Одличната Илиќ со четврта најдобра одбрана на рундата во квалификациите за ЕП (ВИДЕО)
Женската ракометна репрезентација на Македонија успеа да обезбеди пласман на уште еден европски шампионат, без оглед на вчерашниот убедлив пораз од репрезентацијата на Словенија (27-18). Нашите ракометарки го освоија третото место во групата, зад Германија и Словенија, пред Белгија, но што е уште поважно, оставија зад себе две селекции во рангирањето на најдобрите третопласирани. Единствена на нивото во нашиот тим беше голманката Андреа Илиќ која запиша 14 одбрани, а една од нив се најде меѓу најдобрите пет на рундата во квалификациите за континенталниот собир. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
Барселона му нуди нов договор на Левандовски
Барселона пред неколку дена официјално му понуди нов договор на Роберт Левандовски. Левандовски има договор со Барселона до крајот на оваа сезона, а во неколку наврати самиот истакна дека сака да остане и дека нема намера да прејде во друг клуб. Во Барселона беа убедени дека Левандовски со раширени раце ќе ја прифати понудата, особено поради неговите изјави дека сака да остане, но она што следеше ги изненади. Имено, се појавија информации дека Левандовски води преговори и со други клубови, а еден посебно се издвојува. Станува збор за Милан, кој очајно бара вистински напаѓач, а најголемо изненадување за Каталонците беше веста дека Левандовски лично стапил во контакт со Златан Ибрахимовиќ и се понудил на „росонерите“.    „Газета дело Спорт“ пишува дека Левандовски е подготвен да замине во Милан, но дека италијанскиот клуб не може да му ја понуди платата што ја очекува. Поврзани вести: МКФ го одложи второто коло поради настапите на ТФТ во АБА2 ФИФА го отфрли клучното барање: Дали Иран нема да оди на Светското првенство? Бруно Фернандеш откри што треба да се случи за да остане во Јунајтед Арсенал сака да го задржи Артета и ако тој не освои ниту еден трофеј сезонава Виљареал подобар од Атлетик Билбао Иако губеше со 2-0: Шампионски пресврт на Интер кај Комо
Тони Крос се враќа во Реал Мадрид?
Реал Мадрид работи на враќање на поранешниот играч од средниот ред Тони Крос во клупската структура уште од следната сезона, пренесуваат шпанските медиуми. Во раководството на мадридскиот тим постои единствен став дека неговото искуство и секојдневното влијание би можеле да имаат значајна улога во понатамошниот развој на екипата. Тони Крос за време на престојот во Мадрид имал одличен однос со клупското раководство, вклучувајќи го и претседателот Флорентино Перез, кој, според наводите, силно ја поддржува идејата за негово враќање. Германскиот фудбалер моментално живее во Мадрид, каде што формираше сопствена фудбалска академија. Во последно време неколку пати беше во тренинг-центарот Валдебебас, каде со млади играчи учествуваше во натпревари против младинските селекции на Реал, а повремено се вклучува и во тренерска работа.    Во клубот веруваат дека неговото искуство и авторитет би можеле да донесат дополнителна вредност во спортскиот сектор веќе од следната сезона. Поврзани вести: Нејмар има шанси да заигра за Бразил на СП Реал Мадрид тренирше без Мбапе пред реваншот во Минхен Илиќ: Среќни сме за пласманот на ЕП Италијанецот Крипа е победник на маратонот во Париз Кадетите ќе стартуваат против Црна Гора на Медитеранските игри во Словачка Гакидова: Многу сме среќни што ќе играме на ЕП
Илиќ: Среќни сме за пласманот на ЕП
Македонската женска ракометна репрезентација ќе биде дел од ЕП кое од 3-ти до 20-ти декември ќе се одржи во Полска, Чешка, Романија, Словачка и Турција. Нашите ракометарки на контиенталното натпреварување одат како една од четирите најдобро третопласирани репрезентации во квалификациите за континенталното натпреварување. На последната средба против Словенија во нашиот состав беше најдобра Андреа Илиќ која запиша 14 одбрани. Македонија беше поразена во Велење, а репрезентативната голманка потенцира дека играта не е вистинската слика и дека на Европското првенство ќе се подготват максимално и ќе се покажат во многу подобро светло. -Пред се честитки до моите девојки и стручниот штаб за пласманот на Европско првенство. Радосни сме за пласманот, но сметам дека денешниот натпревар не е нашата вистинска слика. Имаме доста време за да се подготвиме за Европското првенство и верувам дека таму ќе покажеме што знаеме и колку можеме, ни изјави Илиќ. Поврзани вести: Италијанецот Крипа е победник на маратонот во Париз Кадетите ќе стартуваат против Црна Гора на Медитеранските игри во Словачка Гакидова: Многу сме среќни што ќе играме на ЕП И покрај поразот од Словенија, македонските ракометарки изборија Европско Сити го декласира Челзи Синер го освои Монте Карло и се врати на првото место на АТП листата
Гакидова: Многу сме среќни што ќе играме на ЕП
Благодарение на подобрата гол-разлика и високите порази на директните конкуренти од другите квалификациски групи, Македонија го обезбеди своето осмо, трето по ред, учество на европските првенства. Пивотот на нашата селекција, Ивана Гакидова беше меѓу поефикасните на мечот во Велење постигнувајќи три голови. – Искрено, игравме навистина лошо во овој натпревар и не бевме фокусирани на она што требаше да го направиме. Но, без разлика на сè, најважно е што одиме на Европското првенство и многу сме среќни поради тоа. Се надевам дека ќе можеме да поправиме сè пред тоа. Навистина сум среќна и горда на мојот тим – се зборовите на Гакидова за официјалниот сајт на ЕХФ. Поврзани вести: Кадетите ќе стартуваат против Црна Гора на Медитеранските игри во Словачка И покрај поразот од Словенија, македонските ракометарки изборија Европско Сити го декласира Челзи Синер го освои Монте Карло и се врати на првото место на АТП листата Елмас и Наполи одиграа нерешено со Парма Сандерленд го турка Тотенхем кон релегација
И покрај поразот од Словенија, македонските ракометарки изборија Европско
Женската македонска ракометна репрезентација и покрај поразот попладнево од Словенија со 27:18 во последното коло од квалификациите за ЕХФ ЕУРО 2026 избори пласман Европското првенство што ќе се игра во Полска, Турција, Чешка, Словачка и Романија. Македонските ракометарки го освоија третото место во групата 3, зад Германија и Словенија, а пред Белгија, воедно успеаја да се изборат да бидат една од четирите најдобро третопласирани селекции од шесте групи. На дуелот со Словенија, домаќинот кој важеше и за фаворит ја потврди улогата и веќе во првиот дел обезбеди предност и по 30 минути игра резултатот беше 15:8. Во вториот дел Словенките има во неколку наврати двоцифрена предност. Најдобар поединец во македонскиот состав беше голманката Андреа Илиќ, која дуелот го заврши со 14 одбрани, додека Андреа Јанкуловска беше најпрецизна со 4 голови. На вториот дуел во групата Германија ја совлада Белгија со 45:25. Германија е прва со максимални 12 бода, пред Словенија со 8. Македонските ракометари освоија 2 колку и Белгија, но поради подобриот меѓусебен скор нашите ракометарки го освоија третото место.    За женската македонска ракометна репрезентација ова е осмо учество на Европско првенство, а трето во низа. Поврзани вести: Сити го декласира Челзи Синер го освои Монте Карло и се врати на првото место на АТП листата Елмас и Наполи одиграа нерешено со Парма Сандерленд го турка Тотенхем кон релегација Севиља подобра од Атлетико Мадрид Крај на една ера! Во ЛШ ќе се игра со топка на друг производител!
