Клучни членки на НАТО одбија да учествуваат во блокадата на Трамп

Клучни членки на НАТО одбија да учествуваат во блокадата на Трамп

Клучни членки на НАТО одбија да учествуваат во американската поморска блокада на Ормуски теснец, што дополнително ги продлабочува разликите во Алијансата. Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека неговата земја нема да ја поддржи блокадата. „Не ја поддржуваме блокадата. Мојата одлука е јасна – без оглед на притисоците, нема да бидеме вовлечени во војна“, изјави тој за Би-Би-Си. Сличен став зазедоа и Германија, Шпанија, Италија, Полска и Грција, кои исто така одбија да испратат воени бродови. Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека Франција, заедно со Велика Британија и други држави, ќе организира иницијатива за обновување на безбедноста на пловидбата. Станува збор, како што рече, за „строго одбранбена мисија“ која би била одвоена од конфликтот и би се активирала кога ќе дозволат безбедносните услови. Одлуката на сојузниците доаѓа откако преговорите меѓу Соединетите Американски Држави и Иран пропаднаа без договор за време на викендот. По тоа, американскиот претседател Доналд Трамп нареди поморска блокада на иранските пристаништа и најави дека американската морнарица ќе го запира целиот сообраќај поврзан со Иран. Истовремено, европските земји стравуваат дека директното учество во блокадата може дополнително да го ескалира конфликтот и да ја загрози глобалната енергетска снабденост, со оглед на тоа што низ Ормускиот теснец поминува околу една петина од светската нафта.


НАТО одби да учествува во блокадата на Ормускиот теснец

НАТО одби да учествува во блокадата на Ормускиот теснец

Клучни членки на НАТО одбија да се приклучат на американската поморска блокада на Ормускиот теснец, што дополнително ги продлабочува разликите во рамки на Алијансата. Одлуката доаѓа по најавата на САД за блокада на клучната морска рута, додека европските земји предупредуваат на ризик од ескалација на конфликтот на Блискиот Исток. Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека Лондон нема да учествува во блокадата. „Не ја поддржуваме блокадата. Нашата позиција е јасна – без оглед на притисоците, нема да бидеме вовлечени во војна“, изјави Стармер за Би-Би-Си. Сличен став зазедоа и Германија, Шпанија, Италија, Полска и Грција, кои одбија да испратат свои воени бродови во регионот. Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека Франција, заедно со Обединетото Кралство и други партнери, ќе иницира план за повторно воспоставување безбедна пловидба во регионот. Според него, се работи за „строго одбранбена мисија“, која би била одвоена од директното учество во конфликтот и би се активирала кога ќе дозволат безбедносните услови. Одлуката на дел од НАТО-сојузниците доаѓа по неуспешните преговори меѓу САД и Иран, кои не донесоа договор за деескалација. По тоа, американскиот претседател Доналд Трамп нареди поморска блокада на иранските пристаништа и најави дека американската морнарица ќе го запре целиот сообраќај поврзан со Иран. Европските држави изразуваат загриженост дека директно учество во блокадата би можело дополнително да го ескалира конфликтот и да ја загрози глобалната енергетска стабилност, имајќи предвид дека низ Ормускиот теснец минува околу една петтина од светската нафта.


По Лондон и ПАРИЗ објави дека НЕМА ДА ГО БЛОКИРА блокада на ОРМУЗ

По Лондон и ПАРИЗ објави дека НЕМА ДА ГО БЛОКИРА блокада на ОРМУЗ

Претседателот на Франција, Емануел Макрон изјави дека нема да се меша во планот на американскиот претседател Доналд Трамп за блокирање на Ормутскиот теснец, но дека нема да учествува во операциите за негова блокада. Во објава на платформата X Макрон наведе дека неговата земја ќе организира конференција со Велика Британија и други земји за создавање мултинационална мисија за враќање на пловидбата во теснецот, објави Ројтерс . „Оваа строго одбранбена мисија, одвоена од завојуваните страни, ќе биде распоредена штом ситуацијата ќе дозволи“, рече Макрон. © Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата Нафтен шок: Цените над 100 долари по блокадата на САД Премиерот на Австралија: САД не побараа помош од нас поради блокадата на Ормутскиот теснец


Клучни членки на НАТО одбија да учествуваат во блокадата на Трамп

Клучни членки на НАТО одбија да учествуваат во блокадата на Трамп

<a href="https://opserver.mk/ads/www/delivery/ck.php?n=ab7911cf&amp;cb=INSERT_RANDOM_NUMBER_HERE" target="_blank"><img src="https://opserver.mk/ads/www/delivery/avw.php?zoneid=74&amp;cb=INSERT_RANDOM_NUMBER_HERE&amp;n=ab7911cf" border="0" alt="" /></a> Клучни членки на НАТО одбија да учествуваат во американската поморска блокада на Ормуски теснец, што дополнително ги продлабочува разликите во Алијансата. Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека неговата земја нема да ја поддржи блокадата. „Не ја поддржуваме блокадата. Мојата одлука е јасна – без оглед на притисоците, нема да бидеме вовлечени во војна“, изјави тој за Би-Би-Си. Сличен став зазедоа и Германија, Шпанија, Италија, Полска и Грција, кои исто така одбија да испратат воени бродови. Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека Франција, заедно со Велика Британија и други држави, ќе организира иницијатива за обновување на безбедноста на пловидбата. Станува збор, како што рече, за „строго одбранбена мисија“ која би била одвоена од конфликтот и би се активирала кога ќе дозволат безбедносните услови. Одлуката на сојузниците доаѓа откако преговорите меѓу Соединетите Американски Држави и Иран пропаднаа без договор за време на викендот. По тоа, американскиот претседател Доналд Трамп нареди поморска блокада на иранските пристаништа и најави дека американската морнарица ќе го запира целиот сообраќај поврзан со Иран. Истовремено, европските земји стравуваат дека директното учество во блокадата може дополнително да го ескалира конфликтот и да ја загрози глобалната енергетска снабденост, со оглед на тоа што низ Ормускиот теснец поминува околу една петина од светската нафта.


Франција и Велика Британија нема да се приклучат на американската блокада на Ормуската Теснина

Франција и Велика Британија нема да се приклучат на американската блокада на Ормуската Теснина

Лидерите на Франција и Велика Британија, Емануел Макрон и Кир Стармер, денеска објавија дека нема да се мешаат во планот на американскиот претседател Доналд Трамп за блокирање на Ормуската Теснина. Францускиот претседател Емануел Макрон во најава на платформата X изјави дека земјата ќе организира конференција со Велика Британија и други држави за создавање мултинационална мисија за враќање на пловидбата во тој дел од светот. „Оваа строго одбранбена мисија, одвоена од завојуваните страни, ќе биде распоредена штом ситуацијата ќе дозволи“, рече Макрон. Велика Британија работи на начини за намалување на премиите за осигурување за бродовите што минуваат низ Теснината по прекинот на борбите, според висок европски функционер.



На исток ништо ново: Заканите за војна продолжуваат

На исток ништо ново: Заканите за војна продолжуваат

Соединетите Американски Држави би можеле да ја изгубат контролата врз теснецот Баб ел-Мандаб доколку преземат мерки против Ормускиот теснец, објави агенцијата Тасним, повикувајќи се на информиран извор во Техеран. Во соопштението се наведува дека заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за поморска блокада и ограничување на бродскиот сообраќај низ Ормускиот теснец се сметаат за „неефикасни“ и не придонесуваат за решавање на кризата. Изворот тврди дека ваквите потези би можеле да имаат последици за поширокиот регион, вклучително и за стратешки важниот теснец Баб ел-Мандаб, предупредувајќи дека тоа ќе ги зголеми трошоците за транспорт на енергија и глобалната трговија. Објавата следеше по претходната најава на Трамп дека американската морнарица ќе започне блокада на бродовите во Ормуз, што предизвика нови тензии во регионот и остри реакции од Техеран.


