Вештачката интелигенција пристигнува во здравството – дали сме подготвени?

Вештачката интелигенција пристигнува во здравството – дали сме подготвени?

„Вештачката интелигенција (ВИ) носи големо ветување за унапредување на здравствената заштита и медицината ширум светот, но само ако етиката и човековите права бидат поставени во самото средиште на нејзиното обликување, воведување и употреба.“ (Светска здравствена организација – Етика и управување со вештачката интелигенција за здравјето – 2021) Македонското здравство не се наоѓа на почетокот на интегрирање на дигитализацијата во системот. Процесот е отпочнат, институционално поставен и системски продолжува да се развива, притоа, што е и најважно, тој видлив. „Мој Термин“ повеќе од една деценија ги поврзува електронскиот здравствен картон, упатите и рецептите. Апликацијата „Мое здравје“ им овозможува на граѓаните пристап до сопствените прегледи, упати, рецепти и вакцинации. Паралелно, подготвени се законски измени што предвидуваат целосно електронско водење на медицинската документација, а телемедицината ќе добие рамноправна институционална вредност во однос на физичкиот преглед. Македонија веќе засилено гради дигитална основа и затоа денес пред нас стои едно поважно прашање: дали ќе влеземе во ерата на ВИ подготвен или ќе дозволиме таа да нè затекне без подготвен здравствен, правен и етички одговор. Најнапред треба да се нагласи суштинската разлика што често се губи во јавните расправи. Дигитализацијата собира, поврзува и организира податоци, додека пак ВИ анализира, предвидува, препорачува и почнува да влијае врз расудувањето и одлучувањето. Дигитализацијата е инфраструктурната основа, а ВИ е надградбата, новата фаза која во себе ја апсорбира моќта на одлучувањето. Затоа на Македонија не ѝ е доволна само општа дигитална трансформација на здравството, потребен е развој на посебен пристап кон ВИ. Неопходна е државна зрелост која треба да се изрази низ нијансирана системска рамка што ќе ги спои медицината, правото, етиката, сајбер-безбедноста и јавниот интерес. Светските институции веќе предупредуваат дека токму тука се отвора најчувствителниот јаз. СЗО во 2025 утврди дека само 8% од земјите во Европа имаат посебна национална стратегија за вештачка интелигенција во здравството, додека 86% ја посочуваат правната неизвесност како главна пречка, а само 8% имаат поставено стандарди за одговорност ако системот предизвика штета. Европската комисија, пак, наведува дека софтверите за медицински цели спаѓаат меѓу високоризичните системи и затоа мора да бидат подложни на строги барања за квалитет на податоци, човечки надзор, намалување на ризикот и прецизни информации за корисникот. Суштината е дека технологијата напредува брзо, но довербата во здравството не смее да се гради брзо, односно таа се развива внимателно и правилно. Во оваа тема има и еден подлабок, филозофско-етички слој, а тоа е стравот, кој, во овој случај, не се должи само на ВИ како нешто ново и непознато за професионалното искуството кое е зад нас во животот. Стравот извира и од можноста човекот да потоне и стане нејасен или магловит фактор во систем кој треба да биде кристално јасен – пациентот да не знае кој одлучува, лекарот да почувствува дека некој невидлив механизам му се вметнува меѓу неговото знаење и судбината на болниот. Токму затоа УНЕСКО нагласува дека заштитата на човековите права и достоинството е темел на етиката на ВИ и дека човечкиот надзор не смее да се дозволи да биде пртоколарна формалност, туку суштинска гаранција. Технолошкиот ентузијазам со кој ја приваќаме ВИ не е доволен за да ги намалиме стравовите, потребна е морална структура во системот. Луѓето ќе веруваат на ВИ во здравството само ако знаат дека таа не го оттуѓува човекот од центарот. Затоа е важно да се каже нешто едноставно, а тоа е дека во медицината не смее да постои „анонимна одлука“. Ако алгоритмот помогнал во тријажата, скринингот, толкувањето на ренгенска слика или во проценката на ризик, тоа треба да биде проверливо и објасниво. Доколку се случи системот да погреши, во тој случај, под ниту една „објективна“ околност не смее одговорноста да исчезне во сивата зона на алгоритамските пресметки. Опасноста од пристрасност на одлуките може да се должи на пристрасноста на податоците врз основа на кои истите тие се носат. Во овој контекст на потенцијални и реални ризици, станува важен насочениот пристап кон интегрирањето на ВИ, кој ќе треба постојано да врши корекции на процесите во здравството, со цел да ги држи во етички рамки. Светот веќе нуди конкретни примери дека ВИ може да биде функционалне дел од здравствениот систем, но само кога е поставена во клиничка и институционална рамка. Во Англија, The National Health Service (NHS) информира дека алатка за брзо толкување на снимки кај мозочен удар е веќе распоредена во мрежа од повеќе од 70 болници, околу 15.000 пациенти директно имале корист од ваквиот пристап и благодарение на побрзото препознавање на тромбот, пациентите добиваат животно важна интервенција за повеќе од еден час порано. Не станува збор за научна фантастика, ова е пример каде ВИ е вградена во конкретен здравствен сегмент – акутниот мозочен удар – за да му помогне на лекарот да донесе побрза одлука таму каде што секоја минута е важна за исходот од лекувањето. Македонија, од своја страна, веќе има процеси што покажуваат дека оваа тема навремено се отвора. Министерството за дигитална трансформација минатата година го претстави проектот „Везилка“ – Национален центар за вештачка интелигенција, при што здравството изречно е наведено како една од приоритетните области, преку анализа на здравствени податоци и подобрување на медицинските услуги. Воедно, министерството за здравство работи на финализирање Национална стратегија за дигитално здравство, со фокус на интероперабилност, HL7 FHIR стандарди, audit trails, role-based access и real-time analytics, а телемедицински пилот-проект веќе успешно е спроведен на релација Скопје–Дебар–Делчево. Тоа значи дека државата веќе ја отвора вратата кон следната фаза. Но секоја отворена врата бара и чувар. Во здравството, тој чувар мора да биде на ниво национална политика. Токму затоа сметам дека на нашата држава ѝ е потребен развој на сопствен, доверлив пристап кон ВИ во здравството. Пристап во кој конечната клиничка одлука ќе ја носи човекот, а не алгоритмот. Во таква рамка, секоја ВИ-алатка ќе биде клинички валидирана, етички надгледувана и правно уредена пред да стане дел од праксата. Чувствителните здравствени податоци не смеат да се претворат во суровина без правила и силна заштита. Лекарите треба да бидат обучени да ја користат технологијата, но и да знаат каде завршува нејзината корист, а каде почнува потребата од човечка проценка и одлука. И најважно, пациентот мора да биде сигурен дека државата не ја жртвувала неговата безбедност во име на брзината на иновацијата. Новите дигитални алатки и ВИ се важни, но не се доволни за да се одреди во целост иднината на здравството, потреба е човечка мудрост за да ги ставиме под правила. Дигитализацијата веќе е интезивен процес во Македонија, а следниот голем чекор ќе биде создавање на посебен, одговорен и достоинствен пристап кон ВИ во здравството.


