Познато е кој фудбалер прв ќе ја напушти Барселона на крајот од сезоната

Познато е кој фудбалер прв ќе ја напушти Барселона на крајот од сезоната

Барселона е пред освојување на нова титула во шпанската Ла Лига. Тимот бега на својот најголем ривал Реал Мадрид дури девет бодови на чело на  табелата, и само чудо треба да се случи трофејот да не отпатува кон „Ноу Камп“. Меѓутоа она што ја очекува Барселона сега е „опстанување“ во Лигата на шампионите. Барса има негатива од 0-2 по првиот меч против Атлетико на свој терен, и сега на „Метрополитано“ ќе треба да ја стигнува оваа негатива. Во меѓувреме во шпанските медиуми се појавуваат шпекулации околу тоа кој би можел да го напушти клубот по завршувањето на сезоната. Еден од тие е Роберт Левандовски, кој би можел да продолжи во Милан, додека и натаму е неизвесна и судбината на Маркус Рашфорд. Но, еден играч сигурно си заминува од клубот откако ќе заврши сезоната. Станува збор за Марк Касадо, кој не добива шанса да игра, и затоа ќе си побара нова средина. Касадо мина само 90 минути и одигра шест меча оваа сезона за тимот. Клубот дури не му понудил нов договор кој му истекува до 2028 година, па разделбата е неизбежна. Пред неколку години, Флик го фалеше Касадо и го нарече еден од најдобрите играчи и дека треба да биде иднината на клубот, но до тоа не дојде. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА


Барселона доби повик што ќе и донесе милиони до крајот на сезоната!

Барселона доби повик што ќе и донесе милиони до крајот на сезоната!

Барселона не може да си дозволи враќање на правилото 1:1 кога станува збор за финансиски фер-плеј, што би му дало на клубот многу предности кога станува збор за доведување нови засилувања и нема да мора да продаваат играчи и да прават простор во буџетот за плати пред тоа. Затоа, секоја добивка за Барселона вреди злато и им дава простор да доведат солидно засилување во лето, и да го регистрираат без никакви проблеми. Иако веќе се шпекулира дека Барселона ќе мора да продаде дел од играчите од првиот тим што Ханси Флик моментално ги има во тимот за да го засили тимот, се чини дека синоќешниот повик ги израдува многу. Медиумите во Шпанија и Франција објавуваат дека Жоан Лапорта добил повик од Монако, а главна тема е Ансу Фати. Поранешната голема надеж на Барселона игра во Монако на позајмица до крајот на сезоната, но постојат големи шанси Фати да остане. Монако е задоволен од настапите на овој фудбалер оваа сезона и е подготвен да го задржи и да го откупи неговиот договор од Барселона. „Л’Екип“ потврди дека Монако синоќа ја информирал Барселона дека е подготвен да го откупи договорот на Фати и дека ќе плати дополнителни 11 милиони евра за да го задржи играчот во својот клуб. Тие исто така подготвиле повеќегодишен договор за Фати, а Барселона била контактирана откако играчот јасно ставил до знаење дека сака да остане во Монако. sportmedia.mk © Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата После Франција Дешамп го чека уште поголем предизвик! Нов „кикс“ на Реал, Барселона сега може и на плус 9


Барселона доби повик што ќе и донесе милиони до крајот на сезоната!

Барселона доби повик што ќе и донесе милиони до крајот на сезоната!

Барселона не може да си дозволи враќање на правилото 1:1 кога станува збор за финансиски фер-плеј, што би му дало на клубот многу предности кога станува збор за доведување нови засилувања и нема да мора да продаваат играчи и да прават простор во буџетот за плати пред тоа. Затоа, секоја добивка за Барселона вреди злато и им дава простор да доведат солидно засилување во лето, и да го регистрираат без никакви проблеми. Иако веќе се шпекулира дека Барселона ќе мора да продаде дел од играчите од првиот тим што Ханси Флик моментално ги има во тимот за да го засили тимот, се чини дека синоќешниот повик ги израдува многу. Медиумите во Шпанија и Франција објавуваат дека Жоан Лапорта добил повик од Монако, а главна тема е Ансу Фати. Поранешната голема надеж на Барселона игра во Монако на позајмица до крајот на сезоната, но постојат големи шанси Фати да остане. Монако е задоволен од настапите на овој фудбалер оваа сезона и е подготвен да го задржи и да го откупи неговиот договор од Барселона. „Л’Екип“ потврди дека Монако синоќа ја информирал Барселона дека е подготвен да го откупи договорот на Фати и дека ќе плати дополнителни 11 милиони евра за да го задржи играчот во својот клуб. Тие исто така подготвиле повеќегодишен договор за Фати, а Барселона била контактирана откако играчот јасно ставил до знаење дека сака да остане во Монако. sportmedia.mk После Франција Дешамп го чека уште поголем предизвик! Нов „кикс“ на Реал, Барселона сега може и на плус 9