Гужви на граница со Грција поради новиот ЕЕЅ систем
Зголемено чекање е регистрирано на влез во земјава од грчка страна, по враќањето на македонските граѓани од продолжениот викенд. Причина за застојот е воведувањето на новиот систем за влез и излез (EES), кој од 10 април целосно се применува и предвидува дигитална регистрација наместо рачно печатирање на пасошите. Од граничниот премин „Дојран“ информираат дека на македонска страна нема задржувања, додека сообраќајот од грчка страна се одвива побавно, особено во попладневните часови. Новиот систем вклучува електронска евиденција и биометриска проверка, со фотографирање и земање отпечатоци од прсти, како и автоматска контрола на дозволениот престој од 90 дена во период од 180 дена.
Поголемо чекање на граничниот премин “Дојран” од грчка страна поради враќање на македонските викенд туристи
Зголемено чекање на влезот во нашата земја е регистрирано од грчка страна при враќање на македонските граѓани кои за време на продолжениот викенд заминаа кај јужниот сосед. Причина за застојот е официјалното воведување на новиот систем ЕЕЅ (entry/exit system) кој од 10 април целосно се применува и предвидува дигитално регистрирање при влез и излез на граѓаните од земјите што не се членки на ЕУ, наместо досегашното рачно евидентирање на пасошите. Од граничниот премин “Дојран” велат дека проблеми нема на македонската страна од границата, а побавно тече сообраќајот од грчка страна, посебно во текот на попладневните часови, поради враќањето на македонските посетители од Грција. Со новиот европски систем, се исфрла досегашното ставање печати во пасошите, така што на секое преминување на надворешните граници на Шенген зоната ќе се врши електронска евиденција и биометриска проверка, со фотографирање и земање отпечатоци од прсти. Предвидено е системот EES да ги бележи точните датуми на влез и излез и да врши автоматска проверка на правилото за дозволен престој од 90 дена во рамки на 180 дена, со што ќе се намалат можностите за негово прекршување
Редици и чекање на граничниот премин „Дојран“ поради враќање на македонските викенд туристи
Зголемено чекање на влезот во нашата земја е регистрирано од грчка страна при враќање на македонските граѓани кои за време на продолжениот викенд заминаа кај јужниот сосед. Причина за застојот е официјалното воведување на новиот систем ЕЕС (entry/exit system) кој од 10 април целосно се применува и предвидува дигитално регистрирање при влез и излез на граѓаните од земјите што не се членки на ЕУ, наместо досегашното рачно евидентирање на пасошите. Од граничниот премин „Дојран“ велат дека проблеми нема на македонската страна од границата, а побавно тече сообраќајот од грчка страна, посебно во текот на попладневните часови, поради враќањето на македонските посетители од Грција. Со новиот европски систем, се исфрла досегашното ставање печати во пасошите, така што на секое преминување на надворешните граници на Шенген зоната ќе се врши електронска евиденција и биометриска проверка, со фотографирање и земање отпечатоци од прсти. Предвидено е системот EEС да ги бележи точните датуми на влез и излез и да врши автоматска проверка на правилото за дозволен престој од 90 дена во рамки на 180 дена, со што ќе се намалат можностите за негово прекршување.