Вештачката интелигенција пристигнува во здравството – дали сме подготвени?

Вештачката интелигенција пристигнува во здравството – дали сме подготвени?

Азир Алиу „Вештачката интелигенција (ВИ) носи големо ветување за унапредување на здравствената заштита и медицината ширум светот, но само ако етиката и човековите права бидат поставени во самото средиште на нејзиното обликување, воведување и употреба.“ ( Светска здравствена организација – Етика и управување со вештачката интелигенција за здравјето – 2021) Македонското здравство не се наоѓа на почетокот на интегрирање на дигитали з ацијата во системо т . П роцес от е отпочнат, институционално поставен и системски продолжува да се развива, прит оа , што е и најважно, тој видлив. „Мој Термин“ повеќе од една деценија ги поврзува електронскиот здравствен картон, упатите и рецептите . Апликацијата „Мое здравје“ им овозможува на граѓаните пристап до сопствените прегледи, упати, рецепти и вакцинации. Паралелно, подготвени се законски измени што предвидуваат целосно електронско водење на медицинската документација, а телемедицината ќе добие рамноправна институционална вредност во однос на физичкиот преглед. Македонија веќе засилено гради дигитална основа и зат оа денес пред нас стои едно поважно прашање: дали ќе влеземе во ерата на ВИ подготвен  или ќе дозволиме таа да нè затекне без подготвен здравствен, правен и етички одговор. Најнапред треба да се нагласи суштинската разлика што често се губи во јавните расправи. Дигитализацијата собира, поврзува и организира податоци, додека пак ВИ анализира, предвидува, препорачува и почнува да влијае врз расудувањето и одлучувањето. Дигитализацијата е инфраструктур ната основа, а ВИ е надградбата, новата фаза која во себе ја апсорбира моќта на одлучувањето. Затоа на Македонија не ѝ е доволна само општа дигитална трансформација на здравството, потребен е развој на посебен пристап кон ВИ . Неопходна е државна зрелост која треба да се изрази низ нијансирана системска рамка што ќе ги спои медицината, правото, етиката, сајбер-безбедноста и јавниот интерес. Светските институции веќе предупредуваат дека токму тука се отвора најчувствителниот јаз. СЗО во 2025 утврди дека само 8% од земјите во Европ а имаат посебна национална стратегија за вештачка интелигенција во здравството, додека 86% ја посочуваат правната неизвесност како главна пречка, а само 8% имаат поставено стандарди за одговорност ако системот предизвика штета. Европската комисија, пак, наведува дека софтверите за медицински цели спаѓаат меѓу високоризичните системи и затоа мора да бидат подложни на строги барања за квалитет на податоци, човечки надзор, намалување на ризикот и прецизни информации за корисникот. Суштината е дека технологијата напредува брзо, но довербата во здравството не смее да се гради брзо , односно таа се развива внимателно и правилно. Во оваа тема има и еден подлабок, филозофско-етички слој , а тоа е стравот, кој , во овој случај, не се должи само на ВИ како нешто ново и непознато за професионалното искуството кое е зад нас во животот .  Стравот извира и од можноста човекот д а потоне и стане нејасен или магловит фактор во систем кој треб а да биде кристално јасен – пациентот да не знае кој одлучува , лекарот да почувствува дека некој невидлив механизам му се вметнува меѓу неговото знаење и судбината на болниот. Токму затоа УНЕСКО нагласува дека заштитата на човековите права и достоинството е темел на етиката на ВИ и дека човечкиот надзор не смее да се дозволи да биде пртоколарна формалност, туку суштинска гаранција. Технолошкиот ентузијазам со кој ја приваќаме ВИ не е доволен за да ги намалиме