И покрај четирите убедливи порази од Германија и Словенија, ракометарките се пласираа на ЕП
Женската ракометна репрезентација на Македонија со нов убедлив пораз го заврши квалификацискиот циклус. Загуби од од Словенија со 18-27, но сепак ќе игра на Европското првенство поради тоа што заврши меѓу четирите најдобри третопласирани селекции. И покрај тоа што Словенија играше со подмладен состав, беше предоминантна во однос на нашите ракометарки. Македонија беше од минус уште од самиот почеток, а рамноправно беа само првите петнаесетина минути од второто полувреме кога селекторот Аџиќ им даде шанса на Словенките со помала минутажа. Главен играч на Македонија на овој натпревар беше голманката Андреа Илиќ, која блескаше меѓу стативите со 13 интервенции и ни донесе пораз со разлика која беше доволна да се скокнат конкурентите на мини-табелата кај третопласираните на која се важат резултатите само со првите две селекции во групите. Головите за Македонија на овој натпревар ги постигнаа Ангела Јанкуловска која погоди четири пати, Ивана Гакидова и Марија Јанкуловска имаа по три, Ива Младеновска, Јована Кипријановска дадоа по два гола, а по еднаш реализираа Анамарија Коларовска, Ивана Џатевска, Леона Миленкоска и Емилијана Ризоска. Македонија ќе игра на третото Европско првенство во низа, по настапите на ЕП 2022 и ЕП 2024. Шампионатот ќе се игра во шест земји, тоа се Чешка, Полска, Романија, Словачка и Турција. Настанот е од 3 до 20 декември оваа година. Но и покрај пласманот во ЕП, играта во овие квалификации треба да ја алармира Ракоментата федерација да направи стратегија за женскиот ракомет затоа што далеку сме, не само од европскиот врв, туку и од средината. На ЕП одиме само затоа што е сменет системот и таму ќе играат повеќе од 2/3 од државите што играат женски ракомет. А на ЕП со ваква игра, Македонија може да се надева само на тоа поразите да и бидат барем со едноцифрена разлика.
Фото на денот: Македонија е пак на Европско првенство
Поразот од Словенија на гостински терен во Марибор од 27-18 се покажа апсолутно незначаен, бидејќи Македонија стигна до посакуваниот исход во овие квалификации, па како една од најдобрите четири третопласирани селекции освои билет за ЕП 2026. Нашите ракометарки се соочија со проблеми во текот на овој квалификациски циклус, имаше и повлекување на дел од најискусните ракометарки, но крајната цел е исполнета – „црвено-жолтите“ третпат по ред ќе бидат дел од континенталниот собир во женскиот ракомет. За таму, ќе треба многу да се работи за да се покажеме во далеку подобро од она во овие квалификации. Но, денеска, денот е за уживање, затоа што Македонија пак е на Европско првенство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
ПОРАЗОТ НЕ ГИ СОПРЕ МАКЕДОНСКИТЕ РАКОМЕТАРКИ Третото место донесе билет за ЕУРО2026
Женската македонска ракометна репрезентација и покрај поразот попладнево од Словенија со 27:18 во последното коло од квалификациите за ЕХФ ЕУРО 2026 избори пласман Европското првенство што ќе се игра во Полска, Турција, Чешка, Словачка и Романија. Македонските ракометарки го освоија третото место во групата 3, зад Германија и Словенија, а пред Белгија, воедно успеаја да се изборат да бидат една од четирите најдобро третопласирани селекции од шесте групи. На дуелот со Словенија, домаќинот кој важеше и за фаворит ја потврди улогата и веќе во првиот дел обезбеди предност и по 30 минути игра резултатот беше 15:8. Во вториот дел Словенките има во неколку наврати двоцифрена предност. Најдобар поединец во македонскиот состав беше голманката Андреа Илиќ, која дуелот го заврши со 14 одбрани, додека Андреа Јанкуловска беше најпрецизна со 4 голови. Европското првенство ќе се одржи од 3 до 20.декември 2026 година ќе се одржува во Полска, Романија, Турција, Чешка и Словачка. Ова за женскиот ракометен национален тим ќе биде осмо учество на Европско, а трето во низа. Македонските ракометари во групата од квалификациите со Германија, Словенија и Белгија го освоија третото место и како една од четирите најдобро третопласирани репрезентации од шесте групи заедно со Исланд, Украина и Грција ќе бидат дел од 24-те репрезентации кои ќе учествуваат. Без пласман останаа: Италија и Финска. Директен пласман на шампионатот имаа земјите ко-домаќини: Полска, Романија, Турција, Чешка и Словачка, како и трите најдобро пласирани селекции од претходното првенство: Данска, Норвешка и Унгарија. Секако учество преку квалификациите изборија и двете првопласирани репрезентации од шесте групи: Франција, Хрватска, Холандија, Швајцарија, Германија, Словенија, Црна Гора, Фарски острови, Шведска, Србија, Шпанија и Австрија. Финалето ќе се игра во Катовице, а извлекувањето на групите ќе биде во текот на следната недела, кога ќе бидат познати и ривалките на македонските ракометарки во групата.
