„Не старее“ на 47: Пластичен хирург откри што стои зад изгледот на Кејти Холмс по разводот со Том Круз

„Не старее“ на 47: Пластичен хирург откри што стои зад изгледот на Кејти Холмс по разводот со Том Круз

Холивудската актерка Кејти Холмс повторно го привлече вниманието на јавноста, откако експерт од областа на естетската хирургија анализираше како успева да изгледа младо и свежо и на 47 години, по долг период надвор од големите медиумски светла. По разводот со Том Круз актерката се повлече од јавноста и се посвети на воспитувањето на нивната ќерка, далеку од холивудскиот гламур.  Сепак, секое нејзино појавување повторно отвора прашања – како изгледа толку младо и дали зад тоа стојат естетски зафати. Според анализата на пластичен хирург, нејзиниот изглед не е резултат на драстични интервенции, туку на суптилни и внимателно избрани третмани. Експертот посочува дека станува збор за комбинација од минимално инвазивни процедури, како што се освежување на кожата, нега и евентуално благи корекции кои не го менуваат природниот изглед. Токму природноста е клучниот фактор – наместо видливи операции, Холмс, според проценките, се одлучила за пристап кој го задржува нејзиниот автентичен изглед, без претерување. Ова, според стручњаците, е една од причините зошто изгледа „непроменето“ со години. Покрај евентуалните третмани, се нагласува и нејзиниот начин на живот – здравата исхрана, негата на кожата и избегнувањето на екстремни процедури играат значајна улога во одржувањето на младешкиот изглед. Јавноста особено ја коментира и нејзината трансформација по разделбата со Том Круз, кога актерката целосно го смени стилот на живот и приоритетите, фокусирајќи се на приватноста и семејството. Нивната ќерка Сури Круз порасна далеку од медиумите, а Холмс остана посветена мајка и ретко се појавува на јавни настани. И покрај тоа, секое нејзино појавување предизвикува лавина реакции – дел од фановите ја пофалуваат за природниот изглед, додека други шпекулираат за можни естетски интервенции. Она што е сигурно е дека Кејти Холмс и понатаму важи за пример како со умереност и внимателна нега може да се одржи свеж и природен изглед, дури и по децении во светот на шоу-бизнисот.


„Не старее“ на 47: Пластичен хирург откри што стои зад изгледот на Кејти Холмс по разводот со Том Круз

„Не старее“ на 47: Пластичен хирург откри што стои зад изгледот на Кејти Холмс по разводот со Том Круз

Холивудската актерка Кејти Холмс повторно го привлече вниманието на јавноста, откако експерт од областа на естетската хирургија анализираше како успева да изгледа младо и свежо … „Не старее“ на 47: Пластичен хирург откри што стои зад изгледот на Кејти Холмс по разводот со Том Круз Прочитај повеќе » Текстот „Не старее“ на 47: Пластичен хирург откри што стои зад изгледот на Кејти Холмс по разводот со Том Круз е превземен од Reporter.mk .


Ја одгледа ќерката сама откако Том Круз ја напушти, личи како да не остарела – Пластичен хирург ги откри тајните на Кејти Холмс (47)

Ја одгледа ќерката сама откако Том Круз ја напушти, личи како да не остарела – Пластичен хирург ги откри тајните на Кејти Холмс (47)

Ја одгледа ќерката сама откако Том Круз ја напушти, личи како да не остарела – Пластичен хирург ги откри тајните на Кејти Холмс (47) Пластичен хирург откри како бившата на Том Круз, Кејти Холмс (47), изгледа како да не остарела сите овие години иако не отишла „под нож“ – деновиве неколкупати воодушеви со блескавиот изглед и сите се сомневаат дека направила операции. Прекрасната актерка Кејти Холмс (47), која е поранешна сопруга на Том Круз, со кого ја има ќерката Сури, покажа дека годините не ѝ можат ништо и изгледа како да не остарела ниту еден ден откако роди пред 19 години. Инаку, таа ја одгледа сама ќерката, откако се раздели од Том Круз, коj со години ја нема видено својата наследничка заради неусогласени ставови со скиентолошката црква на која е верен припадник. Низ годините често ја гледавме Кејти во несредено издание, лежерно облечена и без шминка, додека шета сама или со ќерката, но во последно време изгледа подобро од кога било. Таа сега воодушеви со младешкиот изглед додека парадираше по црвениот тепих со колегата Џошуа Џексон на премиера на филм, облечена во светкаво здолниште со бела кошула, разголена кај рамото. На себе има минимална шминка, а лицето ѝ изгледа блескаво, па веднаш сите го искоментираа нејзиниот лик без брчки. „Изгледа како да има 20 години, да не ја нашла фонтаната на младоста? / Сигурно направила естетски процедури и операции“ – пишуваат фановите на социјалните мрежи. Подоцна таа уште еднаш беше забележана низ Њујорк, во лежерен аутфит со фармерки и жолта блуза, а лицето ѝ блеска и сјае. Сепак, изгледа дека сепак таа е достојна на својот став за природен изглед и навистина нема операции, но го негува своето лице соодветно, како што и самата има кажано. „Пијам многу вода, се трудам да јадам многу зеленчук за кожата да ми е поздрава“ – има изјавено таа во минатото, а редовно оди и на третмани за лице и ја чисти кожата соодветно. По шпекулациите за пластични операции и процедури, пластичен хирург од Беверли Хилс, д-р Кан, се огласи за Daily Mail со свој став: „Нема брчки на образите, значи дека можно е да користи микродермабразија, што ѝ ги брише линиите. Тоа е минимално инвазивен третман на кожата кој нежно го ексфоалира надворешниот слој. Микродермабразија ги отстранува мртвите клетки и создава нова површина со изедначен тен. Навистина брише години од ликот. Веројатно користи и хијалуронска киселина, што е многу често денес, тоа е одличен навлажнувач на кожата и прави да изгледа здраво. Сигурно е посветена и на принципот да избегнува сонце и да користи SPF за заштита од сончевите зраци“. M. M. | Црнобело Би можело да ве интересира: