Виљареал  подобар од Атлетик Билбао

Виљареал подобар од Атлетик Билбао

Виљареал продолжи одлично да игра оваа сезона, една од најдобрите сезони во последните десет години. Овој тим славеше во Билбао со резултат од 1:2 и со тоа да биде многу, многу блиску до Лигата на шампионите, бидејќи имаат дури 15 бода повеќе од Бетис, кој е на петтото место. Виљареал прв се закани преку Гај со одличен удар од околу 20 метри, а од другата страна забележуваме и одличен шут на Берчиче во 22-та минута, кој го сопре голманот на гостите. Во 26-та минута, дојде голот за водство на гостите. Одлична контра Виљареал, Олувасеџи ја испрати топката до Кардона, кој со фантастичен лоб удар донесе 0:1. Неколку шанси за двата тима пред полувремето, но повторно гостите беа тие што го најдоа патот до мрежата. Овој пат, голема грешка на Лекуе, му ја даде топката на Гонзалез, кој постигна гол за 0:2. Уште неколку шанси за гостите, потоа Гурузета им дава надеж на домашните дека барем можат да освојат бод, одлична акција на левата страна, Берчиче го наоѓа Гурузета кој погодува во 84.минута за конечни 1:2.    Поврзани вести: Иако губеше со 2-0: Шампионски пресврт на Интер кај Комо Заврши регуларниот дел во НБА лигата Жофри Ловерњ се враќа во Партизан Тинејџерот Гоут Гоут го урна светскиот рекорд на Усеин Болт Тони Крос се враќа во Реал Мадрид? Нејмар има шанси да заигра за Бразил на СП

Иако губеше со 2-0: Шампионски пресврт на Интер кај Комо

Иако губеше со 2-0: Шампионски пресврт на Интер кај Комо

Комо – Интер 3:4 е исходот од дербито на 32 коло во Серија А. Победа извојувана со шампионски пресврт на лидерот кој сега има +9 во однос на Наполи и +12 во однос на третиот Милан. До крајот остануваат уште шест кола до крајот, а тоа значи дека Интер е блиску до нова титула, или до враќање на титулата. Интересно, клубот од “Џузепе Меаца“ во последно време секоја втора сезона станува шампион. Одличен меч, интересен, со многу шанси и голови и со голем пресврт на тимот на Кристијан Киву вечерва во Комо. Ретко кој очекуваше вакво нешто во таа 45.минута кога домшните имаа 2:0 со головите на Вале и Паз. Сепак во 45+2.минута Тирам намали на 2:1. Што ли ќе се случеше ако Интер не намалеше на 2:1, којзнае? Во второто полувреме Интер ја презеде контролата на настаните, следуваа головите на Тирам во 49.минута за 2:2. Дамфрис во 59.минута му донесе водство на 2:3, а истиот играч во 72.минута зголеми на 2:4. Но, тоа не беше се. Во 88.минута домашните со голот на Да Куња од пенал дојдоа до 3:4 за драма во финишот на ова дерби. Имаа и шанси за израмнување, ја погодија и пречката, но сепак на крајот резултатот гласеше 3:4 и победа за Интер.    Поврзани вести: Заврши регуларниот дел во НБА лигата Жофри Ловерњ се враќа во Партизан Тинејџерот Гоут Гоут го урна светскиот рекорд на Усеин Болт Тони Крос се враќа во Реал Мадрид? Нејмар има шанси да заигра за Бразил на СП Реал Мадрид тренирше без Мбапе пред реваншот во Минхен