Македонија е на ново ЕП, но ќе мора многу, многу подобро
Женската ракометна репрезентација на Македонија успеа да обезбеди пласман на уште еден европски шампионат, без оглед на денешниот убедлив пораз од репрезентацијата на Словенија (). Нашите ракометарки го освоија третото место во групата, зад Германија и Словенија, пред Белгија, но што е уште поважно, оставија зад себе две селекции во рангирањето на најдобрите третопласирани. Според пропозициите на ЕХФ, најдобрите четири од шесте третопласирани репрезентации стигнуваат до билет за ЕП, зад нас во ова рангирање се најдоа Италија и Финска, што значеше и трето учество во серија на Македонија на континенталните собири во женскиот ракомет. Сепак, таму ќе треба да се прикаже далеку подобра игра од она што го гледавме од нашите ракометарки во овој квалификациски циклус. Истото беше случај и попладнево во Словенија, на дуел што имаше многу повеќе значење за нас отколку за противникот, но дуел во кој Словенките целосно доминираа. Домаќинките од самиот старт се одлепија, поведоа со 10-4, потоа и со 14-6, за на одмор да се замине со 15-8. Словенија имаше и двоцифрено водство (20-9), по што македонските ракометарки за момент го запреа налетот на противничките, ја намалија негативата, завршувајќи го овој дуел со конечните 27-18. Голманката Андреа Илиќ со 14 успешни интервенции беше најдобра во македонскиот табор, а во фазата на нападот најефикасни беа Ангелла Јанкуловска со четири, пред Гакидова и Марија Јанкуловска со по три погодоци. Она што е најважно, Македонија повторно ќе биде дел од едно Европско првенство… Но, за таму, ќе мораме да свртиме нов лист… Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
Сити го декласира Челзи
Манчестер Сити убедливо го победи Челзи (3:0), во Лондон, во последниот натпревар од 32-то коло во Премиер лигата. Сити со натпревар помалку, пред меѓусебниот дуел со Арсенал има шест поени помалку. Сити, анемичниот Челзи го реши за само 17 минути, во второто полувреме. Во периодот од 51-та до 68-та минута, мрежата на Челзи ја тресеа О’Рајли, Гуехи и Доку. Челзи остана на шестото место, со мали шанси да се пласира во Лигата на шампионите следната сезона. Foto: EPA Поврзани вести: Синер го освои Монте Карло и се врати на првото место на АТП листата Елмас и Наполи одиграа нерешено со Парма Сандерленд го турка Тотенхем кон релегација Севиља подобра од Атлетико Мадрид Крај на една ера! Во ЛШ ќе се игра со топка на друг производител! Јуве победнички во Бергамо
И покрај поразот од Словенија, македонските ракометарки изборија Европско
Facebook/ РФМ Женската македонска ракометна репрезентација и покрај поразот попладнево од Словенија со 27:18 во последното коло од квалификациите за ЕХФ ЕУРО 2026 избори пласман Европското првенство што ќе се игра во Полска, Турција, Чешка, Словачка и Романија. Македонските ракометарки го освоија третото место во групата 3, зад Германија и Словенија, а пред Белгија, воедно успеаја да се изборат да бидат една од четирите најдобро третопласирани селекции од шесте групи. На дуелот со Словенија, домаќинот кој важеше и за фаворит ја потврди улогата и веќе во првиот дел обезбеди предност и по 30 минути игра резултатот беше 15:8. Во вториот дел Словенките има во неколку наврати двоцифрена предност. Најдобар поединец во македонскиот состав беше голманката Андреа Илиќ, која дуелот го заврши со 14 одбрани, додека Андреа Јанкуловска беше најпрецизна со 4 голови. На вториот дуел во групата Германија ја совлада Белгија со 45:25. Германија е прва со максимални 12 бода, пред Словенија со 8. Македонските ракометари освоија 2 колку и Белгија, но поради подобриот меѓусебен скор нашите ракометарки го освоија третото место. За женската македонска ракометна репрезентација ова е осмо учество на Европско првенство, а трето во низа.