Стармер: Велика Британија нема да учествува во блокадата на Ормутскиот теснец

Стармер: Велика Британија нема да учествува во блокадата на Ормутскиот теснец

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека, и покрај притисокот, Велика Британија нема да биде вовлечена во војна со Иран ниту ќе биде вклучена во блокада на Ормутскиот теснец. „Ние не поддржуваме блокада“, изјави Стармер за BBC Radio 5 Live, додавајќи дека е од витално значење повторното отворање на теснецот. „Според мене, од витално значење е целосно да го отвориме теснецот, и тоа е местото каде што ги вложивме сите наши напори во последните неколку дена и ќе продолжиме да го правиме тоа“, рече Стармер. Велика Британија има миниловци во регионот, рече тој, и иако не можеше да разговара за оперативни прашања, воениот капацитет „од наша гледна точка е фокусиран на целосно отворање на теснецот“. Американската војска објави дека во понеделник ќе започне блокада на поморскиот сообраќај што влегува и излегува од иранските пристаништа и крајбрежните области, откако разговорите во текот на викендот не успеаја да постигнат договор за прекин на војната со Иран.


Трамп повторно одбиен од Британците: „Нема да се придружиме на блокадата на Ормутскиот теснец“

Трамп повторно одбиен од Британците: „Нема да се придружиме на блокадата на Ормутскиот теснец“

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека Велика Британија нема да се придружи на поморската блокада на Ормускиот теснец што ја објави американскиот претседател Доналд Трамп. „Ние не поддржуваме блокада“, изјави Стармер за радио Би-би-си, додавајќи дека Велика Британија нема да биде вовлечена во војна со Иран. Вчера, Трамп објави дека американската морнарица ќе спроведе блокада на Ормускиот теснец за сите бродови што платиле за премин кон Иран, што, според него, ќе го деблокира теснецот. „Веднаш американската морнарица, најдобрата во светот, ќе започне со процесот на блокирање на сите бродови што се обидуваат да влезат или излезат од Ормускиот теснец. Во одреден момент ќе го достигнеме принципот „Сите ќе влезат, сите ќе излезат““, напиша Трамп. Трамп ја заврши заканата со наведување дека блокадата ќе започне наскоро и дека ќе бидат вклучени и други земји. Патем, од почетокот на иранската блокада на Ормускиот теснец, Трамп доби одбивања од бројни светски сили на кои често се повикуваше да им помогнат на Американците.


Стармер: Велика Британија не ја поддржува американската блокада на Иран

Стармер: Велика Британија не ја поддржува американската блокада на Иран

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека неговата влада не ја поддржува поморската блокада на иранските пристаништа од страна на американската морнарица. Стармер за Би-Би-Си изјави дека луѓето во Велика Британија „не биле вклучени во војната“ и дека не сака „тие да ги сносат последиците“. „Нема да бидеме вовлечени во војна. Велика Британија нема да биде вовлечена во неа. Тоа не е во наш национален интерес бидејќи нема да дејствувам без јасна, законска основа и јасно разработен план“, рече тој. Тој додаде дека деминирањето е клучно за целосно повторно отворање на Ормутскиот теснец. Претходно, Трамп најави дека иранските пристаништа ќе бидат блокирани за влез и излез од денеска со почеток во 10 часот по американско, односно 16 часот по средноевропско време.


Иран се закани со затворање на теснецот Баб ел-Мандеб

Иран се закани со затворање на теснецот Баб ел-Мандеб

Во соопштението се вели дека заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување поморска блокада и ограничување на превозот низ Ормускиот теснец се оценети како „неефикасни“ и не придонесуваат за решавање на кризата. Изворот тврди дека ваквите потези би можеле да имаат последици за поширокиот регион, вклучително и за стратешки важниот теснец Баб ел-Мандаб, предупредувајќи дека тоа ќе ги зголеми трошоците за транспорт на енергија и глобалната трговија. Соопштението дојде откако Трамп претходно изјави дека американската морнарица ќе започне со блокада на бродовите во Ормуз, што предизвика нови тензии во регионот и остри реакции од Иран . © Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата САД најавија блокада на иранските пристаништа по неуспешните преговори Челниците на ЕУ очекуваат ВРАЌАЊЕ НА УНГАРИЈА НА ЕВРОПСКИОТ ПАТ


БРИТАНИЈА НЕМА ДА СЕ ПРИДРУЖИ на блокадата на ТРАМП во Ормуз

БРИТАНИЈА НЕМА ДА СЕ ПРИДРУЖИ на блокадата на ТРАМП во Ормуз

Британските воени бродови и војници нема да бидат користени за блокирање на иранските пристаништа, додека британските миноловци и капацитети за борба против дронови ќе продолжат да дејствуваат во регионот, соопшти Владата на Велика Британија. „Продолжуваме да ја поддржуваме слободата на пловидбата и отворањето на Хормушкиот Теснец, што е итно потребно за поддршка на глобалната економија и трошоците за живот дома“, изјави портпаролот на британската влада, пренесува Би-Би-Си. САД најавија блокада откако разговорите со Иран не успеаја да обезбедат траен мировен договор за прекин на непријателствата на Блискиот Исток, а британскиот премиер Кир Стармер повика на „деескалација“ во регионот. © Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата Челниците на ЕУ очекуваат ВРАЌАЊЕ НА УНГАРИЈА НА ЕВРОПСКИОТ ПАТ Поразот на Орбан ЌЕ ГО ЗАБРЗА РАСПАДОТ НА ЕУ, вели Дмириев


Иран одговори на заканите на Трамп за блокирање на Ормутскиот теснец

Иран одговори на заканите на Трамп за блокирање на Ормутскиот теснец

САД би можеле да ја изгубат контролата врз теснецот Баб ел-Мандаб ако преземат мерки против Ормутскиот теснец, објави новинската агенција Тасним, повикувајќи се на информиран извор во Техеран. Во соопштението се вели дека заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување поморска блокада и ограничување на превозот низ Ормутскиот теснец се оценети како „неефикасни“ и не придонесуваат за решавање на кризата. Изворот тврди дека ваквите потези би можеле да имаат последици за поширокиот регион, вклучително и за стратешки важниот теснец Баб ел-Мандеб, предупредувајќи дека тоа би ги зголемило трошоците за транспорт на енергија и глобалната трговија. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе почнат да го блокираат Ормускиот Теснец во обид да ја преземат контролата врз стратешкиот воден пат од Иран по неуспешните мировни преговори што пред два дена се одржаа меѓу земјите во Пакистан. Трамп, исто така, се закани дека ќе ги бомбардира иранските постројки за третман на вода, електраните и мостовите доколку Техеран не се согласи да се откаже од својата програма за нуклеарно оружје, што е клучна точка на сопнување меѓу двете страни, пишува „Гардијан“. Најавата на Трамп за блокада доаѓа откако мировните преговори меѓу САД и Иран во Исламабад, кои траеја 21 час, завршија без да биде постигнат договор за завршување на конфликтот и за отворените прашања меѓу двете земји.


Иран одговори на заканите на Трамп за блокирање на Ормутскиот теснец

Иран одговори на заканите на Трамп за блокирање на Ормутскиот теснец

САД би можеле да ја изгубат контролата врз теснецот Баб ел-Мандаб ако преземат мерки против Ормутскиот теснец, објави новинската агенција Тасним, повикувајќи се на информиран извор во Техеран. Во соопштението се вели дека заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување поморска блокада и ограничување на превозот низ Ормутскиот теснец се оценети како „неефикасни“ и не придонесуваат за решавање на кризата. Изворот тврди дека ваквите потези би можеле да имаат последици за поширокиот регион, вклучително и за стратешки важниот теснец Баб ел-Мандеб, предупредувајќи дека тоа би ги зголемило трошоците за транспорт на енергија и глобалната трговија. Соопштението дојде откако Трамп претходно изјави дека американската морнарица ќе започне блокада на бродовите во Ормутскиот теснец, што предизвика нови тензии во регионот и остри реакции од Техеран.