Тинејџерот Гоут Гоут го урна светскиот рекорд на Усеин Болт

Тинејџерот Гоут Гоут го урна светскиот рекорд на Усеин Болт

Светот на атлетиката доби нова суперѕвезда. Осумнаесетгодишното „чудо од дете“ од Австралија, Гоут Гоут, испиша нова историја на државното првенство во Сиднеј, уривајќи го светскиот јуниорски рекорд на 200 метри, кој повеќе од две децении беше во сопственост на легендарниот Усеин Болт. На државното првенство во Сиднеј, младиот атлетичар приреди вистинско шоу. Гоут ја истрча делницата од 200 метри за неверојатни 19.67 секунди, со што го подобри досегашниот светски У20 рекорд на Болт од 2004 година за импресивни 26 стотинки. Со овој резултат, Гоут стана првиот Австралиец во историјата кој успеал да ја пробие „магичната“ граница од 20 секунди. Огромниот напредок е евидентен ако се земе предвид дека неговиот претходен личен рекорд изнесуваше 20.02 секунди.    Фото:МИА Поврзани вести: Тони Крос се враќа во Реал Мадрид? Нејмар има шанси да заигра за Бразил на СП Реал Мадрид тренирше без Мбапе пред реваншот во Минхен Илиќ: Среќни сме за пласманот на ЕП Италијанецот Крипа е победник на маратонот во Париз Кадетите ќе стартуваат против Црна Гора на Медитеранските игри во Словачка

Виљареал победнички на „Сан Мамеш“!

Виљареал победнички на „Сан Мамеш“!

ФОТО:.facebook.com/ATHLETICCLUB/ Виљареал продолжи одлично да игра оваа сезона, една од најдобрите сезони во последните десет години. Овој тим славеше во Билбао со резултат од 1:2 и со тоа да биде многу, многу блиску до Лигата на шампионите, бидејќи имаат дури 15 бода повеќе од Бетис, кој е на петтото место. Виљареал прв се закани преку Гај со одличен удар од околу 20 метри, а од другата страна забележуваме и одличен шут на Берчиче во 22-та минута, кој го сопре голманот на гостите. Во 26-та минута, дојде голот за водство на гостите. Одлична контра Виљареал, Олувасеџи ја испрати топката до Кардона, кој со фантастичен лоб удар донесе 0:1. Неколку шанси за двата тима пред полувремето, но повторно гостите беа тие што го најдоа патот до мрежата. Овој пат, голема грешка на Лекуе, му ја даде топката на Гонзалез, кој постигна гол за 0:2. Уште неколку шанси за гостите, потоа Гурузета им дава надеж на домашните дека барем можат да освојат бод, одлична акција на левата страна, Берчиче го наоѓа Гурузета кој погодува во 84.минута за конечни 1:2. sportmedia.mk © Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата “Кралевите“ тренираат без Мбапе пред реваншот во Минхен! Италија ја тресе нов скандал: Се давале пари за повици во репрезентацијата?!

Виљареал победнички на „Сан Мамеш“!

Виљареал победнички на „Сан Мамеш“!

Виљареал продолжи одлично да игра оваа сезона, една од најдобрите сезони во последните десет години. Овој тим славеше во Билбао со резултат од 1:2 и со тоа да биде многу, многу блиску до Лигата на шампионите, бидејќи имаат дури 15 бода повеќе од Бетис, кој е на петтото место. Виљареал прв се закани преку Гај со одличен удар од околу 20 метри, а од другата страна забележуваме и одличен шут на Берчиче во 22-та минута, кој го сопре голманот на гостите. Во 26-та минута, дојде голот за водство на гостите. Одлична контра Виљареал, Олувасеџи ја испрати топката до Кардона, кој со фантастичен лоб удар донесе 0:1. Неколку шанси за двата тима пред полувремето, но повторно гостите беа тие што го најдоа патот до мрежата. Овој пат, голема грешка на Лекуе, му ја даде топката на Гонзалез, кој постигна гол за 0:2. Уште неколку шанси за гостите, потоа Гурузета им дава надеж на домашните дека барем можат да освојат бод, одлична акција на левата страна, Берчиче го наоѓа Гурузета кој погодува во 84.минута за конечни 1:2. sportmedia.mk “Кралевите“ тренираат без Мбапе пред реваншот во Минхен! Италија ја тресе нов скандал: Се давале пари за повици во репрезентацијата?!