Само победа ја остава Македонија во игра за Европското првенство
Женската ракометна репрезентација на Македонија вечерва против Словенија ќе игра меч што практично е последна шанса за останување во трката за Европското првенство 2026. Пред дуелот во Велење, Македонија е трета во групата со 2 бода и гол-разлика минус 28, додека Словенија веќе го обезбеди пласманот со 6 бода и влегува во натпреварот без резултатски притисок. Натпреварот почнува во 18 часот. Клучната разлика е што во овие квалификации не минуваат само првите две селекции од секоја група, туку и четирите најдобри третопласирани репрезентации. Токму тука е проблемот за Македонија. Пред последното коло, четири третопласирани селекции веќе имаат по 4 бода: Финска, Португалија, Украина и Грција. Македонија има 2, исто како и Италија, но со подобра гол-разлика од Италијанките. Тоа значи дека пораз, а уште повеќе реми, не би биле доволни за скок меѓу четирите најдобри третопласирани. Официјалната најава на ЕХФ е јасна: победа во балканското дерби може да ја турне Македонија кон Европското првенство, бидејќи само со два нови бода селекцијата би стигнала до 4 и би останала во сериозна сметка за едно од дополнителните места. Со други зборови, вечерашниот натпревар не е меч во кој Македонија може мирно да калкулира со „тесен пораз“, туку натпревар во кој мора да бара победа и што подобра гол-разлика. Дополнителен товар е и фактот што првиот меѓусебен дуел заврши со победа на Словенија од 28:20 во Битола. Тоа значи дека Македонија не само што мора да победи, туку ќе мора внимателно да мисли и на секој гол, бидејќи конечниот расплет кај третопласираните може да се решава токму на гол-разлика. Во пресрет на мечот, капитенката Ивана Гакидова порача дека секој гол ќе биде исклучително важен, што само дополнително ја потврдува математиката на оваа квалификациска пресметка.
Во 18 часот навиваме за нашите ракометарки
Женската македонска ракометна репрезентација попладнево во „Рдеча дворана“ во Велење од 18 часот го игра последниот натпревар од квалификациите за Европско првенство 2026. Домаќин ни е селекцијата на Словенија која важи и за фаворит во овој дуел. Македонските ракометарки се наоѓаат на третото место на табелата во група 3, позиција која овозможува и пласман на ЕХФ ЕУРО 2026. Но, затоа ќе треба да се гледаат и резултатите на третопласираните репрезентации од сите шест групи, а пласман ќе изборат најдобрите четири заедно со двете првопласирани репрезентации од шесте групи. Во исто време (18 часот) се играат сите натпревари заради регуларноста, а од нашата група играат уште Германија – Белгија. Инаку Германија е прва на табелата со 10 бодови, пред Словенија со 6, Македонија има 2, и Белгија 2, но македонските ракометарки имаат подобар меѓусебен скор во дуелите со Белгија
Ракометарките на мегдан со Словенија – да се биде или не за билет за ЕП
Женската ракометна репрезентација денеска гостува на Словенија (18 часот) во последното коло од квалификациите за ЕП 2026, во обид да се стигне до билет за третиот европски шампионат во низа за нашата национална селекција. Предизвикот е огромен, Словенките важат за фаворитки, особено ако се знае дека на првиот меч славеа среде Македонија со 20-28, но нашите ракометарки се максимално мотивирани за токму денеска да го одиграат својот најдобар меч во овие квалификации. Според пропозициите на ЕХФ, сите натпревари од ова последно коло се играат во ист термин во 18 часот. Покрај двете најдобри од секоја група, пласман на ЕП ќе обезбедат и четирите најдобри третопласирани репрезентации, но во мини-табела во која ќе се избришат резултатите со последните селекции во групите. Во таква ситуација, сигурна на ЕП од третопласираните е Португалија, со убедливо најлоша гол-разлика е Италија, па Македонија во ова последно коло ќе води битка за преостанатите три места со Украина, Грција и со Финска. Практично, ова значи дека победа или реми ја носат Македонија на европското првенство, но до билет за ЕП можеме да стигнеме и со пораз, бидејќи се огромни шансите гол-разлиакта да игра клучна улога. Токму поради тоа, неопходно ќе биде да се одигра максимално фокусирано до последната, за дури и во случај на пораз истиот да биде што понеубедлив. „Мора да играме агресивно, да се бориме за секоја топка и да останеме фокусирани до самиот крај. Сè уште имаме шанса да се квалификуваме за Европското првенство, што го прави секој гол исклучително важен за нас. Верувам дека со срце, карактер и тимски дух, можеме да постигнеме резултат што ќе ни значи многу“, изјави Ивана Гакидова. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
Џатевска: Ќе биде тежок натпревар и мора да имаме сериозен пристап
Женската македонска ракометна репрезентација утре во Велење го игра последниот натпревар од квалификациите за пласман на ЕХФ ЕУРО 2026. Националниот тим веќе втор ден е во Словенија, каде се одработуваат последните тренинзи. Противникот е фаворит и репрезентација која веќе има изборено пласман на Европското првенство. – Во недела имаме натпревар против репрезентацијата на Словенија, ќе биде тежок натпревар и мора да го сфатиме сериозно. Се надевам дека можеме да се носиме со противникот, а секој позитивен резултат би бил повеќе од добредојден, изјави Ивана Џатевска. Почетокот на натпреварот е во 18 часот, кога се играат и другите дуели од останатите групи заради регуларност. Пласман на Европското првенство обезбедуваат двете првопласирани од шесте групи, како и четири од третопласираните селекции. Женската македонска репрезентација ќе го освои третото место во групата и има шанси за пласман на ЕХФ ЕУРО 2026.