стравовите , потребна е морална струк т ура во системот . Луѓето ќе веруваат на ВИ во здравството само ако знаат дека таа не го оттуѓува човекот од центарот. Затоа е важно да се каже нешто едноставно, а тоа е дека во медицината не смее да постои „анонимна одлука“. Ако алгоритмот помогнал во тријажа та , скрининг от , толкување то на ренгенска слика или во процен к а та на ризик, тоа треба да биде проверливо и објасниво. Доколку се случи системот да погреши, во тој случај, под ниту една „објективна“ околност не смее одговорноста да исчезне во сивата зона на алгор итамските пресметки . Опасноста од пристрасност на одлуките може да се должи на пристрасноста на податоците врз основа на кои истите тие се носат. Во овој контекст на потенцијални и реални ризици, станува важ ен насочениот пристап кон интегрирањето на ВИ , кој ќе треба постојано да врши корекции на проц е сите во здравството, со цел да ги држи во етички рамки. Светот веќе нуди конкретни примери дека ВИ може да биде функционалне дел од здравствен иот систем , но само кога е поставена во клиничка и институционална рамка. Во Англија, The National Health Service ( NHS ) информира дека алатка за брзо толкување на снимки кај мозочен удар е веќе распоредена во мрежа од повеќе од 70 болници, околу 15.000 пациенти директно имале корист од ваквиот пристап и благодарение на побрзото препознавање на тромбот, пациентите добиваат животно важна интервенција за повеќе од еден час порано. Не станува збор за научна фантастика , ова е пример каде ВИ е вградена во конкретен здравствен сегмент – акутниот мозочен удар – за да му помогне на лекарот да донесе побрза одлука таму каде што секоја минута е важна за исходот од лекувањето. Македонија, од своја страна, веќе има процеси што покажуваат дека оваа тема навремено се отвора. Министерството за дигитална трансформација минатата година го претстави проектот „Везилка“ – Национален центар за вештачка интелигенција , при што здравството изречно е наведено како една од приоритетните области, преку анализа на здравствени податоци и подобрување на медицинските услуги. Воедно, министерството за здравство работи на финализирање Национална стратегија за дигитално здравство, со фокус на интероперабилност, HL7 FHIR стандарди, audit trails, role-based access и real-time analytics, а телемедицинск и пилот -проект веќе успешно е спроведен на релација Скопје–Дебар–Делчево. Тоа значи дека државата веќе ја отвора вратата кон следната фаза. Но секоја отворена врата бара и чувар. Во здравството, тој чувар мора да биде на ниво национална политика. Токму затоа сметам дека на нашата држава ѝ е потребен развој на сопствен, доверлив пристап кон ВИ во здравството. Пристап во кој конечната клиничка одлука ќе ја носи човекот, а не алгоритмот. Во таква рамка, секоја ВИ-алатка ќе биде клинички валидирана, етички надгледувана и правно уредена пред да стане дел од праксата. Чувствителните здравствени податоци не смеат да се претворат во суровина без  правила и силна заштита. Лекарите треба да бидат обучени да ја користат технологијата, но и да знаат каде завршува нејзината корист, а каде почнува потребата од човечка проценка и одлука . И најважно, пациентот мора да биде сигурен дека државата не ја жртвувала неговата безбедност во име на брзината на иновацијата. Новите дигитални алатки и ВИ се важни, но не се доволни за да се одреди во целост и днината на здравството , потреба е човечка мудрост за да ги ставиме под правила. Дигитализацијата веќе е интезивен процес во Македонија , а с ледниот голем чекор ќе биде создавање на посебен, одговорен и достоинствен пристап кон ВИ во здравството.


