Арсенал размислува за иднината на Артета, познато е кој би можел и да го наследи

Арсенал размислува за иднината на Артета, познато е кој би можел и да го наследи

Доколку не успее да ја освои титулата во Премиерлигата, Микел Артета сигурно ќе добие отказ од таборот на Арсенал. Навивачите веќе долго време чекаат трофеј, оваа сезона се чинеше дека чекање ќе заврши, но завршницата на сезоната влегува во драма, со оглед дека Манчестер Сити на крајот може да им ја „украде“ титулата. Артета би го спасил и трофеј во Лигата на шампионите, но таму предизвикот е далеку потежок, а англиските медиуми веќе почнаа со шпекулации кој би можел да го замени во случај на уште едно фијаско кога станува збор за освојување на трофеи. Неколку медиуми во Шпанија тврдат дека доколку се случи Артета да се стекне со статус „поранешен“, тогаш на клупата би требало да го замени Цеск Фабрегас. Фабрегас е поранешен играч на Арсенал, а како тренер му оди одлично со Комо, со кого е на праг да излезе во Лигата на шампионите. Токму тој е прв фаворит доколку се случи Артета да доживее неуспех и да не освои ниту еден трофеј сезонава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА


Неверојатно: Арсенал сака да го задржи Артета и ако тој не освои ниту еден трофеј сезонава!

Неверојатно: Арсенал сака да го задржи Артета и ако тој не освои ниту еден трофеј сезонава!

фото: Arsenal @Arsenal (X) Неверојатна вест од Островот. Имено Арсенал сè уште планира да го продолжи договорот на својот менаџер Микел Артета, дури и ако ја завршат сезоната без да освојат трофеј. Пред околу 20 дена, Арсенал беше во игра за освојување на сите четири купа, но… Прво, загубија од Манчестер Сити во финалето на англискиот Лига Куп, потоа беа елиминирани од второлигашот Саутемптон во четвртфиналето на ФА Купот, а вчера, со домашен пораз од Борнмут (1:2), ја доведоа во прашање „веќе видената“ титула во Премиер лигата. Сега е на +9 од Манчестер Сити, но има уште два натпревари, а во следната рунда гостува кај тимот на Пеп Гвардиола. Во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите, го победија Спортинг во Лисабон со 1:0, па се блиску до полуфиналето. Во клубот останува силна доверба во долгорочната визија на шпанскиот специјалист, и покрај зголемениот притисок по низата разочарувачки резултати. Иако критиките за менталитетот на тимот стануваат сè посилни и посилни, Арсенал сè уште верува дека Артета е вистинскиот човек за продолжување на проектот. Според информациите од Англија, првите разговори за новиот договор веќе се одржани, а целта е договорот да се финализира пред почетокот на следната сезона. Незадоволството на навивачите беше видливо по поразот од Борнмут, кога од трибините на стадионот „Емирати“ можеа да се слушнат свирежи. И покрај ова, раководството на клубот нема намера да го промени курсот и продолжува да го поддржува Артета. Исто така, тренерот на Арсенал доби уверенија дека клубот ќе продолжи да инвестира во надградба на тимот. Приоритетите во следниот преоден рок се да се доведат централен играч од средниот ред и напаѓач кој игра на левото крило, со цел да се зголеми квалитетот и ширината на тимот. Сандро Тонали од Њукасл е силна желба во средниот ред, додека имињата за позицијата крилен напаѓач сè уште не се шпекулираат… sportmedia.mk © Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата Иако губеше со 2-0: Шампионски пресврт на Интер кај Комо! Дон Флорентино: “Реал Мадрид никогаш не се откажува!“


Неверојатно: Арсенал сака да го задржи Артета и ако тој не освои ниту еден трофеј сезонава!

Неверојатно: Арсенал сака да го задржи Артета и ако тој не освои ниту еден трофеј сезонава!

Неверојатна вест од Островот. Имено Арсенал сè уште планира да го продолжи договорот на својот менаџер Микел Артета, дури и ако ја завршат сезоната без да освојат трофеј. Пред околу 20 дена, Арсенал беше во игра за освојување на сите четири купа, но… Прво, загубија од Манчестер Сити во финалето на англискиот Лига Куп, потоа беа елиминирани од второлигашот Саутемптон во четвртфиналето на ФА Купот, а вчера, со домашен пораз од Борнмут (1:2), ја доведоа во прашање „веќе видената“ титула во Премиер лигата. Сега е на +9 од Манчестер Сити, но има уште два натпревари, а во следната рунда гостува кај тимот на Пеп Гвардиола. Во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите, го победија Спортинг во Лисабон со 1:0, па се блиску до полуфиналето. Во клубот останува силна доверба во долгорочната визија на шпанскиот специјалист, и покрај зголемениот притисок по низата разочарувачки резултати. Иако критиките за менталитетот на тимот стануваат сè посилни и посилни, Арсенал сè уште верува дека Артета е вистинскиот човек за продолжување на проектот. Според информациите од Англија, првите разговори за новиот договор веќе се одржани, а целта е договорот да се финализира пред почетокот на следната сезона. Незадоволството на навивачите беше видливо по поразот од Борнмут, кога од трибините на стадионот „Емирати“ можеа да се слушнат свирежи. И покрај ова, раководството на клубот нема намера да го промени курсот и продолжува да го поддржува Артета. Исто така, тренерот на Арсенал доби уверенија дека клубот ќе продолжи да инвестира во надградба на тимот. Приоритетите во следниот преоден рок се да се доведат централен играч од средниот ред и напаѓач кој игра на левото крило, со цел да се зголеми квалитетот и ширината на тимот. Сандро Тонали од Њукасл е силна желба во средниот ред, додека имињата за позицијата крилен напаѓач сè уште не се шпекулираат… sportmedia.mk Иако губеше со 2-0: Шампионски пресврт на Интер кај Комо! Дон Флорентино: “Реал Мадрид никогаш не се откажува!“