Стармер одби да се приклучи на блокадата на Ормуската Теснина најавена од Трамп

Стармер одби да се приклучи на блокадата на Ормуската Теснина најавена од Трамп

Британскиот премиер Кир Стармер одби да се приклучи на блокадата на Ормуската Теснина најавена од американскиот претседател Доналд Трамп, во услови на раст на цените на нафтата и стравувања од дополнителен економски притисок врз британските граѓани, јави ДПА.


Прв удар за планот на Трамп – Британија не сака блокада во Ормускиот теснец

Прв удар за планот на Трамп – Британија не сака блокада во Ормускиот теснец

Велика Британија нема да се приклучи на американската блокада на Ормускиот теснец, и покрај растечкиот притисок по пропаднатите разговори меѓу САД и Иран. Британскиот премиер Кир Стармер јасно стави до знаење дека Лондон не сака дополнително да ја вжештува ситуацијата и дека приоритет останува повторното отворање на оваа стратешка рута, а не учество во нова ескалација. Одбивањето на Британија доаѓа во момент кога цените на нафтата се под нов притисок, а стравувањата за уште поскап живот сè повеќе растат и во Европа. Стармер порача дека е клучно да се зачува слободната пловидба и да се спречи дополнителен удар врз глобалните енергетски текови, бидејќи секој нов потрес во Ормускиот теснец директно се чувствува и во џебот на граѓаните. Наместо да влезе во американската акција, Британија работи со Франција и други партнери на поширок пристап за заштита на навигацијата, без формално приклучување кон блокадата. Според британски и меѓународни извештаи, Лондон сака да помогне теснецот да остане прооден, но без да биде вовлечен во директен судир со Иран. Овој потег претставува јасен сигнал дека, и покрај блиското сојузништво со Вашингтон, Британија не е подготвена автоматски да застане зад секоја американска одлука во кризата на Блискиот Исток. Наместо поддршка за блокада, Стармер избра дипломатска и економски повнимателна линија, свесен дека секое понатамошно разгорување на кризата може скапо да ја чини и британската економија.


Стармер одби да се приклучи на американската блокада на Ормуската Теснина

Стармер одби да се приклучи на американската блокада на Ормуската Теснина

Британскиот премиер Кир Стармер одби да се приклучи на блокадата на Ормуската Теснина најавена од американскиот претседател Доналд Трамп, во услови на раст на цените на нафтата и стравувања од дополнителен економски притисок врз британските граѓани, јави ДПА. Трамп се закани дека ќе ги запре танкерите што влегуваат или излегуваат од клучната рута за транспорт на нафта и гас. Ова доведе до раст на цените на нафтата уште во раното тргување, откако тие веќе претходно пораснаа поради контролата на Иран врз теснината како одговор на американско-израелската војна. Стармер денеска ќе разговара со граѓаните за трошоците за живот при посетата на Голем Манчестер, додека министерката за финансии, Рејчел Ривс, ќе отпатува во Вашингтон на состаноци на Меѓународниот монетарен фонд. Таа предупреди дека „војната во Иран ќе има цена за британските семејства и бизниси“. Пратениците се враќаат во Вестминстер по велигденската пауза, без напредок во решавањето на кризата на Блискиот Исток и со неизвесна судбина на кревкото двонеделно примирје. Трамп ја најави блокадата по неуспешните мировни разговори меѓу САД и Иран во Исламабад, при што двете страни меѓусебно се обвинија за неуспехот. Според објавата на Трамп на „Трут соушал“, американската војска ќе започне со „блокирање на сите бродови“ што се обидуваат да влезат или да излезат од Ормуска Теснина. Тој додаде дека „и други земји ќе бидат вклучени“, но Велика Британија, според владини извори, нема да учествува. Лондон, сепак, соработува со Франција и со други партнери на формирање поширока коалиција за заштита на слободата на навигацијата. Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон се согласија дека е потребен координиран пристап. Велика Британија оваа недела ќе биде домаќин на нови разговори за повторно отворање на теснината, со фокус на дипломатскиот притисок врз Иран, вклучително и преку санкции. Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) соопшти дека блокадата на иранските пристаништа ќе започне денеска, но истовремено наведе дека нема да се попречува слободата на навигацијата кон неирански пристаништа, што делумно се коси со претходните изјави на Трамп. Американскиот претседател го обвини Иран за неуспехот на преговорите, додека иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, возврати дека Вашингтон применува „максимализам“ и „променливи услови“. Извор: МИА


ГО СЛЕДИМЕ СЕКОЕ ДВИЖЕЊЕ на американската флота, вели командантот на иранската морнарица

ГО СЛЕДИМЕ СЕКОЕ ДВИЖЕЊЕ на американската флота, вели командантот на иранската морнарица

Иран се закани со затворање на теснецот Баб ел-Мандеб БРИТАНИЈА НЕМА ДА СЕ ПРИДРУЖИ на блокадата на ТРАМП во Ормуз


Стармер му кажа „не“ на Трамп: Лондон нема да блокира ирански пристаништа

Стармер му кажа „не“ на Трамп: Лондон нема да блокира ирански пристаништа

Велика Британија нема да се приклучи на американската поморска блокада на иранските пристаништа во Ормускиот теснец, објави BBC News. Според информациите, владата на премиерот Кир Стермер  одлучила британските воени сили да не учествуваат во операцијата што ја најави Доналд Трамп. Наместо тоа, Велика Британија ќе продолжи со присуство во регионот преку активности како расчистување мини и одбрана од дронови, но без директно учество во блокадата. Од Лондон порачуваат дека приоритет останува слободата на пловидба и повторното отворање на Ормускиот теснец, кој е клучен за глобалната економија, имајќи предвид дека низ него поминува околу една петтина од светските испораки на нафта и течен гас. Американската администрација ја најави блокадата по неуспешните преговори со Иран за прекин на конфликтот во регионот. Според Централната команда на САД, мерката ќе се спроведува „непристрасно“ за сите бродови што влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа. И покрај изјавите на Трамп дека сојузници, вклучително и Велика Британија, би можеле да се приклучат, британската влада јасно стави до знаење дека нема да има директно воено ангажирање. Наместо тоа, Лондон повикува на деескалација и дипломатско решение. Во меѓувреме, тензиите во регионот веќе имаат економски последици, со раст на цените на нафтата над 100 долари за барел, поради неизвесноста околу транспортот низ Ормускиот теснец.


Иран се закани со затворање на теснецот Баб ел-Мандеб

Иран се закани со затворање на теснецот Баб ел-Мандеб

Во соопштението се вели дека заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување поморска блокада и ограничување на превозот низ Ормускиот теснец се оценети како „неефикасни“ и не придонесуваат за решавање на кризата. Изворот тврди дека ваквите потези би можеле да имаат последици за поширокиот регион, вклучително и за стратешки важниот теснец Баб ел-Мандаб, предупредувајќи дека тоа ќе ги зголеми трошоците за транспорт на енергија и глобалната трговија. Соопштението дојде откако Трамп претходно изјави дека американската морнарица ќе започне со блокада на бродовите во Ормуз, што предизвика нови тензии во регионот и остри реакции од Иран . САД најавија блокада на иранските пристаништа по неуспешните преговори Челниците на ЕУ очекуваат ВРАЌАЊЕ НА УНГАРИЈА НА ЕВРОПСКИОТ ПАТ