Џон Тери ќе стане сопственик на Колчестер

Џон Тери ќе стане сопственик на Колчестер

Facebook / John Terry Поранешниот капитен на Англија и Челзи, Џон Тери, ќе стане сопственик на Колчестер јунајтед. Според „Мирор“, 45-годишниот Тери ќе биде дел од група која планира да го купи клубот за 14 милиони фунти. Колчестер јунајтед игра во четвртата по квалитет лига на англискиот фудбал. По 42 натпревари, тимот е 13-ти со 60 бода. Тери се пензионираше во 2018 година. Со Челзи, тој ја освои Лигата на шампионите, Лигата на Европа, пет титули во лигата, пет ФА купови, три Лига купови и два Комјунити шилдови.


Џон Тери купува англиски фудбалски тим

Џон Тери купува англиски фудбалски тим

Џон Тери е дел од конзорциум кој планира да го преземе Колчестер Јунајтед, член на четвртото ниво на англискиот фудбал, објавуваат британските медиуми. Поранешниот капитен на Англија и Челси наводно е вклучен во договор вреден 14 милиони фунти за купување на Колчестер, кој моментално е 13. во Лига Два. Весникот „Сан“ објави дека Тери, кој работи во младинската академија на Челси по тренерските обврски во Астон Вила и Лестер, ќе има „значајно влијание“ врз спортскиот сектор на клубот од Есекс. Колчестер е на продажба од септември, а сопственикот и претседател на клубот, Роби Каулинг, изјави дека „сака да го остави управувањето на новата генерација“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА