој заврши во мрежата на Џирона за 1:0. Тој гол оди во душата на голманот на гостите, Пауло Газанига, кој ја имаше топката во рака. Домашните продолжија да доминираат и да создаваат можности, а најблиску до зголемување на водството беа преку Едуардо Камавинга, кој не успеа добро да ја прими топката во ветувачка ситуација.    Казната за грешките на Реал дојде во 71-та минута. Лемар го искористи просторот надвор од шеснаесетникот и со моќен удар го совлада Лунин за израмнување на 1:1, што беше конечен резултат на натпреварот. Во 88-та минута, Реал побара пенал откако Килијан Мбапе падна во шеснаесетникот на Џирона, но судијата веднаш покажа дека нема пенал. Одлуката на судијата беше потврдена и од ВАР собата.    Foto:EPA Поврзани вести: Хет-трик на Мален, Рома лесно се справи со Пиза Македонија поразена и од Мароко на Били Џин Кинг Купот Лина Ѓорческа го заврши настапот во Мадрид Џатевска: Мора сериозно да го сфатиме дуелот против Словенија Играчите од НБА го избраа својот МВП на сезоната ГРК Охрид лесно до победа над Тиквеш

Хет-трик на Мален, Рома лесно се справи со Пиза

Хет-трик на Мален, Рома лесно се справи со Пиза

Фудбалерите на Рома лесно ја победија Пиза (3:0) на отворањето на 32-то коло од Серија А. Натпреварот го одбележа Холанѓанецот Доњел Мулен, кој постигна хет-трик. Мален ја затресе мрежата на Адриан Шемпер во третата, 43-та и 52-та минута од натпреварот. Пиза исто така имаше свои шанси, а најдобрата ја пропушти Малте Хојхолт, кога Миле Свилар ја покажа својата голманска класа. „Волчицата“ останува шеста на табелата со 57 бода, додека Пиза е последна со 18 бода.    Foto:EPA Поврзани вести: Македонија поразена и од Мароко на Били Џин Кинг Купот Лина Ѓорческа го заврши настапот во Мадрид Џатевска: Мора сериозно да го сфатиме дуелот против Словенија Играчите од НБА го избраа својот МВП на сезоната ГРК Охрид лесно до победа над Тиквеш Футсал селекцијата ја победи Турција и ќе игра следна фаза од квалификациите за СП

Играчите од НБА го избраа својот МВП на сезоната

Играчите од НБА го избраа својот МВП на сезоната

Кошаркарите во НБА го избраа својот МВП за оваа сезона, а според анонимната анкета спроведена од „Атлетик“. Во гласањето најмногу гласови добил Шеј Гилџус-Александер. Ѕвездата на Оклахома Сити Тандер освои 39% од гласовите, додека второто место му припадна на Никола Јокиќ од Денвер Нагетс со 21,4%. Во анкетата учествувале 159 НБА играчи, а третата позиција ја поделија тројца кошаркари. Тоа беа Џејлен Браун од Бостон Селтикс, Кејд Канингем од Детроит Пистонс и Лука Дончиќ од Лос Анџелес Лејкерс добија по 8,2% од гласовите. Интересно е што младиот талент на Сан Антонио Спарс, Виктор Вембањама, иако води на официјалната МВП листа, според изборот на играчите заврши дури на шестото место со 5% од гласовите. Поврзани вести: ГРК Охрид лесно до победа над Тиквеш Футсал селекцијата ја победи Турција и ќе игра следна фаза од квалификациите за СП Дешан меѓу кандидатите за клупата на Реал Мадрид Интер без Лаутаро против Комо УЕФА ќе го казни Ковач, но не затоа што ја оштети Барса туку поради грешка на сметка на Атлетико Шлотербек го продолжи договорот со Борусија

ГРК Охрид лесно до победа над Тиквеш

ГРК Охрид лесно до победа над Тиквеш

Ракометарите на Охрид ја продолжи победничката серија во Супер лигата. Тие убедливо триумфраа во дуелот со Тиквеш, совладувајќи го тимот од Кавадарци со конечни 37-20. Иако гостите на почетокот поведоа со 0-2, охриѓани брзо воспоставија целосна контрола на теренот и континуирано ја зголемуваа својата предност пред домашната публика. ​Најголемата разлика на натпреварот беше постигната во самиот финиш, кога домашниот тим стигна до недостижни 17 голови предност за конечен резултат. Натпреварот помина во знакот на Косуке Јасухира кој на своето деби постигна шест гола и подели осум асистенции за само едно полувреме. Овој успех им овозможи на домаќините да се зацврстат на втората позиција на табелата со 44 бода во пресрет на клучните дуели.    Охрид сега има два бода предност пред Еурофарм Пелистер, кој во следното коло го чека тешко гостување во Автокоманда кај Алкалоид. Лидерот Вардар пак им бега убедливи 6 бода повеќе од охриѓани. До крајот на шампионатот преостануваат уште пет кола кои ќе бидат пресудни во борбата за вицешампионската титула во македонското првенство.    Поврзани вести: Футсал селекцијата ја победи Турција и ќе игра следна фаза од квалификациите за СП Дешан меѓу кандидатите за клупата на Реал Мадрид Интер без Лаутаро против Комо УЕФА ќе го казни Ковач, но не затоа што ја оштети Барса туку поради грешка на сметка на Атлетико Шлотербек го продолжи договорот со Борусија Нов скандал во Италија: Продажбата на „Сан Сиро“ се откажува