Mакедонските ракометарки ќе бараат победа во Словенија за трето место кое води на ЕП
Женската македонска ракометна репрезентација утре во Велење го игра последниот натпревар од квалификациите за пласман на ЕХФ ЕУРО 2026. Националниот тим веќе втор ден е во Словенија, каде се одработуваат последните тренинзи. Противникот е фаворит и репрезентација која веќе има изборено пласман на Европското првенство. – Во недела имаме натпревар против репрезентацијата на Словенија, ќе биде тежок натпревар и мора да го сфатиме сериозно. Се надевам дека можеме да се носиме со противникот, а секој позитивен резултат би бил повеќе од добредојден, изјави Ивана Џатевска. Почетокот на натпреварот е во 18 часот, кога се играат и другите дуели од останатите групи заради регуларност. Пласман на Европското првенство обезбедуваат двете првопласирани од шесте групи, како и четири од третопласираните селекции. Женската македонска репрезентација ќе го освои третото место во групата и има шанси за пласман на ЕХФ ЕУРО 2026
Карлик Џонс го продолжи договорот со Партизан
Карлик Џонс, кошаркарот на Партизан, го продолжи договорот со црно-белите, официјално потврди клубот. Црно-белите се огласија на социјалните мрежи по поразот од Жалгирис во Евролигата (74:83) и открија дека одличниот плејмејкер потпишал нов договор со клубот. По неколкумесечни преговори, Џонс се согласи да ја продолжи соработката до 2028 година. Се шпекулира дека за две години од клубот ќе добие пет милиони долари. Оваа сезона во Евролигата, тој има просек од 15,6 поени и 4,5 асистенции. Откако се приклучи на клубот, тој го крена трофејот од АБА лигата, минатата сезона.    Foto:EPA Поврзани вести: „Чеканите“ го оставија Тотенхем во зоната за испаѓање Реал повторно разочара, не успеа дома да ја победи Џирона Хет-трик на Мален, Рома лесно се справи со Пиза Македонија поразена и од Мароко на Били Џин Кинг Купот Лина Ѓорческа го заврши настапот во Мадрид Џатевска: Мора сериозно да го сфатиме дуелот против Словенија
Џатевска: Мора сериозно да го сфатиме дуелот против Словенија
Женската ракометна репрезентација на Македонија е пред нов предизвик во квалификациите за ЕП, каде се среќаваат со селекцијата на Словенија. Очекувањата за натпреварот ги искажа репрезентативката Ивана Џатевска, која очекува тежок и сериозен натпревар против Словенија. – Во недела имаме натпревар против репрезентацијата на Словенија, ќе биде тежок натпревар и мора да го сфатиме сериозно. Се надевам дека можеме да се носиме со противникот, а секој позитивен резултат би бил повеќе од добредојден, рече Џатевска. Македонија и Словенија се среќаваат во рамки на третата квалификациска група за континенталниот собир. Натпреварот ќе се одигра на 12 април, со почеток во 18:00 часот. Поврзани вести: Играчите од НБА го избраа својот МВП на сезоната ГРК Охрид лесно до победа над Тиквеш Футсал селекцијата ја победи Турција и ќе игра следна фаза од квалификациите за СП Дешан меѓу кандидатите за клупата на Реал Мадрид Интер без Лаутаро против Комо УЕФА ќе го казни Ковач, но не затоа што ја оштети Барса туку поради грешка на сметка на Атлетико