Вештачката интелигенција влегува во здравството, а вистинското прашање допрва доаѓа

Вештачката интелигенција влегува во здравството, а вистинското прашање допрва доаѓа

Вештачката интелигенција сè повеќе станува дел од здравствените системи ширум светот, а Македонија веќе има поставено солидна дигитална основа за да го следи тој тренд. Системи како „Мој Термин“ и апликацијата „Мое здравје“ веќе години наназад го поврзуваат здравствениот систем и им овозможуваат на граѓаните пристап до сопствените податоци. Но, новата фаза отвора многу посложено прашање – дали системот е подготвен за технологија што не само што обработува податоци, туку и носи препораки и влијае врз одлуките. Разликата е суштинска. Дигитализацијата организира, додека вештачката интелигенција анализира и предвидува. Тоа значи дека здравството влегува во фаза каде технологијата може да има директно влијание врз дијагнозата и третманот. Токму затоа, меѓународните институции предупредуваат дека без јасна правна и етичка рамка, ризиците може да станат сериозни. Според глобалните анализи, мал дел од државите имаат посебна стратегија за примена на ВИ во здравството, додека правната неизвесност и одговорноста за можни грешки остануваат најголеми предизвици. Европските регулатори веќе ја класифицираат оваа технологија како високоризична, што значи дека бара строга контрола, човечки надзор и целосна транспарентност. Прашањето не е само техничко, туку и длабоко човечко. Пациентите мора да знаат кој стои зад одлуката – лекарот или алгоритмот. Довербата во здравството не може да се гради со брзина на технологијата, туку со јасни правила и одговорност. Сепак, светот веќе покажува дека ВИ може да има огромна корист. Во одредени здравствени системи, ваквите алатки помагаат во побрзо откривање на болести и навремена реакција, што директно спасува животи. Македонија исто така прави чекори во таа насока, со иницијативи како национални центри за ВИ и стратегии за дигитално здравство. Но клучната порака останува иста – технологијата може да помогне, но не смее да ја замени човечката одлука. Иднината на здравството нема да зависи само од тоа колку брзо ќе ја прифатиме вештачката интелигенција, туку од тоа како ќе ја контролираме и поставиме во служба на човекот.